OPEL MOKKA X 2018 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018, Model line: MOKKA X, Model: OPEL MOKKA X 2018Pages: 283, PDF Size: 6.54 MB
Page 41 of 283

Клучеви, врати и прозорци39Иницијализирање на
електричните прозорци
Ако прозорците не може да се
затворат автоматски (на пр. по
откачување на акумулаторот на
возилото), активирајте ја
електрониката на прозорците на
следниов начин:
1. Затворете ги вратите.
2. Вклучете го палењето.
3. Повлекувајте го прекинувачот додека прозорецот не се
затвори и продолжете да го
влечете уште две секунди.
4. Повторете го истото за секој прозорец.Греење на задното стакло
Се ракува со притискање на Ü.
Сијаличката во копчето покажува
дека е вклучено.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Штитници за сонце Штитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Капаците на огледалата на
штитниците за сонце треба да се
затворени при возење.
Ако штитниците за сонце имаат
светло за огледалото, тоа ќе се
запали кога ќе го тргнете капакот
на огледалото.
Page 42 of 283

40Клучеви, врати и прозорциПокрив
Подвижен покрив9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
подвижниот покрив. Ризик од
повреда, особено за децата.
Внимавајте многу на
подвижните делови кога
работите со нив. Уверете се
дека ништо не приклештат
додека се движат.
Вклучете го палењето за ракување со подвижниот покрив.
Отворање или затворање
Притиснете го прекинувачот 1 или
2 нежно до првиот степен:
подвижниот покрив се отвора или
затвора се додека се работи со
прекинувачот.
Притиснете го прекинувачот 1 или
2 цврсто до вториот степен и потоа
отпуштете го: подвижниот покрив
се отвора или затвора автоматски при вклучена безбедносна
функција. За да се запре
движењето, уште еднаш ракувајте
со прекинувачот.
Кревање или затворање Притиснете го прекинувачот 3 или
4 : подвижниот покрив се крева или
затвора автоматски при вклучена
безбедносна функција.
Ако подвижниот покрив е кренат,
може да се отвори во еден чекор со притискање на прекинувачот 1.
Ролетна
Со ролетната се работи рачно.
Затворете или отворете ја
ролетната со лизгање.Кога подвижниот покрив е отворен, ролетната е секогаш отворена.
Нечистотија и отпадоци може да се насоберат на кедерот на
подвижниот покрив или на шината,
што може да предизвика проблеми со ракувањето со покривот, бучаваили затнување на системот за
цедење на водата. Повремено
отворајте го подвижниот покрив и
извадете ги пречките или
отпадоците. Избришете ги кедерот
на подвижниот покрив и подрачјето на покривот со чиста крпа, благ
раствор на сапуница и вода. Не
отстранувајте маснотии од
подвижниот покрив.
Општи практични совети
Безбедносна функција
Ако при автоматско затворање
подвижниот покрив наиде на отпор, тој веднаш се запира и се отвора
повторно.
Page 43 of 283

Клучеви, врати и прозорци41Безбедносна функција за
потиснување
Во случај на тешкотии при
затворањето поради мраз или
слично, притиснете го и држете го
прекинувачот 2. Подвижниот
покрив се затвора без вклучена безбедносна функција. За да се
запре движењето, отпуштете го
прекинувачот.
Стартување по прекин на
напојувањето
По прекин на напојувањето,
можеби ќе може да работи само
подвижниот покрив до одреден
степен. Нека го стартуваат
системот во вашиот сервис.
Page 44 of 283

42Седишта, потпирачиСедишта,
потпирачиПотпирачи за глава ....................42
Предни седишта .........................44
Положба на седиштата ...........44
Местење на седиштата ...........45
Греење ..................................... 47
Безбедносни ремени .................47
Безбедносен ремен прицврстен на три точки ........49
Систем на воздушни
перничиња .................................. 51
Систем на предни воздушни
перничиња ............................... 54
Систем на странични воздушни перничиња .............55
Систем на завесни воздушни перничиња ............................... 56
Деактивирање на воздушното перниче ................................... 56
Системи за врзување на деца ..58
Места за монтирање на системот за врзување на
деца ......................................... 62ISOFIX системи за врзување
на деца .................................... 65
„Top-tether“ алки за врзување ................................. 66Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
Page 45 of 283

Седишта, потпирачи43положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење
Потпирачи за глава на предните седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава угоре.
За да се помести надолу,
притиснете го резето (1) и турнете
го потпирачот за главата надолу.
Вадење
Кренете го потпирачот за главата
до полната височина.
Притиснете ги спојките (1) и (2)
истовремено.
Извлечете го потпирачот за глава
нагоре.
Хоризонтално местење
За хоризонтално местење,
повлечете го потпирачот за
главата нанапред. Се заглавува во
три положби.
За да се врати во својата најзадна положба, повлечете го целосно
нанапред и отпуштете го.
Потпирачи за глава на задните
седишта
Местење на височината
Повлечете го потпирачот за глава угоре.
За да се помести надолу,
притиснете го резето (1) и турнете
го потпирачот за главата надолу.
Вадење
Кренете го потпирачот за главата
до полната височина.
Притиснете ги спојките (1) и (2)
истовремено.
Извлечете го потпирачот за глава
нагоре.
Page 46 of 283

44Седишта, потпирачиПредни седиштаПоложба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
9 Предупредување
Не складирајте ништо под
седиштата.
● Седете така што задникот да биде колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете
го растојанието помеѓу
седиштето и педалите така
што нозете ќе бидат малку
свиткани кога целосно ги
притискате педалите. Лизнете
го совозачкото седиште колку е
можно поназад.
● Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти
на екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
поставата на таванот.
Колковите би требало да лежат леко врз седиштето без да го
притискаат него.
● Седете така што рамениците да бидат колку е можно
поназад до потпирачот за грб. Наместете ја накосеноста на
потпирачот за грб така што да
може лесно да се дофати
воланот со благо свиткани
лакти. Гледајте да има контакт
помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го
вртите воланот. Не го
навалувајте потпирачот за грб
премногу назад.
Препорачуваме максимална
накосеност од околу 25°.
● Прилагодете го седиштето и воланот на начин што зглобот
ќе се наоѓа на врвот на воланот додека раката е целосно
испружена и рамениците се потпираат на потпирачот за
грб.
● Местење на воланот 3 87.
● Наместете го потпирачот за глава 3 42.
Page 47 of 283

Седишта, потпирачи45● Наместете ја височината набезбедносниот ремен 3 49.
● Намастете го потпирачот за колковите така што да има
простор со ширина од околу
два прста помеѓу работ на
седиштето и шуплината на
коленото.
● Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Местење на седиштата
Возете само со заглавени седишта
и потпирачи за грб.Надолжно прилагодување
Повлечете ја рачката, лизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Обидете се да го поместувате
седиштето назад и напред за да
проверите дали седиштето е
заклучено.
Наклонетост на потпирачот за
грб
Повлечете ја рачката, наместете ја наваленоста и отпуштете ја
рачката. Нека се заглави
потпирачот за грб чујно.
Page 48 of 283

46Седишта, потпирачиВисочина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре:седиштето погореудолу:седиштето подолуНавалување на седиштата
Притиснете го прекинувачот
горе:предниот крај погоредолу:предниот крај подолуПотпирач за половината
Дотерајте го потпирачот за
половината користејќи го
четиринасочниот прекинувач за да
им одговара на личните барања.
Местење на потпирачот нагоре и
надолу: притиснете го
прекинувачот угоре или удолу.
Зголемување и намалување на
потпирачот: притиснете го
прекинувачот нанапред или
наназад.
Page 49 of 283

Седишта, потпирачи47Приспособлив потпирач за
колковите
Повлечете ја рачката и слизнете го потпирачот за колковите.
Греење
Приспособете го греењето во
саканата поставка со притискање
на ß за соодветното седиште
еднаш или повеќепати. LED-
сијаличката во копчето ја покажува
поставката.
Долготрајната употреба на
највисоката поставка не се
препорачува за луѓе со
чувствителна кожа.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот
и за време на Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 157.
Безбедносни ремени
Безбедносните ремени се
заклучуваат при нагло забрзување или забавување на возилото,
задржувајќи ги патниците во
положбата на седењето.
Следствено, ризикот од повреда е значително намален.
Page 50 of 283

48Седишта, потпирачи9Предупредување
Пред секое патување врзете ги
безбедносните ремени.
Во случај на сообраќајка, луѓето кои не се врзани со ремени ги
загрозуваат своите сопатници и
себеси.
Еден безбедносен ремен е
предвиден за употреба само за
едно лице одеднаш. Систем за
врзување на деца 3 58.
Одвреме-навреме проверувајте ги
сите делови од системот на
ремените за оштетувања,
нечистотија и функционалност.
Заменете ги оштетените
компоненти. По сообраќајка, нека
Ви ги замени ремените и
активираните затегнувачи на
ремените автомеханичар.
Забелешка
Уверете се дека ремените не се
оштетени или приклештени со остри предмети. Спречувајте го
влегувањето на нечистотија во
механизмите за вовлекувањ на
ремените.
Потсетник за безбедносниот ремен
X 3 103.
Ограничувачи на силата на
ремените
На предните седишта притисокот
врз телото се намалува со
постепеното ослободување на
ременот при судир.
Затегнувачи на ременитеВо случај на фронтален или судир
со удар одзади од одредена
тежина, предните безбедносни
ремени се затегнуваат.9 Предупредување
Неправилното ракување (на пр.
вадење или монтирање на
ремените) може да ги активира затегнувачите на ремени.
Активирањето на затегнувачите на
ремените се означува со постојано
светење на контролната сијаличка
v 3 104.
Активираните затегнувачи на
ремените треба да ги замени
автомеханичар. Затегнувачите на
ремените може само еднаш да се
активираат.
Забелешка
Не закачувајте и не монтирајте
додатоци или други предмети
коишто може да му пречат на
работењето на затегнувачите на
ремените. Не вршете никакви
преиначувања на деловите на
затегнувачите на ремените
бидејќи тоа може да ја поништи
дозвола за работа на возилото.