OPEL MOVANO_B 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2015Pages: 235, PDF Size: 5.01 MB
Page 21 of 235

Накратко19ги предните тркала кон работ
на тротоарот.
■ Затворете ги прозорците.
■ Заклучете го возилото 3 21.
■ Активирајте го системот за тревожење при кражба 3 31.
■ Вентилаторите на ладилникот може да работат и по гаснењето
на моторот 3 151.
■ По возење со голема брзина на моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Клучеви, брави 3 20, Оставање
на возилото да стои подолго време
3 150.
Page 22 of 235

20Клучеви, врати и прозорциКлучеви, врати и
прозорциКлучеви, заклучување ...............20
Врати ........................................... 27
Безбедност на возилото ............31
Странични ретровизори ............34
Ретровизори ............................... 35
Прозорци .................................... 36
Покрив ......................................... 39Клучеви, заклучување
Клучеви Резервни клучеви
Бројот на клучот е наведен во
Картичката на автомобилот или на
етикета што се откачува.
Бројот на клучот треба да се
наведе кога се нарачуваат
резервни клучеви бидејќи тој е
компонента на системот на
имобилизаторот.
Брави 3 191.
Картичка на автомобилот
Картичката на автомобилот
содржи податоци за возилото
поврзани со безбедноста, и затоа
теба да се чува на сигурно место.
Кога возилото се носи кај
автомеханичар, тие податоци за
возилото се потребни за да се
извршат извесни работи.Далечински управувач
Се користи за ракување со:
■ Централна брава
■ Систем за заштита од кражба
■ Систем за тревожење при кражба
Зависно од моделот, возилото
може да користи далечински
управувач со 2 копчиња или со
3 копчиња.
Далечинскиот управувач има опсег
од околу 5 метри. Врз него можат
да делуваат надворешни
Page 23 of 235

Клучеви, врати и прозорци21
влијанија. Предупредувачкитетрепкачи го потврдуваат
работењето.
Ракувајте со него внимателно,
штитете го од влага и високи
температури и избегнувајте
непотребно ангажирање.
Дефект
Ако со централната брава не може да се работи со далечинскиот
управувач, причината може да
биде следното:
■ Опсегот е пречекорен.
■ Напонот во батеријата е пренизок.
■ Често, повеќекратно работење со далечинскиот управувач
додека не е во опсегот, што ќе
бара повтроно програмирање кај
автомеханичар.
■ Пречки од посилни радио бранови од други извори.
Отклучување 3 21.Замена на батеријата на
далечинскиот управувач Заменете ја батеријата штом се
намалува опсегот.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Извадете го шрафот и отворете ја
преградата на батеријата со
вметнување монета во процепот и
со вртење.
Заменете ја батеријата (вид на
батеријата CR2016), обрнувајќи
внимание на положбата на
инсталирањето.
Повторно закачете ги двете
половинки на капакот уверувајќи се дека се заглавува правилно.
Вратете го шрафот и затегнете го.
Систем на централната
брава
Ги отклучува и заклучува предните врати, лизгачките странични врати
и товарниот простор.
Со далечинскиот управувач со
3 копчиња, предните и лизгачките
странични врати/товарниот
простор може да се отклучуваат и
заклучуваат посебно.
Од безбедносни причини, возилото
не може да се заклучи ако клучот е
во бравата за палење.
Page 24 of 235

22Клучеви, врати и прозорци
Забелешка
За кратко време по
отклучувањето со далечинскиот
управувач, вратите се
заклучуваат автоматски ако не се
отворила ниедна врата.
Отклучување на возилото
Отклучување со далечинскиот
управувач со 2 копчиња
Притиснете го копчето c за
отклучување на предните врати.
Притиснете уште еднаш за да го
отклучите целото возило.
Отклучување со далечинскиот
управувач со 3 копчиња
Зависно од конфигурацијата на
возилото:
■ Притиснете го копчето c:
Предните врати се отклучени.
Притиснете го c повторно:
Лизгачките странични врати и
товарниот простор се исто така
отклучени.
■ Притиснете го копчето c: Сите
врати и товарниот простор се
отклучени.
Ако ниедна врата не се отвори во
рок од околу 2 минути откако ќе се
отклучи возилото, тоа се заклучува
повторно автоматски.
Заклучување на возилото Затворете ги сите врати и
товарниот простор. Ако вратите не
се правилно затворени, системот
на централната брава нема да работи.
Заклучување со далечинскиот
управувач со 2 копчиња
Page 25 of 235

Клучеви, врати и прозорци23
Притиснете го копчето e: Сите
врати и товарниот простор се
заклучени.
Заклучување со далечинскиот
управувач со 3 копчиња
Притиснете го копчето e: Сите
врати и товарниот простор се
заклучени.
Забелешка
Каде што го има, надгледувањето на патничкиот простор со аларм
3 31 се исклучува со притискање
и држење на копчето e (и се
потврдува со звучен сигнал).
Ако сте го направиле тоа
ненамерно, отклучете ги вратите
повторно и притиснете го копчето
e накусо за да го заклучите
возилото.Товарен простор
Заклучување и отклучување на
товарниот простор со
далечинскиот управувач со
2 копчиња
Откако ќе ги отклучите предните
врати со копчето c, притиснете го
c повторно: Товарниот простор е
отклучен.
Притиснете го копчето e еднаш:
Товарниот простор е заклучен.
Page 26 of 235

24Клучеви, врати и прозорци
Заклучување и отклучување на
товарниот простор со
далечинскиот управувач со
3 копчиња
Зависно од конфигурацијата на
возилото:
■ Притиснете го копчето G:
Товарниот простор се заклучува
или отклучува.
■ Притиснете го копчето G:
Товарниот простор и лизгачките странични врати се заклучуваатили отклучуваат.
Прекинувач на централната
брава
Ги заклучува или отклучува
вратите и товарниот простор од
внатрешноста на патничкиот
простор.
Притиснете го прекинувачот e
за
заклучување или отклучување.
LED-светилката на прекинувачот
свети кога возилото е заклучено.
Дефект во ситемот на
далечинскиот управувач
Отклучување
Рачно отклучете ја предната врата
со вртење на клучот во бравата.
Вклучете го палењето и
притиснете го прекинувачот на
централната брава e за да се
отворат сите врати и товарниот
простор.
Заклучување
Рачно заклучете ја предната врата
со вртење на клучот во бравата.
Дефект во централната брава
Отклучување
Рачно отклучете ја предната врата
со вртење на клучот во бравата.
Другите врати можат да се отворат со повлекување на внатрешните
кваки.
Page 27 of 235

Клучеви, врати и прозорци25
Заклучување
Турнете ги навнатре копчињата за
заклучување на сите врати освен
на возачката врата. Потоа
затворете ја возачката врата и
заклучете ја однадвор со клучот.
Електрични брави на
вратите
Автобус
За безбедност, можно е возачот да ракува со бравите на патничките
врати далечински.
Сите врати треба да се целосно
затворени и да е исклучено
автоматското заклучување 3 26.
За да заклучите, притиснете ја
страната l на прекинувачот;
предупредувачкото светло ќе
светне еднаш и ќе се чуе звучен
сигнал.Предупредувачките светла на
соодветните врати остануваат
запалени.
За да отклучите, притиснете ја
страната 0 на прекинувачот.
Дефект
Во случај на дефект на системот,
предупредувачкото светло покрај
прекинувачот продолжува да свети
и ќе се огласи звучно
предупредување.
Проверете дали вратите се
отклучени рачно (внатрешни
прекинувачи за бравите на
вратите).
Page 28 of 235

26Клучеви, врати и прозорци
Ако е потребно, отстранете го
дефектот на сервис.
Автоматско заклучување
Автоматско заклучување по
поаѓање
Оваа безбедносна функција може
да се намести автоматски да ги
заклучи сите врати и товарниот
простор штом ќе се вози возилото.Активирање
Кога е вклучено палењето,
притиснете го и држете го e на
прекинувачот на централната
брава околу 5 секунди. Звучен
сигнал го потврдува активирањето.
Деактивирање
Кога палењето е вклучено,
притиснете го и држете го e околу
5 секунди. Звучен сигнал го
потврдува деактивирањето.
Брави за деца9 Предупредување
Користете ги детските брави
кога и да седат деца на задните
седишта.
Притиснете ја бравата за деца
надолу. Вратата не може да се
отвори однатре. Кренете ја за
деактивирање.
Page 29 of 235

Клучеви, врати и прозорци27Врати
Шибер врата
Отворајте ја и затворајте ја шибер-
вратата само кога возилото е во
мирување и паркирната сопирачка
е затегната. Кај одредени модели
ќе се огласи предупредувачка
мелодија кога е отворена шибер-
вратата и паркирната сопирачка е
отпуштена.
Лизгачката странична врата може
да се заклучи однатре од возилото со внатрешниот прекинувач за
заклучување.
Внимавајте страничната врата да
биде целосно затворена и
стабилна пред да го возите
возилото.
Електрична шибер врата
Отворање
Со возилото во мирување и
затегната паркирна сопирачка,
притиснете го прекинувачот на
таблата со инструменти за
автоматско отворање на
електричната шибер-врата; LED- от
на прекинувачот трепка во текот на работата.
За да го сопрете движењето кога
било, притиснете го прекинувачот
повторно. Притиснете уште еднаш
за да продолжи движењето на
електричната шибер-врата.
Затворање
Притиснете го прекинувачот
повторно ; LED-светилката трепка и
се огласува звук на ѕвоно во текот
на работата.
Во случај на тешкотии при
отворањето или затворањето,
на пр. поради мраз, притиснете го
и држете го прекинувачот за да ја
зголемите силата на шибер-
вратата.9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричната шибер врата.
Ризик од повреда, особено за
децата.
Особено внимавајте кога
возилото е паркирано на
стрмнина: отворете ја или
Page 30 of 235

28Клучеви, врати и прозорцизатворете ја вратата целоснододека не се забрави во
заклучената положба.
Внимавајте добро на вратата
што се движи додека ракувате
со неа. Внимавајте ништо да не
се заглави во неа за време на ракувањето и да нема никој во
просторот на движењето.
Забелешка
Не ракувајте со електричната
шибер-врата пречесто без да
работи моторот, тоа ќе го
испразни акумулаторот.
Излез за итни случаи
Во итен случај вратата може да се
отвори рачно откако ќе се отпушти
внатрешната рачка.
Ресетирање
Ако вратата била отворена рачно,
системот на електричната шибер- врата треба да се ресетира:
Отворете ја вратата до половина,
вратете ја рачката во првобитната
положба, па притиснете го и
држете го прекинувачот за да ја отворите и затворите вратата
целосно.
ОдржувањеСопственикот е одговорен да го
замени погонскиот ремен по секои 15.000 циклуси и затоа е вграден
бројач во долниот Б-столб.
Побарајте помош од сервис.
Ако погонскиот ремен не работи,
вратата се уште може да се отвори и затвори рачно.
Електрична странична скала
Електричната странична скала
функционира автоматски кога
електричната лизгачка врата се
отвора или затвора.