bluetooth OPEL VIVARO B 2014.5 Прирачник за инфозабавата
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2014.5Pages: 117, PDF Size: 1.57 MB
Page 86 of 117

86ТелефонТелефонОпшти информации...................86
Поврзување ................................ 88
Поврзување Bluetooth ................92
Итен повик .................................. 95
Ракување .................................... 96
Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема ........................... 109Општи информации
Системот за телефонирање без
употреба на рацете ви дава
можност да водите разговори на
мобилен телефон преку
микрофонот и звучниците во
возилото, како и да ракувате со
најважните функции на мобилниот
телефон преку Инфозабавниот
систем.
За да можете да го користите
системот за телефонирање без
употреба на рацете, мобилниот
телефон мора да биде поврзан со
него преку Bluetooth.
Не сите функции на системот за
телефонирање без употреба на
рацете се поддржани од секој
мобилен телефон. Можните
функции на телефонот зависат од
соодветниот мобилен телефон и
провајдерот на мрежата. Видете ги инструкциите за ракување за
вашиот мобилен телефон или
консултирајте се со вашиот
обезбедувач на мрежата.Важни инфорамции за
ракувањето и безбедноста на сообраќајот9 Предупредување
Употребата на системот за
телефонирање без употреба на
рацете додека возите може да
биде опасна зашто вашата
концентрација се намалува кога телефонирате. Паркирајте го
возилото пред да го користите
системот за телефонирање без
употреба на рацете.
Следете ги прописите на
земјата во која возите.
Исто така, следете ги посебните
прописи кои важат во конкретни
области и секогаш исклучувајте
го мобилниот телефон ако
употребата на мобилни
телефони е забранета, ако
мобилниот телефон
предизвикува пречки или ако
дојде до опасни ситуации.
Page 87 of 117

Телефон879Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина.
Заради тоа, подготвени се
безбедносни прописи со кои
треба да се запознаете пред
користењето на телефонот.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
Контроли на телефонот
Најважните контроли на
телефонот се следниве:
Контроли на Инфозабавниот
систем или на управувачкиот
столб:
■ Копче 6, или
■ Копче TEL: Го отвора изборникот
Phone (телефон) .
Контроли само на управувачкиот
столб:
■ 7, 8 : Примање повик,
завршување/одбивање повик.
■ MODE/OK : Примање повик,
завршување/одбивање повик,
потврда на дејство.
■ 5 или w: Активирање/
деактивирање на
препознавањето на говорот.
Со одредени функции на системот
за телефонирање без употреба на
рацете може да се ракува и преку
препознавањето на гласот 3 84.Работа на екранот
R15 BT / CD15 BT / R16 BT /
CD16 BT / CD18 BT - Работа на
екранот
■ За движење горе/долу на екранот: Вртете го вртливото
копче OK.
■ За потврда на дејствата: Притиснете го вртливото копче
OK .
■ За да откажете дејство (и да се вратите на претходниот
изборник): Притиснете го
копчето /.
CD30 BT - Работа на екранот ■ За движење горе/долу на екранот:
Завртете го вртливото копче.
■ За движење лево/десно на екранот: Притиснете го копчето
⊲ или ⊳.
■ За потврда на дејствата (и за движење десно само на
екранот):
Притиснете го вртливото копче.
Page 89 of 117

Телефон89
рацете за да ги контролиранеговите функции преку
Инфозабавниот систем.
Не смее да се приклучи телефон до системот освен ако претходно не
беше спарен. Погледнете во делот Bluetooth врска (3 92) за
спарување на мобилен телефон со
системот за телефонирање без употреба на рацете преку
Bluetooth.
Кога палењето е вклучено,
системот за телефонирање без употреба на рацете пребарува
спарени телефони во близина.
Bluetooth мора да биде активирано
на мобилниот телефон за да може
телефонот да биде препознаен од
системот за телефонирање без употреба на рацете.
Пребарувањето продолжува
додека не се најде спарен
телефон. Порака на екранот
означува дека телефонот е
поврзан.Забелешка
Кога е активно поврзувањето Bluetooth, користењето на
системот за телефонирање без
користење на рацете побрзо ќе ја
испразни батеријата на
мобилниот телефон.
Автоматско приклучување За да може вашиот телефон да се
поврзе автоматски кога системот е
вклучен, можеби е неопходно да ја
активирате функцијата на вашиот
мобилен телефон за автоматско
поврзување со Bluetooth; видете во
инструкциите за ракување со
мобилниот телефон.
Забелешка
При повторно поврзување со
спарен телефон, или кога
2 спарени телефони се во опсегот
на системот за телефонирање без користење на рацете, или
приоритетниот телефон (ако е
одреден) или последниот поврзан
телефон се поврзуваат
автоматски, дури и ако овој
телефон е надвор од возилото, ное сеуште во опсегот на системот
за телефонирање без користење
на рацете.
Во текот на автоматското
поврзување, ако одреден повик е
веќе во тек, разговорот автоматски ќе се префрли на микрофонот и
звучниците на возилото.
Ако поврзувањето не успее: ■ Проверете дали телефонот е вклучен,
■ Проверете дали батеријата на телефонот не е испразнета,
■ Проверете дали телефонот е веќе спарен.
Функцијата Bluetooth на мобилниот
телефон и на системот за
телефонирање без употреба на
рацете треба да биде активна и
мобилниот телефон треба да биде наместен за прифаќање на
барањето на системот за
приклучување.
Page 90 of 117

90Телефон
Рачно приклучување
R15 BT / CD15 BT, R16 BT /
CD16 BT, CD18 BT - Рачно
поврзување
За промена на телефонот што е
поврзан со системот за
телефонирање без употреба на
рацете, притиснете го копчето
TEL и изберете го изборникот
Select device (Бирање уред).
Списокот на уредите ги покажува
веќе спарените телефони.
Изберете го саканиот телефон од
списокот и потврдете со
притискање на вртливото копче
OK . Порака на екранот го
потврдува поврзувањето на
телефонот.
CD30 BT - Рачно поврзување
За промена на телефонот што е
поврзан со системот за
телефонирање без употреба на
рацете, притиснете го копчето 0 и
изберете го Bluetooth connection
(Bluetooth врска) од изборникот запоставки. Списокот на уредите ги
покажува веќе спарените
телефони.
Изберете го саканиот телефон од
списокот на уреди, потоа изберете
го Connect the device
(приклучување на уредот) и
потврдете со притискање на
ротирачкото копче. Порака на
екранот го потврдува
поврзувањето на телефонот.
CD35 BT - Рачно поврзување
За промена на телефонот што е
поврзан со системот за
телефонирање без раце,
притиснете го копчето
SETUP / TEXT и изберете Bluetooth
connection (Bluetooth врска) (или
притиснете го копчето TEL кога не
е поврзан ниеден уред). Списокот
на уредите ги покажува веќе
спарените телефони.
Изберете го саканиот телефон од
списокот и потврдете со вртење и
притискање на средишното
вртливо копче. Порака на екранот
го потврдува поврзувањето на
телефонот.Откачување на телефон
Ако мобилниот телефон е
исклучен, телефонот автоматски
се исклучува од системот за
телефонирање без употреба на
рацете.
При исклучувањето, ако одреден
повик е веќе во тек, разговорот
автоматски ќе се префрли на
мобилниот телефон.
R15 BT / CD15 BT, R16 BT /
CD16 BT, CD18 BT - Прекинување
врска со телефон
За да ја прекинете врската на
телефон со Инфозабавниот
систем, притиснете го копчето TEL (или копчето SETUP) и
изберете Bluetooth connection
(Bluetooth врска) . Изберете го
саканиот уред од списокот, потоа
изберете Disconnect the device
(откачување на уредот) и
потврдете со притискање на
вртливото копче OK. Порака на
екранот го потврдува
исклучувањето на телефонот.
Page 91 of 117

Телефон91
CD30 BT - Прекинување врска со
телефон
За исклучување на телефон од
системот за телефонирање без
употреба на рацете, притиснете го копчето 0 и изберете го Bluetooth
connection (Bluetooth врска) од
изборникот за поставки. Одберете
го Disconnect the device
(откачување на уредот) и
потврдете со притискање на
вртливото копче. Порака на
екранот го потврдува
исклучувањето на телефонот.
CD35 BT - Прекинување врска со
телефон
За да ја прекинете врската на
телефон со Инфозабавниот
систем, притиснете го копчето
SETUP / TEXT и изберете Bluetooth
connection (Bluetooth врска) .
Изберете го саканиот уред од
списокот, потоа изберете
Disconnect the device (откачување
на уредот) и со вртење и
притискање на средишнотовртливо копче. Порака на екранот
го потврдува исклучувањето на
телефонот.
Одредување на приоритетот
на телефоните
R15 BT / CD15 BT, R16 BT /
CD16 BT, CD18 BT - Одредување
на приоритетот на телефоните
Приоритетен телефон е
последниот поврзан телефон.
Кога ќе се вклучи палењето,
системот за телефонирање без раце првин го бара спарениот
телефон со приоритет.
Пребарувањето продолжува
додека не се најде спарен
телефон.
CD30 BT - Одредување
приоритетен телефон
Ако е одреден, кога палењето е
вклучено, системот за
телефонирање без употреба на
рацете првин го бара спарениот
телефон со приоритет.За одредување на приоритетниот
телефон, притиснете го копчето 0
и изберете го Bluetooth connection
(Bluetooth врска) од изборникот за
поставки. Списокот на уредите ги
покажува веќе спарените
телефони.
Изберете го саканиот телефон од
списокот на уреди, потоа изберете
го Define priority (number)
(одредување на приоритетот (со
броеви)) и потврдете со
притискање на ротирачкото копче.
CD35 BT - Одредување
приоритетен телефон
Приоритетен телефон е
последниот поврзан телефон.
Кога ќе се вклучи палењето,
системот за телефонирање без
раце првин го бара спарениот
телефон со приоритет.
Пребарувањето продолжува
додека не се најде спарен
телефон.
Page 92 of 117

92ТелефонПоврзување BluetoothBluetooth е радио стандард за
безжична врска на, на пр., телефон
со други уреди.
Може да се префрлаат
информации како што се списоци со контакти од мобилни телефони
и списоци на повици.
Функционалноста може да биде
ограничена зависно од моделот на телефонот.
Предуслови Мора да се задоволат следнитепредуслови за да се контролира
мобилен етлефон со активиран
Bluetooth преку Инфозабавниот
систем:
■ Функцијата Bluetooth на Инфозабавниот систем мора да
е активирана.
■ Функцијата Bluetooth на мобилниот телефон со Bluetooth
мора да е активна (видете во
упатството за употреба на
мобилниот телефон).■ Зависно од мобилниот телефон, можеби ќе треба да се постави
уредот на „visible“ (видлив)
(видете во упатството за
употреба на мобилниот
телефон).
■ Мобилниот телефон мора да е споен и поврзан со
Инфозабавниот систем.
Активирање на функцијата
Bluetooth на Инфозабавниот
систем
За да може Инфозабавниот систем
да препознае и работи со мобилен
телефон што има Bluetootn, прво треба да се активира функцијата
Bluetooth. Деактивирајте ја
функцијата ако не е потребна.
R15 BT / CD15 BT, R16 BT /
CD16 BT, CD18 BT - Активирање
Bluetooth
Притиснете го копчето TEL и
изберете го Bluetooth со вртење и
притискање на вртливото копче OK .Изберете ON (вклучено) или OFF
(исклучено) и потврдете со
притискање на копчето.
CD35 BT - Активирање на Bluetooth Притиснете го копчето
SETUP / TEXT и изберете Phone
settings (поставки на телефонот) со
вртење и притискање на средишното вртливо копче.
Изберете Bluetooth activated
(активирано) или Bluetooth
deactivated (деактивирано) и
потврдете со притискање на
копчето.
Спарување на мобилен
телефон со системот за
телефонирање без употреба
на рацете
За да го користите вашиот систем за телефонирање без употреба на
рацете, треба да се воспостави
врска помеѓу мобилниот телефон и
системот преку Bluetooth, т.е.
мобилниот телефон треба да се
спари со возилото пред да се
користи истиот. За таа цел,
мобилниот телефон мора да
Page 93 of 117

Телефон93
поддржува Bluetooth. Погледнете
во упатствата за ракување за
вашиот мобилен телефон.
За да се воспостави поврззување
Bluetooth, системот за
телефонирање без употреба на
рацете треба да биде вклучен и
Bluetooth-от треба да биде
активиран на мобилниот телефон.
Забелешка
Ако друг телефон се поврзе
автоматски во текот на
процедурата за спарување, тој автоматски ќе се исклучи за да
овозможи да продолжи
процедурата за ново спарување.
Спарувањето овозможува
системот за телефонирање без
употреба на рацете да препознае и
да зачува мобилен телефон во
списокот на уреди. Најмногу
5 мобилни телефони може да се
спарат и зачуваат во списокот на
уредите, но само еден може да се
приклучи одеднаш.
Кога спарувањето ќе заврши, на
екранот за прикажување на
Инфозабавниот систем сеприкажува порака со името на
спарениот телефон и телефонот
автоматски се поврзува со
системот за телефонирање без
употреба на рацете. Потоа, со
мобилниот телефон може да се
ракува преку контролите на
Инфозабавниот систем.
Забелешка
Кога е активно поврзувањето
Bluetooth, користењето на
системот за телефонирање без
користење на рацете побрзо ќе ја
испразни батеријата на
мобилниот телефон.
R15 BT / CD15 BT, R16 BT /
CD16 BT, CD18 BT - Спарување
мобилен телефон
За да спарите телефон со системот
за телефонирање без раце,
притиснете го копчето TEL и
изберете Pair device (спари уред)
со вртење и притискање на
вртливото копче OK. Се прикажува
екранот Ready to Pair (Подготвено
за спарување).На мобилниот телефон, побарајте
опрема со Bluetooth во близина на
уредот.
Изберете My Radio (Мое радио)
(т.е. името на системот за
телефонирање без употреба на
рацете) од списокот на мобилниот
телефон, а потоа, на тастатурата на мобилниот телефон внесете ја
шифрата за спарување прикажана
на екранот на Инфозабавниот
систем.
Ако спарувањето не успее,
системот се враќа на претходниот
изборник и се прикажува соодветна порака. Повторете ја постапката
ако тоа е неопходно.
CD30 BT - Спарување мобилен
телефон
За спарување телефон со
системот за телефонирање без употреба на рацете, притиснете го
копчето 0 и изберете Bluetooth
connection (Bluetooth врска) од
изборникот за поставки. Изберете
празен отвор со свртување на
вртливото копче и притиснете го
Page 94 of 117

94Телефон
вртливото копче (или копчето ⊲ или
⊳) за да се прикаже следниот изборник.
Изберете го Pair phone (спарување
на телефонот) со вртење и
притискање на вртливото копче, па
на мобилниот телефон побарајте ја опремата Bluetooth во близина на
телефонот.
Изберете го My Radiosat (т.е. името
на системот за телефонирање без употреба на рацете) од списокот на
мобилниот телефон, и на
тастатурата на мобилниот
телефон внесете ја шифрата за
спарување прикажана на екранот
за прикажување на
Инфозабавниот систем.
Ако спарувањето не успее, се
огласува тон и на екранот се
прикажува пораката Connection has
failed. (врската на успеа.) .
Повторете ја постапката ако тоа е
неопходно.CD35 BT - Спарување мобилен
телефон
За спарување телефон со
системот за телефонирање без
употреба на рацете, притиснете го
копчето SETUP / TEXT и изберете
Bluetooth connection (Bluetooth
врска) од изборникот за поставки.
Изберете празно место со врење на средишното вртливо копче ипритиснете го копчето за да се
прикаже следниот изборник.
Изберете го Pair phone (спарување
на телефонот) со вртење и
притискање на средишното
вртливо копче, па на мобилниот
телефон побарајте опрема со
Bluetooth во близина на телефонот.
Изберете My_Radio (Мое радио)
(т.е. името на системот за телефонирање без употреба на
рацете) од списокот на мобилниот
телефон, а потоа, на тастатурата на мобилниот телефон внесете ја
шифрата за спарување прикажана
на екранот на Инфозабавниот
систем.Ако спарувањето не успее, се
прикажува пораката Pairing failed
(спарувањето не успеа). Повторете ја постапката ако тоа е неопходно.
Одделување на мобилен
телефон од системот за
телефонирање без употреба
на рацете
Ако листата на спарените
телефони е полна, само тогаш
може да се спари нов телефон ако
се оддели постоечки телефон.
Забелешка
Отспарувањето телефон ги
брише сите преземени конктакти
и записите за поранешните
јавување од именикот на
системот за телефонирање без
раце.
R15 BT / CD15 BT, R16 BT /
CD16 BT, CD18 BT - Отспарување
мобилен телефон
За да отспарите, т.е. за да
избришете телефон од меморијата на системот за телефонирање без
Page 95 of 117

Телефон95
употреба на рацете, притиснете го
копчето TEL и изберете Delete
device (избриши уред).
Изберете го саканиот телефон од
списокот уреди и притиснете го
вртливото копче OK за да го
потврдите бришењето кога ќе се
побара.
CD30 BT - Отспарување мобилен
телефон
За да го исклучите спарувањето, т.е. за да избришете телефон од
меморијата на системот за
телефонирање без употреба на
рацете, притиснете го копчето 0 и
изберете го Bluetooth connection
(Bluetooth врска) од изборникот за
поставки.
Изберете го саканиот телефон од списокот на уреди, притиснете го
вртливото копче (или копчето ⊲ или
⊳) и изберете го Delete this device
(бришење на овој уред) .CD35 BT - Отспарување мобилен
телефон
За да го исклучите спарувањето, т.е. за да избришете телефон од
меморијата на системот за
телефонирање без употреба на
рацете, притиснете го копчето
SETUP / TEXT и изберете го
Bluetooth connection (Bluetooth
врска) од изборникот за поставки.
Изберете го саканиот телефон од
списокот уреди, притиснете го
средишното вртливо копче и
изберете Delete (Избриши).
Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа, немојте да се
потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно правилно да се
вметне важечка SIM-картичка во мобилниот телефон.9 Предупредување
Имајте на ум дека можете само
да се јавувате и да примате
повици на мобилниот телефон
ако истиот е во подрачје со
услуги со доволно силен сигнал.
При извесни околности, не може да се упатат повици за итни
случаи во сите мрежи за
мобилни телефони; можно е и
повиците за итни случаи да не
можат да се упатат кога не се
активни извесни услуги на
мрежата и/или телефонски
функции. За повеќе
информации, консултирајте се
со вашиот обезбедувач на
мрежата.
Бројот за итни повици се
разликува во зависност од
земјата или регионот. Ве
Page 96 of 117

96Телефонмолиме да се распрашате
однапред за точниот број за
итни повици за соодветната
земја или регион.
Поставување на бројот за
итни повици (CD30 BT)
CD30 BT
За да упатите итен повик преку
системот за телефонирање без
употреба на рацете, мора најпрво
да се постави точниот број за итни
повици.
Одредете го точниот број за итни
повици, потоа отворете го
изборникот Phone (телефон) со
притискање на копчето 6 или TEL.
Изберете го Emergency (хаварија)
потоа изберете го Enter/change
number (внесување/менување на
бројот) . Внесете го бројот за итни
повици (на пр. 112) користејќи ја
нумеричката тастатура 3 86.
Броевите за итни повици се
разликуваат во зависност од
земјата или регионот.
Бирање на бројот за итни
повици
CD30 BT
Отворете го изборникот Phone
(телефон) со притискање на
копчето 6 или TEL.
Изберете го Emergency (хаварија) ,
потоа изберете го Call (јавување)
за да го започнете бирањето на
бројот за итни повици (на пр. 112).
Се воспоставува телефонска врска
со центарот за итни повици.
Одговорете кога персоналот од
службата Ве праша за опасноста.9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Вовед
Кога ќе се воспостави поврзување Bluetooth меѓу вашиот мобилен
телефон и системот за
телефонирање без употреба на
рацете, со одредени функции на
вашиот мобилен телефон може да
се ракува преку контролите на
Инфозабавниот систем.
Потоа може, на пр., да се внесат контактите и телефонските броеви
од вашиот мобилен телефон во системот за телефонирање безупотреба на рацете.
По поврзувањето, податоците од
мобилниот телефон се
пренесуваат во системот за
телефонирање без употреба на
рацете. Тоа може да потрае некое
време зависно од моделот на
телефонот. За тоа време,
ракувањето со мобилниот телефон е можно само во ограничена мера
преку Инфозабавниот систем.