service OPEL VIVARO 2014 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: VIVARO, Model: OPEL VIVARO 2014Pages: 195, PDF Size: 4.3 MB
Page 5 of 195

Вовед3Податоци што се
специфични за возилото Ве молиме да ги внесете
податоците на Вашето возило на
претходната страница за да се
чуваат лесно достапни. Тие
информации се наоѓаат во
поглавјата „Сервис и одржување“ и
„Технички податоци“, како и на
идентификациската табличка.
Вовед Вашето возило е планирана
комбинација на напредната
технологија, безбедноста,
екологијата и економичноста.
Овој Сопственички прирачник Ви ги дава сите потребни информации
за да можете да го возите Вашето
возило безбедно и ефикасно.
Уверете се дека Вашите патници
се свесни за можните ризици од
несреќи и повреди што може да
произлезат од неправилната
употреба на возилото.Секогаш морате да ги исполнувате
специфичните закони и прописи на земјата во којашто се наоѓате.
Закониве може да бидат поинакви
од информациите во овој
Сопственички прирачник.
Кога Прирачников споменува
посета кај автомеханичар, го
препорачуваме Вашиот Партнер
на Opel Service.
Сите Партнери на Opel Service пружаат првокласни услуги по
пристапни цени. Искусните
механичари обучени од Opel
работат според посебни Opel
упатства.
Пакетот со литературата за
купувачот секогаш треба да се чува
при рака во возилото.
Користење на
прирачников ■ Овој прирачник ги опишува сите опции и својства достапни за овој
модел. Извесни описи,
вклучувајќи ги оние за функциите на екранот и изборниците, може
да не важат за Вашето возилопоради верзијата на моделот,
спецификациите на земјата,
специјалните опреми или
додатоци.
■ Во поглавјето „Накратко“ ќе најдете првичен преглед.
■ Содржината на почетокот на прирачников и во секое поглавје
покажува каде се наоѓа
информацијата.
■ Индексот ќе Ви овозможи да пребарувате специфични
информации.
■ Овој Сопственички прирачник прикажува возила со воланот од
левата страна. Ракувањето со
возилата со воланот од десната страна е слично.
■ Сопственичкиот прирачник ги користи фабричните ознаки на
моторот. Соодветните
комерцијални ознаки се наоѓаат
во поглавјето „Технички
податоци“.
Page 78 of 195

76Иинструменти и контроли
Ако нивото на моторното масло е
правилно кога ќе се вклучи
палењето, пораката OIL LEVEL
CORRECT ( НИВОТО НА МАСЛО Е
ДОБРО) се појавува кусо на
Информативниот центар за
возачот.
Ако нивото на моторното масло е
над минималното ниво, притиснете го копчето за патниот компјутер на
крајот на рачката за бришачите во
рок од 30 секунди по вклучувањето
на палењето. Се прикажува
пораката OIL LEVEL (НИВО НА
МАСЛОТО) заедно со
квадратчиња што одговараат на
нивото на маслото.
Со намалувањето на нивото на
маслото, квадратчињата на
екранот за нивото за маслото се
заменуваат со цртички:▢▢▢▢▢▢=Максимално ниво▢▢▢- - -=Средно ниво- - - - - -=Минимално ниво.
За напуштање на екранот за
контрола на нивото на маслото, притиснете го копчето на патниот
компјутер.
Патен компјутер 3 86.
Екран за сервисирање
Кога палењето се вклучува,
преостанатото растојание пред следното сервисирање да станеактуелно може да се покаже
накратко на Информативниот
центар за возачот. Врз основа на
условите за возење, периодот при којшто ќе се укаже на сервисирање може да варира во голема мера.
Кога преостанатото растојание
пред следниот сервис е помалку од
3000 км или 2 месеци, се појавува
SERVICE IN (СЕРВИС ЗА) на
Информативниот центар за
возачот.
Кога растојанието достигнува 0 км
или датумот на сервисирањето е
актуелен, контролната сијаличка
A и F се палат во групата
инструменти и на Информативниот
центар за возачот, и соодветната
порака SERVICE DUE (ТРЕБА
СЕРВИС) се појавува на
Информативниот центар за
возачот.На возилото му треба
сервисирање. Побарајте помош од автомеханичар.
Препоставување на екранот
за сервисирање По сервисирање, екранот за
сервисирање треба да се
ресетира. Ако е достапно,
изберете го приказот на
растојанието пред следниот
сервис на Информативниот центар
за возачот, па притиснете го и
држете го копчето на крајот на
рачката за бришачите околу
10 секунди додека не се прикаже
растојанието пред следниот
сервис постојано. Патен компјутер
3 86.
Информативен центар за возачот
3 83.
Информации за сервисирањето
3 166.