OPEL MOVANO_B 2015.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2015.5Pages: 239, PDF Size: 5.2 MB
Page 31 of 239

Клучеви, врати и прозорци29
Затворање
Притиснете го прекинувачот повторно ; LED-светилката трепка и
се огласува звук на ѕвоно во текот
на работата.
Во случај на тешкотии при
отворањето или затворањето,
на пр. поради мраз, притиснете го
и држете го прекинувачот за да ја
зголемите силата на шибер-
вратата.9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричната шибер врата.
Ризик од повреда, особено за
децата.
Особено внимавајте кога
возилото е паркирано на
стрмнина: отворете ја или
затворете ја вратата целосно додека не се забрави во
заклучената положба.
Внимавајте добро на вратата
што се движи додека ракувате
со неа. Внимавајте ништо да не
се заглави во неа за време на ракувањето и да нема никој во
просторот на движењето.
Забелешка
Не ракувајте со електричната
шибер-врата пречесто без да
работи моторот, тоа ќе го
испразни акумулаторот.
Излез за итни случаи
Во итен случај вратата може да се
отвори рачно откако ќе се отпушти
внатрешната рачка.
Ресетирање
Ако вратата била отворена рачно,
системот на електричната шибер- врата треба да се ресетира:
Отворете ја вратата до половина,
вратете ја рачката во првобитната
положба, па притиснете го и
држете го прекинувачот за да ја отворите и затворите вратата
целосно.
Одржување
Page 32 of 239

30Клучеви, врати и прозорци
Сопственикот е одговорен да гозамени погонскиот ремен по секои15.000 циклуси и затоа е вграден
бројач во долниот Б-столб.
Побарајте помош од сервис.
Ако погонскиот ремен не работи,
вратата се уште може да се отвори и затвори рачно.
Електрична странична скала
Електричната странична скала
функционира автоматски кога
електричната лизгачка врата се
отвора или затвора.
9 Предупредување
Проверете дали има доволно
простор за да може
електричната странична скала
целосно да се извлече и
повлече без пречки.
Показателот свети додека работи
електричната странична скала. Ако
продолжи да свети и кога е
затворена вратата, скалата не се
вовлекла. Во тој случај, рачно
вовлечете ја електричната
странична скала повлекувајќи го
механизмот за откочување што се
наоѓа зад скалата. Побарајте
помош од автомеханичар.
Задни врати
За да ја отворите десната задна
врата, повлечете ја надворешната
квака.
Вратата се отвора однатре од
возилото со повлекување на
внатрешната рачка.
Левата задна врата се ослободува со употреба на рачката.
Page 33 of 239

Клучеви, врати и прозорци319Предупредување
Задните светла може да се
заматат ако задните врати се
отворени и возилото е
паркирано на работ на патот.
Помагајте им на други
корисници на патот да го
приметат возилото со
користење на предупредувачки
триаголник или друга опрема
определена во прописите за
патниот сообраќај.
Вратите се задржуваат во
положбата под агол од 90º со
дршките за запирање.
За да ги отворите вратите под агол
од 180º или повеќе, ослободете ги
дршките за запирање од резињата на предните рамки и свртете ја
вратата за да ја отворите до
саканата положба.Кога ги отворате вратите за 270º,
вратите се задржуваат во целосно
отворена положба со помош на
магнети од страната на
каросеријата.
9 Предупредување
Уверувајте се дека вратите со
дополнителна можност за
отворање се прицврстени кога
се целосно отворени.
Отворените врати може да се затворат со тресок поради
силата на ветарот!
Page 34 of 239

32Клучеви, врати и прозорци
Кога ги затворате вратите,
прицврстете го секој потпирач за
закочување до спојката на рамката
на вратата.
Задната врата може да се заклучи
однатре од возилото со
внатрешниот прекинувач за
заклучување.
Затворајте ја левата пред десната
врата.Безбедност на
возилото
Систем за заштита од
кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира вратите. Сите
врати треба да се затворат, инаку
системот не може да се активира.
Забелешка
Системот за заштита од кражба не може да се активира кога се
вклучени предупредувачките
трепкачи или страничните светла.
Активирањето и деактивирањето
не се можни со прекинувачот на
централната брава.
Активирање
Притиснете го копчето e двапати.
Предупредувачките трепкачи
трепкаат петпати како потврда.
Деактивирање
Отклучете ги вратите со копчето c
на далечинскиот управувач.
Систем за тревожење
при кражба Системот за тревожење при
кражба работи поврзано со
системот на централната брава.
Page 35 of 239

Клучеви, врати и прозорци33
Ги надгледува:■ Вратите, задната врата, хаубата
■ Патничкиот простор
■ Товарен простор
■ Палење
■ Прекин на напојувањето за сирената на алармот
Активирање Сите врати и хаубата треба да
бидат затворени.Притиснете го копчето e за да го
активирате системот за тревожење
при кражба. Предупредувачките
трепкачи трепнуваат двапати за да го потврдат активирањето.
Ако предупредувачките трепкачи
не трепнат при активирањето,
некоја врата или хаубата не се
целосно затворени.
Забелешка
Промени на внатрешноста на
возилото, како на пример,
употреба на навлаки за седишта и
отворени прозорци, може да го
влошат функционирањето на надгледувањето на патничкиот
простор.
Деактивирање Со отклучување на возилото или
исклучување на палењето се
деактивира системот за
тревожење при кражба.
Предупредувачките трепкачи
трепнуваат еднаш за да го
потврдат деактивирањето.Забелешка
Ако е активиран алармот,
сирената на алармот нема да се исклучи со отклучување на
возилото со клучот. За да ја
сопрете сирената, вклучете го
палењето. Предупредувачките
светла нема да затрепкаат при
деактивирање ако бил вклучен
алармот.
Активирање без
надгледување на патничкиот
простор Исклучете го набљудувањето на
патничкиот дел кога се оставаат
луѓе или животни во возилото или
ако дополнителното греење 3 113
е наместено на темпирано или
далечинско стартување.
Page 36 of 239

34Клучеви, врати и прозорци
Зависно од конфигурацијата на
возилото:
■ притиснете го и држете го копчето e, или
■ вклучете го и исклучете го палењето двапати брзо, потоа
затворете ги вратите и
активирајте го системот за
тревожење при кражба.
Ќе се огласи звучен сигнал како
потврда.
Состојбата трае додека не се
отклучат вратите.
Аларм
Кога се активира, алармот се
огласува преку електричен звучен
засилувач снабден со посебни
батерии, и предупредувачките
трепкачи трепкаат истовремено.
Бројот и времетраењето на
аларамните сигнали се утврдени со закон.
Ако акумулаторот се откачи или се
прекине неговото напојување, ќе се
вклучи сирената на алармот.
Првин деактивирајте го системот
за тревожење при кражба ако
треба да се откачи акумулаторот.
За да ја исклучите сирената на
алармот (ако се вклучи) и да го
деактивирате системот за
тревожење при кражба, поврзете
го акумулаторот повторно и
отклучете го возилото со копчето
c на далечинскиот управувач (или
вклучете го палењето).Имобилизатор
Системот е дел од бравата за
палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото
со клучот што се употребува.
Имобилизаторот се активира
автоматски откако ќе се извади
клучот од бравата за палење, и
исто така ако клучот е оставен во
бравата за палење кога е изгаснат
моторот.
Ако моторот не може да се запали, исклучете го палењето и извадете
го клучот, почекајте околу
2 секунди и потоа повторете го
обидот за палење. Ако обидот за
палење е неуспешен, обидете се
да го запалите моторот користејќи
го резервниот клуч и побарајте
помош од автомеханичар.
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш морате да го
заклучувате возилото откако ќе го
напуштите и да го вклучувате
системот за тревожење при
кражба 3 22, 3 32.
Page 37 of 239

Клучеви, врати и прозорци35Странични
ретровизори
Конвексен облик
Конвексниот страничен
ретровизор содржи несферичен
дел и ги намалува слепите точки.
Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Рачно дотерувањеДотерајте ги ретровизорите со
вртење во саканата насока.
Долните ретровизори не се местат.
Електрично местење
Изберете го саканиот страничен
ретровизор преклопувајќи ја
контролата налево или надесно, а
потоа вртете ја контролата за да го наместите ретровизорот.
Ниеден ретровизор не е избран
кога контролата е во средишната
положба.
Долните ретровизори не се местат.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
го ретровизорот на место со
вршење благ притисок врз
неговото куќиште.
Паркирна положба
Страничните ретровизори може да се преклопат со нежно притискање
од надворешната страна на
куќиштето, на пр. при тесно
паркирање.
Page 38 of 239

36Клучеви, врати и прозорциРетровизори со греење
Се ракува со притискање на
копчето Ü на двата системи. LED-
от во копчето свети додека работи.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Систем за контрола на
климатизацијата 3 106.
Електронски систем за контрола на
климатизацијата 3 108.
Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Page 39 of 239

Клучеви, врати и прозорци37
Внатрешен ретровизор
Зависно од возилото, на штитникот
за сонце на предното патничко
седиште поставен е конвексен
ретровизор што овозможува да се
зголеми видливоста и да се
намалат слепите точки.
Прозорци
Шофершајбна
Налепници на
шофершајбната Не ставајте налепници, на пр.
вињети за патарина или слично на
шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот. Инаку, зоната за
откривање на сензорот во
куќиштето на ретровизорот може
да биде ограничена.
Механички прозорци
Прозорците на вратите може да се
отвораат или затвораат со рачките
на прозорците.
Електрични прозорци9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Вклучете го палењето за ракување со електричните прозорци.
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
Кај возилата со автоматско
отворање на прозорецот на
возачката врата; кога го отворате,
Page 40 of 239

38Клучеви, врати и прозорци
ракувајте со прекинувачот
повторно за да се запре
движењето на прозорецот.
Во случај на тешкотии при
затворање поради мраз или
слично, ракувајте со прекинувачот
повеќе пати за да се затвори
прозорецот во етапи.
Преоптоварување
Ако со прозорците повеќе пати се ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците ќе се
блокира за неколку време.Задни прозорци
Странични шибер прозорци
Притиснете ја спојката и клизнете
го прозорецот за да го отворите.
Внимавајте спојката да се заглави
кога затворате.
Притиснете ја спојката и клизнете
го прозорецот за да го отворите.
Внимавајте спојката да се заглави
кога затворате.