service OPEL VIVARO C 2020 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2020, Model line: VIVARO C, Model: OPEL VIVARO C 2020Pages: 321, PDF Size: 10.33 MB
Page 5 of 321

Вовед3Податоци што сеспецифични за возилото
Ве молиме да ги внесете
податоците на Вашето возило на
претходната страница за да се
чуваат лесно достапни.
Видете во деловите „Сервисирање
и одржување“, „Технички
податоци“, идентификациската
табличка на возилото и
националните документи за
регистрација.
Вовед
Вашето возило Zafira Life / Vivaro е
планирана комбинација на
напредна технологија, безбедност, екологија и економичност.
Овој Сопственички прирачник Ви ги
дава сите потребни информации
за да можете да го возите Вашето
возило безбедно и ефикасно.
Уверете се дека Вашите патници
се свесни за можните ризици од
несреќи и повреди што може да
произлезат од неправилната
употреба на возилото.Секогаш морате да ги исполнувате
специфичните закони и прописи на земјата во којашто се наоѓате.
Закониве може да бидат поинакви
од информациите во овој
Сопственички прирачник.
Не водењето сметка за описот
даден во овој прирачник може да
влијае на вашата гаранција.
Кога Прирачников споменува
посета кај автомеханичар, го
препорачуваме Вашиот Партнер
на Opel Service.
Сите Партнери на Opel Service пружаат првокласни услуги по
пристапни цени. Искусните
механичари обучени од Опел
работат според посебни Опелови
упатства.
Пакетот со литературата за
купувачот секогаш треба да се чува при рака во возилото.
Користење на
прирачников
● Овој прирачник ги опишува сите опции и својства достапниза овој модел. Извесни описи,вклучувајќи ги оние за
функциите на екранот и
изборниците, може да не важат
за Вашето возило поради
верзијата на моделот,
спецификациите на земјата,
специјалните опреми или
додатоци.
● Во поглавјето „Накратко“ ќе најдете првичен преглед.
● Содржината на почетокот на прирачников и во секое
поглавје покажува каде се
наоѓа информацијата.
● Индексот ќе Ви овозможи да пребарувате специфични
информации.
● Овој Сопственички прирачник прикажува возила со воланот
од левата страна. Ракувањето
со возилата со воланот од десната страна е слично.
● Сопственичкиот прирачник го користи кодот на
идентификатор на моторот.
Соодветната комерцијална
ознака и инженерски код се
наоѓаат во поглавјето
„Технички податоци“.
Page 119 of 321

Инструменти и контроли117го нивото на моторното масло
рачно со користење на прачката за
мерење.
Екран за сервисирање
Системот за сервис информира
кога да се променат моторното
масло и филтерот или кога е
потребен сервис на возилото. Врз
основа на условите за возење,
периодот за потребно менување на моторното масло и филтерот може
значително да се разликува.
Информации за сервисирањето
3 289.
Известување дека треба да се
посети сервис се прикажува во
Информативниот центар за
возачот неколку секунди откако ќе
се вклучи палењето.
Ако не е потребен сервис во
следните 3000 км или повеќе, на
екранот не се појавува
информација за сервис.
Ако е потребно сервисирање во
следните 3000 км, A привремено
светнува како потсетник.
Преостанатото растојание иливреметраење се прикажува
истовремено неколку секунди. Во
зависност од верзијата,
поминатото растојание од крајниот рок се прикажува во
Информативниот центар за
возачот.
Ако е потребен сервис за помалку
од 1000 км, A трепка, па свети
постојано. Преостанатото
растојание или времетраење се
прикажува неколку секунди.
Преостанатото растојание или
времетраење се прикажува
истовремено неколку секунди. Во
зависност од верзијата,
поминатото растојание од крајниот
рок се прикажува во
Информативниот центар за
возачот.
За надминатото растојание за
сервис се известува преку порака
во Информативниот центар за
возачот каде што е наведено и
надминатото растојание. A
трепка, па свети постојано додека не се изврши сервисот.Дополнително, контролната
сијаличка C или SERVICE
светнува.
Ресетирање на интервалот за
сервис
По секој сервис, показателот за
сервис мора да се ресетира за да се обезбеди правилна работа. Се
препорачува да побарате помош
од автомеханичар.
Ако вие го извршите сервисот,
направете го следново:
● исклучете го палењето
● притиснете и задржете F , G или CHECK
● вклучете го палењето, показателот за растојанието
започнува да одбројува
● кога на екранот ќе се прикаже =0, отпуштете го копчето и
A исчезнува
Page 122 of 321

120Инструменти и контролиСе пали кога ќе се вклучи палењето
и се гасне кратко по палењето на
моторот.
Свети додека работи моторот Застанете, изгаснете го моторот.
Акумулаторот не се полни. Може да биде прекинато ладењето на
моторот. Серво уредот на
сопирачките може да престане да
биде ефективен. Побарајте помош
од автомеханичар.
Индикаторско свтело за
дефект
W симболот свети или трепка
жолто.
Се пали кога ќе се вклучи палењето
и се гасне кратко по палењето на
моторот.
Свети додека работи моторот
Дефект на системот за контрола на издувните гасови. Дозволените
ограничувања за издувните гасови
може да бидат пречекорени.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.Ако трепка додека работи
моторот
Грешка која може да доведе до
оштетување на катализаторот.
Смалувајте го давањето на гас
додека не престане трепкањето.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Наскоро сервисирајте го возилото
C или SERVICE свети жолто.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.
Може да свети заедно со други
контролни сијалички и со
соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот.
Побарајте помош од
автомеханичар веднаш.
Гаснење на моторот
STOP свети црвено.
Свети накусо кога ќе се вклучи
палењето.Свети заедно со други контролни
сијалички заедно со
предупредувачки мелодија и
соодветна порака на
Информативниот центар за
возачот.
Изгаснете го моторот веднаш и
побарајте помош од
автомеханичар.
Проверка на системот W свети жолто.
Светнува заедно со STOP.
Откриен е голем дефект на
моторот.
Изгаснете го моторот што е можно
побрзо и побарајте помош од
автомеханичар.
Систем на сопирачки
h свети црвено.
Нивото на течноста за сопирачките
е прениско.