OPEL VIVARO B 2018 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2018, Model line: VIVARO B, Model: OPEL VIVARO B 2018Pages: 265, PDF Size: 5.58 MB
Page 181 of 265

Возење и ракување179Приказ на лентата на
траекторијата (1)
Зависно од верзијата, лентата на
траекторијата (1) на возилото се
прикажува со сина боја на инфо-
екранот. Ја покажува патеката на
возилото во согласност со аголот
на управувањето.
Приказ на права лента (2)
Приказот на права лента (2) ја
покажува патеката на возилото ако тркалата се држат право.
Линиите водилки (3, 4, 5) се
користат заедно со приказот на
права лента (2) и укажуваат на
растојанието зад возилото.Интервалите на линиите водилки
се следниве:3 (црвено):30 см4 (жолто):70 см5 (зелено):150 смПоставки
Поставки, како на пример
осветеленост, контраст и бои може
да бидат променети преку
Инфозабавниот систем.
Функцијата исто така може да биде трајно исклучена. Видете во
Прирачникот на инфозабавниот
систем за повеќе информации.
Деактивирање
Камерата се исклучува по извесно
време ако не се стави во рикверц
за околу пет секунди.
Дефект
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
● наоколу е темно
● сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата
● мраз, снег, кал или нешто друго
го прекрива објективот на
камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа
● задните врати / задната врата не се затворени правилно
● возилото се судрило од задната страна
● има екстремни промени на температурата
Page 182 of 265

180Возење и ракувањеГоривоГориво за мотори на дизел
Користете само дизел гориво што е усогласено со EN 590. Горивото
треба да има мала содржина на
сулфур (најмногу 10 ppm). Може да
се користат еквивалентни
стандардизирани горива со
биодизел (= FAME според
EN14214) со содржина од најмногу
7 % по волумен (како DIN 51628 или еквивалентни стандарди).
Во земјите надвор од Европската
унија користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под
50 ppm.Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и
загуба на гаранцијата.
Не користете бродски дизел
горива, горива за греење, Аквазол
и слични мешавини на дизел и
вода. Дизел горивата не смеат да
се разредат со горива за бензински мотори.
Протокот и способноста за
филтрирање на дизел горивата
зависат од температурата. Кога е
ниска температурата, наполнете
со дизел гориво со гарнтирани
зимски својства.
Филтер за дизел гориво 3 195.
Систем за дизел гориво цедење
3 195.
Работа при ниски температури
При температури под 0 °C, некои
дизел производи со мешавини од
биодизел може да се затнат, да
замрзнат или да се претворат во
гел, што може да влијае врз
системот за довод на гориво.
Палењето и работата на моторот
може да не функционираат
правилно. Не заборавајте да
дополнувате дизел-гориво со
зимска вредност при температура
на околината под 0 °C.Дизел гориво со арктички степен може да се користи при екстремно
ниски температури под -20 °C. Не
се препорачува користење на
гориво од ваков степен во жешки
или топли клими и може да
предизвика заглавување на
моторот, лошо палење или
оштетување на системот за
вбризгување гориво.
Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги моторот и сите
надворешни грејачи со комори за согорување.
Возила со систем за сопирање-
поаѓање: Моторот мора да се
исклучи и клучот за палење да
се отстрани за да се избегне
ризикот од автоматско повторно стартување на моторот од
страна на системот.
Исклучете ги сите мобилни
телефони.
Page 183 of 265

Возење и ракување181Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Забелешка
За посигурно прикажување на
нивото на горивото, палењето
мора да е исклучено пред
полнење со гориво. Избегнувајте
мали дополнувања гориво (на пр.
помалку од пет литри) за поточно
прикажување на нивото.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од левата страна
на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено и е отворена
левата врата.
Забелешка
Не отворајте ја левата лизгачка странична врата при полнење
гориво.
Повлечете ја вратичката за да ја
отворите.Внимание
Кај возила со AdBlue,
заштитното капаче за AdBlue е
синото долно капаче 3 157, а
капачето за полнење гориво е црното горно капаче (означено
со стрелка на сликата).
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето. Побарајте помош од автомеханичар веднаш.
За да го отворите капачето на
резервоарот за гориво, свртете го
налево.
Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
За полнење гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматско исклучување, може
да се дополни целосно со
вклучување на цевката на пумпата
уште најмногу двапати.
Page 184 of 265

182Возење и ракувањеВнимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
Кога полнењето гориво е
завршено, вратете го капачето на
резервоарот и свртете го надесно
колку што може.
Затворете ја вратичката на
резервоарот.
Капаче за полнење гориво Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за полнење гориво.
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
Вредностите за потрошувачката на
гориво (комбинирана) на моделот
Opel Vivaro е во опсегот од 7,4 до 5,7 л/100 км.
Во зависност од земјата,
потрошувачката на гориво се
прикажува во км/л. Во овој случај,
потрошувачката на гориво
(комбинирана) на моделот Opel
Vivaro е во рамките на околу 13,5
до 17,5 км/л.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
во опсег од 195 до 149 г/км.
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Општи информации Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2 се
однесуваат на основниот модел за
ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачката на
гориво и испуштањето CO 2 се
одредуваат според прописот
R (EC) бр. 715/2007 (во најновата
важечка верзија), со земањепредвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка на гориво и
испуштање CO 2. Понатаму
потрошувачката на гориво зависи
од личниот стил на возењето, како
и од условите на коловозот и
сообраќајот.
Page 185 of 265

Возење и ракување183Кука за приколки
Општи информации Доверете му го отпослежното
монтирање на опремата за
влечење на автомеханичар. Може
да биде потребно да се извршат
измени кои делуваат врз системот
за ладење, топлоотпорните
обвивки или друга опрема.
Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило.
Возни карактеристики, совети за влечење
Во случај на приколки со
сопирачки, закачете го кабелот за
приврзување.
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не подмачкајте ја ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто дејствува врз
влечната топка. Кај приколки сослаба стабилност при возење
употребата на стабилизатор се
препорачува.
Максималната брзина од 80 км/ч не смее да се надмине, дури и во
држави каде што се дозволени
поголеми брзини.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло, ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна натовареност 3 248.
Влечење на приколка Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката еразликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).
Page 186 of 265

184Возење и ракувањеНе смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 236.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка е забележана на
идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.Во случај на оптовареност на
приколката од 1200 кг или повеќе,
вертикалната оптовареност на
влечната спојка не смее да биде
помала од 50 кг.
Натоварување на задната оскаКога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено (вклучувајќи ги и сите
патници), дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) не смее да се надмине.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира
додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи,
држете го воланот колку што може постабилно.Помош за стабилност на
приколката (TSA) е функција на
Електронската програма за
стабилност (ESP® Plus
) 3 169.
Page 187 of 265

Нега на возилото185Нега на возилотоОпшти информации.................186
Додатоци и модификации на возилото ................................ 186
Чување на возилото ..............186
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......187
Прверки на возилото ...............187
Вршење работа ...................... 187
Хауба ...................................... 188
Моторно масло ......................189
Филтер за воздух ...................190
Ладилник ................................ 190
Течност за серво управување ........................... 191
Течност за миење ..................192
Сопирачки .............................. 192
Течност за сопирачките ........192
Акумулатор ............................. 193
Филтер за дизел гориво ........195
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 195
Замена на четкичките на бришачите ............................. 196
Замена на сијалиците ..............197
Предни фарови ......................197Фарови за магла ....................198
Предни трепкачи ....................199
Задни светла .......................... 199
Странични трепкачи ..............200
Средишно високо монтирано стоп-светло ........................... 200
Светло за рикверц .................201
Светло за регистарската табличка ................................ 202
Заден фар за магла ...............202
Внатрешни светла .................203
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 203
Електричен систем ..................204
Осигурувачи ........................... 204
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......205
Прирачен алат ......................... 208
Алати ...................................... 208
Тркала и гуми ........................... 209
Гуми ........................................ 209
Зимски гуми ............................ 209
Ознаки на гумите ...................209
Притисок на гумите ................ 210
Систем за следење на
притисокот на гумите ...........211
Длабочина на шарата ...........214
Менување на големината на гумите и тркалата .................214Раткапни................................. 214
Синџири за гуми ..................... 215
Комплет за поправање гуми . 215
Менување тркала ................... 218
Резервно тркало ....................220
Палење со кабли ......................222
Влечење ................................... 224
Влечење на возилото ............224
Влечење друго возило ..........225
Нега за изгледот ......................226
Нега на надворешноста ........226
Нега на внатрешноста ........... 228
Page 188 of 265

186Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди)
може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз потрошувачката на гориво,
испуштањето CO 2 и други
испуштања од возилото и да
предизвикаат возилото повеќе дане ја почитува дозволата за
работа, што ќе влијае врз важноста на регистрацијата на возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Исперете го возилото. Полирајте ги обоените делови
на возилото со полир-паста.
Надворешна нега 3 226.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво целосно.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или во рикверц. Спречете го возилото од тркалење.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
Page 189 of 265

Нега на возилото187Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го новито на течноста за ладење.
● Бидејќи рокот на траење на AdBlue е ограничен на две
години, течноста треба да се
замени ако е премногу стара.
Побарајте помош од
автомеханичар.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја работава само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето. Возилото не смее да
биде во Autostop 3 152.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење генерира
крајно високи волтажи. Не
допирајте ги.
За полесно препознавање,
капачињата за дотурање моторно
масло, течност за сопирачките,
течност за ладење, течност за
миење и рачката од прачката за
мерење на нивото на маслото се
жолти.
Page 190 of 265

188Нега на возилотоХаубаОтворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
првобитната положба.
Поместете го налево
безбедносното резе што се наоѓа
малку надесно од средината, па
подигнете ја хаубата.
Багажникот се држи отворен
автоматски со подигач.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот автоматски ќе
се запали повторно поради
безбедноста.
Систем за сопирање-поаѓање
3 152.
Внимание
Проверете дали бришачот на
шофершајбната е исклучен
пред да ја отворите хаубата
3 93.
Затворање
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(приближно 30 см). Проверете
дали хаубата е заглавена.
Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
9 Предупредување
Дури и во случај на мал челен
судар, безбедносното резе за
хаубата треба да го провери
автомеханичар.