OPEL VIVARO 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: VIVARO, Model: OPEL VIVARO 2014Pages: 195, PDF Size: 4.3 MB
Page 31 of 195

Клучеви, врати и прозорци29
Притиснете го копчето e за да го
активирате системот за тревожење
при кражба. Предупредувачките
трепкачи трепнуваат двапати за да го потврдат активирањето.
Ако предупредувачките трепкачи
не трепнат при активирањето,
некоја врата или хаубата не се
целосно затворени.
Деактивирање Со отклучување на возилото или
исклучување на палењето се
деактивира системот за
тревожење при кражба.
Предупредувачките трепкачи
трепнуваат еднаш за да го
потврдат деактивирањето.
Забелешка
Ако е активиран алармот,
сирената на алармот нема да се
исклучи со отклучување на
возилото со клучот. За да ја
сопрете сирената, вклучете го
палењето. Предупредувачките
светла нема да затрепкаат при
деактивирање ако бил вклучен
алармот.
Активирање без
надгледување на патничкиот
простор Деактивирајте го набљудувањето
на патничкиот дел на пр. кога се оставаат животни во возилото, или
ако дополнителното греење 3 98
е наместено на темпирано или
далечинско стартување.
Притиснете го и држете го копчето
e , се огласува звучен сигнал како
потврда.
Состојбата трае додека не се
отклучат вратите.
Аларм
Кога се активира, алармот се
огласува преку електричен звучен
засилувач снабден со посебни
батерии, и предупредувачките
трепкачи трепкаат истовремено. Бројот и времетраењето на
аларамните сигнали се утврдени
со закон.
Page 32 of 195

30Клучеви, врати и прозорци
Ако акумулаторот се откачи или сепрекине неговото напојување, ќе се
вклучи сирената на алармот.
Првин деактивирајте го системот
за тревожење при кражба ако
треба да се откачи акумулаторот.
За да ја исклучите сирената на
алармот (ако се вклучи) и да го деактивирате системот за
тревожење при кражба, поврзете
го акумулаторот повторно и
отклучете го возилото со копчето
c на далечинскиот управувач (или
вклучете го палењето).
Имобилизатор Системот е дел од бравата за
палење и проверува дали е
дозволено да се запали возилото
со клучот што се употребува.
Имобилизаторот се активира
автоматски откако ќе се извади клучот од бравата за палење, и
исто така ако клучот е оставен во
бравата за палење кога е изгаснат
моторот.Ако моторот не може да се запали, исклучете го палењето и извадете
го клучот, почекајте околу
2 секунди и потоа повторете го
обидот за палење. Ако обидот за
палење е неуспешен, обидете се
да го запалите моторот користејќи
го резервниот клуч и побарајте
помош од автомеханичар.
Забелешка
Имобилизаторот не ги заклучува
вратите. Секогаш морате да го
заклучувате возилото откако ќе го
напуштите и да го вклучувате
системот за тревожење при
кражба 3 21, 3 28.Странични
ретровизори
Конвексен облик
Конвексниот страничен
ретровизор содржи асферичен дел и ги намалува црните точки.
Обликот на ретровизорот
предизвикува предметите да
изгледаат помали, што ќе повлијае
врз способноста за проценување
на растојанијата.
Рачно дотерување
Page 33 of 195

Клучеви, врати и прозорци31
Дотерајте ги ретровизорите со
вртење во саканата насока.
Долните ретровизори не се местат.
Електрично местење
Изберете го саканиот страничен
ретровизор преклопувајќи ја
контролата налево или надесно, а
потоа вртете ја контролата за да го наместите ретровизорот.
Ниеден ретровизор не е избран
кога контролата е во средишната
положба.
Долните ретровизори не се местат.
Преклопни прозорци
За безбедноста на пешаците,
страничните ретровизори ќе се
свртат и ќе испаднат од своите
вообичаени монтажни положби ако се удрат со доволна сила. Вратете
го ретровизорот на место со
применување благ притисок врз неговото куќиште.
Ретровизори со греење
Со него се рекува со притиснување
на копчето Ü.
Функции на греењето при запален
мотор. Се исклучува автоматски по кратко време.
Систем за контрола на
климатизацијата 3 95.
Page 34 of 195

32Клучеви, врати и прозорциРетровизори
Рачна заштита од отсјај
За намалување на отсјајот,
дотерајте ја рачката од долната
страна на куќиштето на
ретровизорот.
Прозорци
Шофершајбна
Шофершајбна што ја одбива топлината Шофершајбната што ја одбива
топлината има облога што го
одбива сончевото зрачење. Може
да се одбиваат и податочни
сигнали, на пр. од станици за
патарина.
Означните подрачја на
шофершајбната не се премачкани
со облогата. Уредите за снимање
електронски податоци и плаќање
мора да се стават во овие
подрачја. Инаку, може да се
појават дефекти во снимањето
податоци.
Налепници на
шофершајбната Не лепете налепници, на пр.
вињети за патарина или слично, на шофершајбната во подрачјето на
ретровизорот.
Механички прозорци Прозорците на вратите може да се
отворат или затворат со рачките на прозорците.
Page 35 of 195

Клучеви, врати и прозорци33Електрични прозорци9Предупредување
Внимавајте кога ракувате со
електричните прозорци. Ризик
од повреда, особено за децата.
Внимавајте на прозорците кога
ги затворате. Уверете се дека
ништо не приклештат додека се
движат.
Со електричните прозорци може да се ракува кога е вклучено
палењето.
Управувајте со прекинувачот за
соодветниот прозорец со
притискање за отворање и со
повлекување за затворање.
Кај возилата со автоматска
функција повлечето го и
притиснете го прекинувачот
повторно за да се сопре
движењето на прозорецот.
Во случај на тешкотии при
затворање поради мраз или
слично, ракувајте со прекинувачот
повеќе пати за да се затвори
прозорецот во етапи.Задни прозорци
Странични шибер прозорци
За отворање повлечете ја патент
бравата нагоре и отворете го со
лизгање.
За затворање, повлечете ја патент
бравата и лизгајте го прозорецот
додека не се заглави патент
бравата.
Page 36 of 195

34Клучеви, врати и прозорци
Забелешка
За време на отворање или
затворање на прозорецот, држете
ја спојката крената да му
обезбедите доволен простор на
стаклото.
Греење на задното
стакло
Со него се рекува со притиснување
на копчето Ü.
Греењето функционира додека
работи моторот и се исклучува
автоматски по кратко време.
Систем за контрола на
климатизацијата 3 95.
Штитници за сонце
Штитниците за сонце може да се
преклопат надолу или свртат
настрана да се спречи отсјајот.
Ако штитниците за сонце имаат
вградени огледала, капаците на
огледалата треба да бидат
затворени за време на возењето.
Page 37 of 195

Седишта, потпирачи35Седишта, потпирачиПотпирачи за глава .................... 35
Предни седишта ......................... 36
Задни седишта ........................... 39
Безбедносни ремени .................42
Систем на воздушни перничиња .................................. 46
Системи за врзување на деца ..53Потпирачи за глава
Положба9 Предупредување
Возете само кога потпирачот за
глава е наместен во правилната
положба.
Горниот раб од потпирачот за
глава треба да биде на нивото на
горниот дел од главата. Ако тоа не
е возможно за особено високи луѓе, наместете го во највисоката
положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење
Повлечете го потпирачот за глава
угоре или турнете го истиот удолу.
Забелешка
Само одобрени додатоци може да се закачат за потпирачот за главана совозачкото седиште, ако
седиштето не е во употреба.
Page 38 of 195

36Седишта, потпирачи
Вадење на потпирачот за глава
За да ги извадите потпирачите за
глава, повлечете ги јазичињата за заглавување и повлечете ги
потпирачите угоре.
Складирајте ги потпирачите за
глава безбедно во товарниот
простор. Не возете со извадени потпирачи за глава ако седиштето
е зафатено.
Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
■ Седете така да задникот да биде
колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете го
растојанието помеѓу седиштето
и педалите така што нозете ќе
бидат малку свиткани кога ги
притиснувате педалите. Лизнете
го совозачкото седиште колку е
можно поназад.
■ Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете ја
накосеноста на потпирачот за
грб така што да може да се
дофати воланот со благо
свиткани лакти. Гледајте да има
контакт помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го вртите
воланот. Не го навалувајте
потпирачот за грб премногу
назад. Препорачуваме
максимална накосеност од околу
25°.
■ Местење на воланот 3 68.
■ Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти на
екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот. Колковите
Page 39 of 195

Седишта, потпирачи37
би требало да лежат лесно врз
седиштето без да го притискаат
него.
■ Наместете го потпирачот за глава 3 35.
■ Наместете ја височината на безбедносниот ремен 3 44.
■ Наместете го потпирачот за половината така што да го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот 3 37.
Местење на седиштата9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
Местење на положбата на
седиштето
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Наслони на седиштата
Повлечете ја рачката, наместете ја наваленоста и отпуштете ја
рачката. Нека се заглави
потпирачот за грб чујно.
Не навалувајте се на седиштето
кога го местите.
Page 40 of 195

38Седишта, потпирачи
Височина на седиштето
Подигнете го лостот и дотерајте ја
тежината на телото врз седиштето
за да ја наместите височината.
Потпирач за половината
Наместете го потпирачот за
половината користејќи го малото
тркалце за да им одговара на
личните барања.
Вртете го малото тркалце за да се
зголеми или намали потпирањето.
Потпирач за рака
Наместете го потпирачот за рака за да им одговара на личните барања.
■ Кренете го потпирачот за рака во
чекори до саканата висина.
■ За повторно местење, кренете го
потпирачот за рака целосно пред
да го спуштите.