OPEL ZAFIRA C 2014.5 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2014.5, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2014.5Pages: 153, PDF Size: 2.44 MB
Page 141 of 153

Телефон141
одредена шифра може да смени
било когаш. Од безбедносни
причини, за спарување уреди
треба да се користи произволно
одбрана шифра од четири бројки.
Изберете го Change Bluetooth code
(менување на Bluetooth шифрата) .
На прикажаниот изборник уредете
ја фактичката Bluetooth шифра и
прифатете ја модификуваната
шифра користејќи OK (во ред).
Соединување на мобилен телефон
преку SIM Access Profile (SAP)
(профилот со ристап до SIM-от)
Изберете го Add SIM access device
(додавање уред за SIM пристап) .
Телефонскиот портал скенира да
најди достапни уреди и прикажува
листа со најдените уреди.
Забелешка
Мобилниот телефон мора да има активиран Bluetooth и да биде
наместен во положбата „видлив“.Одберете го саканиот мобилен
телефон од списокот. SAP шифра
за продолжување се покажува на
Инфозабавниот екран како порака
која содржи 16 цифри.
Внесете ја прикажаната SAP
шифра во мобилниот телефон (без прекини). PIN шифрата на
мобилниот телефон се покажува на Инфозабавниот екран.
Ако функцијата PIN request
(барање на PIN-от) е активна,
корисникот ќе треба да ја внесе PIN
шифрата на SIM картичката во
мобилниот телефон.
Page 142 of 153

142Телефон
Внесете ја PIN шифрата на SIM
картичката на мобилниот телефон. Мобилниот телефон е спарен со
телефонскиот портал. Услугите на
опреторот на мобилната мрежа
можат да ес користат преку
телефонскиот портал.
Приклучување на мобилен
телефон снимен на списокот
на уредите
Изберете го саканиот мобилен
телефон и потоа изберете ја
опцијата Select (одбирање) во
прикажаниот изборник.
Штом порталот за мобилен
телефон ќе го примети мобилниот
телефон, воспоставувањето на
врската може да се потврди.
Со мобилниот телефон може да се ракува преку порталот за мобилен
телефон.
Отстранување мобилен
телефон од списокот науредите
Одберете го саканиот мобилен
телефон од списокот на уредите.
Во прикажаниот изборник
одберете го Delete (бришење) и
потврдете ја наредната порака.
Поставување на
приклучениот телефон
Разни поставки на мобилниот
телефон можат да се
конфигурираат во изборникот
Phone settings (поставки на
телефонот) , ако телефонот е
приклучен преку SAP.
Прилагодување на тонот на
ѕвонење
Менување на карактеристиките на
тонот на ѕвонење:
Притиснете го копчето CONFIG.
Одберете го Phone settings
(поставки на телефонот) и потоа
Ring tone (тон на ѕвонењето) .
Одберете ја саканата опција.
Page 143 of 153

Телефон143
Менување на јачината на тонот на
ѕвонење:
Додека ѕвони телефонот, вртете го копчето m на Инфозабавниот
систем или притиснете ги
копчињата + / - на воланот.
Менување на безбедносните
поставки
Притиснете го копчето CONFIG.
Одберете го Phone settings
(поставки на телефонот) и потоа
Security (безбедност) .
Дијалогот security (безбедност) се
прикажува.
Активирање/деактивирање на
потребата на PIN
Изберете го PIN request (барање
на PIN-от) On (вклучување) или Off
(исклучување) .
Внесете ја PIN шифрата на SIM картичката на мобилниот телефон.
Забелешка
Оваа опција зависи од
поединечниот оператор на
мрежата.Менување на PIN шифратаИзберете го Change PIN ( менување
на PIN-от) .
Внесете ја актуелната PIN шифра. Внесете ја новата PIN шифра.
Повторете ја новата PIN шифра и
потврдете ја. PIN шифрата се
сменила.Конфигурирање на услугите на
мрежата
Одберете го Phone settings
(поставки на телефонот) и потоа
Network services (мрежни услуги) .
Дијалогот Network services (услуги на мрежата) се прикажува.
Зависно од операторот на мрежата
и од мобилниот телефон неколку
опции се достапни.
■ Network selection (одбирање на
мрежата) : изберете меѓу
автоматско или рачно одбирање
на мрежата.
■ Call waiting (чекање со повик) :
активирање или деактивирање на паузирањето на повикот.■ Call diverting (пренасочување на
повик) : изберете опции за
пренасочување зависно од
ситуацијата.
■ Call barring (одбивање на повик) :
конфигурирајте опции за
блокирање на повици зависно од
ситуацијата.
За детали на конфигурирањето на услугите на мрежата погледајте во
прирачникот на мобилниот
телефон или обрнете се кон
операторот на мрежата.
Конфигурирање на бројот на SMS
центарот
Бројот на SMS центарот е
телефонски број кој функционира
како премин за трансферирање на
SMS пораките помеѓу мобилните
телефони. Овој број обично е
опредлен од опраторот на
мрежата.
За конфигурирање на бројот на
SMS центарот изберете го Phone
settings (поставки на телефонот) а
потоа SMS centre number (број на
Page 144 of 153

144Телефон
СМС центарот). Ако е потребно
изменете го бројот на SMS
центарот.
Ресетирање на фабричните
поставки на мобилниот телефон
Одберете го Phone settings
(поставки на телефонот) и потоа
Restore factory settings (враќање на фабричките поставки) .
Итен повик9 Предупредување
Воспоставувањето на врската
не може да се гарантира во сите
ситуации. Затоа немојте да се потпрете исклучиво врз
мобилен телефон кога се
работи за мошне битна
комуникација (на пр. итен
медицински случај).
Во некои мрежи може да биде
неопходно за важечка SIM
картичка да се вметне правилно во мобилниот телефон.
9 Предупредување
Имајте на ум дека можете да се
јавувате и да примате повици со мобилниот телефон ако истиот
е во подрачје со услуги со
доволно силен сигнал. При
извесни околности не може да
се започнат повици за итни
случаи на сите мрежи за
мобилни телефони; возможно е
дека тие не можат да се
започнат кога не се активни
извесни услуги на мрежата и/
или телефонски функции.
Можете да се распрашате за тоа
кај опслужувачите на локалната мрежа.
Бројот за јавување во итни
случаи може да биде поинаков
зависно од регионот и
државата. Ве молиме да се
распрашате однапред за
правилниот број за јавување во
итни случаи за соодветниот
регион.
Јавување во случај на
опасност Вртете го бројот за итни повици
(на пр. 112).
Телефонската врска со центарот
за повици во случаи на опасност се воспоставува.
Одговорете кога персоналот од службата Ве праша за опасноста.9 Предупредување
Не го завршувајте повикот
додека од Вас не се побара да
го сторите тоа од страна на
центарот за повици за итни
случаи.
Ракување
Вовед
Штом ќе се воспостави врска
преку Bluetooth-от помеѓу Вашиот
мобилен телефон и
Инфозабавниот систем, можете да
ракувате со многу функции на
Вашиот мобилен телефон и преку
Инфозабавниот систем.
Page 145 of 153

Телефон145
Преку Инфозабавниот систем
можете, на пр., да воспоставувате
врска со телефонските броеви
зачувани во вашиот мобилен
телефон или да ги менувате
истите.
Забелешка
Во режимот за разговор без раце ракувањето со мобилниот
телефон и понатаму ќе биде
возможно, на пр. примање на
повик или дотерување на
гласноста.
По воспоставувањето на врската
помеѓу мобилниот телефон и
Инфозабавниот систем
податоците од мобилниот телефон
му се предаваат на
Инфозабавниот систем. Тоа може
да потрае некое време зависно од
моделот на телефонот. За тоа
време ракувањето со мобилниот
телефон е возможно само во
ограничена мера преку
Инфозабавниот систем.
Не секој телефон ги поддржува
сите функции на порталот за
мобилен телефон. Затоаотстапување од опсегот на
функциите опишани за овие
специфични телефони е можно.
Местење на гласноста зауредот за разговор без
употреба на раце
Свртете го копчето m на
Инфозабавниот систем или
притиснете ги копчињата + / - на
воланот.
Вртење на телефонски бројСо главниот изборник на
телефонот активен, притиснете го
копчето за повеќе функции за да се отвори менито за ракување со
телефонот.
Неколку опции се достапни за
вртење на телефонски броеви, за
употреба на адресарот и на
листата со повиците и уредување
на пораките.
Со употреба на наредбата Phone
off (телефонот е исклучен)
приклучениот телефон може да се
откачи од телефонскиот портал.
Внесување број рачно
Page 146 of 153

146Телефон
Одберете го Enter number
( внесување број) и потоа внесете ја
саканата низа броеви.
Одберете го Call (јавување) за да
го почнете процесот на вртењето.
Можете да се префрлите на
изборникот на телефонскиот
именик со одбирање на PB.
Телефонски именик
По воспоставувањето на врската
телефонскиот именик се
споредува со телефонскиот
именик во привремената меморија,
под услов да се поврзани истата
SIM картичка или истиот телефон.
За тоа време не се прикажува
ниедно ново додадено внесување.
Ако SIM картичката или телефонот
се различни, телефонскиот именик
повторно се полни. Процесов може
да потрае неколку минути зависно
од моделот на телефонот.Одбирање телефонски број од
телефонскиот именик
Изберете го Phone book (адресар) .
Во прикажаниот изборник
одберете ја категоријата за
саканата прва буква за да почне
претходно избирање на
внесувањата во телефонскиот именик кои сакате да се прикажат.
Забелешка
Внесовите во телефонскиот
именик се пренесуваат како што
се пренесуваат од мобилниот
телефон. Претставувањето и
редоследот на внесовите во
телефонскиот именик можат да се разликуваат на екранот на
системот за Инфозабава и на
екранот на мобилниот телефон.
Откако сте го извршиле
претходното избирање: одберете
го саканото внесување во
телефонскиот именик за да се
прикажат броевите зачувани под
тоа внесување.
Page 147 of 153

Телефон147
Одберете го саканиот број за да го
почнете процесот на вртењето.
Списоци со повици
Преку изборникот Call lists (списоци
на повици) корисникот може да ги
погледа дојдовните, излезните и
пропуштените повици и
соодветните броеви може да ги
бира. За да се почне процес на
вртењето: одберете го саканиот
список со повици, внесување од
списокот со повици и конечно
саканиот телефонски број.
Функции на ракувањето со
пораките
Кога мобилниот телефон е спарен
со употреба на модусот SAP,
корисникот може да ги види,
составува пораките и да испраќа
пораки преку телефонскиот
портал. Пораките исто така можат
да се бришат во ово мени.
За да се видат примените пораки:
одберете го Inbox (дојдовна папка) .
За да се видат испратените пораки: одберете го Outbox (излезна
папка) .
За составување порака: одберете
го Write new message (пишување
нова порака) .
Забелешка
Пораките се ограничени на
70 знаци.
Дојдовни повици
Кога има дојдовен повик, се
прикажува изборник за да можете
да го прифатите или одбиете
телефонскиот повик.
Изберете ја саканата опција.
Функции за време на
телефонски повик
Ако во моментов телефонирате,
притиснете го копчето за повеќе
функции за да се отвори
подизборник.
Достапни се разни опции зависно
од ситуацијата и функцискиот обем на мобилниот телефон:
■ Hang up (затворање на
телефонот) : прекинете ја
телефонската врска.
Page 148 of 153

148Телефон
■Call number (повикување на
број) : внесете телефонски број
за да започнете втор телефонски повик или да извршите DTMF
(вртење со тонско бирање), на
пр. за звучното поштенско
сандаче или телефонски
банковни услуги.
■ Detach call (одделување на
повикот) : откачете ја врската кон
некој конференциски учесник при
телефонска конференција.
■ Merge calls (спојување на
повици) : соединете два повика
кога има повеќе активни повици.
■ Switch calls (префрлување меѓу
повиците) : префрлувајте се
помеѓу повиците, ако има повеќе повици.
■ Mute call (стишување на
повикот) : стишете го повикот.Мобилни телефони и ЦБ
радио опрема
Упатства за инсталација и
насоки за ракување Специфичните упатства за
инсталација за возилото и
насоките за ракување на
производителот мобилниот
телефон и уредот за разговор без
раце мора да се запазат кога се
инсталира и ракува со мобилен
телефон. Инаку може да се
обезважи одобрението за видот на
возилото (Директива на
ЕУ 95/54/EC).
Препораки за ракување без
проблеми:
■ Професионално инсталирана надворешна антена за добивањенајголем можен опсег,
■ Максималната снага на предавателот е 10 вати,
■ Инсталација на телефонот на опгодно место, видете во
соодветната белешка наСопственичкиот прирачник,
поглавје Систем на воздушни
перничиња .
Побарајте совети за претходно
утврдените точки за вградување на
надворешната антена и на држачот на опремата и за начините на
користењето на уреди со
предавателска снага поголема од
10 вати.
Користењето приклучок за
разговор без раце без надворешна
антена со стандардите за мобилни телефони GSM 900/1800/1900 и
UTMS се дозволени само ако
најголемата снага на емитување на мобилниот телефон е 2 вати за
GSM 900 или 1 ват за другите
видови.
Од безбедносни причини, не
користете го телефонот додека
возите. Дури и користењето на
комплет за разговор без раце може
да го одземе вниманието при
возењето.
Page 149 of 153

Телефон1499Предупредување
Ракувањето со радио опреми и
мобилни телефони кои не ги
исполнуваат горенаведените
стандадри за мобилни
телефони, се дозволува само со употребата на антена сместена
надвор од возилото.
Внимание
Мобилните телефони и радио
опремите може да доведат до
неисправности во
електрониката на возилото кога
со нив се ракува внатре во
возилото без надворешна
антена, освен ако не се
почитуваат горенаведените
прописи.
Page 150 of 153

150ИндексААжурирање на списоците со станици ................................... 116
Активирање на контролата на гласот ..................................... 132
Активирање на радиото ...........113
Активирање на ЦД плеерот .....125
В
Вклучување или исклучување на Инфозабавниот систем.... 103
Вклучување на радиото ...........113
Г
Гласност за аутпутот на гласот 132
Д
Дигитална аудио дифузија .......121
З Зачувување на станици.... 114, 115
И
Изборници за бранови должини.................................. 116
Инфозабавен систем гласност во зависност од
брзината на возилото ...........110
гласност на сообраќајните
соопштенија ........................... 110
контроли на звукот на воланот 96контролни елементи................96
максимална гласност при
вклучување ............................ 110
персонализација ....................112
поставки на гласноста........... 110 поставки на тонот ..................108
табла со инструменти .............96
Уред за повеќе функции .........96
Итен повик ................................. 144
К
Контрола на телефонот ...........132
Конфигурирање на DAB ...........121
Конфигурирање на RDS ...........119
Копче за повеќе функции .........104
Копче BACK (назад).................. 104
Користење на Инфозабавниот систем .................................... 103
Користење на радиото .............113
Користење на ЦД плеерот .......125
Користење на AUX приклучокот............................ 128
М
Местење на гласноста .............103
Мобилни телефони и ЦБ радио опрема ........................ 148