OPEL VIVARO B 2018 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2018Pages: 265, PDF Size: 5.58 MB
Page 221 of 265

Нега на возилото219● Во возилото не смее да ималуѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете моторот кога возилото е кренато на
дигалката.
● Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чистакрпа пред да го монтирате
тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Извадете ја раткапната (со приложената кука).
Прирачен алат 3 208.
2. Олабавете ја секоја завртка на
тркалото за половина круг
користејќи го клучот за тркала.
Уверете се дека клучот е
поставен безбедно. Клучот
треба да се врти налево за да
се олабават завртките. Свртете
го клучот обратно ако е
потребно.3. Наместете го клинот на дигалката под дупката за
дигање сместена најблиску до
односното тркало.
Уверете се дека дигалката е
наместена правилно. Основата
на дигалката треба да биде на
тлото непосредно под дупката
за дигање на тој начин што да
се спречи лизгањето на истата.
4. Наместете го клучот врз дигалката и кренете го
возилото со вртење на клучот
додека тркалото не се подигне
од тлото.
5. Отшрафете ги завртките на тркалото целосно со вртење
Page 222 of 265

220Нега на возилотообратно од насоката на
стрелките на часовникот и
избришете ги со крпа.
Ставете ги завртките на
тркалото некаде каде што
навоите нема да се извалкаат.
6. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 220.
7. Зашрафете ги завртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото и извадете ја дигалката.
9. Затегнете ги сите завртки на тркалото по вкрстен редослед
со клучот за тркала. Уверете се дека клучот е поставен
безбедно. Клучот треба да се
врти надесно за да се стегнат
завртките. Свртете го клучот
обратно ако е потребно.
Затезниот момент е 160 Nm.
10. Вратете ја раткапната внимавајќи дупката за вентилотна раткапната да е порамнет со
вентилот на гумата пред да го
наместите.Забелешка
Доколку е применливо,
монтирајте ги завртките за
заштита од кражба најблиску до
вентилот на гумата (во спротивно,
можеби нема да може да се
ремонтира раткапната).
11. Складирајте ги сменетото тркало 3 220 и прирачните
алати 3 208.
12. Нека Ви го избалансираат новото тркало на возилото.
Проверете го притисокот на
монтираната гума 3 248.
Проверете ја затегнатоста на
завртките на тркалата.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно поскоро.
Резервно тркало Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 215.
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета запривремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
помош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Може да биде неопходно да се
подигне возилото со дигалка за да
се добие пристап кон резервното
тркало на целосно оптоварено
возило со издишна задна гума.
Менување на тркалата 3 218.
Page 223 of 265

Нега на возилото221
Резервното тркало е монтирано
под задниот дел на подвозјето и
може да биде прицврстено со
безбедносна завртка што може да
се извади само со употреба на
приложениот алат.
Прирачен алат 3 208.
9 Предупредување
Поради тежината на комлетот
на гумата, постапете
внимателно кога го
ослободувате носачот на
резервното тркало. Не ја вадете завртката целосно 1.
Потпирајте го резервното
тркало со соодветен предмет за да го спречите наглото паѓање
на тркалото кога ќе ги олабавите
завртките на носачот - ризик од
повреда!
За да го ослободите носачот на
резервното тркало, целосно
извадете ја завртката 2, па
разлабавете ја завртката 1 и
уверете се дека не е целосно
извадена. Потоа подигнете, па
спуштете го, па поместете го
налево-надесно носачот на
резервното тркало додека не
излезе завртката 1, па спуштете го
склопот на носачот.
При инсталирање на новото тркало
уверете се дека носачот на
резервното тркало е правилно
наместен пред да ги затегнете
завртките.
Летни и зимски гуми
Ако употребувате зимски гуми,
резервното тркало може се уште да има летна гума.
Ако го користите резервното
тркало кога е опремено со летна
гума, возноста на возилото може
да се измени, особено на лизгави
коловози.
Еднонасочни гуми Монтирајте еднонасочни гуми, така
што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на
вртењето:
● Возната состојба може да се смени. Дефектната гума треба
да се обнови или поправи што
е можно побрзо и да се
монтира на местото од
резервното тркало.
● Не возете побрзо од 80 км/ч.
● Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.
Page 224 of 265

222Нега на возилотоПалење со каблиНе палете со полнач за
акумулатори.
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулторот од
друго возило.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
● Не изложувајте го акумулаторот на гол пламенили на искри.
● Испразнет акумулатор може да
замрзне при температура од
0 °C . Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да
поврзувате кабли за палење.
● Носете заштитни очила и заштитна облека кога работитесо акумулатор.
● Користете помошен акумулатор со ист напон
(12 V). Неговиот капацитет (Ач) не смее да биде значителнопомал од оној на испразнетиотакумулатор.
● Употребувајте кабли за палење со изолирани клеми и
пресек од најмалку 16 мм 2
(25 мм 2
за мотори на дизел).
● Не откачувајте го испразнетиот
акумулатор од возилото.
● Исклучете ги сите непотребни електрични потрошувачи.
● Не се наведнувајте над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
● Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
● Возилата не смеат да дојдат во
контакт еден со друг за време
на процесот на палењето со кабли.
● Применете ја сопирачката за паркирање, менувачот во лер.
● Отворете ги заштитните капачиња на позитивната
клема на двата акумулатори.
Инката се наоѓа во товарниот
простор.
Page 225 of 265

Нега на возилото223
Тргнете го капакот за да
пристапите до акумулаторот.
Забелешка
Ако го има, дополнителниот
акумулатор автоматски се
поврзува со главниот акумулатор
на возилото само кога моторот
работи. Не треба рачно да се
исклучи пред палење на возилото
со кабли.
Акумулатор 3 193.Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема (1) на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот крај на црвениот кабел со позитивната
клема (2) на испразнетиот
акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема (3) на
помошниот акумулатор.
4. Спојте го другиот крај на црниот
кабел со некоја точка за
вземјување на возилото (4),
како на пример блокот на
моторот или некоја врска со
шраф за монтирање на
моторот. Спојте го колку е
можно подалеку од
испразнетиот акумулатор, а
најмалку 60 см.
Спроведете ги каблите така што да
не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот
простор.
Палење на моторот: 1. Запалете го моторот на возилото што помага при
палењето.
2. По пет минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од една минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу
три минути со поврзани кабли.
Page 226 of 265

224Нега на возилото4. Вклучете ги елктричнитепоторшувачи (на пр. светла,
греењето на задното стакло) на
возилото кое го прима
палењето со кабли.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.Влечење
Влечење на возилото Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 208.
Ослободете го капачето со
користење соодветен алат.
Зашрафете ја алката за влечење
надесно во предната точка за
влечење и затегнете ја докрај
користејќи го клучот за тркалата.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро, шипка за влечење -
за алката за влечење, а никогаш не за браникот или за полуоските.
Внимание
Не влечете го возилото одзади.
Предната алка за влечење
треба да се користи само за
влечење, а не за извлекување
на возилото.
Внимание
Активирајте ги детските брави
на задните врати ако се
зафатени задните седишта.
Детски брави 3 35.
Вклучете го палењето за да
овозможите работење на светлата
за сопирачки, сирена, бришачи на
шофершајбна и помрднете го
воланот малку за да се ослободи
бравата на воланот.
Забелешка
Во зависност од верзијата,
можеби ќе биде неопходно да го
стартувате моторот за да
овозможите стоп-светлата да
работат.
Page 227 of 265

Нега на возилото225Ставете ја рачката на менувачот во
лер.
Отпуштете ја сопирачката за
паркирање.Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
Вклучете ги предупредувачките
трепкачи 3 122.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
системот за кружење на воздухот
3 129 и затворете ги прозорците.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето, одвртете ја алката за влечење и вратете го капачето.
Влечење друго возило
Фиксираната алка за влечење се
наоѓа под задниот браник на
левата страна од возилото.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро, шипка за влечење - за задната алка за влечење, а
никогаш не за задната оска или за
полуоските.
Задната алка за влечење смее да
се користи само за влечење, а не
за ослобудвање на возилото.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кука за приколки 3 183.
Page 228 of 265

226Нега на возилотоНега за изгледотНега на надворешноста
Брави
Бравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само каде што е апсолутно
неопходно, бидејќи тоа го вади
мазивото и го влошува
функционирањето на бравите. По
употребата на средство за
одмрзнување, нека Ви ги подмачка бравите повторно автомеханичар.
Миење Бојата на вашето возило е
изложена на влијание од
средината, затоа редовно перете
го своето возило.
Кога користите автоматски
перални, препорачуваме да ги
користите тие со текстилни четки и
програма без полирни адитиви.
Постојат ограничувања за
деловите од каросеријата што сеобоени со мат боја или имаат
нанесено филм или декоративни
ленти, видете во „Полирање и
нанесување восок“.
За моторниот простор никогаш не
користете млаз со пареа или млаз
под висок притисок.
Редовно полирајте ги обоените
делови на возилото.
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се
исчистат, бидејќи содржат
агресивни состојки што може да ја
оштетат бојата.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачите на
шофершајбната и бришачот на
задното стакло мора да бидат
исклучени и страничните
ретровизори мора да бидат
преклопени навнатре. Извадете ги антената и надворешните
додатоци, како на пример
багажниците за на покрив, итн.Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна
на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.
Чистете ги светлите метални
украси со раствори за чистење
одобрени за алуминиум за да се
избегне оштетување.Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вредност
четири до девет.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Целосно исушете го и избришете го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците:остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја
намалат видливоста.
Page 229 of 265

Нега на возилото227Нека Ви ги подмачкува шарките навратите со мазиво автомеханичар.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла
Капаците на предните фарови и на другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување восок Редовно полирајте го возилото со
полир паста (најдоцна кога веќе не
се формираат капки од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако
бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.Небоените пластични делови на каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства за полирање.
Деловите од каросеријата што се во мат боја и обложени со филм
или декоративни ленти не смее да
се полираат за да се избегне
сјајност. Во автоматски перални за
возила не користете програми со
топол восок ако возилото ги содржи
овие делови.
Мат обоените декоративни делови, на пр. прекривките за ретровизори,не смее да се полираат. Во
спротивно, овие делови ќе блештат
или ќе се растопи бојата.
Прозорци и четкички на
бришачите на шофершајбната
Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Отстранете ги наслагите
нечистотија од замачкувачките
бришачи со мека крпа и средство за чистење прозорци. Внимавајте и
да отстраните остатоци од восок,
инсекти и слично од стаклото.
Остатоци од мраз, загадување и
постојано бришење на суви стакла
ќе ги оштети, па и уништи
бришачите.
Тркала и гуми Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да се чистат со истите средства како и
шасијата.
Page 230 of 265

228Нега на возилотоОштетување на бојатаПоправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.
Подвозје
Некои предели на подвозјето на возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
повеќе заштитен восок ако е
потребно.
Битуменски / гумени материјали
може да го оштетат слојот од PVC.
Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.Опрема за влечење
Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Нега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или
средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
чиста вода и мека крпа. Во случај
на голема извалканост, користете
средства за чистење кожа.
Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење
на тапацирот.Ткаенината на преслеките може да
не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.