OPEL MOVANO_B 2017.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.5, Model line: MOVANO_B, Model: OPEL MOVANO_B 2017.5Pages: 289, PDF Size: 6.26 MB
Page 231 of 289

Нега на возилото229биде потребно да се програмираат
брзиномерот како и номиналниот
притисок во гумите повторно и да
се извршат други преиначувања на
возилото.
По префрлувањето на гуми со
друга големина, нека Ви ја заменат
етикетата со притисоци за гумите.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или тркала може да доведе
до незгоди и ќе го анулира
одобрението на видот на
возилото.
Раткапни
Раткапните и гумите што се
одобрени од фабриката за
соодветното возило и ги
исполнуваат сите соодветни
барања за комбинирање на
тркалата и гумите, можат да се
користат.
Ако раткапните и гумите кои се
користат не се фабрично
одобрени, гумите не смеат да
имаат заштитно ребро на работ.
Раткапните не смеат да му пречат
на ладењето на сопирачките.9 Предупредување
Употребата на несоодветни
гуми или раткапни може да
доведува до нагло губење на
притисок и притоа несреќи.
Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на погонските тркала.
Кај возилата со двојни задни
тркала, синџири за гуми се
дозволуваат само на
надворешните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 15 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Капаците на тркалата на челичните бандажи може да дојдат во контакт
со делови од синџирите. Во такви
случаи, извадете ги раткапните.
Синџири за гуми смеат да се
користат само при брзини до
50 км/ч а, кога се вози по патишта
коишто се без снег, тие смеат да се
користат само за кратки периоди
бидејќи се изложени на брзо абење на тврд коловоз и може да се
скинат.
Page 232 of 289

230Нега на возилотоНе е дозволено да се користат
синџири за гуми на привременото
резервно тркало или на тркала со
друга големина од оние што се
монтирани фабрички.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шаратана гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат четири мм или што се
од страната на гумата близу до
работ не можат да се поправат со
комплетот за поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако возилото има издишна гума:
Затегнете ја сопирачката за
паркирање и ставете во лер (рачен менувач) или N (автоматизиран
рачен менувач).
Комплетот за поправање гуми се
наоѓа под предното седиште.
Лизнете го седиштето напред
докрај и преклопете го потпирачот
за грб надолу за да дојдете до
комплетот.
1. Земете го комплетот за поправање гуми од под
предното седиште.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете ги каблите за напојување и цревото за воздух
од преградите за складирање
на долната страна на
компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот на
приклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.
6. Отштрафете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
Page 233 of 289

Нега на возилото231
7. Навртете го цревото заполнење на вентилот на гумата.
8. Преклопниот прекинувач на компресорот треба да е
поставен во положба O.
9.
Поврзете го црвениот < кабел
за напојување од компресорот
со клемата за палење со кабли
3 239.
Забелешка
Зависно од моделот, клемата за
палење со кабли може да се наоѓа
од левата или десната страна на
моторниот простор.
10. Поврзете го црниот ] кабел за
напојување со некоја точка за вземјување на возилото, на
пример блокот на моторот или
некоја монтажна завртка на
моторот.
Забелешка
Зависно од комплетот за
поправање гуми, може да е
потребно да се поврзе
единствениот приклучок за струја
со штекерот за напојување или со
запалката.
Кај овој тип нема да има црвени
< и црни ] приклучоци за
електрична енергија.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
Page 234 of 289

232Нега на возилото11. Поставете го преклопниотпрекинувач на компресорот во
положба I. Гумата се полни со
заптивната смеса.
12. Манометарот на компресорот накратко означува вредност дошест бари. Потоа притисокот
почнува да опаѓа.
13. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
14. Пропишаниот притисок за гумите би требало да се
достигне во рок од
десет минути. Притисок во
гумите 3 274. Кога ќе се
постигне правилниот притисок,
исклучете го компресорот
поставувајќи го преклопниот
прекинувач во положба O.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
десет минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Поместете го возилото за едно
цело ротирање на гумите (околу два метри). Повторно
прицврстете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење
десет минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е
достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Испуштете го вишокот притисок од гумата со копчето покрај
показателот на притисокот.
Не работете со компресорот
подолго од десет минути.
15. Откачете го комплетот за поправање гуми.
16. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќи
ткаенина.17. Земете ја етикетата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од комплетот за поправање гуми и залепете
ја во видното поле на возачот.
18. Навртете го цревото за полнење со заптивна смеса на
слободниот приклучок на
шишето со заптивна смеса. Тоа
ја спречува заптивната смеса
да истече. Одложете го шишето со заптивна смеса во
пластичното ќесенце. Чувајте
го комплетот за поправање
гуми под предното седиште.
Page 235 of 289

Нега на возилото23319. Продолжете со возењетоведнаш за да се распредели
заптивната смеса рамномерно по гумата. По возење околу
десет км, но не повеќе од
десет минути, застанете и
проверете го притисокот во
гумите користејќи го
компресорот. Притегнете го
цревото на воздухот директно
врз вентилот на гумата и за тоа време нека работи
компресорот.
20. Ако притисокот во гумата е поголем од 3,1 бари, наместете
го на правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 3,1 бари, возилото
не смее да се вози. Побарајте
помош од автомеханичар.
21. Чувајте го комплетот за поправање гуми под предното
седиште.Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат
таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот безбедносен вентил
се отвора при притисок од
седум бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.
Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 230.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте го возилото на рамна, тврда и нелизгава
површина. Предните тркала
треба да бидат наместени
право.
● Затегнете ја сопирачката за паркирање и ставете во прва
брзина или рикверц (рачен
менувач) или N
(автоматизиран рачен
менувач).
● Исклучете го системот за воздушна амортизација 3 155.
● Извадете го резервното тркало
3 236.
● Никогаш не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
Page 236 of 289

234Нега на возилото●Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не треба да се одржува.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете моторот кога возилото е кренато на
дигалката.
● Исчистете ги завртките/ навртките на тркалата и
нивните навои пред да го
монтирате тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Извадете го капакот на тркалото користејќи ја
приложената кука. Прирачен
алат 3 222.
Во зависност од возилото, прво
отстранете ги капаците на
завртките/навртките со рака, па
отстранете ја раткапната или
притиснете ја раткапната на
точките што се означени со
стрелките и свртете ја за да ја
ослободите.
Погон на задните тркала, со
двојни задни тркала:
Отстранете го продолжувачот
на вентилот од гумата од внатрешното задно тркало.
2. Ставете го клучот за тркалата (во зависност од возилото,
прицврстете го клучот за
тркалата за адаптерите),
проверете дали е безбедно
поставен и ослободете ја секоја навртка/завртка со вртење
половина круг.
3. Возила со погон на предните
тркала:
Ако има, ставете подигнувач на
подлогата за подигнување кога
заменувате предно тркало.
Page 237 of 289

Нега на возилото235Подигнете го возилото со
местење на клинот на
дигалката (прирачен алат
3 222) под дупката за дигање
што е најблиску до соодветното тркало.
Уверете се дека дигалката е
наместена правилно. Основата
на дигалката треба да биде на
тлото непосредно под дупката
за дигање на тој начин што да
се спречи лизгањето на истата.
Прицврстете го клучот за
тркалата за дигалката и
подигнете го возилото (макс.
3 см) со вртење на клучот
додека тркалото не се подигне
од тлото.
Возила со погон на задните
тркала:
Обрнете внимание на
упатствата за работење
приложени со хидрауличната
дигалка (прирачен алат 3 222 ) и
составете ги потребните
делови како што е наведено.
Наместете го адаптерот кај
дупката за дигање сместена
најблиску до односното тркало.
Уверете се дека дигалката е
наместена правилно.
Главицата на дигалката треба
да биде израмнета со дупката
за дигање. Напумпајте ја
дигалката со притискање на
клучот за тркалата/адаптерите,
за да се намести основната
плочка правилно.
Подигнете го возилото (макс.
3 см) со притискање на клучот
за тркалата додека тркалото не
се подигне од тлото.
4. Отшрафете ги завртките/ навртките на тркалото целосно
и исчистете ги со крпа.
Ставете ги завртките/навртките
на тркалото некаде каде што
навоите нема да се извалкаат.
5. Сменете го тркалото.
6. Зашрафете ги завртките/ навртките на тркалото.
7. Спуштете го возилото.
8. Ставете го клучот за тркалата (во зависност од возилото,
прицврстете го клучот за
тркалата за адаптерите),
проверете дали е безбедно
поставен и затегнете ја секоја
навртка/завртка со вртење во
насока на стрелките од
часовникот. Затезниот момент
е: 172 Nm (погон на предните
тркала), 235 Nm (погон на
Page 238 of 289

236Нега на возилотозадните тркала со двојни задни
тркала), 264 Nm (погон на
задните тркала со единечни
задни тркала).
9. Вратете ја раткапната. Погон на задните тркала, со
двојни задни тркала: Ставете го продолжувачот на вентилот на
внатрешното задно тркало пред да ја ставите раткапната.
Забелешка
Доколку е применливо,
монтирајте ги завртките за
заштита од кражба најблиску до
вентилот на гумата (во спротивно,
можеби нема да може да се
ремонтира раткапната).
10. Складирајте ги сменетото тркало 3 236 и прирачните
алати 3 222.
11. Нека Ви го избалансираат новото тркало на возилото.
Проверете го притисокот на
монтираното тркало 3 274 и
исто така и затегнатоста на
завртките/навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.Нека Ви ја сменат или поправат неисправната гума.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 230.
Кога монтирате резервно тркало кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за
привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало се чува под
рамката на возилото со употреба
на макара и се прицврстува со
затегнување на кабелот со
употреба на клучот за тркалата и
адаптерите (во зависност од
возилото).
Може да биде неопходно да се
подигне возилото со дигалка за да
се добие пристап кон резервното тркало на целосно оптоварено
возило со издишна задна гума.
Да се ослободи резервното тркало, разлабавете го кабелот со
поврзување на клучот за тркалата
и адаптерите (во зависност од
возилото) на илустрираната
Page 239 of 289

Нега на возилото237позицијата на отворот и спуштете
го целото тркалото со вртење на
клучот во правец на стрелките на
часовникот.Внимание
Користете ги само клучот за
тркалата и адаптерите (во
зависност од возилото) за да го
спуштите резервното тркало.
Користењето пневматски алати е забрането. Тоа може да
предизвика оштетување на
кабелот за влечење и опремата.
Ставете го тркалото исправено,
извадете го држачот од работ на
тркалото и ослободете го тркалото
од поврзаниот кабел и поврзаниот
држач со завртување на овие
компоненти низ центарот на
тркалото.
Возилата со двојни задни тркала
имаат дополнителна плоча за
монтирање закачена за
резервното тркало. Пред да се
употреби тркалото, одвртете ја навртката и извадете ја плочата за монтирање.Кога местите резервно тркало,
прво ставете ја монтажната плоча
(заден погон со двојни тркала) и
затегнете ја навртката.
Поставете го тркалото исправено,
завртете го кабелот и поврзаниот
држач од предната страна на
тркалото (страната со вентил за гума) и низ центарот на тркалото.
Закачете го држачот и зацврстете
го на место, уверувајќи се дека е
правилно наместено и дека
предната страна на тркалото
(страната со вентил за гума) ќе
биде свртена нагоре кога ќе биде
повторно наместена.
Page 240 of 289

238Нега на возилотоСтавете го тркалото под рамката
на возилото, директно под
намотувачкиот механизам.
Потоа зацврстете со кабелот со
користење на намотот на тркалото
и адаптери преку поврзување во
положбата на прикажаното место
погоре и вртење на намотот кон
лево додека тркалото не е
зацврстено во целосно крената
положба.
9 Предупредување
Проверете дали предниот дел
од тркалото (страната со вентил
за гума) е свртен нагоре додека
се монтира резервното тркало
под каросеријата на возилото.
Привремено резервно тркало
Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.
Ако на вашето возило му се издише
гума одзади додека влече друго
возило, ставете го привременото
резервно тркало напред, а
предното исправно тркало назад.
Синџири за гуми 3 229.
Летни и зимски гуми Ако употребувате зимски гуми,
резервното тркало може се уште да
има летна гума.
Ако го користите резервното
тркало кога е опремено со летна
гума, возноста на возилото може
да се измени, особено на лизгави
коловози.
Еднонасочни гуми Монтирајте еднонасочни гуми така
што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.