OPEL ZAFIRA C 2016.5 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016.5, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2016.5Pages: 349, PDF Size: 9.35 MB
Page 291 of 349

Нега на возилото289Синџири за гуми
Синџири за гуми се дозволуваат
само на предните тркала.
Секогаш употребувајте синџири со
ситни алки што не додаваат повеќе од 10 мм до шарата и внатрешните
страни на гумата (вклучувајќи ја и
бравата на синџирот).
9 Предупредување
Оштетувањата може да
доведат до пукање на гумата.
Синџири за гуми се дозволени
само на гуми со големина
215/60 R16 и 225/50 R17.
Употребата на синџири за гуми не
се дозволува на привременото
резервно тркало.
Комплет за поправањегуми
Помалите оштетувања на шарата на гумата може да се поправат со
комплетот за поправање гуми.
Не ги вадете туѓите предмети од
гумите.
Оштетувањата на гумите што
надминуваат 4 мм или што се на
страничниот ѕид од гумата не може да се поправат со комплетот за
поправање гуми.9 Предупредување
Не возете побрзо од 80 км/ч.
Не го користете за подолг
период.
Управувањето со воланот и
ракувањето може да станат
поинакви.
Ако имате издишна гума:
Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва брзина, рикверц
или P.
Page 292 of 349

290Нега на возилотоКомплетот за поправање гуми е одлевата страна во товарниот
простор зад капак.
1. Земете го комплетот за поправање гуми од преградата.
2. Извадете го компресорот.
3. Извадете го кабелот за поврзување со струја и цревото
за воздух од преградите за
складирање на долната страна
на компресорот.
4. Зашрафете го цревото за воздух од компресорот на
приклучокот на шишето со
заптивната смеса.
5. Наместете го шишето со заптивната смеса во држачот
на компресорот.
Поставете го компресорот
близу до гумата така што
шишето со заптивна смеса ќе
биде исправено.6. Одвртете ги капаците на вентилите од дефектната гума.
7. Зашрафете го цревото за полнење на вентилот на гумата.
8. Прекинувачот на компресорот мора да биде поставен на J.
9. Приклучете го приклучникот на компресорот во штекерот за
струја или во приклучокот на
запалката.
За да се избегне
испразнувањето на
акумулаторот, Ви
препорачуваме да го оставете
моторот да работи.
Page 293 of 349

Нега на возилото291
10. Поставете го преклопникот накомпресорот на I. Гумата се
полни со заптивната смеса.
11. Мерачот за притисок на компресорот накратко се
покачува до шест бари додека
шишето за заптивната смеса се празни (околу 30 секунди).
Потоа притисокот почнува да
опаѓа.
12. Целата заптивна смеса се пумпа во гумата. Потоа гумата
се надува.
13. Пропишаниот притисок за гумите би требало да се
достигне во рок од десет
минути. Притисок во гумите
3 327. Кога ќе се постигне
правилниот притисок,
исклучете го компресорот.
Ако пропишаниот притисок за
гумите не се достигне во рок од
десет минути, извадете го
комплетот за поправање гуми.
Помрднете го возилото за едно
вртење на гумата. Повторно
закачете го комплетот за
поправање гуми и продолжете
со постапката за полнење за
десет минути. Ако пропишаниот
притисок за гумите се уште не е достигнат, гумата е премногу
оштетена. Побарајте помош од
автомеханичар.
Исцедете го вишок притисокот од гумата со копчето над
индикаторот за притисок.
Не работете со компресорот
подолго од десет минути.
14. Откачете го комплетот за поправање гуми. Притиснете ја
спојката на рамката за да го
извадите шишето со заптивна
смеса од рамката. Зашрафете
го цревото за пумпање на гуми
на слободниот приклучок на
шишето со заптивната смеса.
Тоа ја спречува заптивната
смеса да истече. Чувајте го
приборот за поправка на гумите во багажниот простор.
15. Извадете ја излишната заптивна смеса користејќиткаенина.
16. Земете ја налепницата која ја покажува најголемата
дозволена брзина од шишето
со заптивната смеса, и закачете
ја во видното поле на возачот.
17. Продолжете со возењето веднаш за да се распространи
средството рамномерно во
гумата. По возење околу 10 км
Page 294 of 349

292Нега на возилото(но не повеќе од десет минути),
застанете и проверете го
притисокот во гумите.
Притегнете го цревото на
воздухот директно врз вентилот на гумата и за тоа време нека
работи компресорот.
Ако притисокот во гумата е
поголем од 1,3 бари, поставете
го до правилната вредност.
Повторете ја оваа поставка
додека веќе нема губење на
притисокот.
Ако притисокот во гумата
паднал под 1,3 бари, возилото
не смее да се користи.
Побарајте помош од
автомеханичар.
18. Чувајте го приборот за поправка на гумите во
багажниот простор.
Забелешка
Возните карактеристики на
поправената гума значително се
сменети, затоа нека Ви ја заменат таа гума.
Ако се слушне необичен шум или
компресорот се загрее, исклучете
го компресорот најмалку
30 минути.
Вградениот безбедносен вентил се отвора при притисок од седум
бари.
Проверете го рокот на траење на
комплетот. По тој датум
способноста за затнување веќе не
се гарантира. Внимавајте на
информациите за чување на
шишето со заптивна смеса.
Заменете го користеното шише со
заптивната смеса. Отфрлете го
шишето како што е пропишано од
соодветните закони.Компресорот и заптивната смеса
може да се користат од околу
-30 °C.
Испорачаните адаптери може да
се користат за пумпање други
работи, на пр. фудбалски топки,
душеци, базени за надувување и
сл. Тие се наоѓаат од долната
страна на компресорот. За да се
извади, притегнете го цревото за
воздух на компресорот и
извлечете го адаптерот.
Менување тркала
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 289.
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте на рамна, тврда и нелизгава површина.
Предните тркала треба да
бидат наместени право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Извадете го резервното тркало
3 295.
Page 295 of 349

Нега на возилото293● Не менувајте повеќе од еднотркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебеланајмногу 1 см) под дигалката.
● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чиста
крпа пред да го монтирате
тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Откачете ги капачињата на навртките на тркалото со
шрафцигер и извадете ги.
Извлечете ја раткапната.
Прирачен алат 3 281.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на навртките на
тркалото со шрафцигер и
извадете ги. За да се заштити
тркалото, ставете мека
ткаенина помеѓу шрафцигерот
и лесната бандажа.
2. Отворете го клучот за тркалата и ставете го уверувајќи се декае наместен цврсто и
разлабавете ја секоја навртка
на тркалото за половина
вртење.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
овие специфични завртки,
првин ставете го адаптерот на
главата на завртката пред да го наместите клучот за тркалата.
Адаптерот се наоѓа во касетата.
Page 296 of 349

294Нега на возилото
3. Некои верзии може да имаатпокриено место за ставање на
дигалката. Извлечете го
капакот странично.
4. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
5. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од
земјата.
6. Отшрафете ги навртките на тркалото.
7. Сменете го тркалото. Резервно тркало 3 295
8. Зашрафете ги навртките на тркалото.
9. Спуштете го возилото.
10. Ставете го клучот за тркалата уверувајќи се дека е наместен
безбедно и стегнете ја секоја
навртка по вкрстен редослед.
Затезниот момент е 140 Nm.
Page 297 of 349

Нега на возилото29511. Наместете го отворот завентилот во раткапната до
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
12. Наместете го капакот на местото за дигалката.
13. Складирајте ги заменетото тркало 3 295, прирачниот алат
3 281 и адаптерот за
заклучување на завртките на
тркалото 3 73.
14. Проверете го притисокот на монтираната гума изатегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно
поскоро.Положба за дигање за
дигалката со платформа за
дигање
Положбата за задната рачка на
платформата за дигање е
средишно под жлебот на прагот.
Положбата за предната рачка на
платформата за дигање е кај
подвозјето.
Резервно тркало
Некои возила се опремени со
комплет за поправање гуми
наместо резервно тркало 3 289.
Кога монтирате резервно тркало
кое се разликува од другите
тркала, тоа може да се смета за
привремено тркало за кое важат
соодветните ограничувања на
брзината, иако ова не е наведено
на ниедна етикета. Побарајте
Page 298 of 349

296Нега на возилотопомош во сервис за да проверите
колкаво е ограничувањето на
брзината.
Резервното тркало има челична
рамка.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало се наоѓа во
држач под подот на возилото.
1. Отворете ја складишната преграда во товарниот простор
3 281.
2. Извадете ги двете капачиња од
шестоаголните навртки.
3. Наместете го клучот за тркала на шестоаголната глава и
вртете го налево додека не
почувствувате отпор.
4. Продолжете со следната шестоаголна навртка на истиот
начин.5. Кренете го држачот на резервното тркало и откачете
ги двете брави.
6. Спуштете го држачот на резервното тркало.
Page 299 of 349

Нега на возилото2977. Отстранете го безбедносниоткабел.
8. Спуштете го држачот докрај иизвадете го резервното тркало.
9. Сменете го тркалото. Оштетеното тркало мора да се
прицврсти во товарниот
простор, видете подолу.
10. Подигнете го празниот држач на резервното тркало и
вметнете го безбедносниот
кабел.
11. Кренете го држачот на резервното тркало понатаму и
заглавете го во двете резиња.
Отворените страни на бравите
мора да се насочени во
правецот на возење.
12. Затворете го празниот држач за
резервното тркало вртејќи ги
двете шестоаголни завртки во
насока на стрелките од
часовникот со клучот за
тркалата.
13. Ставете ги капачињата на шестоаголните завртки.
14. Ставете ги клучот за тркалата и
дигалката во складиштето предзадната врата.
15. Затворете го капакот на просторот за складирање.
Кога го ставате резервното тркало
во држачот, имајте предвид дека
тркалото е поставено со вентилот
на гумата над процепот на
држачот.
Складирање на оштетено
тркало во товарниот простор
Држачот на резервното тркало не е
конструиран за други големини на
гуми освен за резервното тркало.Оштетено тркало пошироко од
резервното мора да се складира во товарниот простор и да се
прицврсти со каиш. Прирачен алат
3 281.
Седиштата во третиот ред треба да се склопени 3 86.
1. Наместете го тркалото близу до
левиот страничен ѕид на
товарниот простор.
2. Протнете го крајот со јамка од ременот низ предната алка за
врзување на левата страна.
Page 300 of 349

298Нега на возилото3. Протнете го крајот на ременотсо куката преку јамката и
повлекувајте го додека ременот
не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.
4. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
5. Монтирајте ја куката на задната
лева алка за врзување.
6. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.
9 Опасност
Секогаш возете со исправени и
заглавени потпирачи на задните
седишта кога складирате
оштетено тркало со целосна
големина во товарниот простор.
9 Предупредување
Складирањето на дигалка,
тркало или дурга опрема во
товарниот простор може да
предизвика повреда ако тие не се прицврстени соодветно. При
нагло застанување или судир,
неприцврстената опрема може
да удри некого.
Секогаш ставајте ги дигалката и
алатите секогаш во
соодветните складишни
прегради и прицврстувајте ги со фиксирање.
Оштетено тркало ставено во
товарниот простор секогаш
мора да биде прицврстено со
ремен.
Привремено резервно тркало
Употребата на привременото
резервно тркало може да повлијае
врз возната состојба. Дефектната
гума треба да се обнови или
поправи што е можно побрзо и да
се монтира на местото од
резервното тркало.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.
Ако на вашето возило му се издише задна гума додека влече друго
возило, ставете го привременото
резервно тркало напред, а
предното исправно тркало назад.
Синџири за гуми 3 289.
Резервно тркало со насочна гума
Монтирајте еднонасочни гуми, така што тие ќе се вртат во насоката на
патувањето. Правецот на
тркалањето е означен со симбол
(на пр. стрелка) од страната на
гумата.