OPEL MOKKA X 2017 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017, Model line: MOKKA X, Model: OPEL MOKKA X 2017Pages: 177, PDF Size: 2.64 MB
Page 71 of 177

Препознавање говор71Confirm Less (Потврдувај помалку):
Доколку се избере, системот
помалку често бара да ги
потврдувате вашите гласовни
влезни информации. Следствено,
системот може понекогаш
погрешно да ги протолкува
наредбите и да не ја изврши
точната активност.
Забелешка
Кога почнувате да користите
препознавање на говорот,
користењето на поставката
Confirm More (Потврдувај повеќе)
може да ви биде од корист. Како
што ќе стекнувате поголемо
искуство, т.е. ќе научите како да ги изговарате наредбите на начин
што функцијата за препознавање
говор точно ќе ве разбира,
користењето на поставката
Confirm Less (Потврдувај
помалку) може да биде од корист.Prompt Length (Должина на
известување)
Должината и нивото на детали на
прашањата и изјавите што ги дава
функцијата за препознавање говор може да се приспособат во
соодветниот подизборник.Audio Feedback Speed (Брзина на
звучни повратни информации)
Брзината со која функцијата за
препознавање говор поставува
прашања или дава изјави може да
се приспособат во односниот
подизборник.
Ако се избере Medium (Средно) ,
стапката на говор на системот
одговара на природен говор.
Забелешка
Кога почнувате да користите
препознавање на говорот,
користењето на поставката Long
(Долго) може да ви биде од
корист. Како што стекнувате
искуство, ќе може да ја користите
поставката Short (Кратко) .Прикажување на совети за „Што
можам да кажам?“
Во зависност од тоа дали сакате
можна говорна наредба да се
прикаже на екранот, поставете го
Прикажување на совети за „Што
можам да кажам?“ на On
(Вклучување) или Off
(Исклучување) .
Апликација за пренесување на
гласот
Апликацијата за пренесување на гласот на инфозабавниот систем
овозможува пристап до наредбите
за препознавање говор на вашиот
смартфон.
Достапноста на оваа функција
зависи од паметниот телефон. За
повеќе информации за
компатибилноста, посетете ја
нашата веб-локација.
Page 72 of 177

72Препознавање говорКористење
Вградена функција за
препознавање говор
Активирање на контролата на
гласот
Забелешка
Препознавањето говор не е
достапно за време на повик.Активирање преку копчето w на
воланот
Притиснете w на воланот.
Аудио системот се стишува,
говорна порака ви кажува да
кажете наредба, а изборниците за
помош со најважните достапни
команди се прикажуваат на Инфо-
екранот.
Штом препознавањето говор е
подготвено за говорен внес, се
слуша писок. Симболот за
препознавање на говор во горниот
лев агол на изборникот за помош од бел станува црвен.Сега може да кажете говорна
наредба за да вклучите некоја
функција на системот (пр. пуштање
претходно поставена
радиостаница).Активирање преку екранското
копче VOICE (Глас) на
централниот екран
Изберете VOICE (Глас) на
интерактивната лента за избор од
главниот изборник на централниот
екран.
Аудио системот се стишува,
говорна порака ви кажува да
кажете наредба и изборник за
помош со најважните достапни
команди се прикажува на
централниот екран.
Штом препознавањето говор е
подготвено за говорен внес, се
слуша писок. Симболот за
препознавање на говор на десната страна од изборникот за помош од
црн станува црвен.
Сега може да ја изговорите
наредбата, видете го описот
погоре.Прилагодување на гласноста на
говорните потсетници
Притиснете ! или # од воланот
нагоре (зголемување на гласноста) или надолу (намалување на
гласноста).
Прекинување говорен потсетник
Како искусен корисник, може да
прекинете говорен потсетник со
кусо притискање на w на воланот.
Веднаш ќе слушнете сигнал,
симболот за препознавање говор
станува црвен, а наредбата може
да се изговори без да се чека.
Откажување дијалошка низа
Ова се различни можности за
прекинување на дијалошката низа
и за деактивирање на функцијата
за препознавање говор:
● Кажете „ Откажи“ или „Излез“.
● Притиснете n на воланот.
● Ако сесијата за препознавање говор беше активирана преку
екранското копче VOICE
(Глас) на централниот екран,
може да:
Page 73 of 177

Препознавање говор73● Притиснете ; на
контролната табла.
● Изберете m или Exit
(Излез) во изборникот за
помош.
Во следниве ситуации дијалошките
низи се откажуваат автоматски:
● Ако не кажете наредба одреден временски период
(основно е трипати да добиете
потсетник да кажете наредба).
● Ако кажувате наредби што системот не ги препознава(основно е трипати да добиете
потсетник да кажете правилна
команда).
Работа со говорни наредби
Функцијата за препознавање говор
може да ги разбере наредбите што
се природно наведени во форма на
реченица или директните наредби
со наведување апликација и
активност.За најдобри резултати:
● Слушнете го говорниот потсетник и почекајте писок
пред да кажете наредба или да одговорите.
● Кажете „ Помош“ или
прочитајте ги командите
наведени како пример на
екранот.
● Говорниот потсетник може да се прекине со повторно
притискање на w.
● Почекајте писок, а потоа кажете ја наредбата природно,
не пребрзо, не пребавно.
Користете кратки и директни
наредби.
Обично наредбите може да се
изговорат како една наредба. На пример, „Повикај го Дејвид Смит на работа“, „Пушти“ и името на
изведувачот или името на песната, „Вклучи“ и брановата должина и
фреквенцијата/името на станицата
или „Најди ја адресата“ и адресата,
на пример „Главна улица 123,
Лондон“.При сложени наредби или кога
недостасуваат информации,
системот започнува дијалог.
Кога пребарувате „Точки од
интерес“, само главните синџири
може да се изберат по име.
Синџири се фирми што имаат
најмалку 20 локации. За други ТИ,
изговорете го името на
категоријата, како „Ресторани“,
„Шопинг центри“ или „Болници“.
Ако кажете „Телефон“ или
„Наредби за телефон“, системот
разбира дека се бара телефонски
повик и реагира со соодветни
прашања додека не се добијат
доволно податоци. Ако
телефонскиот број е сочуван со
име и место, директната наредба
треба да ги вклучува и двете, на
пример „Јави му се на Даре на
работа“.Бирање ставки од листа
Кога е прикажана листа, говорен
потсетник бара да потврдите или
изберете ставка од неа. Ставка од
листа може да се избере рачно или со изговарање на бројот на редот
на ставката.
Page 74 of 177

74Препознавање говорЛистата на екранот за
препознавање говор функционира
исто како и листите на другите екрани. Рачното лизгање низ
списокот на екранот во текот на
сесија за препознавање говор ја
прекинува моменталната
активност за препознавање говор и
активира порака како „Изберете од списокот со користење на рачните
контроли, притиснете го задното
копче на предната плоча или
притиснете го задното екранско
копче за да се обидете повторно“.
Ако не се избере ништо рачно во
рок од 15 секунди, препознавањето говор се прекинува и ве потсетува
порака, а повторно се прикажува
претходниот екран.Наредбата „Назад“
За враќање на претходниот
изборник, може да кажете „ Назад“,
притиснете k BACK на
контролната табла или притиснете m .Наредбата „Помош“
Откако ќе кажете „ Помош“,
пораката за помош за
моменталниот екран ќе бидегласно прочитана. Дополнително,
пораката е биде прикажана на
екранот.
За да го прекинете потсетникот за
помош, притиснете w. Ќе се огласи
сигнал. Може да кажете наредба.
Апликација за пренесување на
гласот
Активирање на контролата на
гласот
Притиснете и задржете s на
воланот додека се покаже иконата
за препознавање говор.
Прилагодување на гласноста на
говорните потсетници
Свртете m на контролната табла
или притиснете ! или # на воланот
нагоре (зголемување на гласноста) или надолу (намалување на
гласноста).
Деактивирање на функцијата за
препознавање говор
Притиснете n на воланот.
Сесијата за препознавање говор е
завршена.
Page 75 of 177

Телефон75ТелефонОпшти информации...................75
Поврзување Bluetooth ................76
Итен повик .................................. 78
Ракување .................................... 79
Текстуални пораки .....................83
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ............................. 86Општи информации
Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори
на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете телефонскиот портал,
мобилниот телефон мора да е поврзан со инфозабавниот ситем
преку Bluetooth.
Не сите функции за Телефон се
поддржани од секој мобилен
телефон. Употребливите функции
на телефонот зависат од
односниот мобилен телефон и
операторот. Ќе најдете повеќе
информации за тоа во упатствата
за ракување за вашиот мобилен
телефон или можете да се
распрашате за нив кај вашиот
оператор на мрежата.Важни информации за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина.
Затоа се изготвени безбедносни прописи и директиви. Треба да
бидете запознати со поврзаните директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
Page 76 of 177

76Телефонразговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следитепосебните прописи кои важат во конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе
најдете на интернет, на
http://www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радиостандард за
безжично поврзување на мобилни телефони или други уреди.
За да поставите поврзување
Bluetooth со инфозабавниот
систем. треба да е активна
функцијата Bluetooth или уредот
Bluetooth. За повеќе информации,
видете во упатството за употреба
на уредот со Bluetooth.
Спојувањето (размена на PIN-
кодови меѓу уред со Bluetooth и
Инфозабавниотсистем) и
поврзувањето уреди со Bluetooth
со Инфозабавниот систем се врши
преку изборникот за Bluetooth
поставки.
Изборник за Bluetooth поставкиПритиснете ; и изберете
SETTINGS (Поставки) на
почетниот екран.
Изберете Bluetooth (Блутут) за да
се прикаже односниот
подизборник.Спојување уред
Важни информации ● Со системот може да се спојат до пет уреди.
● Само еден споен уред може да
биде поврзан со
Инфозабавниот систем во
даден момент.
● Спојувањето обично треба да се изврши само еднаш, освен
ако уредот не се избрише од списокот споени уреди. Ако
уредот бил поврзано
претходно, Инфозабавниот
систем автоматски
воспоставува врска.
● Работата на Bluetooth значително ја троши
батеријата на уредот. Затоа
поврзете го уредот со USB
приклучокот за да се полни.
Спојување преку апликацијата за
поставки
1. Притиснете ; и изберете
SETTINGS (Поставки) на
почетниот екран.
Page 77 of 177

Телефон77Изберете Bluetooth (Блутут) за
да се прикаже односниот
подизборник.
2. Изберете Pair Device (Уред за
спарување) .
Односно, изберете Device
Management (Управување со
уреди) за да се прикаже
списокот со уреди и потоа
изберете Pair Device (Уред за
спарување) .
3. На инфозабавниот систем се прикажува порака со име и PIN-
код на инфозабавниот систем.
4. Активирајте ја функцијата за пребарување Bluetooth на
Bluetooth-уредот.
5. Потврдете го спојувањето: ● Ако е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Споредете го PIN-кодот (доколку се побара) и
потврдете ги пораките наинфозабавниот систем и
Bluetooth-уредот.
● Ако не е поддржано SSP (безбедно едноставно
спојување):
Доколку сакате, изберете Set PIN (Одреди ПИН) за да
го смените PIN-кодот на
инфозабавниот систем. Се прикажува тастатура.
Внесте го новиот PIN-код и
потврдете го внесот.
Внесете го PIN-кодот на
инфозабавниот систем на Bluetooth-уредот и
потврдете го внесот.
6. Инфозабавниот систем и уредот се споени и сеприкажува список со уреди.
Забелешка
Ако поврзувањето Bluetooth не
биде успешно, се прикажува
порака за дефект на екранот на
Инфозабавниот систем.
7. Доколку се достапни на Bluetooth-уредот,
телефонскиот именик и
списокот со повици ќе сепреземе на инфозабавниот
систем. Доколку е потребно,
потврдете ја соодветната
порака на смартфонот.
Забелешка
За инфозабавниот систем да ги
прочита контактите, тие реба да
се зачувани во меморијата на
мобилниот телефон.
Ако функцијата не е поддржана
од уредот со Bluetooth, се
прикажува соодветна порака на
инфозабавниот систем.
Спојување преку апликацијата за
телефон
1. Притиснете ; и изберете
PHONE (Телефон) на
почетниот екран.
2. Изберете Pair Device (Уред за
спарување) .
3. Продолжете од чекор 3 од „Спојување преку апликацијата
за поставки“ (видете погоре).
4. Ако уредот е успешно споен, се
прикажува изборникот зателефон.
Page 78 of 177

78ТелефонЗабелешка
Ако поврзувањето Bluetooth не
биде успешно, се прикажува
порака за дефект на екранот на
Инфозабавниот систем.
Поврзување споен уред 1. Притиснете ; и изберете
SETTINGS (Поставки) на
почетниот екран.
Изберете Bluetooth (Блутут) за
да се прикаже односниот
подизборник.
2. Изберете Device Management
(Управување со уреди) за да се
прикаже списокот со уреди.
3. Изберете го уредот со Bluetooth
што сакате да го поврзете.
4. Уредот е поврзан и се прикажува во полето Connected
(Поврзано) од списокот со
уреди.
Откачување уред 1. Притиснете ; и изберете
SETTINGS (Поставки) на
почетниот екран.Изберете Bluetooth (Блутут) за
да се прикаже односниот
подизборник.
2. Изберете Device Management
(Управување со уреди) за да се
прикаже списокот со уреди.
3. Изберете ╳ покрај уред со Bluetooth што е моментално
поврзан. Се прикажува порака.
4. Изберете Yes (Да) за да го
откачите уредот.
Бришење уред 1. Притиснете ; и изберете
SETTINGS (Поставки) на
почетниот екран.
Изберете Bluetooth (Блутут) за
да се прикаже односниот
подизборник.
2. Изберете Device Management
(Управување со уреди) за да се
прикаже списокот со уреди.
3. Изберете ─ покрај уред со Bluetooth што треба да се
избрише. Се прикажува порака.
4. Изберете Yes (Да) за да го
избришете уредот.Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно во мобилниот телефон.
9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е
Page 79 of 177

Телефон79дека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/ или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на опасност
Вртете го бројот за итни повици (на
пр. 112 ).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се воспоставува.
Одговорете кога персоналот од службата Ве праша за опасноста.
9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth помеѓу вашиот
мобилен телефон и
Инфозабавниот систем, можете да
ракувате со многу функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Не секој мобилен телефон ги
поддржува сите функции на
Порталот за телефон. Затоа,
можни се отстапувања од опсегот на функции опишани во
продолжение.
Апликација за телефон
Притиснете ;, па изберете
PHONE (Телефон) на почетниот
екран за да се прикаже
соодветниот изборник.
Телефонскиот портал се состои од различни прикази што се достапни
преку табулаторите. Изберете го
саканиот табулатор.
Забелешка
Главниот изборник за телефонот
е достапен само ако е поврзан
мобилен телефон со
Инфозабавниот систем преку
Bluetooth. За детален опис 3 76.
Почнување телефонски повик
Плоча со копчиња
Притиснете ;, па изберете
PHONE (Телефон) на почетниот
екран за да се прикаже
соодветниот изборник.
Доколку е неопходно, изберете KEYPAD (ТАСТАТУРА) во
интерактивната лента за избор. Се
прикажува тастатура.
Page 80 of 177

80Телефон
Внесете го саканиот број и
изберете Call (Повик) . Бројот се
бира.
За бирање број за брзо бирање,
внесете го бројот и допрете го и
задржете го последниот број.
Бројот се бира.
Контакти
Притиснете ;, па изберете
PHONE (Телефон) на почетниот
екран за да се прикаже
соодветниот изборник.
Доколку е неопходно, изберете
CONTACTS (КОНТАКТИ) во
интерактивната лента за избор. Се
прикажува список со контакти.За детален опис на списоците со
контакти 3 23.
Лизгајте до саканиот запис за
контакти.
Икона со за кратка функција
Ако има само еден број за контакт,
иконата за брзо бирање се
прикажува до односниот запис во
списокот со контакти.
Изберете z за директно да го
воспоставите повикот.Преглед на детали за контакт
Ако се зачувани повеќе од еден
број за контакт, изберете го
односниот контакт.Се прикажува преглед на детали за
контакт.
Изберете еден од телефонските
броеви зачувани за контактот.
Бројот се бира.
Списоци со повици
Притиснете ;, па изберете
PHONE (Телефон) на почетниот
екран за да се прикаже
соодветниот изборник.
Доколку е неопходно, изберете RECENT (ПОСЛЕДНИ) во
интерактивната лента за избор. Се прикажува списокот со
неодамнешни повици.