OPEL ZAFIRA C 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2015Pages: 341, PDF Size: 9.12 MB
Page 211 of 341

Возење и ракување209
приспособливата контрола на
патувањето е неактивна или
исклучена.9 Предупредување
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Оддалеченоста за следење
треба да се прилагоди или
системот треба да се исклучи кога бараат условите.
Откривање на возило напред
Зелената осветлена контролна
сијаличка A за возило напред се
прикажува на брзиномерот кога
системот ќе открие возило на
патеката за возење.
Ако симболот не се прикаже, или се
прикажува кусо, присособливата
контрола на патувањето нема да
реагира на возилата напред.
Деактивирање
Возачот ја деактивира
приспособливата контрола на
патувањето кога:
■ копчето y е притиснато,
■ педалата за сопирачките е притисната,
■ педалата на куплунгот е притисната подолго од
четири секунди,
■ рачката на менувачот на автоматскиот менувач е ставена
во N.
Системот се деактивира
автоматски и кога:
■ брзината на возилото ќе се намали под 45 км/ч или ќе
надмине 190 км/ч,
■ системот за контрола на пролизгувањето работи подолго
од 20 секунди,
■ работи електронската контрола на стабилноста,
■ нема сообраќај и не е откриено ништо од страните на патот
неколку минути. Во тој случај,
Page 212 of 341

210Возење и ракување
нема радарски еха и сензорот
може да извести дека е
блокиран,
■ системот за моменталното сопирање при судир ги активира
сопирачките,
■ радарскиот сензор се блокира со
мраз или слој вода,
■ откриен е дефект на радарот, моторот или системот на
сопирачките.
Кога приспобливата контрола на
патувањето ќе се деактивира
автоматски, контролната сијаличка m свети бело и се појавува
предупредувачки симбол на
информативниот центар на
возачот.
Зачуваната брзина се задржува.
9 Предупредување
Кога ќе се деактивира
приспособливата контрола на
патувањето, возачот мора да ја
преземе целосната контрола
врз сопирачките и моторот.
Исклучување
Притиснете го копчето C за да ја
исклучите приспособливата
контрола на патувањето.
Контролната сијаличка m се гаси.
Зачуваната брзина се брише.
Со исклучување на палењето се
исклучува и приспособливата
контрола на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Внимание на возачот ■ Користете ја приспособливата контрола на патувањето
внимателно на свиоци или
планински патишта, бидејќи
може да го изгуби возилото
напред и потребно е време
повторно да го регистрира.
■ Не користете го системот на лизгави патишта бидејќи може да
создаде брзи промени на
припивањето на гумите
(пролизгување на тркалата), така
што може да изгубите контрола.
■ Не користете ја приспособливата
контрола на патувањето при
дожд, снег или многу прашина,
бидејќи радарскиот сензор може
да се прекрие со слој вода, земја,
мраз или снег. Ова ја намалува
или сосема ја спречува
видливоста. Во случај на
Page 213 of 341

Возење и ракување211
блокирање на сензорот,
исчистете го капакот на
сензорот.
Ограничувања на системот ■ Автоматската сопирна сила на системот не дозволува наглосопирање и нивото на сопирање
може да не биде доволно за да се избегне судир.
■ По ненадејно менување лента, на системот му треба одредено
време да го регистрира следното возило напред. Затоа, ако се
открие ново возило, системот
може да забрза наместо да
присопре.
■ Приспособливата контрола на патувањето го игнорира
сообраќајот од спротивната
страна.
■ Приспособливата контрола на патувањето не сопира за
сопрени возила, пешаци или
животни.Свиоци
Приспособливата контрола на
патувањето пресметува
предвидена патека врз основа на
центрифугалната сила. Оваа
предвидена патека ги зема
предвид својствата на
моменталниот свиок, но не може да земе предвид и следна промена на
свиокот. Системот може да го
изгуби возилото напред или да
земе предвид возило што не е во
истата лента. Тоа може да се случи
кога се влегува или излегува од
свиок или ако свиокот стане
поостар или поблаг. Ако веќе не
регистрира возило напред,
контролната сијаличка A ќе се
изгасне.
Ако центрифугалната сила е
преголема во свиок, системот го
забавува малку возилото. Тоа ниво
на сопирање не е конструирано да се избегне излетување од свиок.
Возачот е одговорен за
намалување на избраната брзина
пред да влезе во свиок и, општо
земено, да ја приспособи брзината на видот на патот и постојните
ограничувања на брзината.
Автопати
На автопати, прилагодете ја
поставената брзина според
ситуацијата и времето. Секогаш земајте предвид дека
приспособливата контрола на
патувањето има ограничен опсег
на видливоста, ограничено ниво на
сопирање и одредено време за реакција за да потврди дали има
возило на возната патека.
Приспособливата контрола на
патувањето може да не може да го
сопре возилото навреме за да
Page 214 of 341

212Возење и ракување
избегне судир со многу побавно
возило или по менување лента.
Тоа е посебно опасно ако возите
брз или видливоста е намалена
поради временските услови.
Кога влегувате или излегувате од
автопат, приспособливата
контрола на патувањето може да го
изгуби возилото напред и да
забрза до поставената брзина.
Поради тоа, намалете ја
поставената брзина пред излез или
пред влегување на автопат.
Менување на патеката на возилото
Ако друго возило влезе на вашата
возна патека, приспособливата контрола на патувањето ќе го земе
предвид возилото кога ќе биде
целосно на вашата патека. Бидете
подготвени да реагирате и да ја
притиснете педалата на
сопирачката ако треба да сопрете
побрзо.
Проблеми на нагорнини и со
приколка
Перформансите на системот по
нагорнини и кога се влече приколка зависат од брзината на возилото,натовареноста на возилото,
сообраќајните услови и степенот
на стрмнината. Може да не открие
возило на вашата патека додека
возите по ридови. На стрмнини,
може ќе треба да ја користите
педалата на гасот за да ја
одржувате брзината на возилото.
Кога одите по надолнини, особено
кога влечете приколка, може ќе
треба да сопирате за да ја одржите или намалите брзината.
Имајте предвид дека со
притискање на сопирачката го
деактивирате системот. Не се
препорачува користење на
приспособливата контрола на
патувањето на стрмнини, особено
кога се влече приколка.
Радарска единица
Радарската единица е монтирана
зад решетката на ладилникот под
амблемот на брендот.
Page 215 of 341

Возење и ракување2139Предупредување
Радарската единица е
порамнета внимателно за
време на производството.
Затоа, по преден судир, не
користете го веќе системот.
Предниот браник може да
изгледа неоштетен, меѓутоа
сензорот одзади може да е
изместен и да реагира
неправилно. По сообраќајка,
посоветувајте се со
автомеханичар за да ви ја
потврди и поправи положбата
на сензорот за
приспособливата контрола на
патувањето.
Поставки
Поставките може да се изменат во изборникот Auto collision
preparation (Автоматска подготовка за судир) во приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби, 3 145.
Дефект
Ако приспособливата контрола на
патувањето не работи поради
привремени услови (на пр.
блокирање од мраз), или ако има
постојана грешка на системот, се
прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 137.
Предупредување за
преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.
Контролната сијаличка A укажува
кога има возило напред.
Page 216 of 341

214Возење и ракување
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се
огласува предупредувачка
мелодија и се дава
предупредување во
Информативниот центар за
возачот.
Предуслов е да е активирано
предупредувањето за преден
судир во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 145 или
да не е исклучено со копчето V
(зависно од системот, видете
понатаму).
Зависно од опремата на возилото,
достапни се две варијанти на
предупредувањето за преден
судир:
■ Предупредување за преден
судир врз основа на радарски
систем
кај возилата опремени со
приспособлива контрола на
патувањето 3 205.
■ Предупредување за преден
судир врз основа на предна
камера
кај возилата со стандардна
контрола на патувањето или без
неа 3 202.
Предупредување за преден
судир врз основа на радарски
систем Системот го користи радарскиотсензор зад решетката на
ладилникот за да открива возила
директно напред, на вашата
патека, на оддалеченост од
најмногу 150 метри.Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од брзина на
одење ако не е исклучена
поставката Auto collision
preparation (Автоматска подготовка
за судир) од изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 145.
Избор на чувствителноста на предупредувањето
Чувствителноста на
предупредувањето може да се
постави на блиску, средно или далеку.
Page 217 of 341

Возење и ракување215
Притиснете го копчето E;
моменталната поставка се
прикажува на Информативниот
центар за возачот. Притиснете го
копчето E повторно за да ја
смените чувствителноста на
предупредувањето. Поставката се
прикажува и на горниот ред на
Информативниот центар за
возачот.
Имајте предвид дека поставката за
чувствителноста на навременоста
на предупредувањето е иста како и поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето. Затоа, менувањето на
чувствителноста на навременоста
на предупредувањето ја менува
поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето.
Предупредување на возачот
Зелената контролна сијаличка за
возило напред A се пали и свети
во групата инструменти кога
системот ќе открие возило на
патеката за возење. Кога
растојанието меѓу возилото и
возилото во движење пред него
премногу ќе се намали, или кога
премногу бргу се приближувате кон
друго возило и претстои судар, во
информативниот центар за
возачот се појавува сумбол за
предупредување. Истовремено се
огласува предупредувачка
мелодија.
Притиснете ја педалата на
сопирачката ако тоа го бара
ситуацијата.
Поставки
Поставките може да се изменат во
изборникот Auto collision
preparation (Автоматска подготовка
за судир) во приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби, 3 145.
Предупредување за преден
судир врз основа на предна камера
Предупредувањето за преден
судир го користи системот на
предната камера во
шофершајбната за да открива
возила директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 метри.
Page 218 of 341

216Возење и ракување
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од 40 км/ч ако не
е исклучено со копчето V, видете
подолу.
Избор на чувствителноста на предупредувањето
Чувствителноста на
предупредувањето може да се
постави на блиску, средно или далеку.
Притиснете го копчето V;
моменталната поставка се
прикажува на Информативниот
центар за возачот. Притиснете го
копчето V повторно за да ја
смените чувствителноста на
предупредувањето.
Предупредување на возачот
Зелената контролна сијаличка за
возило напред A се пали и свети
во групата инструменти кога
системот ќе открие возило на
патеката за возење.
Кога растојанието меѓу возилото и
возилото во движење пред него
премногу ќе се намали, или кога
премногу бргу се приближувате кон
друго возило и претстои судар, во
информативниот центар за
возачот се појавува сумбол за
предупредување.
Истовремено се огласува
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
сопирачката ако тоа го бара
ситуацијата.
Page 219 of 341

Возење и ракување217
Деактивирање
Системот може да се деактивира.
Притискајте го копчето V
повеќепати додека не се појави следнава порака на
Информативниот центар за
возачот.Општи информации за двете
варијанти на
предупредувањето за преден
судир9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Ограничувања на системот
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но
може да реагира и на други
метални предмети.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
■ на патишта со многу свиоци,
■ кога времето ја ограничува видливоста, како кога има магла,
дожд или снег,
■ кога сензорот е блокиран од снег,
мраз, влажен снег, кал,
нечистотија или оштетувања на
шофершајбната.
Показател за растојание
однапред
Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возило што се
движи однапред. Системот го
користи, зависно од опремата на
возилото, или радарот зад
Page 220 of 341

218Возење и ракување
решетката на ладилникот или
предната камера на
шофершајбната за да ја открие
оддалеченоста од возилото
директно напред на вашата патека.
Активен е при брзини поголеми од
40 км/ч.
Кога ќе се открие возило пред вас,
оддалеченоста се покажува во секунди, прикажани на страницата
во Информативниот центар за
возачот 3 130. Притиснете го
копчето MENU на рачката за
трепкачите за да изберете Vehicle
Information Menu (Изборник за
информации за возилото) X и
свртете го тркалцето за да ја
изберете страницата за
покажување на растојанието
однапред.
Минималната покажана
оддалеченост е 0,5 сек.
Ако нема возило напред или
возилото напред е вон опсегот, ќе бидат прикажани две црти: -.- s.
Активно итно сопирање
Активното итно сопирање може да
помогне да се намали штетата од
судири со возила и пречки
директно напред, кога судирот веќе
не може да се избегне со рачно
сопирање или со вртење. Пред да
се активира активното итно
сопирање, возачот добива
предупредување за преден судир
3 213.
Функцијата користи разни
информации (на пр., од радарски
сензор, притисокот на
сопирачките, брзината на
возилото) за да ја пресмета
веројатноста за преден судир.
Активното итно сопирање работи
автоматски при брзина поголема
од брзина на одење ако не е
исклучена поставката Auto collision
preparation (Автоматска подготовка за судир) од изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 145.
Системот вклучува: ■ Систем за подготовка на
сопирачките
■ Итно автоматско сопирање
■ Предно серво сопирање