OPEL ZAFIRA B 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: ZAFIRA B, Model: OPEL ZAFIRA B 2014Pages: 243, PDF Size: 7.94 MB
Page 211 of 243

Нега на возилото209Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вреднсот 4 до 9.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Нека Ви ги подмачкува шарките на
вратите со мазиво автомеханичар.
Не го чистете моторниот простор
со компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците: остатоците од полир-
пастата на прозорците ќе ја влошат
видливоста.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла
Капаците на предните фарови и на
другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.
Полирање и нанесување
восок
Редовно полирајте го возилото со
полир-паста (најдоцна кога веќе не
се формираат меури од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Пластичните делови на
каросеријата не смеат да се
намачкаат со восок или средства
за полирање.Прозорци и четкички на
бришачите на
шофершајбната Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење прозорци и средство за вадење
инсекти.
Кога го чистите задниот прозорец
однатре, секогаш бришете го
паралелно со грејачот за да
спречите оштетување.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Чистете ги четкичките на
бришачите што замачкуваат со
мека крпа и средство за чистење на
прозорци.
Page 212 of 243

210Нега на возилото
Подвижен покрив
Никогаш не чистете го со раствори или нагризувачки средства, горива,агресивни средства (на пр.
растворувачи на бои, раствори што
содржат ацетон итн.) киселини или многу алкални средства или
абразивни сунѓери. Не ставајте
восок или средства за полирање во
средишниот дел на панорамскиот
покрив.
Тркала и гуми
Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.
Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и шасијата.
Оштетување на бојата Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.Подвозје
Некои предели на подвозјето на
возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели
имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
восок ако е потребно.
Битуменски/гумени материјали може да го оштетат премазот од
PVC. Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.
Моторниот простор
Пределите на моторниот простор
кои се бојосани со иста боја како и
возилото мора да се негуваат како
што сите други обоени површини.
Препорачано е да се измие
моторниот простор пред и по
зимата, и да се заштити со восок.
Пред миењето на моторот,
заштитете ги алтернаторот ирезервоарот на течноста за
сопирачките со пластични
покривки.
Кога го мијете моторот со
компресорска млазница, не
насочувајте го млазот кон
деловите на системот за
деблокирање на сопирачките,
системот за климатизација или
погонскиот ремен и неговите
делови.
По миењето на моторот, нека Ви ги заштитат сите компоненти на
моторниот простор кај
автомеханичар со употреба на
заштитен восок.
Не користете компресорски
млазници за чистење.
Возила со природен гас Не го насочувајте компресорска
млазница со голем притисок кон компонентите на системот за
природниот гас. Особено важно е
да се заштитат резервоарот за
природен гас и вентилите за
Page 213 of 243

Нега на возилото211
притисок на каросеријата на
возилото и преградата во
моторниот простор.
На тие компоненти не смеат да се
користат хемиски средства за
чистење или конзерванси.
Нека Ви ги исчисти компонентите
на системот за природен гас
автомеханичар овластен да
изведува одржување на возила со природен гас.
Опрема за влечење Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Нега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир
Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.Чистете го кожениот тапацир со
вода и мека крпа. Доколку е многу
извалкан, користете средство за
чистење кожа.
Групата инструменти и екраните
треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење на тапацирот.
Ткаенината на преслеките може да не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворете ги Велкро патентите
бидејќи отворени Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и на
облеката со предмети со остри
рабови, на пр. патенти, каиши
или фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото
средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.
Page 214 of 243

212Сервисирање и одржувањеСервисирање и
одржувањеОпшти информации .................212
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 213Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Европски сервисни периоди
Вашето возило треба да се
одржува на секои 30.000 км или на 1 година, што и да е прво.
Европскиот распоред важи за
следните држави:
Андора, Австрија, Белгија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Кипар, Чешка, Данска, Естонија,
Финска, Франција, Германија,
Грција, Гренланд, Унгарија,
Исланд, Ирска, Израел, Италија,
Летонија, Литванија, Луксембург,Македонија, Малта, Црна Гора,
Холандија, Норвешка, Полска,
Португалија, Романија, Словачка,
Словенија, Шпанија, Шведска,
Швајцарија, Обединетото
кралство.
Меѓународни сервисни периоди Вашето возило треба да се
одржува на секои 15.000 км или на 1 година, што и да е прво.
Меѓународните сервисни периоди
важат за државите кои не се
наброени кај европските сервисни
периоди.
Потврдувања Потврдите на сервисирањето се
евидентира во Сервисната и
гаранцијската книшка. Датумот и
километражата се дополнува со
печат и подпис на работилницата
на сервисирањето.
Проверете дека Сервисната и
гаранцијската книшка е дополнета
исправно пошто постојаното
заверување на сервисирањето е
Page 215 of 243

Сервисирање и одржување213
суштинско ако било каква
рекламација или добронамерно барање треба да се исполни, и исто
така е корисно при продавање на
возилото.
Фиксни сервисни периоди Кога сервисирањето е актуелно,
InSP се појавува на сервисниот
екран за околу 10 секунди кога ќе
се вклучи палењето. Нека Ви го
изврши следното сервисирање
автомеханичар во рок од
една недела или за 500 км (што и
да е прво).
Флексибилни периоди на
сервисирањето
Периодот за сервисирање е
заснован врз повеќе параметри
зависно од употребата и се
пресметува со употреба на тие
параметри.
Ако преостанатото растојание е
помало од 1500 км, се прикажува
InSP заедно со преостанато
растојание од 1000 км кога
палењето ќе се вклучи, па исклучи. Ако остануваат помалку од1000 км, се прикажува InSP за
повеќе секунди. Нека Ви го изврши
следното сервисирање
автомеханичар во рок од
една недела или за 500 км (што и
да е прво).
За прикажување на преостанатото
растојание:
1. Исклучете го палењето.
2. Накратко притиснете го копчето
за ресетирање од дневната
километража. Цифрите на
одометражата се покажуваат.
3. Притиснете го и држете го копчето за ресетирање околу
2 секунди. Ќе се прикажат InSP
и преостанатото растојание.Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течностии средства за
подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации. Штетата што ќе
настане како резултат на
употребата на производи кои не се во склад со овие спецификации
нема да биде покриена со
гаранцијата.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.
Page 216 of 243

214Сервисирање и одржување
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозитет дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските
и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети. Препораките
за бензински мотори важат и за
моторите на компримиран
природен гас (CNG), течен нафтен
гас (LPG) и етанол (E85).Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 219.
Дотурање моторно масло
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Употребата на моторни масла
само со квалитет ACEA A1/B1 или A5/B5 е забрането, бидејќи тие
може да предизвикаат долгорочни
оштетувања на моторот во
одредени работни услови.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 219.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.Класи по вискозитет на моторното
масло
SAE класата по вискозитет дава информација за густината на
маслото.
Вискозитетот на маслото е
означено со две цифри, на пример, ЅАЕ 5W-30. Првата цифра следена
од W, означува вискозитет на ниска
температура, додека втората
цифра означува вискозитет на
висока температура.
Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 219.
Сите препорачани класи
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и
антифриз Употребувајте само антифриз без
силикати и долговечни (LLC).
Системот e фабрички наполнет со
течност за ладење предвидена за
одлична заштита од корозија и
заштита од замрзнување до околу
Page 217 of 243

Сервисирање и одржување215
-28 °C. Оваа концентрација требада се одржува во текот на целата
година. Употребата на
дополнителни адитиви за течноста
за ладење кои се предвидени да
дадат дополнителна заштита од
корозија или изолација против
помали протекувања може да
предизвикаат функциски
проблеми. Одговорноста за
последиците кои произлегуваат од употребата на дополнителни
адитиви за течноста за ладење ќе
биде одбиена.
Течност за сопирачките и за
куплунгот
За возилото користете само
течност за сопирачките со високи
перформанси, посоветувајте се со
својот автомеханичар.
Со времето течноста за
сопирачките ќе апсорбира влага и
ќе се намали нејзината
ефективност. затоа течноста за
сопирање треба д асе замени во предвидените временски периоди.Секогаш чувајте ја течноста за
сопирачките во затворен сад за да
се избегне впивањето на водата.
Внимавајте течноста за сопирање
да се загади.
Page 218 of 243

216Технички податоциТехнички податоциИдентификација на возилото..216
Податоци за возилото .............219Идентификација на
возилото
Идентификациски број
на возилото
Идентификацискиот број на
возилото е врежан на
идентификациската табличка и на
ивицата на подот, под покривката на подот, видливо под капак.
Идентификацискиот број на
возилото може да биде втиснат на
таблата со инструменти видливо
преку шофершајбната.
Page 219 of 243

Технички податоци217Идентификациска
табличка
Идентификациската табличка е
закачена на рамката на предната
десна врата.
Информации на
идентификациската табличка:
1=Производител2=Број на сообраќајната
дозвола3=Идентификациски број на
возилото4=Дозволена бруто тежина на
возилото во кг5=Дозволена бруто влечна
тежина во кг6=Најголема дозволена
оптовареност на предната
оска во кг7=Најголема дозволена
оптовареност на задната оска
во кг8=Податоци спесифични за
возилото или за земјата
Вкупниот износ на оптовареноста
на предната и задната оска не смее да ја надмине дозволената бруто
тежина на возилото. На пример,
ако предната оска ја носи
максимално дозволената
оптовареност, задната оска смее
да носи само товар што е еднаков
на бруто тежината на возилото
минус оптовареноста на предната
оска.
Техничките податоци се одредени
во согласност со стандардите на
Европската Заедница. Го
задржуваме правото да вршиме
измени. Спецификациите во
документите на возилото секогаш
се поважечки од оние дадени во
овој прирачник.
Page 220 of 243

218Технички податоциИдентификација на
моторот
Табелите со технички податоци ја
покажуваат идентификациската
шифра на моторот. Податоци за
моторот 3 222.
За да го идентификувате моторот,
видете ја силата на моторот во
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со Вашето возило или другите национални документи за
регистрација.