OPEL MOVANO_B 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2015.5Pages: 239, PDF Size: 5.2 MB
Page 21 of 239

Накратко19Паркирање9Предупредување
■Не го паркирајте возилото врз
лесно запалива површина.
Високата температура на
издувниот систем може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да се намалат работните сили.
■ Изгаснете го моторот.
■ Ако возилото е на рамнина или нагорнина, ставете во
прва брзина. Ако возилото е
на угорница, свртете ги
предните тркала од работ на
тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц. Свртете
ги предните тркала кон работ
на тротоарот.
■ Извадете го клучот за палење. Завртете го воланот додека не сепочувствува дека бравата на
воланот се закочила.
■ Затворете ги прозорците.
■ Заклучете го возилото со копчето
e на далечинскиот управувач
3 22.
■ Активирајте го системот за тревожење при кражба 3 32.
■ Вентилаторите на ладилникот може да работат и по гаснењетона моторот 3 155.
■ По возење со голема брзина на моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Клучеви, брави 3 20, Оставање
на возилото да стои подолго време
3 154.
Page 22 of 239

20Клучеви, врати и прозорциКлучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............20
Врати ........................................... 28
Безбедност на возилото ............32
Странични ретровизори ............35
Ретровизори ............................... 36
Прозорци .................................... 37
Покрив ......................................... 40Клучеви, заклучување
Клучеви Резервни клучеви
Бројот на клучот е наведен во
Картичката на автомобилот или на
етикета што се откачува.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 195.
Картичка на автомобилот
Картичката на автомобилот
содржи податоци за возилото
поврзани со безбедноста, и затоа
теба да се чува на сигурно место.
Кога возилото се носи кај
автомеханичар, тие податоци за
возилото се потребни за да се
извршат извесни работи.Далечински управувач
Се користи за ракување со:
■ Централна брава
■ Систем за заштита од кражба
■ Систем за тревожење при кражба
Зависно од моделот, возилото
може да користи далечински
управувач со 2 копчиња или со
3 копчиња.
Далечинскиот управувач има опсег
од околу 5 метри. Врз него можат
да делуваат надворешни
Page 23 of 239

Клучеви, врати и прозорци21
влијанија. Предупредувачкитетрепкачи го потврдуваат
работењето.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Дефект
Ако со централната брава не може да се работи со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
■ Опсегот е пречекорен.
■ Напонот во батеријата е пренизок.
■ Често, повеќекратно работење со далечинскиот управувач
додека не е во опсегот, што ќе
бара повтроно програмирање кај
автомеханичар.
■ Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Отклучување 3 22.Замена на батеријата на
далечинскиот управувач Заменете ја батеријата штом се
намалува опсегот.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Извадете го шрафот и отворете ја
преградата на батеријата со
вметнување монета во процепот и
со вртење.
Заменете ја батеријата (вид на
батеријата CR2016), обрнувајќи
внимание на положбата на
инсталирањето.
Повторно закачете ги двете
половинки на капакот уверувајќи се дека се заглавува правилно.
Вратете го шрафот и затегнете го.
Page 24 of 239

22Клучеви, врати и прозорциБрави на вратите
Безбедносна брава за
заштита од кражба
За да спречите отворање на
предната врата однадвор,
отворете ја вратата и активирајте
ја безбедносната брава за заштита
од кражба.
Со соодветна алатка, свртете го
прекинувачот на бравата на
вратата во забравената положба.
Вратата не може да се отвори
однадвор.
Безбедносната брава за заштита
од кражба останува активирана
дури и откако ќе се отклучи
возилото со далечинскиот
управувач. Вратата може да се отвори само однатре или со
користење на рачниот клуч.
За да ја деактивирате, свртете го
прекинувачот во одбравената
положба.
Рачни брави на вратитеСвртете го клучот во бравата на
возачката врата. Отворете ги
вратите со повлекување на
кваките.
Систем на централната
брава
Ги отклучува и заклучува предните врати, лизгачките странични врати
и товарниот простор.
Со далечинскиот управувач со
3 копчиња, предните и лизгачките
странични врати/товарниот
простор може да се отклучуваат и
заклучуваат посебно.
Од безбедносни причини, возилото не може да се заклучи ако клучот е
во бравата за палење.
Забелешка
За кратко време по
отклучувањето со далечинскиот
управувач, вратите се
заклучуваат автоматски ако не се
отворила ниедна врата.
Page 25 of 239

Клучеви, врати и прозорци23
Отклучување на возилотоОтклучување со далечинскиот
управувач со 2 копчиња
Притиснете го копчето c за
отклучување на предните врати.
Притиснете уште еднаш за да го
отклучите целото возило.
Отклучување со далечинскиот
управувач со 3 копчиња
Зависно од конфигурацијата на
возилото:
■ Притиснете го копчето c:
Предните врати се отклучени.
Притиснете го c повторно:
Лизгачките странични врати и
товарниот простор се исто така
отклучени.
■ Притиснете го копчето c: Сите
врати и товарниот простор се
отклучени.
Заклучување на возилото
Затворете ги сите врати и
товарниот простор. Ако вратите не се правилно затворени, системот
на централната брава нема да
работи.
Заклучување со далечинскиот
управувач со 2 копчиња
Притиснете го копчето e: Сите
врати и товарниот простор се
заклучени.
Page 26 of 239

24Клучеви, врати и прозорци
Заклучување со далечинскиот
управувач со 3 копчиња
Притиснете го копчето e: Сите
врати и товарниот простор се
заклучени.
Забелешка
Каде што го има, надгледувањето на патничкиот простор со аларм
3 32 се исклучува со притискање
и држење на копчето e (и се
потврдува со звучен сигнал).
Ако сте го направиле тоа
ненамерно, отклучете ги вратите
повторно и притиснете го копчето
e накусо за да го заклучите
возилото.Товарен простор
Заклучување и отклучување на
товарниот простор со
далечинскиот управувач со
2 копчиња
Откако ќе ги отклучите предните
врати со копчето c, притиснете го
c повторно: Товарниот простор е
отклучен.
Притиснете го копчето e еднаш:
Товарниот простор е заклучен.
Page 27 of 239

Клучеви, врати и прозорци25
Заклучување и отклучување на
товарниот простор со
далечинскиот управувач со
3 копчиња
Зависно од конфигурацијата на
возилото:
■ Притиснете го копчето G:
Товарниот простор се заклучува
или отклучува.
■ Притиснете го копчето G:
Товарниот простор и лизгачките странични врати се заклучуваатили отклучуваат.
Прекинувач на централната
брава
Ги заклучува или отклучува
вратите и товарниот простор од
внатрешноста на патничкиот
простор.
Притиснете го прекинувачот e
за
заклучување или отклучување.
LED-светилката на прекинувачот
свети кога возилото е заклучено.
Автоматско заклучување кога се
излегува од возилото
Прекинувачот e може да се користи
и за заклучување на сите врати и
задната врата автоматски кога се
затвора предната врата и се
излегува од возилото:
Извадете го клучот од
прекинувачот за палење, па
притиснете го и држете го
прекинувачот e подолго од
5 секунди; возилото се заклучува
кога ќе се затвори предната врата.
Дефект во ситемот на
далечинскиот управувач
Отклучување
Рачно отклучете ја предната врата
со вртење на клучот во бравата.
Вклучете го палењето и
притиснете го прекинувачот на
централната брава e за да се
отворат сите врати и товарниот простор.
Заклучување
Рачно заклучете ја предната врата
со вртење на клучот во бравата.
Page 28 of 239

26Клучеви, врати и прозорци
Дефект во централната браваОтклучување
Рачно отклучете ја предната врата
со вртење на клучот во бравата.
Другите врати можат да се отворат
со повлекување на внатрешните
кваки.
Заклучување
Турнете ги навнатре копчињата за заклучување на сите врати освен
на возачката врата. Потоа
затворете ја возачката врата и
заклучете ја однадвор со клучот.
Електрични брави на
вратите
Автобус
За безбедност, можно е возачот да ракува со бравите на патничките
врати далечински.
Сите врати треба да се целосно
затворени и да е исклучено
автоматското заклучување 3 27.
За да заклучите, притиснете ја
страната l на прекинувачот;
предупредувачкото светло ќе
светне еднаш и ќе се чуе звучен
сигнал.Предупредувачките светла на
соодветните врати остануваат
запалени.
За да отклучите, притиснете ја
страната 0 на прекинувачот.
Дефект
Во случај на дефект на системот,
предупредувачкото светло покрај
прекинувачот продолжува да свети
и ќе се огласи звучно
предупредување.
Проверете дали вратите се
отклучени рачно (внатрешни
прекинувачи за бравите на
вратите).
Page 29 of 239

Клучеви, врати и прозорци27
Ако е потребно, отстранете го
дефектот на сервис.
Автоматско заклучување
Автоматско заклучување по
поаѓање
Оваа безбедносна функција може
да се намести автоматски да ги
заклучи сите врати и товарниот
простор штом ќе се вози возилото.Активирање
Кога е вклучено палењето,
притиснете го и држете го e на
прекинувачот на централната
брава околу 5 секунди. Звучен
сигнал го потврдува активирањето.
LED-светилката на прекинувачот
свети кога возилото е заклучено.
Деактивирање
Кога е вклучено палењето,
притиснете и држете e околу
5 секунди. Звучен сигнал го
потврдува деактивирањето.
Брави за деца9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Притиснете ја бравата за деца
надолу. Вратата не може да се
отвори однатре. Кренете ја за
деактивирање.
Page 30 of 239

28Клучеви, врати и прозорциВрати
Шибер врата
Отворајте ја и затворајте ја
лизгачката странична врата само
кога возилото е во мирување, со
затегната паркирна сопирачка (кај
некои модели ќе се огласи
предупредувачка мелодија кога
лизгачката врата е отворена и
паркирната сопирачка е
отпуштена).
Лизгачката странична врата може
да се заклучи однатре од возилото
со внатрешниот прекинувач за
заклучување.
Внимавајте страничната врата да
биде целосно затворена и
стабилна пред да го возите
возилото.9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
лизгачката странична врата.
Ризик од повреда.
Внимавајте ништо да не се
заглави во неа за време на
ракувањето и да нема никој во просторот на движењето.
Ако возилото е паркирано на
надолнина, отворени лизгачки
врати можат да се придвижат
ненадејно поради тежината.
Затворете ги шибер вратите
пред да тргнете.
Електрична шибер врата
Отворање
Со возилото во мирување и
затегната паркирна сопирачка,
притиснете го прекинувачот на
таблата со инструменти за
автоматско отворање на
електричната шибер-врата; LED- от
на прекинувачот трепка во текот на работата.
За да го сопрете движењето кога
било, притиснете го прекинувачот
повторно. Притиснете уште еднаш
за да продолжи движењето на
електричната шибер-врата.