OPEL MOKKA 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2016Pages: 259, PDF Size: 6.02 MB
Page 191 of 259

Нега на возилото189
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.
Течност за серво управувањеВнимание
Многу мали загадувања можеда предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на капачето на резервоарот/
прачката за мерење или да
навлезат во резервоарот.
Течноста за серво управување
обично не треба да се проверува. Во случај на невообичаен звук за
време на управувањето или ако
серво управувањето реагира
сомнително, побарајте помош во
сервис.
Page 192 of 259

190Нега на возилотоТечност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Сопирачки
Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време
на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи
патувањето но нека Ви ги заменат пакните на сопирачките што
побргу.
Штом се ставени нови пакните, не
сопирајте непотребно силно на
првите неколку патувања.
Течност за сопирачките9 Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Течноста за сопирачките мора да
биде помеѓу ознаките MIN и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 232.
Акумулатор Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
Page 193 of 259

Нега на возилото191акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 131.
Замена на акумулаторот
Забелешка
Непочитувањето на упатствата
дадени во ова поглавје може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки
за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори
со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Користете само акумулатори за
возила над коишто може да се
монтира кутија со осигурувачи.
Во возилата со акумулатор AGM
(Впивачка стаклена подлога)
проверете дали го заменувате
акумулаторот со друг AGM
акумулатор.
Акумулаторот AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор за возилата на Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 143.
Page 194 of 259

192Нега на возилотоПолнење на акумулаторот9Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 223.
Етикета со предупредување
Значење на симболите: ● Забранети се искри, отворен пламен и пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може дапредизвикаат слепило или
повреди.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете во сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се остави целосно да се испразни, системот за дизел
гориво треба да се исцеди.
Вклучете го палењето трипати по
15 секунди. Потоа верглајте го
моторот најмногу 40 секунди.
Повторете го овој процес по не
помалку од 5 секунди. Ако моторот
не се пали, побарајте помош од
автомеханичар.
Замена на четкичките набришачите
Page 195 of 259

Нега на возилото193Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете го копчето за да се
откачи четкичката на бришачот и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло
1. Извадете го капакот на бришачот од комплетот на
бришачот.
2. Кренете ја четкичката на бришачот.
3. Притиснете го осигурувачот што го држи лизгачот.
4. Извлечете ја четкичката.
Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучетего соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на сијаличка за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на
моторниот простор.
Page 196 of 259

194Нега на возилотоХалогенски преднифарови
Средно светло и долго светло
Извадете го заштитниот капак.
Средно светло
1. Откачете го приклучокот на фасонката за фарот.
2. Притиснете ја спојката со пружина и откачете ја.
3. Извадете ја ламбата одфасонката и заменете ја.
4. Кога местите нова сијалица, заглавете ги дршките во
вдлабнатинките на фарот.
5. Вратете го комплетот на фаровите.
6. Заглавете ја спојката со пружина.
7. Поврзете го приклучокот на фасонката.
8. Наместете го заштитниот капак на предниот фар во положбата
и затворете го.
Page 197 of 259

Нега на возилото195Долги светла
1. Извадете ја фасонката совлечење.
2. Извадете ја ламбата од фасонката и заменете ја.
3. Кога местите нова сијалица, заглавете ги дршките во
вдлабнатинките на фарот.
4. Вратете го комплетот на фаровите.
5. Наместете го заштитниот капак на предниот фар во положбата
и затворете го.
Странични светла
1. Извадете ја фасонката од комплетот вртејќи ја во насока
спротивна од стрелките на
часовникот.
2. Извадете ја фасонката од фарот.
3. Одвојте го кабел штекерот од сијалицата.
4. Извадете ја сијалицата од фасонката.
5. Вметнете ја новата сијалица.
6. Приклучете го штекерот врз сијалицата.
7. Ставете ја фасонката во фарот.
8. Вратете го комплетот.
Page 198 of 259

196Нега на возилотоКсенонски предни фарови9Опасност
Ксенонските фарови работат
под крајно висок електричен
напон. Не допирајте ги.
Сијалиците нека Ви ги менува
автомеханичар.
Светла за свиоци
1. Извадете го заштитниот капак.
2. Извадете ја фасонката со влечење.
3. Извадете ја ламбата одфасонката и заменете ја.
4. Кога местите нова сијалица, заглавете ги дршките во
вдлабнатинките на фарот.
5. Вратете го комплетот на фаровите.
6. Наместете го заштитниот капак на предниот фар во положбата
и затворете го.
Фарови за магла До сијаличките може да се
пристапи од долната страна на
возилото
1. Свртете го соодветното тркало навнатре да се добие подобар
пристап и да ги отстраните
Page 199 of 259

Нега на возилото197трите ѕвездести завртки на
надворешната страна од
куќиштето на тркалото.
Прирачен алат 3 207.
2. Повлечете и држете ја поставата за да добиете
пристап до држачот на
сијалицата.
3. Повлечете го потпорното ребро
(1) нанадвор и извадете го
приклучниот штекер (2) од
штекерот за сијалицата.
4. Свртете го држачот на сијалицата обратно од насоката
на стрелките на часовникот (3)
и извадете го од фарот.
5. Извадете ја и вратете ја фасонката со ламбата и
приклучете го кабел штекерот.
6. Вметнете ја фасонката во фарот вртејќи ја надесно и
заглавете ја.
7. Вратете ја на место поставата и
зацврстете ги трите ѕвездести
завртки.
Предни трепкачи
1. Завртете го држачот на сијалицата обратно од правец
на стрелките на часовникот и
ослободете го.
2. Притснете ја ламбата лесно во лежиштето, свртете ја налево,
извадете ја и ставете нова
ламба.
3. Монтирајте го држачот на сијаличката во фарот, вртете го
десно да се заглави.
Page 200 of 259

198Нега на возилотоЗадни светла
Лева страна
1. Извадете ги двата капаци и одвртете ги завртките.
Извадете ја плочата.
2. Извадете го капакот.
Десна страна
1. Извадете ги вратата на преградата и комплетот за
поправање гуми.
2. Извадете го капакот.