OPEL MOKKA X 2017 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017, Model line: MOKKA X, Model: OPEL MOKKA X 2017Pages: 177, PDF Size: 2.64 MB
Page 111 of 177

Основно ракување111Set Time Format (Поставете
формат на времето)
За да изберете формат на
времето, притиснете го екранското
копче 12 ч или 24 ч.
Set Date Format (Поставете
формат на датумот)
Да го изберете саканиот формат на
датум, изберете Set Date Format
(Поставете формат на датумот) и
изберете некоја од достапните
опции во подизборникот.
Auto Set (Автоматско поставување) За да изберете дали времето и
датумот ќе се постават автоматски
или рачно, одберете Auto Set
(Автоматско поставување) .
За времето и датумот да бидат поставени автоматски, одберете On - RDS (Вкл. RDS) .
За времето и датумот да бидат
поставени рачно, одберете Off -
Manual (Искл. - Рачно) . Ако Auto Set
(Автоматско поставување) е
поставено на Off - Manual (Искл. -
Рачно) , елементите Set Time
(Местење на часовникот) и SetDate (Местење на датумот)
стануваат достапни во
подизборникот.
Поставување на време и датум
За да го прилагодите времето и
датумот, изберете Set Time
(Местење на часовникот) или Set
Date (Местење на датумот) .
Притискајте ги + и - за да ги
прилагодите поставките.
Поставки за јазикот Притиснете ;, а потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Language ( Јазик) за да се
прикаже односниот изборник.
За да се приспособи јазикот за
текстовите на изборниците:
допрете го саканиот јазик.
Функција за листање на текстот Ако на екранот се прикаже долг
текст, на пример наслови на песни
или имиња на станици, тој може да
се листа постојано или еднаш, па
да се прикаже во скратен облик.Притиснете ;, а потоа изберете
Settings (Поставки) .
Изберете Radio (Радио) .
Ако сакате текстот да се листа
постојано, активирајте Text Scroll
(Листање текст) .
Ако сакате текстот да се листа во
блокови, деактивирајте ја
поставката.
Функција на црн приказ
Ако не сакате приказот да биде
осветлен, на пример, ноќе, може да го исклучите приказот.
Притиснете ;, а потоа изберете
Settings (Поставки) .
Page 112 of 177

112Основно ракувањеЛизгајте низ списокот и изберете
Исклучи го приказот . Приказот е
исклучен; функциите на звукот
остануваат активни.
Основни фабрички поставки
Притиснете ;, а потоа изберете
Settings (Поставки) .
Листајте и изберете Return to
Factory Settings (Врати на
фабрички поставки) .
За да ги обновите сите поставки за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби,
изберете Обнови ги поставките на
возилото .
За да ги избришете поврзаните
уреди со Bluetooth, зачуваните
список на контакти и броевите за
говорна пошта, изберете Clear All
Private Data (Избриши ги сите
приватни податоци) .
За да ги ресетирате поставките за
тон и гласност, избришете ги сите
омилени, избришете го изборот на
тон на ѕвонење, изберете Restore
Radio Settings (Обнови радио
поставки) .Во секој случај, се прикажува
порака за предупредување.
Изберете Continue (Продолжи) за
да ги ресетирате поставите.
Верзија на системот Притиснете ;, а потоа изберете
Settings (Поставки) .
Листајте и изберете Software
Information (Информации за
софтверот) .
Ако е поврзан USB уред, на него можете да ги зачувате
информациите за возилото.
Одберете го System Update
(Ажурирање на системот) а потоа
Save Vehicle Info to USB (Зачувај ги информациите за возилото на
USB) .
За ажурирање на системот,
контактирајте со сервисот.
Поставки на возилото Поставките за возилото се
опишани во Сопственичкиот
прирачник.
Page 113 of 177

Радио113РадиоУпотреба................................... 113
Пребарување станици .............113
Списоци со миленици ..............115
Радио податочен систем
(RDS) ......................................... 116
Дигитална аудио дифузија ......117Употреба
Активирање на радиото
Притиснете ;, а потоа изберете
AUDIO (АУДИО) . Се прикажува
последниот избран главен
изборник за звук.
Изберете Source (Извор) на
долниот ред од активниот главен изборник за радио за да ја отворите
интерактивната лента за избор.
Одберете ја саканата бранова
должина.
Ќе се прима последната пуштена
станица во избраното фреквентно
подрачје.
Пребарување станици
Автоматско пребарување на
станици
Кратко притиснете или допрете
t или v на контролната табла
или на екранот за да ја пуштите
претходната или следната станица
во меморијата на станици.
Рачно пребарување на станициПритиснете и задржете t или v
на контролната табла. Отпуштете
кога е речиси достигната бараната
фреквенција.
Page 114 of 177

114РадиоСе врши барање на следната
станица која може да се прими и
таа се пушта автоматски.
Забелешка
Бранова должина FM: Кога
функцијата за RDS е активирана,
се бараат само RDS станици
3 116 , а кога радио сообраќајната
услуга (TP) е активирана, се
бараат само станици со
сообраќајна услуга 3 116.
Местење станици
Допрете B на екранот. Се
прикажува екранот Direct tune
(Директно пребарување) .Внесете ја саканата фреквенција.
Користете r за да ги избришете
внесените цифри. Ако е потребно,
допрете d или c за подоцна да го
приспособите внесувањето.
Потврдете го внесувањето за да ја
пуштите станицата.
Списоци со станици
Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од активниот главен
изборник за радио за да го
отворите соодветниот посебен
подизборник за брановата
должина.Изберете Station List (Листа
станици) за конкретна бранова
должина. Се прикажуваат сите
станици што може да се примат на
соодветната бранова должина и во моменталното подрачје на прием.
Одберете ја саканата станица.
Забелешка
На моментално приманата радио
станица укажува симболот l до
името на станицата.
Списоци со категории
Бројни радио станици емитуваат
шифра PTY што го определува
видот на емитуваната програма (на
пр. вести). Некои станици ја
менуваат и шифрата PTY, зависно
од содржината што се емитува во
моментот.
Инфозабавниот систем ги
зачувува тие станици, подредени
според видот на програмата, на
соодветниот список со категории.
Забелешка
Ставката Categories (Категории)
од списокот е достапна само за
брановите должини FM и DAB.
Page 115 of 177

Радио115За да пребарувате за тип програма
определена од станиците,
изберете Categories (Категории) .
Се прикажува листа со типови
програми што се моментално
достапни.
Одберете го саканиот вид на
програмата. Се прикажува листа на станиците што емитуваат
програма од избраниот вид.
Одберете ја саканата станица.
Забелешка
На моментално приманата радио
станица укажува симболот l до
името на станицата.
Ажурирање списоци со станици
Ако станиците што се зачувани во
списокот на станици за
конкретната бранова должина не
се примаат повеќе, изберете Menu
(Изборник) на долниот ред од
активниот главен изборник за
радио, па изберете ја соодветната
ставка од изборникот за да го
ажурирате списокот на станици, на
пример Update Station List
(Ажурирање на списокот станици) .Забелешка
Ако се ажурира список на станици
специфични за некое фреквентно
подрачје, се ажурира и
соодветниот список на категории.
Почнува барање станици и се
прикажува соодветна порака.
Штом ќе заврши барањето, се
прикажува односната листа
станици.
Забелешка
На моментално приманата радио
станица укажува симболот l до
името на станицата.
Списоци со миленици Станици од сите бранови должиниможе да се зачуваат рачно на
списоците со миленици.
Достапни се пет списоци со
миленици и во секој од нив може да
се зачуваат 5 станици.
Забелешка
Моментално приманата станица
се селектира.
Зачувување станица
Ако е потребно, допрете < или > за
да листате низ омилените
страници.
За да ја зачувате моментално
активната радио станица на
екранско копче од меморијата:
допрете го и држете го саканото
екранско копче неколку секунди.
Page 116 of 177

116РадиоСоодветната фреквенција или имена станицата се прикажува на
екранското копче.
Повикување на станици Ако е потребно, допрете < или > за
да листате до саканата страница
со омилени.
Изберете го екранското копче за
меморијата во која е сочувана
саканата радио станица.
Одредување на бројот на
достапните страници со
омилени
За да го одредите бројот на
омилените страници што се
прикажуваат за изборот,
притиснете HOME, па изберете
SETTINGS (ПОСТАВКИ) на
екранот.
Изберете Radio (Радио) , а потоа
Manage Favourites (Ракување со
милениците) за да се прикаже
односниот подизборник.Во зависност од омилените
страници што сакате да се
прикажат, активирајте ги или
деактивирајте ги страниците.
Радио податочен систем(RDS)
RDS е услуга на FM станиците која значително го олеснува наоѓањето на саканата станица и приемот за
неа без грешка.
Предности на RDS ● На екранот се појавуваат името на програмата на
станицата наместо
фреквенцијата.
● При барање станици, Инфозабавниот систем мести
само станици со RDS.
● Инфозабавниот систем секогаш ја пушта
фреквенцијата со најдобарприем на наместената станица со помош на AF (алтернативна
фреквенција).
● Зависно од станицата што се прима, инфозабавниот систем
прикажува радио текст што
може да содржи, на пример, информации за актуелната
програма.
Конфигурација RDS Допрете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за FM-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
брановата должина.
Листајте до RDS.
Активирајте или деактивирајте
RDS .
Сообраќајна програма
Станиците со радио сообраќајна
услуга се RDS станици кои
емитуваат сообраќајни вести. Ако е
вклучена сообраќајната услуга,
моментално пуштениот
аудиоизвор се прекинува додека
трае сообраќајното соопштение.
Page 117 of 177

Радио117Активирање на функцијата за
сообраќајна програма
Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за FM-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
брановата должина.
Допрете го екранското копче до
Traffic Programme (Сообраќајна
програма) за да ја активирате или
деактивирате функцијата.
Забелешка
Во списокот на станици, до
станицата што овозможува
сообраќајна програма се
прикажува TP.
Ако е активирана радио
сообраќајната услуга, во горниот ред на сите главни изборници е
прикажано [TP]. Ако моменталната
станица не е станица со радио
сообраќајна услуга, TP е посивено
и автоматски почнува да се бара
следната станица со радио
сообраќајна услуга. Штом ќе се
најде станица со радио
сообраќајна услуга, TP енагласено. Ако не се најде станица
со радио сообраќајна услуга, TP
останува посивено.
Ако се емитува сообраќајно
соопштение на односната станица, се прикажува порака.
За да го прекинете соопштението и
да се вратите на претходно
активираната функцијата, допрете
го екранот или притиснете m.
Регионализација
Понекогаш станиците со RDS
емитуваат регионално различни
програми на различни
фреквенции.
Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за FM-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
бранова должина и листајте до
Region (Регион)
Активирајте или деактивирајте
Region (Регион) .
Ако е активирана
регионализацијата, се избираат
алтернативни фреквенции со
истите регионални програми кога епотребно. Ако регионализацијата е исклучена, се избираат
алтернативни фреквеции на
станиците без оглед на
регионалните програми.
Дигитална аудио дифузија DAB дигитално емитува
радиостаници.
Станици со DAB се означуваат со
името на програмата наместо
фреквенцијата на емитувањето.
Општи информации ● Со DAB може да се емитуваат повеќе радиопрограми
(сервиси) на еден ансамбл.
● Покрај висококвалитетните дигитални аудио услуги, DAB
исто така е способен да
предава податоци поврзани со
програмите и мноштво други
податочни услуги вклучувајќи
информации за патувањето и
за сообраќајот.
● Се додека еден даден DAB приемник може да го фати
сигналот испратен од некоја
Page 118 of 177

118Радиостаница за дифузија (дури ако
сигналот е многу слаб),
репродукцијата на звукот е
обезбедена.
● Во случај на лош прием, гласноста се намалува
автоматски за да се избегне емитување бучава.
Ако DAB сигналот е премногу
слаб за дешифрирање со
приемникот, приемот се
прекинува целосно. Ова може да се избегне со активирање
на DAB-DAB Linking
(Поврзување DAB-DAB) и/или
DAB-FM Linking (Поврзување
DAB-FM) во изборникот на DAB
(видете подолу).
● Пречење предизвикано од станиците кои се на блиски
фреквенции (појава која е
типична за приемот AM и FM)
не се појавува со DAB.
● Ако DAB сигналот го одбиваат природни пречки или згради,
квалитетот на приемот на DABсе подобрува, додека AM или
FM приемот значително се
влошува во таквите случаи.
● Кога е вклучен прием DAB, FM-
приемникот на инфозабавниотсистем останува активен во
заднина и постојано ги бара
FM-станиците со најдобар
прием. Ако е вклучено TP
3 116, се емитуваат
сообраќајните соопштенија на
FM-станицата со најдобар
прием. Исклучете го TP ако не
сакате приемот DAB да се
прекинува со сообраќајни
соопштенија FM.
Соопштенија DAB
Покрај нивните музички програми,
многу станици DAB емитуваат и
соопштенија од разни категории.
Ако активирате некои или сите
категории, сервисот DAB што се прима моментално се прекинувакога има соопштение од таков вид.Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за DAB-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
брановата должина.
Листајте низ списокот и изберете
DAB Announcements (Соопштенија
DAB) за да се прикаже листа на
достапните категории.
Активирајте ги сите или само
саканите категории соопштенија.
Може да се изберат разни
категории на соопштенија
истовремено.
DAB-DAB Linking (Поврзување
DAB-DAB)
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на истиот
сервис (програма) на друг
ансамбл DAB (ако е достапна) кога
сигналот DAB е премногу слаб за да го прими приемникот.
Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за DAB-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
брановата должина.
Page 119 of 177

Радио119Листајте низ листата и активирајте
или деактивирајте DAB-DAB
Linking (Поврзување DAB-DAB) .
DAB-FM Linking (Поврзување DAB-FM)
Кога е активирана оваа функција,
уредот се префрлува на
соодветната станица FM на
активниот сервис DAB (ако има)
кога сигналот DAB е премногу слаб за да го прими приемникот.
Листајте низ листата и активирајте
или деактивирајте DAB-FM Linking
(Поврзување DAB-FM) .
L Band (L-опсег)
Со оваа функција можете да
дефинирате кои фреквентни
подрачја DAB ќе ги прима
Инфозабавниот систем.
Фреквентниот опсег L (земјено и
сателитско радио) е друг
радиоопсег што може да се прима
дополнително.Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за DAB-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
брановата должина.
Листајте низ листата и активирајте или деактивирајте L Band (L-опсег).
Интелитекст Функцијата Intellitext (Интелитекст)
овозможува прием на
дополнителни информации како
што се финансиски информации,
спорт, вести и сл.
Забелешка
Достапната содржина зависи од
станицата и регионот.
Изберете го Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за DAB-радиото за да го отворите
соодветниот подизборник за
брановата должина.
Листајте и изберете Intellitext
(Интелитекст) .
Изберете една од категориите и
изберете одредена ставка за да се
прикажат детални информации.EPG
Електронскиот програмски водич
обезбедува информации за
тековната и претстојната програма
на соодветната DAB-станица.
Изберете Menu (Изборник) на
долниот ред од главниот изборник
за DAB-радио, па изберете Station
List (Листа станици) .
За да се прикаже програмата на
саканата станица, допрете ја
иконата до станицата.
Page 120 of 177

120Надворешни уредиНадворешни
уредиОпшти информации .................120
Репродукција на звук ...............122
Прикажување слики .................123
Репродукција на филмови .......125
Користење апликации за
паметни телефони ...................126Општи информации
Приклучок за USB за поврзување
надворешни уреди се наоѓа во
средишната конзола.
Забелешка
Приклучоците секогаш треба да
бидат чисти и суви.
USB приклучок
Во USB приклучокот може да се приклучат МP3-плеер, диск USB,
SD-картичка (преку приклучок/
адаптер за USB) или паметен
телефон.
Најмногу два USB-уреди можат да
бидат поврзани со Инфозабавниот систем во даден момент.
Забелешка
За поврзување на два уреди USB, потребен е надворешен USB-
центар.
Инфозабавниот систем може да
пушта аудиодатотеки, да
прикажува слики или да
репродуцира филмови што се
наоѓаат во USB-уреди.Кога се поврзани со приклучокот
USB, со разни функциите на
уредите може да се ракува преку
контролите и изборниците на
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите помошни уреди.
Проверете го списокот за
компатибилност на нашата веб-
локација.
Поврзување/откачување уред
Поврзете еден од горенаведените
уреди во приклучокот за USB. Ако
е потребно, користете соодветен
кабел за поврзување. Музичката
функција почнува автоматски.
Забелешка
Ако се поврзе уред USB што не
може да се прочита, се појавува
соодветна порака за грешка и
Инфозабавниот систем
автоматски се префрлува на
претходната функција.
За да ја прекинете врската на
уредот USB, изберете друга
функција, а потоа извадете го
уредот USB.