OPEL MOKKA 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2016Pages: 259, PDF Size: 6.02 MB
Page 231 of 259

Нега на возилото229Остатоци од мраз, загадување ипостојано бришење на суви стакла
ќе ги оштети, па и уништи
бришачите.
Тркала и гуми
Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и шасијата.
Оштетување на бојата
Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира 'рѓа. Поголемите оштети
или предели со 'рѓа нека Ви ги поправи автомеханичар.
Подвозје
Некои предели на подвозјето на
возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
восок ако е потребно.
Битуменски/гумени материјали
може да го оштетат премазот од
PVC. Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Систем на течен гас9 Опасност
Течниот гас е потежок од
воздухот и може да се собира во дупки.
Внимавајте кога работите на
подвозјето во канал.
За боење и кога се користи комора за сушење со температура над
60 °C, системот за течен гас мора
целосно да се извади.
Не вршете измени на системот за
течен гас.
Опрема за влечење
Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Заден систем за превозување Чистете го задниот систем за
превезување со млаз пареа или
компресор најмалку еднаш
годишно.
Ракувајте со задниот систем за
превезување повремено ако не се
користи редовно, особено во текот
на зимата.
Нега на внатрешноста Внатрешност и тапацир
Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
вода и мека крпа. Доколку е многу
извалкан, користете средство за
чистење кожа.
Page 232 of 259

230Нега на возилотоГрупата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворете ги Велкро патентите
бидејќи отворени Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и на
облеката со предмети со остри
рабови, на пр. патенти, каиши
или фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото
средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Page 233 of 259

Сервисирање и одржување231Сервисирање и
одржувањеОпшти информации .................231
Сервисни информации ..........231
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 232
Препорачаните течности и средства за подмачкување ..232Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е
определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 88.
Европски сервисни периоди
Потребно е одржување на
возилото на 30.000 км или по една
година, што и да е прво, освен ако не е укажано поинаку на екранот за сервисирање.
Покус сервисен период може да
важи за потешки услови за
возење,на пр. за таксија и за
полициски автомобили.
Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:Андора, Австрија, Белгија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Кипар, Чешка, Данска, Естонија,
Финска, Франција, Германија,
Грција, Гренланд, Унгарија,
Исланд, Ирска, Италија, Латвија,
Лихтенштајн, Литванија,
Луксембург, Македонија, Малта,
Монако, Црна Гора, Холандија,
Норвешка, Полска, Португалија,
Романија, Сан Марино, Србија,
Словачка, Словенија, Шпанија,
Шведска, Швајцарија,
Обединеното кралство.
Екран за сервисирање 3 88.
Меѓународни сервисни
периоди
Потребно е одржување на
возилото на 15.000 км или по една
година, што и да е прво, освен ако
не е укажано поинаку на екранот за сервисирање.
Меѓународните сервисни периоди
важат за државите што не се
наброени во списокот за
европските сервисни периоди.
Екран за сервисирање 3 88.
Page 234 of 259

232Сервисирање и одржувањеПотврдувањаПотврдата на сервисирањето се
евидентира во сервисна и гарантна
книшка. Датумот и километражата
се дополнува со печат и подпис на
работилницата на сервисирањето.
Проверете дека сервисната и
гарантна книшка е пополнета
исправно бидејќи постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако треба да се исполни каква било рекламација или
добронамерно барање, а корисно е
и при продавањето на возилото.
Период за сервисирање со
преостанатото времетраење на работниот век на моторното
масло
Сервисниот период е заснован врз повеќе параметри зависно од
употребата.
Екранот за сервисирање Ви дава
на знаење кога да го смените
моторното масло.
Екран за сервисирање 3 88.Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течностии средства заподмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозитет дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските
и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети. Препораките
за бензинските мотори важат и за
моторите што користат
компримиран природен гас (CNG),
течен нафтен гас (LPG) и етанол
(Е85).
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 236.
Page 235 of 259

Сервисирање и одржување233Дотурање моторно масло
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Употребата на моторни масла
само со квалитетот ACEA A1/B1
или A5/B5 е забранета, бидејќи тие
може да предизвикаат долгорочни
оштетувања на моторот при
одредени работни услови.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 236.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава
информација за густината на
маслото.Вискозитетот на маслото е
означено со две цифри, на пример,
ЅАЕ 5W-30. Првата цифра следена
од W, означува вискозитет на ниска
температура, додека втората
цифра означува вискозитет на
висока температура.
Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 236.
Сите препорачани класи
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и антифриз Користете го само органското
киселинско долготрајно средство
за ладење (LLC) (антифриз) одобрено за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење дизајнирано за
одлична заштита од корозија и од
смрзнување до -28 °C. Во
северните земји со многу ниски
температури, фабрички
наполнетото средство за ладењеовозможува заштита од
смрзнување до околу -37 °C. Оваа
концентрација треба да се одржува во текот на целата година.
Употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење кои
се предвидени да дадат
дополнителна заштита од корозија или изолација против помали
протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Течност за сопирачките и за
куплунгот
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. Затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во
предвидените временски периоди.
Page 236 of 259

234Технички податоциТехнички податоциИдентификација на возилото..234
Идентификациски број на возилото ................................ 234
Идентификациска табличка ..234
Идентификација на моторот . 235
Податоци за возилото .............236
Препорачани течности и средства за подмачкување ..236
Податоци за моторот .............239
Перформанси ......................... 240
Тежина на возилото ............... 241
Димензии на возилото ........... 241
Зафатнини .............................. 243
Притисоци во гумите .............244Идентификација на
возилото
Идентификациски број на возилото
Идентификацискиот број на
возилото се наоѓа во моторниот
простор.
Идентификацискиот број на
возилото може да биде втиснат на
таблата со инструменти, видливо
преку шофершајбната.
Идентификациска
табличка
Идентификациската табличка е
сместена на рамката на предната
лева или десна врата.
Page 237 of 259

Технички податоци235
Информации на
идентификациската етикета:
1:производител2:број на одобрение на типот3:идентификациски број на
возилото4:дозволена бруто тежина на
возилото во кг5:дозволена бруто влечна
тежина во кг6:најголема дозволена
оптовареност на предната оска во кг7:најголема дозволена
оптовареност на задната оска
во кгИдентификација на
моторот
Табелите со технички податоци ја
покажуваат идентификациската
шифра на моторот. Податоци за
моторот 3 239.
За да го идентификувате моторот, видете ја силата на моторот во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со Вашето возило или
другите национални документи за
регистрација.
Сертификатот за сообразност го
покажува кодот за идентификација
на моторот, други национални
публикации може да покажат
инженерски код. Проверете ја
зафатнината на клипот и силата на моторот за да се идентификува
соодветниот моторот.
Page 238 of 259

236Технички податоциПодатоци за возилотоПрепорачани течности и средства за подмачкувањеЕвропски распореди на сервисите
Потребен квалитет на моторното маслоСите европски земји со европски период на сервисирање 3 231Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos 1––dexos 2✔✔
Во случај да не е доставен квалитетот на dexos може да користите макс.еден литар моторно масло со квалитет АСЕА С3 еднаш меѓу секое менување на маслото.
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите европски земји со европски период на сервисирање 3 231Околна температураБензински и мотори на дизелдо -25 °CSAE 5W-30 или SAE 5W-40под -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40
Page 239 of 259

Технички податоци237Меѓународен распоред на сервисиПотребен квалитет на моторното маслоСите држави со меѓународен период на сервисирање 3 231Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелdexos 1 (ако е достапно)✔–dexos 2✔✔
Во случај да не е достапен квалитет на dexos може да користите квалитет на масло наведен во продолжение:
Сите држави со меѓународен период на сервисирање 3 231Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелGM-LL-A-025✔–GM-LL-B-025–✔Сите држави со меѓународен период на сервисирање 3 231Квалитет на моторното маслоБензински мотори
(вклучувајќи CNG, LPG, E85)Мотори на дизелACEA A3/B3✔–ACEA A3/B4✔✔
Page 240 of 259

238Технички податоциСите држави со меѓународен период на сервисирање 3 231ACEA C3✔✔API SM✔–Зачувување на ресурси API SN✔–
Класи по вискозитет на моторното масло
Сите држави со меѓународен период на сервисирање 3 231Околна температураБензински и мотори на дизелдо -25 °CSAE 5W-30 или SAE 5W-40под -25 °CSAE 0W-30 или SAE 0W-40до -20 °CSAE 10W-30 1)
или SAE 10W-40 1)1)
Дозволено, но се препорачува употреба на ЅАЕ 5W-30 или ЅАЕ 5W-40 со квалитет dexos.