Нега на возилото223Тркала и гуми
Состојба на гумите, состојба на
тркалата
Преку рабови возете полека и, ако
е можно, под прав агол. Возењето
преку остри рабови може да
предизвика оштетувања на гумите
и на тркалата. Не ги заглавете
гумите на работ од тротоарот кога
паркирате.
Редовно проверувајте ги тркалата
да не се оштетени. Контактирајте
со автомеханичар во случај на
оштетување или необично абење.
Зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат
безбедноста на возењето при
температури под 7 °C и затоа треба да се ставаат на сите тркала.
Сите големини на гуми се
дозволени за зимски гуми 3 263.
Во согласност со прописите
спесифични за државата, залепете ја налепницата за брзината во
видното поле на возачот.Користењето зимски гуми може да
предизвика намалено триење на
сува подлога, зголемена бучава и
пократко траење на шарите. По
ставањето на зимски гуми,
внимавајте на промени при
управувањето и сопирањето на
возилото.
Ако користите зимски гуми, не
заборавајте да користите
● гуми од истиот бренд и со ист тип шара на сите четири
тркала
● само радијални гуми со иста големина, опсег на
оптоварување и оценка за
брзина како гумите што биле
поставени во фабриката.
Зимски гуми со иста оценка за
брзина како гумите што биле
поставени во фабриката може да
не се достапни за гумите со
следниве оценки за брзина: H, V,
W, Y и ZR. Ако користите зимски
гуми со пониска оценка за брзина,
никогаш не надминувајте ја
максималната брзина што е
предвидена за гумите.Ознаки на гумите
На пр. 215/60 R 16 95 H215:широчина на гумата во мм60:профил (сооднос на
височината со широчината
на гумата) во процентиR:вид ремен: РадијаленRF:вид : RunFlat ( функционираат
и издишани)16:пречник на тркалото во инчи95:индекс на оптоварувањето,
на пр. 95 одговара на 690 кгH:буква на шифрата за
брзината
Буква на шифрата за брзината:
Q:до 160 км/чS:до 180 км/чT:до 190 км/чH:до 210 км/чV:до 240 км/чW:до 270 км/ч
Изберете гума соодветна за
најголема брзина на Вашето
возило.
Најголемата брзина се постигнува
со максимална тежина со возачот
(75 кг) плус 125 кг товар.