OPEL ZAFIRA C 2015 Прирачник за инфозабавата
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2015Pages: 203, PDF Size: 2.94 MB
Page 181 of 203

ЦД-уред181
Забелешка
Оваа ставка е достапна само ако
е вметнато ЦД со MP3.
Вадење на ЦД
Притиснете го копчето d.
ЦД-то се турка нанадвор од
процепот за ЦД.
Ако ЦД-то не се извади по
исфрлувањето, истото автоматски
ќе се повлече повторно назад по
неколку секунди.
Page 182 of 203

182AUX приклучокAUX приклучокОпшти информации.................182
Употреба ................................... 182Општи информации
На контролната плоча на
инфозабавниот систем 3 158 има
влез AUX за поврзување
надворешни извори на звук.
Можно е, на пример, на
приклучокот AUX да се поврзе
преносен ЦД-плеер со машки
приклучок од 3,5 мм.
Забелешка
Штекерот секогаш треба да се
чува чист и сув.
Употреба Притиснете го копчето AUX еднаш
или повеќе пати за да се активира
AUX режимот.
Свртете го копчето m на
Инфозабавниот систем за
прилагодување на гласноста.
Со сите други функции може да се
ракува само преку контролните
елементи на изворот на звук.
Page 183 of 203

USB приклучок183USB приклучокОпшти информации.................183
Репродукција на зачувани
аудио папки .............................. 184Општи информации
Во средишната конзола, под
контролите за климатизацијата,
има USB штекер за приклучување
на надворешни извори на аудио
податоци.
Забелешка
Штекерот секогаш треба да се
чува чист и сув.
Во USB приклучокот може да се
приклучат МП3-плеер, диск USB,
SD-картичка (преку приклучок/
адаптер за USB) или iPod.
Кога се поврзани со USB
приклучокот, со функциите на
горенаведените уреди може да се
управува преку контролите и
изборниците на Инфозабавниот
систем.
Забелешка
Инфозабавниот систем не ги
поддржува сите модели на МП3-
плеери, погони USB, SD-картички
или iPod.Важни информации
■ Надворешните уреди поврзани со USB приклучокот мора да се
усогласени со спецификацијата
за класа мемориски уреди USB
(USB MSC).
■ Уредите поврзани преку USB се поддржани согласно
спецификацијата за USB V 2.0.
Максимална поддржана брзина:
12 Mbit/s.
■ Поддржани се само уреди со систем на датотеки FAT16/
FAT32.
■ Единиците со тврд диск (HDD) не
се поддржуваат.
■ Не се поддржани јазли за USB.
■ Може да се користат следниве формати на фајлови:
ISO9660 Ниво 1, Ниво 2 (Ромео,
Јулија).
Фајловите MP3 и WMA запишани
во некој друг формат освен
наведените погоре може да не се
репродуцираат правилно, а
имињата на нивните фајлови и
Page 184 of 203

184USB приклучок
папки може да не се прикажат
правилно.
■ Следниве ограничувања важат за фајловите зачувани на
надворешниот уред:
Брзина на битови: 8 kbit/s -
320 kbit/s.
Фреквенција на семплување: 48 kHz, 44.1 kHz, 32 kHz (за
MPEG-1) и 24 kHz, 22,05 kHz,
16kHz (за MPEG-2).
■ Следниве ограничувања важат за податоците зачувани на
надворешни уреди поврзани со
USB приклучокот:
Број на снимките: макс. 999.
Број на записи по ниво на папка:
макс. 512.
Длабочина на структурата на
папките: макс. 10 нивоа.
WMA дадотеки со дигитално
ракување со правата (Digital
Rights Management) (DRM) од
онлајн музички продавници не
може да се репродуцираат.
WMA датотеки може да се
репродуцираат безбедно ако сесоздадени со верзијата 9 или
понова на Windows Media Player.
Поддржани наставки на музички
листи: .m3u, .pls, .wpl.
Внесувањата на списокот со
репродукции треба да бидат во
обликот на споените патеки.
Атрибутот на системот за
директориуми/папки кои содржат
аудио податоци не смее да се
поставува.
Репродукција на
зачувани аудио папки Притиснете го копчето AUX еднаш
или повеќе пати за да се активира режимот MP3 или iPod режимот.
Автоматски почнува
репродукцијата на зачуваните
аудио податоци на уредот.
Користење посебни
изборници за уредите
Притиснете го повеќефункциското
копче за да го отворите изборникот на уредот што е моментално
поврзан.
Page 185 of 203

USB приклучок185
Shuffle songs (Мешање на песните)
За да ги репродуцирате сите песни по случаен редослед: поставете ја
функцијата на On (Вкл.).
Забелешка
Ако се активира оваа функција, се прикажува 2 во соодветниот
главен изборник.
Repeat (Повтори)
За слушање песна со
повторување: поставете ја
функцијата на On (Вкл.).
Забелешка
Ако се активира оваа функција, се
прикажува 1 во соодветниот
главен изборник.
Folders (Папки)
За да изберете песна од папка:
изберете Folders (Папки) . Се
прикажува листа на папките на
уредот.
Изберете една од папките, а потоа
изберете го саканиот запис.
Забелешка
Оваа ставка не е достапна ако е
поврзан iPod.
Search... (Се бара...)
За да отворите изборник за барање и избор на записи: одберете
Search... (Се бара...) .
Изберете една од категориите, а
потоа изберете го саканиот запис.
Отстранување уред
За безбедно отстранување на
уредот, изберете Remove USB
(Извади USB) или Eject iPod
(Исфрли iPod) , а потоа откачете го
уредот.
Page 186 of 203

186Музика BluetoothМузика BluetoothОпшти информации.................186
Ракување .................................. 186Општи информации
Изворите на звук со вклучен
Bluetooth (на пр. музички мобилни
телефони, MP3-плеери со
Bluetooth итн.) што го поддржуваат
музичкиот протокол A2DP за
Bluetooth може да се поврзат
безжично со Инфозабавниот
систем.
Важни информации ■ Инфозабавниот систем се поврзува само со уреди Bluetoothшто го поддржуваат A2DP
(Advanced Audio Distribution
Profile - Напреден профил за
дистрибуција на звук)
верзија 1.2 или понова.
■ Уредот Bluetooth мора да поддржува AVRCP (Audio Video
Remote Control Profile - Профил
за далечинско управување со аудио-видео) верзија 1.0 или
понова. Ако уредот не гоподдржува AVRCP, преку
Инфозабавниот систем може да
се контролира само гласноста.
■ Пред да поврзете уред со Bluetooth со Инфозабавниот
систем, запознајте се со
упатството за употреба за
функциите за Bluetooth.
Ракување
Предуслови Следниве предуслови мора да се
задоволени за да се користи
режимот за музика Bluetooth на
Инфозабавниот систем:
■ Функцијата Bluetooth на Инфозабавниот систем мора да
е активна 3 189.
■ Функцијата Bluetooth на надворешниот извор на звук со
Bluetooth мора да е активна
(видете во упатството на
уредот).
Page 187 of 203

Музика Bluetooth187
■ Зависно од надворешниот изворна звук со Bluetooth, може да
биде потребно да се постави
уредот како „видлив“ (видете во
упатството на уредот).
■ Надворешниот извор на звук со Bluetooth мора да биде поврзан
со Инфозабавниот систем
3 189.
Активирање на режимот за
музика Bluetooth Притиснете го копчето AUX еднаш
или повеќе пати за да се активира
режимот за музика Bluetooth.
Репродукцијата на музика преку Bluetooth треба да се почне и
паузира/стопира преку уредот
Bluetooth.
Ракување преку
Инфозабавниот систем
Прилагодување на јачината
Гласноста може да се
приспособува преку
Инфозабавниот систем 3 161.Прескокнување на претходната
или следната песна
Накусо притиснете го копчето s
или u на контролната плоча на
Инфозабавниот систем.
Page 188 of 203

188ТелефонТелефонОпшти информации.................188
Поврзување Bluetooth ..............189
Итен повик ................................ 191
Ракување .................................. 192
Мобилни телефони и ЦБ радио опрема ........................... 196Општи информации
Порталот за мобилен телефон Ви
дава можност да водите разговори на мобилен телефон преку
микрофон, и звучниците во
возилото, исто така и да ракувате
со најважните функции на
мобилниот телефон преку
Инфозабавниот систем во
возилото. За да можете да го
користете телефонскиот портал,
мобилниот телефон мора да е
поврзан со инфозабавниот ситем
преку Bluetooth.
Не сите функции на порталот за мобилен телефон се поддржани од
секој мобилен телефон. Можните
функции на телефонот зависат од
соодветниот мобилен телефон и
провајдерот на мрежата. Ќе
најдете повеќе информации за тоа
во упатствата за ракување за
Вашиот мобилен телефон или
можете да се распрашате за нив кај Вашиот оператор на мрежата.Важни информации за
ракувањето и безбедноста на
сообраќајот9 Предупредување
Мобилните телефони имаат
дејства врз Вашата средина.
Затоа се изготвени безбедносни прописи и директиви. Треба да
бидете запознати со поврзаните директиви пред да ја користите
функцијата за телефон.
9 Предупредување
Употребата на уредот за
разговор без раце додека
возите може да биде опасна
зашто Вашата концентрација се намалува кога телефонирате.
Паркирајте го Вашето возило
пред да го користите уредот за
Page 189 of 203

Телефон189разговор без раце. Почитувајте
ги условите на државата во
којашто се наоѓате во моментов.
Не заборавајте да ги следитепосебните прописи кои важат во конкретни предели и секогаш
исклучувајте го мобилниот
телефон ако употребата на
мобилни телефони е забранета, ако мобилниот телефон
предизвикува пречење или ако
дојде до опасни ситуации.
Bluetooth
Телефонскиот портал е
сертифициран од Bluetooth Special Interest Group (SIG).
Повеќе информации за
спецификацијата ќе најдете на
интернет, на
http://www.bluetooth.com
Поврзување Bluetooth
Bluetooth е радио стандард за
безжична врска на на пр. телефон
со други уреди. Може да се
пренесуваат податоци, како
телефонски именик, списоци со повици, името на операторот на
мрежата и јачината на сигналот на
мрежата. Функционалноста може
да биде ограничена зависно од
видот на телефонот.
За да може да се воспостави
поврзување преку Bluetooth со
Телефонскиот портал, функцијата
Bluetooth на мобилниот телефон
мора да е активна и телефонот
мора да е „видлив“. Побарајте
детален опис во упатството за
употреба на мобилниот телефон.
Активирање на Bluetooth
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Изберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) .
Поставете го Bluetooth на On ( Вкл.) .
Спојување уред Bluetooth Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) . Изберете Phone
settings (Поставки за телефонот) , а
потоа Pair device (Спој уред) .
Се прикажува следниов екран.
Page 190 of 203

190Телефон
Штом ќе се открие Телефонскиот
портал на Инфозабавниот систем,
се појавува на листата уред на
вашиот уред Bluetooth. Изберете го
Телефонскиот портал.
Кога ќе се побара, внесете го PIN-
от на вашиот уред Bluetooth.
Уредите се спојуваат и поврзуваат.
Забелешка
Именикот на мобилниот ќе се
преземе автоматски.
Претставувањето и редоследот
на внесовите во телефонскиот
именик можат да се разликуваат
на екранот на системот за
Инфозабава и на екранот на
мобилниот телефон.
Ако поврзувањето преку Bluetooth
е успешно: ако друг уред со
Bluetooth бил поврзан со
Инфозабавниот систем, тој се
откачува од него.
Ако поврзувањето преку Bluetooth не било успешно: почнете
повторно со горе опишаната
постапка или видете во упатството за употреба на уредот со Bluetooth.
Забелешка
Со Инфозабавниот систем може
да се спојат најмногу 5 уреди.
Менување на шифрата за
Bluetooth Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) и потоа
Change Bluetooth code (Смени шифра за Bluetooth) .Внесете го саканиот
четирицифрен PIN и потврдете го
внесеното со ОК.
Поврзување друг споен уред
Притиснете го копчето CONFIG за
да се отвори изборникот Settings
(Поставки) .
Одберете го Phone settings
(Поставки за телефонот) и потоа
Device list (Листа уреди) . Се
прикажува список на сите уреди
со Bluetooth што се моментно
споени со Инфозабавниот систем.
Изберете го саканиот уред. Се
прикажува подизборник.