OPEL ZAFIRA C 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2015Pages: 341, PDF Size: 9.12 MB
Page 261 of 341

Нега на возилото259Течност за серво
управувањеВнимание
Многу мали загадувања може да предизвикат оштетување на
системот за управување и
неправилна работа. Не
дозволувајте загадувачи да
дојдат во допир со делот што
доаѓа во допир со течноста на
капачето на резервоарот/
прачката за мерење или да
навлезат во резервоарот.
Вообичаено, течноста за серво
управување не треба да се
проверува. Ако се јави необичен
звук при управувањето или серво
управувањето реагира необично,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество течност
за миење на шофершајбната која
содржи антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Сопирачки
Во случај на минимална дебелинана плочките за сопирање, за време
на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.
Page 262 of 341

260Нега на возилотоТечност за сопирачките9Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 306.
Акумулатор
Возилата без систем за сопирање-
поаѓање се опремени со оловно-
киселински акумулатор. Возилата
со систем за сопирање-поаѓање се
опремени со акумулатор AGM,
којшто не е оловно-киселински.
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможуваат доволно полнење на акумулаторот. Возењето по кратки
растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирањето на возилото подолго од 4 недели може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или
откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 166.
Замена на акумулаторот Забелешка
Непочитувањето на упатствата дадени во ова поглавје може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
Page 263 of 341

Нега на возилото261
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Користете само акумулатори над
коишто може да се монтира кутија
со осигурувачи.
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте да
го замените акумулаторот AGM
(Absorptive Glass Mat) со
акумулатор AGM повторно.Акумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор од Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси на системот за
сопирање-поаѓање.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 181.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 297.
Етикета за предупредување
Значење на симболите: ■ Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
■ Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
Page 264 of 341

262Нега на возилото
■ Чувајте го акумулаторот вондофат на деца.
■ Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може да
предизвика слепило или тешки
изгореници.
■ Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
■ Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.
Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучете го
палењето трипати по 15 секунди.
Потоа верглајте го моторот
најмногу 40 секунди. Повторете го
овој процес по не помалку од
5 секунди. Ако моторот не се пали,
побарајте помош од
автомеханичар.Замена на четкичките на
бришачите
Кренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло
Подигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката на
бришачот како што е покажано на
илустрацијата и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.
Page 265 of 341

Нега на возилото263Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучете го соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај
базата. Не допирајте го стаклото на сијалицата со голи раце.
Користете само ист вид сијаличка
за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на моторниот простор.Халогенски предни
фарови
Бихалогенски преден фар (1) со
една ламба за средно и долго
светло.
Преден трепкач (2) .
Странично светло за дневно
возење (3) .
Средно/долго светло (1) 1. Завртете го капачето (1) налево
и извадете го.
2. Завртете го држачот на сијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
Page 266 of 341

264Нега на возилото
3. Откачете го држачот насијалицата од кабел штекерот
со притиснување на држалката.
4. Заменете ја ламбата и приклучете го држачот на
ламбата на кабел штекерот.
5. Вметнете го држачот на сијаличката со заглавување на
двете навртки во рефлекторот
и вртете ги десно за да се затегни.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Предни трепкачи (2)1. Завртете ја фасонката на ламбата (2) налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од фарот.
2. Извадете ја ламбата од фасонката вртејќи ја налево.
3. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката вртејќи
надесно.
4. Вметнете ја фасонката во фарот и завртете ја надесно.
Странично светло/Светло за
дневно возење (3)
1. Завртете ја фасонката на ламбата (3) налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од фарот.
Page 267 of 341

Нега на возилото265
2. Извадете ја ламбата одфасонката влечејќи ја.
3. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката.
4. Вметнете ја фасонката во фарот и завртете ја надесно.
Приспособливо предно
светло9 Опасност
Системот за приспособливо
предно осветлување користи
ксенонски предни фарови.
Ксенонските предни фарови
работат под крајно висок
електричен напон. Не допирајте
го. Сијалиците нека Ви ги
заменува автомеханичар.
Ламбите за предните трепкачи и осветлувањето на кривини
може да се менуваат.
Осветлување за вртење (1) .
Преден трепкач (2) .
Страничните светла за дневно возење се констриурани како
светлечки диоди (LED) и не можат
да се заменат.
Осветлување за вртење под
кривина (1)
1. Завртете го капачето (1) налево
и извадете го.
Page 268 of 341

266Нега на возилото
2. Завртете го држачот насијалицата налево за да се
ослободи. Повлечете го
држачот од рефлекторот.
3. Откачете ја ламбата од кабел штекерот со влечење.
4. Заменете ја ламбата и приклучете го држачот на
ламбата на кабел штекерот.
5. Вметнете го држачот на сијаличката со заглавување на
двете навртки во рефлекторот и вртете ги десно за да се
затегни.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Предни трепкачи (2)1. Завртете ја фасонката на ламбата (2) налево за да се
ослободи. Повлечете ја
фасонката од фарот.
2. Извадете ја ламбата од фасонката вртејќи ја налево.
3. Заменете ја и вметнете нова ламба во фасонката вртејќи
надесно.
4. Вметнете ја фасонката во фарот и завртете ја надесно.
Фарови за магла
Сијалиците се достапни од под
возилото.
Page 269 of 341

Нега на возилото267
1. Извадете ги надворешнитезавртки на капакот, означени со
стрелките.
2. Отворете го капакот со шарките.
Свртете ја фасонката на
сијалицата налево и извадете ја
од фарот.
3. Откачете ја фасонката на ламбата од кабел штекерот со
притискање на држачот.
4. Извадете ја и вратете ја фасонката со ламбата и
приклучете го кабел штекерот.
5. Вметнете ја фасонката во фарот, свртете ја надесно и
заглавете ја.
6. Монтирајте го капакот со завртките.
Задни светла
1. Отворете го капакот на завртките со шарките.
Page 270 of 341

268Нега на возилото
2. Извадете ги заврткитеозначени со стрелките.
3. Внимателно извлечете го комплетот на светлото од
игличките за држење и
извадете го.
4. Откачете го кабел штекерот од комплетот на фарот.
5. Извадете ја и заменете ја ламбата вртејќи ја фасонката.
Трепкачи ( 1)
Задни светла ( 2)
Стоп-светло ( 3)
Задни светла со светлечки
диоди (LED) за задното и
светлото на сопирачките
Може да се смени само
ламбата на трепкачот ( 1).
Извадете ја и заменете ја ламбата вртејќи ја фасонката.
6. Приклучете го кабел штекерот со комплетот на фарот.
7. Наместете го комплетот на фарот во држачите и
монтирајте го комплетот со
завртките.
8. Закачете го капакот на завртките.