OPEL MOKKA 2016 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2016Pages: 139, PDF Size: 1.71 MB
Page 41 of 139

Навигација41НавигацијаОпшти информации...................41
Употреба ..................................... 42
Внесување дестинација ............. 47
Водење ....................................... 57Општи информации
Апликацијата за навигација
сигурно ќе Ве доведе до
одредиштето без потреба од
читање карти.
Моменталната состојба на
сообраќајот се зема предвид при пресметувањето на маршрутата.
За таа цел, инфозабавниот систем
прима сообраќајни соопштенија во
моменталната област на приемот
преку RDS-TMC.
Меѓутоа, апликацијата за
навигација не може да ги земе
предвид сообраќајките,
сообраќајните прописи изменети без претходна најава и
опасностите или проблемите што
се појавуваат ненадејно (на.пр.
работа на патот).Внимание
Употребата на системот за
навигација не го ослободува
возачот од одговорноста за
правилно, будно однесување во патниот сообраќај. Соодветните
сообраќајни прописи секогаш
треба да се следат. Ако некое
навигациско напатствие
противречи на сообраќајните
прописи, секогаш важат
сообраќајните прописи.
Функционирање на
апликацијата за навигација
Положбата и движењето на
возилото се откриваат со
сензорите на апликацијата за
навигација. Поминатото
растојание го одредува сигналот
од брзиномерот на возилото а
вртењата жироскопски сензор.
Положбата се одредува со
сателити на GPS (Систем за
глобално позиционирање).
Со споредба на сигналите на
сензорите со дигиталните карти,
можно е да се одреди положбата со прецизност од околу 10 метри.
Системот функционира и без
прием GPS, но прецизноста на
одредувањето на положбата ќе се
намали.
Page 42 of 139

42НавигацијаПо внесувањето на адресата наодредиштето или на точката од
интерес (најблиската бензинска
пумпа, хотел и сл.), маршрутата се пресметува од моменталната
локација до избраната
дестинација.
Водењето низ маршрута се дава со
говорни команди и со стрелка за
насока, како и со приказ на карта во боја.
Употреба Информации на екранот
За да се прикаже карта околу
моменталната положба, можете да го направите и следново:
● Притиснете го NAV.
● Притиснете ;, а потоа
изберете Navigation
(Навигација) .Водењето по маршрута не е
активно
Ако водењето по маршрута не е
активно, се прикажуваат следниве
информации:
● Во горниот ред: информации за изворот на звук што е
моментално активен и
времето.
● Под горниот ред: симболот GPS .
● Во горниот лев агол: компас што го покажува север.
● Приказ на картата на областа околу моменталната положба.
●Моментална положба: укажана
со црвен триаголник во сив
круг.
● Интересни точки (ИТ), на пр. бензински пумпи, паркинзи или
ресторани, означени со
соодветните симболи (ако е
активно).
● Во долниот ред: име на улицата на моменталната
положба.
Водењето по маршрута е активно
Page 43 of 139

Навигација43Ако водењето по маршрута е
активно, се прикажуваат следниве
информации:
● Во горниот ред: информации за изворот на звук што е
моментално активен и
времето.
● Под горниот ред: симболот GPS .
● Под горниот ред: името на улицата по којашто треба да сеоди по следната крстосница.
● Во горниот лев агол: симбол на
компас што го покажува север.
● Приказ на картата на областа околу моменталната положба.
● Моментална положба: укажана
со црвен триаголник во сив
круг.
● Маршрута: означена со сина линија.
● Конечно одредиште: означена со црна шаховница.
● Точка на патот (попатно одредиште): означена со
црвен ромб.● Интересни точки (ИТ), на пр. бензински пумпи, паркинзи илиресторани, означени со
соодветните симболи (ако е
активно).
● Сообраќајки, на пр. застој во сообраќајот: означено со
соодветен симбол (ако е
активно).
● Од левата страна: стрелка за насока и растојание до
следното вртење.
● Од левата страна: преостанатото растојание до
конечното одредиште или до
следната точка на патот.
● Од левата страна: проценето време на пристигање или
преостането време на
патување.
● Во долниот ред: име на улицата на моменталната
положба.Ракување со картата
Поместување на видливиот дел одкартата
Видливиот дел од картата на
приказот на картата може да се
движи слободно во сите насоки со
осмонасочниот прекинувач.
Осмонасочниот прекинувач на
средината на копчето за повеќе
функции може да се навали во сите насоки.
Навалете го прекинувачот на една
страна. Видливиот дел на картата
се поместува во соодветната
насока.
За повторно прикажување на
картата околу моменталната
локација, притиснете BACK.
Менување на размерот на картата
Кога е прикажана картата, вртете
го копчето за повеќе функции за да
се прикаже лента со размерот на
дното на екранот.
Свртете го копчето за повеќе
функции повторно за да се
прилагоди размерот по желба.
Page 44 of 139

44НавигацијаМенување на режимот на картатаКартата може да се прикажува во
три (без активно водење низ
маршрута), односно пет (со
активно водење низ маршрута)
различни режими, видете во
„Поставување на картата“ подолу.
Притискајте NAV за да менувате
меѓу различните режими на
картата.
Поставување на картата
Показател на правецот
Притиснете го повеќефункциското
копче за да се прикаже Navigation
Menu (Изборник за навигација) .
Изберете Heading Indicator
(Показател на насоката) за да се
прикаже односниот подизборник.
Следните опции се достапни: ● 2D North Up (2Д север нагоре) :
2-Д поглед, север нагоре.
● 2D Heading Up (2Д насока
нагоре) : 2-Д поглед, насоката
на возење нагоре.
● 3D Heading Up (3Д насока
нагоре) : 3-Д поглед, насоката
на возење нагоре.Одберете ја саканата опција.
Режими на картата
Притиснете го повеќефункциското
копче за да се прикаже Navigation
Menu (Изборник за навигација) .
Изберете Map Modes (Режими на
картата) за да се прикаже
односниот подизборник.
Следните опции се достапни: ● Full Map (Целосна карта)
(„Нормален“ поглед опишан
погоре): Преглед на картата на
цел екран, сите екрански
копчиња за функциите и
покажување се прикажани.
● Full Glory (Целосни
информации) : Преглед на
картата на цел екран, повеќето
функции и екранските копчиња
за покажување се скриени.
● Split with Turn List (Подели со
листа вртења) : Поделен екран
со карта одлево и листа на
вртења од десната страна.● Split with Turn Arrow (Подели со
стрелка за вртење) : Поделен
екран со карта од левата
страна и стрелка за вртење за
следниот маневар оддесно.
● Split with Media (Подели со
медиуми) : Поделен екран со
карта одлево и моментално
активниот извор на звук
оддесно.
Одберете ја саканата опција.
Прикажување на кратата
Притиснете го повеќефункциското
копче за да се прикаже Navigation
Menu (Изборник за навигација) .
Изберете Map Settings (Поставки
на картата) , а потоа Map Display
(Прикажување на картата) за да се
прикаже односниот подизборник.
Во зависност од надворешните услови со осветлувањето,
активирајте Day (Ден) или Night
(Ноќ) .
За автоматаско приспособување
на системот, активирајте го
Automatic (Aвтоматски) .
Page 45 of 139

Навигација45Прикажување ИТ
Притиснете го повеќефункциското
копче за да се прикаже Navigation
Menu (Изборник за навигација) .
Изберете Show POIs (Покажи точки
од интерес) за да се прикаже
односниот подизборник.
Ако сакате сите ИТ достапни на
системот да се прикажуваат на картата, активирајте го Show all
POIs (Покажување на сите POI-а) .
Ако не сакате да се прикажуваат
ИТ на картата, активирајте го Hide
all POIs (Сокриј ги сите ТИ) .
За да се прикажуваат само
одредени ИТ, вклучете User
Defined (Одредени од корисникот) ,
а потоа вклучете ги категориите на ИТ што сакате да се прикажуваат.
Менување на информациите на
екранот
Информациите за маршрутата
прикажани на екранот за време на
водење по маршрута може да се
приспособуваат.
Притиснете го повеќефункциското
копче за да се прикаже Navigation
Menu (Изборник за навигација) .Листајте и изберете Switch Route
Time/Destination (Префрли време/
одредиште на рутата) .Информации за времето
Ако сакате да ги смените
информациите за времето што се
прикажани, изберете Switch Arrival/
Travel Time (Префрли време на
пристигање/патување) за да се
прикаже односниот подизборник.
Активирајте ја поставката за
информациите што сакате да се
прикажуваат.Информации за одредиштето
Ако сте на патување до точка на патот, може ќе сакате да ги
прикажете информациите за
маршрута за точка на патот
наместо оние за конечното
одредиште.
За да ја смените поставката,
изберете Switch Waypoint/
Destination (Префрли точка на
патот/одредиште) . Се прикажува
список на сите одредишта на
моментално активното патување
до точка на патот.Активирајте ја поставката за
информациите што сакате да се
прикажуваат.
Информации за положбата
Моментална положба
Притиснете го повеќефункциското
копче за да се прикаже Navigation
Menu (Изборник за навигација) .
Изберете Current Position Info
(Информации за моменталната
положба) .
Од десната страна на екранот, на
картата се прикажува
моменталната положба. Од левата
страна се прикажани
координатите GPS на
моменталната положба.
Положба на одредиштето
Ако е активно водењето низ
маршрута, може да прикажете
информации за внесеното
одредиште.
Притиснете го повеќефункциското
копче за да се прикаже Navigation
Menu (Изборник за навигација) .
Page 46 of 139

46НавигацијаИзберете Destination Position Info
(Информации за положбата на
одредиштето) .
Од десната страна на екранот, на
картата се прикажува
одредиштето. Од левата страна се
прикажани адресата и
координатите GPS на
одредиштето.
Зачувување положба
Моменталната положба или
положбата на одредиштето може
да се зачуваат во адресарот.
Изберете Save (Сочувај) .
Побарајте детален опис за
зачувувањето адреси во
адресарот 3 47.
Симулација на маршрута
Инфозабавниот систем има режим
за симулација на маршрута за
пробни цели.
За да го вклучите режимот на
симулација, притиснете CONFIG, а
потоа изберете Navigation settings
(Поставки на навигацијата) .Листајте низ листата и изберете
Route Simulation (Симулација на
рутата) за да се прикаже
соодветниот подизборник.
Почетна положба
Бидејќи режимот за симулација не
влече информации од сигналот
GPS што ја дава моменталната
положба на возилото, почетната
положба треба да се постави
рачно.Користи последна позната
положба
За да се постави последната
положба дадена од сигналот GPS
како почетна точка, изберете Use
Last Known Position (Користи
последна позната положба) .Користи претходно одредиште
За да искористите една од
последните внесени дестинации
како почетна точка, изберете Use
Previous Destination (Користи
претходно одредиште) . Се
прикажува список на претходните
одредишта.
Изберете ја саканата адреса.Користи одредена локација
За да искористите одредена
локација како почетна точка,
изберете Use Specified Location
(Користи одредена локација) .
Внесете адреса. Побарајте
детален опис 3 47.
Почнува режимот за симулација.
Откажување на режимот за
симулација
За да излезете од режимот на
симулација, притиснете CONFIG, а
потоа изберете Navigation settings
(Поставки на навигацијата) .
Листајте низ листата и изберете
Route Simulation (Симулација на
рутата) за да се прикаже
соодветниот подизборник.
Изберете Cancel Route Simulation
(Откажи симулација на рутата) .
Изборник за симулација на
дополнителна маршрута
Кога е активно водењето низ
маршрута во режимот за
симулација, се прикажува
Page 47 of 139

Навигација47дополнителен изборник во
Navigation Menu (Изборник за
навигација) .
Притиснете го повеќефункциското
копче за да се прикаже Navigation
Menu (Изборник за навигација) .
Листајте низ листата и изберете Route Simulation (Симулација на
рутата) за да се прикаже
соодветниот подизборник.
За да го исклучите симулираното
водење низ маршрутата, изберете
Stop Simulation (Сопри
симулација) . Водењето
престанува, режимот за водење
низ маршрута останува активен.
За да се прикаже следното
симулирано вртење на картата,
изберете Next Manoeuvre (Следен
маневар) .
Внесување дестинација Апликацијата Destination
(Одредиште) овозможува
различни опции за одредување дестинација за водење низ
маршрута.Притиснете DEST / NAV (кога не е
активно водењето низ маршрута)
за да се прикаже изборникот
Destination Entry (Внесување
одредиште) .
Рачно внесување адреса
Изборник за внесување адреса
Притиснете DEST / NAV за да се
прикаже изборникот Destination
Entry (Внесување одредиште) , па
изберете Address Entry
(Внесување адреса) за да се
прикаже маска за внесување
адреса.
Изберете го полето за внесување
земја. Се прикажува листа.
Одберете ја саканата држава.
Изберете го полето за внесување град/поштенски број за да се
прикаже тастатура. Внесете го
името на саканиот град или
поштенскиот број (видете подолу).
Изберете го полето за внесување улица за повторно прикажување на
тастатурата. Внесете го името на
саканата улица (видете подолу).
Потоа може да внесете број или
крстосница.
Page 48 of 139

48НавигацијаИзберете го полето за внесувањеброј или крстосница. Повторно се
прикажува тастатурата. Внесете го потребниот број или име на улица
(видете подолу).
Забелешка
Ако куќниот број не е зачуван во базата на системот, куќниот број најблизок до внесената
дестинација се користи за
пресметување на маршрутата.
Ако е потребно, потврдете го
внесеното.
Се прикажува изборник за потврда.
Изберете Start Guidance (Почни
водење) за да почнете водење низ
маршрута.
Тастатура
Зависно од избраната функција,
тастатурите може да се
прикажуваат различно.
За да го смените распоредот на
буквите, изберете ABC (АБВ) од
левата страна на тастатурата. Буквите сега се наредени по
азбучен ред.
За да внесете низа знаци,
последователно изберете ги
саканите знаци.
Забелешка
Кога внесувате адреса,
тастатурата користи
интелигентна функција за
правопис што автоматски ги
блокира знаците што не можат да
се појават до односната низа
знаци.
За да внесете посебни знаци што
не се достапни на тастатурата со
букви, изберете ÄÖ од десната
страна на тастатурата со букви. Се прикажува тастатурата со посебни
знаци. Одберете го саканиот знак.
За внесување бројки или симболи,
изберете Sym (Симбол) од десната
страна на тастатурата со посебни
знаци. Се прикажува тастатурата
со симболи. Одберете го саканиот
знак.
За повторно прикажување на
тастатурата со букви, изберете
ABC (АБВ) од десната страна на
тастатурата со симболи. Така може
да менувате меѓу трите тастатури.
За да избришете знак што веќе е
внесен, изберете Delete
(Бришење) од десната страна на
соодветната тастатура или
притиснете BACK.
Кога внесувате адреса, автоматски
се прикажува листа на соодветни
записи штом бројот на соодветните записи најдени во меморијата за
адреси е еднаков или помал од шест.
Page 49 of 139

Навигација49За рачно прикажување листа на
соодветни записи за моменталниот
внес, изберете го односното
екранско копче List (Листа) на
дното на тастатурата.
За да се прикажат последните пет
внесени записи, изберете Last 5
(Последните пет) на дното на
тастатурата.
Изберете го саканиот запис од
листата.
Ако е потребно, изберете го
копчето за потврда прикажано долу на тастатурата.
Точки од интерес Интересна точка е посебна
локација што може да биде
интересна, на пр. бензинска пумпа, паркинг или ресторан.
Податоците зачувани во
инфозабавниот систем содржат
голем број претходно определени
ИТ што се означени со симболи на
картата.
Овие ИТ може да се изберат како
дестинации за водење низ
маршрута.Изборник за пребарување
ИТ може да се избере со различни
маски за пребарување.
Притиснете DEST / NAV за да се
прикаже изборникот Destination
Entry (Внесување одредиште) , па
изберете Points of Interest (Tочки од
интерес) за да се прикаже
изборникот POI List (Листа ТИ) .
Изберете го Category (Категорија) ,
Name (Име) или Telephone number
(Телефонски број) . Се прикажува
соодветната маска за
пребарување.
Пополнете ги полињата во маската
за пребарување.
Маска за пребарување категории
Изберете го полето за внесување
локација за да се прикаже листа.
Одберете ја саканата опција.
Изберете го полето за внесување
категорија за да се прикаже
листата категории на ИТ. Изберете
ја саканата категорија, а потоа
поткатегорија од листата.
Изберете го начинот за
подредување за да се прикаже
соодветниот подизборник.
Изберете го By Distance (По
оддалеченост) или By Name (По
име) .
Изберете Search (Пребарување)
на дното на екранот. Листа на ИТ
или категории на ИТ се прикажува
согласно со внесените критериуми. Изберете ја саканата изборна
ставка.Маска за пребарување име
Изберете го полето за внесување
земја за да се прикаже листа на сите достапни земји. Одберете ја
саканата држава.
Page 50 of 139

50НавигацијаЗа да одредите локација, изберетего полето за внесување град или
поштенски број. Се прикажува
тастатура. Внесете го саканото
име или број.
Изберете го начинот за
подредување за да се прикаже
соодветниот подизборник.
Изберете го By Distance (По
оддалеченост) или By Name (По
име) .
Изберете Search (Пребарување)
на дното на екранот. Повторно се
прикажува тастатурата.
Внесете го името на саканото ИТ.Маска за пребарување телефонски
броеви
Изберете го полето за внесување
земја за да се прикаже листа на сите достапни земји. Одберете ја
саканата држава.
Изберете го начинот за
подредување за да се прикаже
соодветниот подизборник.
Изберете го By Distance (По
оддалеченост) или By Name (По
име) .Изберете го полето за внесување
број за да се прикаже тастатура. Внесете го саканиот број.
Кога ќе се пополни маската за
пребарување, се прикажува
изборник за потврда.
Изберете Start Guidance (Почни
водење) за да почнете водење низ
маршрута.
Списоци со категории
Притиснете NAV, а потоа копчето
за повеќе функции за да се прикаже Navigation Menu (Изборник за
навигација) . Изберете Nearby POIs
(Блиски ТИ) или POIs Along Route
(ТИ долж рутата) . Се прикажува
листа со категории на ИТ.
Изберете ја саканата категорија,
поткатегорија, а потоа ИТ.
Се прикажува изборник за потврда. Изберете Start Guidance (Почни
водење) за да почнете водење низ
маршрута.
Претходни дестинации
Последните избрани или внесени
дестинации за водење низ
маршрута се зачувани во системот.Притиснете DEST / NAV за да се
прикаже изборникот Destination
Entry (Внесување одредиште) , па
изберете Previous Destinations
(Претходни одредишта) .
Се прикажува листа на последните
дестинации подредени по обратен
временски редослед.
Изберете ја саканата адреса од
листата.
Се прикажува изборник за потврда.
Изберете Start Guidance (Почни
водење) за да почнете водење низ
маршрута.
Адресар Address Book (Адресар)
овозможува место за локално
зачувување за адресите внесени
во апликацијата за навигација.
Зачувување адреси во адресарот За да зачувате адреса во
адресарот, притиснете
DEST / NAV за да се прикаже
изборникот Destination Entry
(Внесување одредиште) .