OPEL ZAFIRA B 2014 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014, Model line: ZAFIRA B, Model: OPEL ZAFIRA B 2014Pages: 243, PDF Size: 7.94 MB
Page 51 of 243

Седишта, потпирачи49
Забелешка
Само одобрени додатоци може да се закачат за потпирачот за главана совозачкото седиште, ако
седиштето не е во употреба.Предни седишта
Положба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
■ Седете така да задникот да биде
колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете го
растојанието помеѓу седиштето
и педалите така што нозете ќе
бидат малку свиткани кога ги
притиснувате педалите. Лизнете
го совозачкото седиште колку е
можно поназад.
■ Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете ја
накосеноста на потпирачот за
грб така што ќе може лесно да се дофати воланот со благо
свиткани лакти. Гледајте да има
контакт помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го вртите
воланот. Не го навалувајте
потпирачот за грб премногу
назад. Препорачуваме
максимална накосеност од околу
25°.
■ Местење на воланот 3 84.
■ Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти на
екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот. Колковите
Page 52 of 243

50Седишта, потпирачи
би требало да лежат лесно врз
седиштето без да го притискаат
него.
■ Наместете го потпирачот за глава 3 47.
■ Наместете ја височината на безбедносниот ремен 3 59.
■ Намастете го потпирачот за колковите така што ќе има
простор со ширина од околу два прста помеѓу работ на седиштето и шуплината на коленото.
■ Наместете го потпирачот за половината така што ќе го
поткрепува природниот облик
на ’рбетот.
Местење на седиштата9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
Местење на положбата на
седиштето
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Наслони на седиштата
Свртете го тркалцето. Не
навалувајте се на потпирачот за грб кога го местите.
Page 53 of 243

Седишта, потпирачи51
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре=повисокоудолу=понискоНавалување на седиштата
Полечете го лостот, наместете ја
наваленоста со движење на
тежината на телото. Отпуштете го
лостот и чујно заглавете го
седиштето во положбата.
Потпирач за половината
Свртете го тркалцето. Не
навалувајте се на потпирачот за грб кога го местите.
Page 54 of 243

52Седишта, потпирачи
Приспособлив потпирач заколковите
Притиснете го копчето и слизнете
го потпирачот колковите.
Преклопување на
седиштето
Притиснете го потпирачот за глава надолу.
Лизнете го седиштето назад.
Кренете го лостот за
ослободување, преклопете го
потпирачот за грб напред и
заглавете го.
За да се врати во исправената
положба, кренете го лостот за
ослободување и чујно заглавете го
потпирачот за грб.
Потпирач за рака
Турнете го кренатиот потпирач за
рака наназад до отпорот и
преклопете го надолу.
Потпирачот за рака може да се
помести во разни положби
постепено со дигање.
Page 55 of 243

Седишта, потпирачи53Греење
Дотерајте го греењето во саканата
поставка со притискање на копчето
ß за седиштето еднаш или повеќе
пати при вклучено палење.
Контролната сијаличка во копчето
ја покажува поставката.
Долготрајната употреба на
највисоката поставка не се
препорачува за луѓе со
чувствителна кожа.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот.
Задни седишта
Втор ред на седиштата9 Предупредување
Кога се мести редот на
седиштата или потпирачите за грб, држете ги рацете далеку од пределот на шарките.
Движење на редот на
седиштата
Пристиснете го лостот за
ослободување нанапред и
слизнете го редот на седиштата.
Ослободете го лостот и чујно
заглавете ги седиштата.
Преклопување на редот наседиштата и лизгање
нанапред
Извадете го капакот на багажниот
простор по потреба 3 74.
Клизнете ги потпирачите за глава
надолу 3 47.
Ставете ги патент бравите на
безбедносниот ремен во џебовите
на седиштето.
Page 56 of 243

54Седишта, потпирачи
Притиснете го лостот за
ослободување 1 надолу и завртете
го седиштето угоре додека не се
заглави.
Притиснете го лостот за
ослободување 2 надолу на двете
страни, ставете го потпирачот за
грб во исправената положба и
заглавете го.
Повлечете ја рачката на задната страна од средишниот потпирач за
грб, исправете го потпирачот за грб и заглавете го.
Притиснете го лостот за
ослободување 3, слизнете го
широкото седиште во најпредната положба и заглавете го.
За враќање, притиснете го лостот
за ослободување 3 и лизнете го
широкото седиште во саканата
положба. Наместете го
потпиртачот за грб и користете го
лостот за ослободување 1 за да се
сврти седиштето удолу. Сите
положби треба да се заглават
чујно.
Дотерајте ги потпирачите за
грб на надворешните седиштаПритиснете го лостот за
ослободување надолу, изберете
еден од двете навалености,
ослободете го лостот и заглавете
го потпирачот за грб.9 Предупредување
Патниците смеат да патуваат
само на такво седиште чијшто потпирач за грб е правилно
заглавен во наназад
преклопената положба.
9 Предупредување
Возете го возилото само ако
потпирачите за грб се цврсто
закочени во положбата. Инаку
има ризик од лична повреда или оштетување на товарот или на
возилото во случај на силно
сопирање или судир.
Page 57 of 243

Седишта, потпирачи55
Преклопување нанадворешните потпирачи за
грб надолу
Извадете го капакот на багажниот
простор по потреба 3 74.
Клизнете ги потпирачите за глава
надолу 3 47.
Ставете ги бравите на
безбедносниот ремен во џебовите
на седиштето.
Притиснете го лостот за
ослободување надолу, наместете
го потпирачот за грб во исправена
положба или наклонет напред или
преклопете го врз седалото и
заглавете го.
За местење нагоре, притиснете го
лостот за ослободување надолу и
заглавете го потпирачот за грб во
саканата положба.
Преклопување на средниот потпирач за грб надолу
Притиснете го потпирачот за глава надолу докрај 3 47.
Ставете ги бравите на
безбедносниот ремен во џебовите
на седиштето.
Повлечете ја рачката од задната
страна, наместете го потпирачот за грб во исправена положба или
преклопете го врз седалото и
заглавете го.
За враќање, повлечете ја рачката,
исправете го заглавете го во
саканата положба.
Средишниот потпирач за грб може
да се користи како потпирач за рака кога е преклопен надолу, и содржи
држачи за чаша и складишни
прегради.
Page 58 of 243

56Седишта, потпирачиТрети ред на седиштата9Предупредување
Кога седиштата се местат
нагоре или се склопуваат, не ги
држете рацете близу до
шарките.
Местење на седиштата
Извадете ги покривката на подот и
капакот на товарниот простор
3 75.
Турнете го лостот напред и
слизнете го вториот ред на
седиштата напред до ознаката.
Протнете ги безбедносните
ремени преку држачите за нив и
вметнете ги металните јазичиња во
држачите.
9 Предупредување
Пред да се вратат, сите
компоненти треба да се извадат од страничните шини во
багажниот простор и
безбедносните ремени да се
закачат за алките на
безбедносните ремени во подот на возилото без да се превртат.
Од багажниот простор повлечете
го седиштето нагоре за рачката.
Page 59 of 243

Седишта, потпирачи57
Слизнете го седиштето наназад
додека не се испарви и не се
заглави чујно. Потпирајте го
горниот дел на потпирачот за грб
со раката.
Слизнете го вториот ред на
седиштата во саканата положба и
заглавате го.
Безбедносни ремени 3 59.
Наместете го капакот на товарниот простор со ставање зад третиот
ред на седиштата 3 74.
Сложување на седиштата
Извадете го капакот на товарниот
простор 3 74.
Турнете го лостот нанапред и
слизнете го вториот ред на
седиштата нанапред до ознаката.
Притиснете ја патент бравата за да
се ослободи и слизнете ги
потпирачите за глава од третиот ред се докрај надолу.
Протнете ги безбедносните
ремени преку држачите за нив и
вметнете ги металните јазичиња во
држачите.
Од багажниот простор притиснете
го копчето на горниот дел на
потпирачите за глава и спуштете го потпирачот за грб. Користејќи ја
рачката на седиштето, турнете го
наназад и угоре и потоа свртете го седиштето нанапред додека не се
спушти во подот на возилото.
Држете го седиштето за рачката за
време на целата постапка.
Page 60 of 243

58Седишта, потпирачи
Вметнете ги лежиштата на
ременот во процепот на подот и
затворете го капакот.
Ставете го капакот на просторот за складирање во подот и на
товарниот простор 3 75, 3 74.
Лизнете го вториот ред на
седиштата во саканата положба и
заглавате го.
Безбедносни ремени
Ременети се се заклучуваат при
хагло забрзување или забавување
на возилото поради безбедноста
на патниците.
9 Предупредување
Пред секое патување врзете ги
безбедносните ремени.
Во случај на сообраќајка, луѓето кои не се врзани со ремени ги
загрозуваат своите сопатници и
себеси.
Еден безбедносен ремен е
предвиден за употреба само за
едно лице. Систем за врзување на
деца 3 66.
Периодично проверувајте ги сите
делови од системот на ремените
дали се оштетени, извалкани и
функционални.
Заменете ги оштетените
компоненти. По сообраќајка, нека
Ви ги замени ремените и
активираните затегнувачи на
ремените автомеханичар.
Забелешка
Уверете се дека ремените не се
оштетени или приклештени со
остри предмети. Спречувајте го влегувањето на нечистотија во
механизмите за вовлекувањ на
ремените.
Контролна сијаличка за
безбедносните ремени X 3 95.