OPEL MOVANO_B 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2015Pages: 235, PDF Size: 5.01 MB
Page 31 of 235

Клучеви, врати и прозорци299Предупредување
Проверете дали има доволно
простор за да може
електричната странична скала
целосно да се извлече и
повлече без пречки.
Показателот свети додека работи
електричната странична скала. Ако
продолжи да свети и кога е
затворена вратата, скалата не се
вовлекла. Во тој случај, рачно
вовлечете ја електричната
странична скала повлекувајќи го
механизмот за откочување што се
наоѓа зад скалата. Побарајте
помош од автомеханичар.
Задни врати
За да ја отворите десната задна
врата, повлечете ја надворешната
квака.
Вратата се отвора однатре од
возилото со повлекување на
внатрешната рачка.
Левата задна врата се ослободува со употреба на рачката.
9 Предупредување
Задните светла може да се
заматат ако задните врати се
отворени и возилото е
паркирано на работ на патот.
Помагајте им на други
корисници на патот да го
приметат возилото со
користење на предупредувачки
триаголник или друга опрема
определена во прописите за
патниот сообраќај.
Вратите се задржуваат во
положбата под агол од 90º со
дршките за запирање.
Page 32 of 235

30Клучеви, врати и прозорци
За да ги отворите вратите под агол
од 180º или повеќе, ослободете ги
дршките за запирање од резињата
на предните рамки и свртете ја
вратата за да ја отворите до
саканата положба.Кога ги отворате вратите за 270º,
вратите се задржуваат во целосно
отворена положба со помош на
магнети од страната на
каросеријата.
9 Предупредување
Уверувајте се дека вратите со
дополнителна можност за
отворање се прицврстени кога
се целосно отворени.
Отворените врати може да се затворат со тресок поради
силата на ветарот!
Кога ги затворате вратите,
прицврстете го секој потпирач за
закочување до спојката на рамката
на вратата.
Затворајте ја левата пред десната
врата.
Page 33 of 235

Клучеви, врати и прозорци31Безбедност на
возилото
Систем за заштита од
кражба9 Предупредување
Не користете го системот ако
има луѓе во возилото! Вратите
не може да се отклучат однатре.
Системот ги блокира вратите. Сите
врати треба да се затворат, инаку
системот не може да се активира.
Забелешка
Системот за заштита од кражба не може да се активира кога се
вклучени предупредувачките
трепкачи или страничните светла.
Активирањето и деактивирањето
не се можни со прекинувачот на
централната брава.
Активирање
Притиснете го копчето e двапати.
Деактивирање Отклучете ги вратите со копчето c
на далечинскиот управувач.
Систем за тревожење
при кражба Системот за тревожење при
кражба работи поврзано со
системот на централната брава.
Ги надгледува:
■ Вратите, задната врата, хаубата■ Патничкиот простор
■ Товарен простор
■ Наклонетоста на возилото, на пр. ако е кренато
■ Палење
■ Прекин на напојувањето за сирената на алармот
Активирање Сите врати и хаубата треба да
бидат затворени.
Page 34 of 235

32Клучеви, врати и прозорци
Притиснете го копчето e за да го
активирате системот за тревожење
при кражба. Предупредувачките
трепкачи трепнуваат двапати за да го потврдат активирањето.
Ако предупредувачките трепкачи
не трепнат при активирањето,
некоја врата или хаубата не се
целосно затворени.
Забелешка
Промени на внатрешноста на
возилото, како на пример,
употреба на навлаки за седишта и
отворени прозорци, може да го
влошат функционирањето на надгледувањето на патничкиот
простор.
Деактивирање Со отклучување на возилото или
исклучување на палењето се
деактивира системот за
тревожење при кражба.
Предупредувачките трепкачи
трепнуваат еднаш за да го
потврдат деактивирањето.Забелешка
Ако е активиран алармот,
сирената на алармот нема да се исклучи со отклучување на
возилото со клучот. За да ја
сопрете сирената, вклучете го
палењето. Предупредувачките
светла нема да затрепкаат при
деактивирање ако бил вклучен
алармот.
Активирање без
надгледување на патничкиот
простор Исклучете го набљудувањето на
патничкиот дел кога се оставаат
луѓе или животни во возилото или
ако дополнителното греење 3 112
е наместено на темпирано или
далечинско стартување.
Зависно од конфигурацијата на
возилото:
■ притиснете го и држете го копчето e, или
■ вклучете го и исклучете го палењето двапати брзо, потоа
затворете ги вратите и
активирајте го системот за
тревожење при кражба.
Ќе се огласи звучен сигнал како
потврда.
Состојбата трае додека не се
отклучат вратите.
Page 35 of 235

Клучеви, врати и прозорци33
Активирање без набљудување на
наклонот на возилото
Дополнително, деактивирајте го
набљудувањето на наклонот на
возилото поради ултрасоничните
сигнали со висока гласност или
движењата кои го активираат
алармот, на пр. кога возилото е на траект или во воз:
Вклучете го и исклучете го
палењето трипати едно по друго,
потоа затворете ги вратите и
активирајте го системот за
тревожење при кражба.
Ќе се огласи звучен сигнал како
потврда.
Состојбата трае додека не се
отклучат вратите.
Аларм
Кога се активира, алармот се
огласува преку електричен звучен
засилувач снабден со посебни
батерии, и предупредувачките
трепкачи трепкаат истовремено.
Бројот и времетраењето на
аларамните сигнали се утврдени
со закон.Ако акумулаторот се откачи или се прекине неговото напојување, ќе се
вклучи сирената на алармот.
Првин деактивирајте го системот
за тревожење при кражба ако
треба да се откачи акумулаторот.
За да ја исклучите сирената на
алармот (ако се вклучи) и да го
деактивирате системот за
тревожење при кражба, поврзете
го акумулаторот повторно и
отклучете го возилото со копчето
c на далечинскиот управувач (или
вклучете го палењето).
Имобилизатор Системот е дел од бравата за
палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото
со клучот што се употребува.
Имобилизаторот се активира
автоматски откако ќе се извади
клучот од бравата за палење, и
исто така ако клучот е оставен во
бравата за палење кога е изгаснат
моторот.Ако моторот не може да се запали, исклучете го палењето и извадете
го клучот, почекајте околу
2 секунди и потоа повторете го
обидот за палење. Ако обидот за
палење е неуспешен, обидете се
да го запалите моторот користејќи
го резервниот клуч и побарајте
помош од автомеханичар.
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш морате да го
заклучувате возилото откако ќе го
напуштите и да го вклучувате
системот за тревожење при
кражба 3 21, 3 31.
Page 36 of 235

34Клучеви, врати и прозорциСтранични
ретровизори
Конвексен облик
Конвексниот страничен
ретровизор содржи несферичен
дел и ги намалува слепите точки.
Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Рачно дотерувањеДотерајте ги ретровизорите со
вртење во саканата насока.
Долните ретровизори не се местат.
Електрично местење
Изберете го саканиот страничен
ретровизор преклопувајќи ја
контролата налево или надесно, а
потоа вртете ја контролата за да го наместите ретровизорот.
Ниеден ретровизор не е избран
кога контролата е во средишната
положба.
Долните ретровизори не се местат.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
го ретровизорот на место со
вршење благ притисок врз
неговото куќиште.
Page 37 of 235

Клучеви, врати и прозорци35Ретровизори со греење
Со него се ракува со притиснување
на копчето Ü на било кој систем.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Систем за контрола на
климатизацијата 3 105.
Електронски систем за контрола на
климатизацијата 3 107.Ретровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Page 38 of 235

36Клучеви, врати и прозорци
Внатрешен ретровизор
Зависно од возилото, на штитникот
за сонце на предното патничко
седиште поставен е конвексен
ретровизор што овозможува да се
зголеми видливоста и да се
намалат слепите точки.
Прозорци
Механички прозорци
Прозорците на вратите може да се
отворат или затворат со рачките на прозорците.
Електрични прозорци9 Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Вклучете го палењето за ракување со електричните прозорци.
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
Кај возилата со автоматска
функција за прозорецот на
возачката врата; кога го отворате, повлечете го или притиснете го
прекинувачот повторно за да се
запре движењето на прозорецот.
Во случај на тешкотии при
затворање поради мраз или
слично, ракувајте со прекинувачот
повеќе пати за да се затвори
прозорецот во етапи.
Page 39 of 235

Клучеви, врати и прозорци37
Преоптоварување
Ако со прозорците повеќе пати се
ракуваат со кратки паузи,
работењето со прозорците ќе се
блокира за неколку време.
Задни прозорци Странични шибер прозорци
Притиснете ја спојката и клизнете
го прозорецот за да го отворите.
Внимавајте спојката да се заглави
кога затворате.
Притиснете ја спојката и клизнете
го прозорецот за да го отворите.
Внимавајте спојката да се заглави
кога затворате.
Отворање на страничните
прозорци
Повлечете ја рачката за да го
отворите прозорецот.
Page 40 of 235

38Клучеви, врати и прозорци
Излез за итни случаи
За да направите излез за итни
случаи од возилото, со чеканот 1
скршете го стаклото 2.
Греење на задното
стакло
Со него се ракува со притиснување
на копчето Ü на било кој систем.
Греењето работи додека работи
моторот и се исклучува автоматски по кратко време.
Систем за контрола на
климатизацијата 3 105.
Електронски систем за контрола на
климатизацијата 3 107.
Штитници за сонце Штитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.