OPEL MOKKA 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: MOKKA, Model: OPEL MOKKA 2016Pages: 259, PDF Size: 6.02 MB
Page 61 of 259

Складирање59СкладирањеПростори за складирање...........59
Складирање во таблата со инструменти ............................ 59
Касета ....................................... 60
Држачи за чаши .......................60
Складирање на очилата за сонце ....................................... 60
Складишна преграда под седиштето ............................... 61
Складирање во средишната конзола .................................... 61
Заден систем за
превозување ........................... 61
Товарен простор ........................72
Капак на товарниот простор ...74
Капак на задната преграда за складирање под подот ...........74
Алки за врзување ..................... 75
Предупредувачки триаголник ............................... 75
Прибор за прва помош ............75
Систем на багажници за на
покрив ......................................... 76
Багажник за на покрив .............76
Информации за товарење .........76Простори за
складирање9 Предупредување
Не чувајте тешки или остри
предмети во просторите за
складирање. Инаку, капакот на
просторот за складирање може да се отвори и патниците може
да се повредат од исфрлени
предмети во случај на нагло
сопирање, ненадејна промена
на правецот или сообраќајка.
Складирање во таблата
со инструменти
До воланот се наоѓа предна
складишна преграда.
Page 62 of 259

60СкладирањеУште еден простор за складирање
има врз касетата.
За да го отворите, притиснете го копчето.
Капаците на просторите за
складирање треба да се затворени за време на возењето.
Касета
За отворање, повлечете ја рачката.
Касетата мора да биде затворена
додека се вози.
Држачи за чаши
Држачите на чаши се наоѓаат во
средишната конзола и во задниот
дел на средишната конзола.
За да го користите држачот за чаши на задното седиште, повлечете го
ременот во потпирачот за раце на
задното седиште.
Складирање на очилата за сонце
Преклопете го надолу и отворете
го.
Не го користете за складирање на
тешки предмети.
Page 63 of 259

Складирање61Складишна преграда подседиштето
Подигнете ја фиоката што е напред и извлечете ја. За затворање
притиснете ја фиоката навнатре и
заглавете ја.
Складирање во
средишната конзола
Притиснете го копчето и лизнете го
капакот наназад.
Заден систем за
превозување
Заден систем за превезување
за три велосипеди
Задниот систем за превезување
(систем Flex-Fix) овозможува да се
закачи еден велосипед за носачот
што се извлекува и што е вграден
во подот на возилото. Може да се
закачат уште два велосипеда на
адаптер. Превозувањето на други предмети не се дозволува.
Максималната оптовареност на
задниот систем за превезување е
60 кг со приклучен адаптер и 30 кг
Page 64 of 259

62Складирањебез адаптер. Тоа овозможувазакачување на електричен
велосипед на носачот на
извлекување. Максималната
оптовареност по велосипед на
адаптерот е 20 кг.
Меѓуоскиното растојание на
велосипедот не треба да биде
поголемо од 1,15 метри. Инаку не е можно безбедно прицврстување на
велосипедот.
Ако не е во употреба, системот за превезување мора да се лизне назад во подот на возилото.
Не смее да има никакви предмети
на велосипедите кои може да се
олабават за време на
превозувањето.Внимание
Ако задниот систем за
превезување е извлечен и
возилото е целосно натоварено,
висината на шасијата ќе биде
намалена.
Возете внимателно секогаш
кога патот е многу стрм или кога возите преку косина, тумба и сл.Внимание
Посоветувајте се со својот
продавач на велосипеди пред
да закачите велосипеди со
јаглеродни рамки.
Велосипедите може да се
оштетат.
Извлекување
Отворете ја задната врата.
9 Предупредување
Не смее да има никого во зоната
на проширувањето на задниот
систем за носење, ризик од
повреда.
Повлечете ја рачката за
ослободување нагоре. Задниот
систем за превезување се
ослободува и брзо излегува од
задниот браник.
Page 65 of 259

Складирање63Целосно извлечете го задниот
систем за превозување додека не
слушнете дека се заглавува.
Уверете се дека не е возможно да
се турне задниот систем за
превозување навнатре без да се
повлече рачката за ослободување
повторно.9 Предупредување
Дозволено е да се наместат
предмети на задниот систем за
носење само ако системот се
заглавил правилно. Ако задниот
систем за носење не се
заглавува правилно, не местете предмети на системот и лизнете
го системот назад. Побарајте
помош од автомеханичар.
Расклопете го држачот на
регистарската табличка
Кренете го држачот на
регистарската табличка и склопете
го наназад.
Прицврстете ја регистерската
табличка пред првата употреба на
задниот систем за превезување.
Преклопете ги задните ламби
нанадвор
За да ги наместите задните ламби,
извадете ги двете завртки ( 1).
Извлечете ги задните ламби од држачот напред ( 2) и надолу, па
свртете ги настрана.
Page 66 of 259

64Складирање
Притиснете ги задните ламби во
држачот ( 1) и затегнете ги
завртките ( 2) за да ги прицврстите
ламбите.
Преклопување на отворот за
тркала нанадвор
Извадете го ременот и преклопете
го отворот за тркала нанадвор.
Заклучете го задниот систем за
превозување
Извадете го ременот и свртете ги
двата лоста за држење настрана
до каде што можат да одат.
Инаку не се гарантира безбедното функционирање.
Page 67 of 259

Складирање65Составување на држачот за
велосипеди
Кренете го држачот одзади ( 1) и
повлечете го наназад.
Преклопете го држачот нагоре ( 2).
Притиснете го држачот ( 1) и
свртете ја рачката ( 2) наназад за да
се заглави.
Притиснете го копчето ( 1) и
извадете го левиот дел на
багажникот ( 2).
Притиснете го копчето ( 1) и
вметнете го левиот дел од
багажникот во десниот дел ( 2).
Page 68 of 259

66СкладирањеЗакачување велосипед
1. Свртете ги педалите воположба, како на
илустрацијата, и ставете го
велосипедот на отворот за
тркала.
Внимавајте велосипедот да
стои средишно на процепите за
тркала.
2. Закачете го краткиот држач за рамката на велосипедот.
Свртете го тркалцето надесно
за да го прицврстите.
3. Прицврстете ги двете тркала на
велосипедот за процепите за
тркалата користејќи ги
ремените за држење.
4. Проверете го велосипедот за да се уверите дека е безбедно
прицврстен.Внимание
Внимавајте процепот меѓу
велосипедот и возилото да е
барем 5 см. Ако е потребно,
олабавете го управувачот и
свртете го странично.
Закачување на адаптерот
Кога носите повеќе велосипеди,
треба да се прицврсти адаптерот.
Page 69 of 259

Складирање67
1. Ставете го адаптерот назадниот систем за
превезување, како што е
прикажано на илустрацијата.
2. Свртете ја рачката ( 1) нанапред
и држете, потоа спуштете го
адаптерот ( 2) од задниот дел.
3. Отпуштете ја рачката и проверете дали адаптерот е
заглавен.
4. Протнете го ременот закачен за
адаптерот под рачката при
преклопување на задниот
систем за превезување
наназад. Затегнете го ременот.
Закачување на понатамошни
велосипеди
Закачувањето на понатамошни
велосипеди е слично на
закачувањето на првиот.
Дополнително треба да се земат предвид неколку работи:
1. Пред да го ставите велосипедот, секогаш
расклопете ги процепите за
тркалата за следниот
велосипед, ако е потребно.
2. Секогаш свртете ги педалите во
соодветна положба пред да го
ставите велосипедот.
Page 70 of 259

68Складирање3. Наместете ги велосипедите назадниот систем за превезувањенаизменично налево и надесно.
4. Порамнете го велосипедот со претходно закачениот.
Главчините на тркалата на
велосипедите не смеат да се
допираат.
5. Закачете ги велосипедите со држачите и затегнете ги
ремените како што е опишано
за првиот велосипед. Држачите
треба да се фиксирани
паралелно.
Употребете го долгиот држач за
да го закачите вториот
велосипед на багажникот.Употребете го кусиот
дополнителен држач за да го
закачите третиот велосипед.
Држачот треба да биде
фиксиран меѓу рамките на
вториот и третиот велосипед.
6. Дополнително прицврстете ги двете тркала на третиот
велосипед за отворите за
тркала користејќи ги ремените
за држење.
Се препорачува да се закачи
предупредувачки знак на
најзадниот велосипед за да се
зголеми видливоста.
Преклопете го задниот систем за
превезување наназад
Задниот систем за превезување
може да се преклопи наназад за да
се добие пристап до товарниот
простор.
● Без закачен адаптер:
Притиснете ја рачката ( 1) за да
одглавите и држете.
Повлечете го багажникот ( 2)
наназад за да се склопи
задниот систем за
превезување.