stop start OPEL VIVARO B 2015.5 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.5, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2015.5Pages: 227, PDF Size: 4.46 MB
Page 22 of 227

20Накратко
■ притиснете го копчето Start/Stop
и отпуштете го
■ моторот се пали по кратко одложување
Копче за вклучување 3 128.Систем за сопирање-поаѓање
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено и одредени услови
се исполнети, вклучете го Autostop
на следниов начин:
■ Притиснете ја педалата за куплунг
■ Поместете ја рачката на менувачот во лер
■ Отпуштете ја педалата за куплунг
На Autostop укажува запалено Ï во
групата инструменти 3 98.
За повторно палење на моторот,
притиснете ја педалата за
куплунгот уште еднаш.
Систем за сопирање-поаѓање
3 132.
Page 130 of 227

128Возење и ракување
Филтер за дизелски честички
3 135.
Положби на
прекинувачот за палењеSt=Исклучено палењеA=Бравата на воланот е
ослободена, исклучено
палењеM=Вклучено палење
Мотори на дизел:
предзагревањеD=ПалењеКопче за вклучување
Електронскиот клуч треба да е во
возилото, или во читачот на
картички или во совозачката
касета.
Ако електронскиот клуч не е во
возилото, се појавува соодветна
порака на Информативниот центар за возачот 3 99.
Забелешка
Не ставајте го електронскиот клуч
во товарниот простор додека
возите, бидејќи тоа е надвор од
зоната на откривање (на што
укажува предупредувачка
мелодија при мала брзина 3 100 и
порака на Информативниот центар за возачот 3 100).
Некои функции, на пр.
Инфозабавниот систем, се
достапни за употреба штом
влезете во возилото.
Режим за помошно
напојување
Притиснете го копчето Start/Stop
без притискање на педалите на
куплунгот или на сопирачките за да овозможите да се ракува со повеќе електрични функции.
Стартување на моторот Притиснете ги педалите на
куплунгот и сопирачките и
притиснете го копчето Start/Stop.
Отпуштете го копчето откако ќе
почне стартувањето.
Ако е ставено во брзина, моторот
може да се запали само со
притискање на педалата на
куплунгот и со притискање на
копчето Start/Stop .
Page 131 of 227

Возење и ракување129
Во некои случаи може да биде
потребно да се помести малку
воланот додека се притиска
копчето Start/Stop за да се
ослободи блокадата на воланот.
На Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака 3 99.
При многу ниска надворешна
температура (на пр. под 10 °C)
држете ја педалата на куплунгот
притисната додека го притискате
копчето Start/Stop додека да
запали моторот.
Ако еден од условите за палење не е исполнет, се појавува соодветна
порака на Информативниот центар за возачот 3 99.
Пораки за возилото 3 100.
Гаснење на моторот Електронскиот клуч треба да е во
возилото, или во читачот на
картички или во совозачката
касета.
Кога возилото е во мирување,
притиснете го копчето Start/Stop за
да го изгасите моторот. Блокадатана воланот се активира кога ќе се
отвори возачката врата и возилото е заклучено.
Ако електронскиот клуч не е
препознаен, се појавува соодветна
порака на Информативниот центар за возачот 3 99. Во таков случај,
притиснете го копчето Start/Stop во
2 секунди за да го запрете моторот.
Централна брава 3 26.
Задржано исклучување Притиснете го копчето Start/Stop
подолго од две секунди; моторот се
гаси додека некои функции, на пр.
Инфозабавниот систем, се
достапни за употреба околу
10 минути.
Овие функции престануваат да
работат кога ќе се отвори
возачката врата и возилото е
заклучено.
Забелешка
Секогаш земајте го електронскиот
клуч со себе кога излегувате од
возилото.На електронски клуч оставен во
читачот на картички укажуваат
предупредувачка мелодија 3 100
и порака на Информативниот центар за возачот 3 100 кога е
отворена возачката врата.9 Опасност
Не оставајте го електронскиот
клуч во возилото кога оставате деца или животни во него за да
избегнете ненамерно ракување
со прозорците, вратите или
моторот. Ризик од смртоносна
повреда.
Дефект
Ако моторот не може да се запали,
причина може да биде следното:
■ Дефект на електронскиот клуч.
■ Електронскиот клуч е надвор од опсегот на приемот.
■ Напонот во батеријата е пренизок.
Page 167 of 227

Нега на возилото165
Ставете сад под куќиштето на
филтерот. Олабавете ја
избраздената завртка од долниот дел од филтерот со приближно
еден круг за да ја исцедите водата.
Филтерот е исцеден штом ќе
излезе дизел гориво без вода.
Затегнете ја завртката.
Проверувајте го филтерот за дизел гориво почесто ако возилото е
изложено на екстремни работни
услови.
Цедење на системот со
дизел гориво Ако резервоарот за гориво се
испразнил докрај, ќе треба да се
проветри или исцеди системот за
дизел гориво.
Дополнете гориво, па постапете вака:Со клуч за палење
■ Вклучувајте го палењето (клучот во положба M) 5 секунди
одеднаш.
■ Исклучете го палењето (клучот во положба A) 3 секунди.
■ Повторете го тоа повеќепати.
■ Запалете го моторот (клучот во положба D), потоа исклучете го
(клучот во положба St).
Положби на прекинувачот за
палење 3 128.
Со копче за вклучување ■ Вметнете го електронскиот клуч во читачот на картички.
■ Притиснете го копчето Start/Stop
без притискање на педалите.
■ Почекајте неколку минути пред да го стартувате моторот.
Копче за вклучување 3 128.
Ако моторот не се пали, побарајте
помош од автомеханичар.
Палење на моторот 3 130.Замена на четкичките на
бришачите
Четкички на бришачите на
шофершајбната
Подигнете ја рачката на бришачот,
притиснете го копчето за да се
откачи четкичката на бришачот и
извадете ја.
Прицврстете ја новата четкичка на бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.