OPEL ZAFIRA C 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2016Pages: 347, PDF Size: 9.29 MB
Page 211 of 347

Возење и ракување209Приспособливата контрола на
патување може да зачува и
одржува брзини поголеми од околу
50 км/ч и сопира автоматски за да
следи побавно возило што вози
напред до минимална брзина од
30 км/ч.
Приспособливата контрола на
патувањето користи радарски
сензор за да открива возила
напред. Ако не се открие возило на патеката на возење,
приспособливата контрола на
патувањето ќе се однесува како
традиционалната контрола на
патувањето.
Поради безбедносни причини,
системот не може да се активира
пред да се притисне педалата за
сопирачките еднаш по вклучување
на палењето. Активирање во прва
брзина не е возможно.
Се препорачува приспособливата
контрола на патувањето да се
користи главно по долги прави
патишта, на пр. автопати или
регионални патишта со постојан
сообраќај. Не користете го
системот ако не е препорачливо да
се одржува постојана брзина.
Контролна сијаличка A 3 130, m
3 129.9 Предупредување
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот додека се
вози со приспособливата
контрола на патувањето.
Возачот има целосна контрола
врз возилото бидејќи педалата
на сопирачките, педалата на
гасот и прекинувачот за
откажување се поприоритетни
од кое било работење на
приспособливата контрола на
патувањето.
Вклучување
Притиснете C за да ја вклучите
приспособливата контрола на
патувањето. Контролната
сијаличка m свети бело.
Активирање со одредување на
брзината
Приспособливата контрола на
патувањето може да се активира помеѓу 50 км/ч и 180 км/ч.
Забрзајте до саканата брзина и
свртете го тркалцето на SET/-;
моменталната брзина се зачувува
и одржува. Контролна сијаличка m
се пали во зелено.
Page 212 of 347

210Возење и ракување
Симболот за приспособлива
контрола на патувањето,
поставката за растојанието
однапред и одредената брзина се
прикажани во горната линија на
Информативниот центар за
возачот.
Педалата за гас може да се
отпушти. Приспособливата
контрола на патувањето останува
активна додека се менуваат
брзините.Надминување на поставената
брзина
Секогаш е можно да се вози побрзо од избраната поставена брзина со
притискање на педалата на гасот.
Кога ќе се отпушти педалата на
гасот, возилото се враќа на
саканото растојание ако напред
има побавно возило. Инаку, се
враќа на зачуваната брзина.
Штом ќе се активира системот,
приспособливата контрола на
патувањето забавува или сопира
ако открие возило напред што е
побавно или поблиску од саканото
растојание за следење.
9 Предупредување
Забрзување од страна на
возачот го исклучува
автоматското сопирање од
системот. На тоа укажува
појавно предупредување на
Информативниот центар за
возачот.
Зголемување на брзината
Со активна приспособлива
контрола на патувањето, држете го
тркалцето свртено на RES/+:
брзината се зголемува постојано
во големи чекори, или активирајте
го неколкупати RES/+: брзината се
зголемува во мали чекори.
Со активна приспособлива
контрола на патувањето, ако
возилото се вози многу побрзо од саканата брзина, на пр. поради
притискање на педалата за гасот,
моменталната брзина може да се
зачува и одржува со вртење на
тркалцето на SET/-.
Page 213 of 347

Возење и ракување211Намалување на брзинатаСо активна приспособлива
контрола на патувањето, држете го
тркалцето свртено на SET/-:
брзината се намалува постојано во
големи чекори, или активирајте го
неколкупати SET/-: брзината се
намалува во мали чекори.
Со активна приспособлива
контрола на патувањето, ако
возилото се вози многу побавно од саканата брзина, на пр. поради
побавно возило напред,
моменталната брзина може да се
зачува и одржува со вртење на
тркалцето на SET/-.
Продолжување со снимената
брзина
Ако системот е вклучен, но
неактивен, свртете го тркалцето на RES/+ при брзина поголема од
50 км/ч за да продолжите со
зачуваната брзина.Поставување на растојанието
напред
Кога приспособливата контрола на
патувањето ќе открие побавно
возило на возната патека, ќе ја
приспособи брзината на возилото
за да го одржи растојанието напред
избрано од возачот.
Растојанието напред може да се
постави на блиску, средно или
далеку.
Притиснете E, моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете E повторно
за да ја смените оддалеченоста за
следење. Поставката се прикажува и на горниот ред на
Информативниот центар за
возачот.
Избраното растојание напред е
прикажано со наполнети ленти за
растојание на страницата на
приспособливата контрола на
патувањето.
Имајте предвид дека поставката за
растојание напред е иста како и
поставката за чувствителноста на
предупредувањето за преден
судир.
Page 214 of 347

212Возење и ракувањеПример: Ако е избрана поставката
3 (далеку), возачот се
предупредува поскоро пред
можниот судир и ако
приспособливата контрола на
патувањето е неактивна или
исклучена.9 Предупредување
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Оддалеченоста за следење
треба да се прилагоди или
системот треба да се исклучи кога бараат условите.
Откривање на возило напред
Зелената осветлена контролна
сијаличка A за возило напред се
прикажува на брзиномерот кога
системот ќе открие возило на
патеката за возење.
Ако симболот не се појави, или се
појавува кусо, приспособливата
контрола на патувањето нема да
реагира на возилата напред.
Деактивирање
Возачот ја деактивира
приспособливата контрола на
патувањето кога:
● Ќе се притисне y.
● Педалата за сопирачките е притисната.
● Педалата на куплунгот е притисната подолго од
четири секунди.
● Рачката на менувачот на автоматскиот менувач е
ставена во N.
Системот се деактивира
автоматски и кога:
● Брзината на возилото ќе се намали под 45 км/ч или ќе
надмине 190 км/ч.
● Системот за контрола на пролизгувањето работи
подолго од 20 секунди.
● Работи електронската контрола на стабилноста.
● Нема сообраќај и не е откриено
ништо од страните на патот
неколку минути. Во тој случај,
Page 215 of 347

Возење и ракување213нема радарски еха и сензорот
може да извести дека е
блокиран.
● Системот за моменталното сопирање при судир ги
активира сопирачките.
● Радарскиот сензор се блокира со мраз или слој вода.
● Откриен е дефект на радарот, моторот или системот на
сопирачките.
Кога приспобливата контрола на
патувањето ќе се деактивира
автоматски, контролната сијаличка
m свети бело и се појавува
предупредувачки симбол на
информативниот центар на
возачот.
Зачуваната брзина се задржува.
9 Предупредување
Кога ќе се деактивира
приспособливата контрола на
патувањето, возачот мора да ја
преземе целосната контрола
врз сопирачките и моторот.
Исклучување
Притиснете C за да ја исклучите
приспособливата контрола на
патувањето. Контролната
сијаличка m се гаси. Зачуваната
брзина се брише.
Со исклучување на палењето се
исклучува и приспособливата
контрола на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Внимание на возачот ● Користете ја приспособливата контрола на патувањето
внимателно на свиоци или
планински патишта, бидејќи
може да го изгуби возилото
напред и потребно е време
повторно да го регистрира.
● Не користете го системот на лизгави патишта бидејќи може
да создаде брзи промени на
припивањето на гумите
(пролизгување на тркалата),
така што може да изгубите
контрола.
● Не користете ја приспособливата контрола на
патувањето при дожд, снег или
многу прашина, бидејќи
радарскиот сензор може да се
прекрие со слој вода, земја,
мраз или снег. Ова ја намалува или сосема ја спречува
видливоста. Во случај на
Page 216 of 347

214Возење и ракувањеблокирање на сензорот,
исчистете го капакот на
сензорот.
Ограничувања на системот ● Автоматската сопирна сила на системот не дозволува нагло
сопирање и нивото на
сопирање може да не биде
доволно за да се избегне
судир.
● По ненадејно менување лента,
на системот му треба
одредено време да го
регистрира следното возило
напред. Затоа, ако се открие
ново возило, системот може да забрза наместо да присопре.
● Приспособливата контрола на патувањето го игнорира
сообраќајот од спротивната
страна.
● Приспособливата контрола на патувањето не сопира за
сопрени возила, пешаци или
животни.Свиоци
Приспособливата контрола на
патувањето пресметува
предвидена патека врз основа на
центрифугалната сила. Оваа
предвидена патека ги зема
предвид својствата на
моменталниот свиок, но не може да земе предвид и следна промена на
свиокот. Системот може да го
изгуби возилото напред или да
земе предвид возило што не е во
истата лента. Тоа може да се случи
кога се влегува или излегува од
свиок или ако свиокот стане
поостар или поблаг. Ако веќе не
регистрира возило напред,
контролната сијаличка A ќе се
изгасне.
Ако центрифугалната сила е
преголема во свиок, системот го
забавува малку возилото. Тоа ниво
на сопирање не е конструирано да
се избегне излетување од свиок.
Возачот е одговорен за
намалување на избраната брзина
пред да влезе во свиок и, општо
земено, да ја приспособи брзината на видот на патот и постојните
ограничувања на брзината.
Автопати
На автопати, прилагодете ја
поставената брзина според
ситуацијата и времето. Секогаш земајте предвид дека
приспособливата контрола на
патувањето има ограничен опсег
на видливоста, ограничено ниво на
сопирање и одредено време за реакција за да потврди дали има
возило на возната патека.
Приспособливата контрола на
патувањето може да не може да го
сопре возилото навреме за да
избегне судир со многу побавно
возило или по менување лента.
Page 217 of 347

Возење и ракување215Тоа е посебно опасно ако возите
брз или видливоста е намалена
поради временските услови.
Кога влегувате или излегувате од
автопат, приспособливата
контрола на патувањето може да го
изгуби возилото напред и да
забрза до поставената брзина.
Поради тоа, намалете ја
поставената брзина пред излез или
пред влегување на автопат.
Менување на патеката на возилото
Ако друго возило влезе на вашата
возна патека, приспособливата контрола на патувањето ќе го земе
предвид возилото кога ќе биде
целосно на вашата патека. Бидете
подготвени да реагирате и да ја
притиснете педалата на
сопирачката ако треба да сопрете
побрзо.
Проблеми на нагорнини и со
приколка
Перформансите на системот по
нагорнини и кога се влече приколка
зависат од брзината на возилото,
натовареноста на возилото,
сообраќајните услови и степенот
на стрмнината. Може да не открие
возило на вашата патека додека
возите по ридови. На стрмнини,
може ќе треба да ја користите
педалата на гасот за да ја
одржувате брзината на возилото.
Кога одите по надолнини, особено
кога влечете приколка, може ќе
треба да сопирате за да ја одржите или намалите брзината.
Имајте предвид дека со
притискање на сопирачката го
деактивирате системот. Не се
препорачува користење на
приспособливата контрола на
патувањето на стрмнини, особено
кога се влече приколка.
Радарска единица
Радарската единица е монтирана
зад решетката на ладилникот под
амблемот на брендот.
9 Предупредување
Радарската единица е
порамнета внимателно за
време на производството.
Затоа, по преден судир, не
користете го веќе системот.
Page 218 of 347

216Возење и ракувањеПредниот браник може да
изгледа неоштетен, меѓутоа
сензорот одзади може да е
изместен и да реагира
неправилно. По сообраќајка,
посоветувајте се со
автомеханичар за да ви ја
потврди и поправи положбата
на сензорот за
приспособливата контрола на
патувањето.
Поставки
Поставките може да се изменат во
изборникот Auto collision
preparation (Автоматска подготовка за судир) во приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби, 3 144.
Дефект
Ако приспособливата контрола на
патувањето не работи поради
привремени услови (на пр.
блокирање од мраз), или ако има
постојана грешка на системот, се
прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.Пораки за возилото 3 137.
Предупредување за
преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.Контролната сијаличка A укажува
кога има возило напред.
Page 219 of 347

Возење и ракување217Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се
огласува предупредувачка
мелодија и се дава
предупредување во
Информативниот центар за
возачот.
Предуслов е да е активирано
предупредувањето за преден
судир во изборникот за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 144 или
да не е исклучено со притискање на
V (зависно од системот, видете
понатаму).
Зависно од опремата на возилото,
достапни се две варијанти на
предупредувањето за преден
судир:
● Предупредување за преден
судир врз основа на радарски
систем
кај возилата опремени со
приспособлива контрола на
патувањето 3 208.
● Предупредување за преден
судир врз основа на предна
камеракај возилата со стандардна
контрола на патувањето или
без неа 3 205.
Предупредување за преден судир врз основа на радарски
систем
Системот го користи радарскиот
сензор зад решетката на
ладилникот за да открива возила
директно напред, на вашата
патека, на оддалеченост од
најмногу 150 метри.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од брзина на
одење ако не е исклучена
поставката Auto collision
preparation (Автоматска подготовка
за судир) од изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 144.Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
предупредувањето може да се
постави на блиску, средно или далеку.
Притиснете E; моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете E повторно
за да ја смените чувствителноста
на предупредувањето. Поставката
се прикажува и на горниот ред на
Информативниот центар за
возачот.
Page 220 of 347

218Возење и ракување
Имајте предвид дека поставката за
чувствителноста на навременоста
на предупредувањето е иста како и поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето. Затоа, менувањето на чувствителноста на навременоста
на предупредувањето ја менува
поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето.
Предупредување на возачот
Зелена контролна сијаличка за
возило напред A светнува во
групата инструменти кога системот ќе открие возило на патеката за
возење. Кога растојанието меѓу
возилото и возилото во движење
пред него ќе се намали премногу
или кога се приближувате пребрзо
кон друго возило и претстои судар,
во Информативниот центар за
возачот се појавува симбол за
предупредување. Истовремено се
огласува предупредувачка
мелодија.
Притиснете ја педалата на
сопирачката ако тоа го бара
ситуацијата.
Поставки
Поставките може да се изменат во
изборникот Auto collision
preparation (Автоматска подготовка
за судир) во приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби, 3 144.
Предупредување за преден
судир врз основа на предна
камера
Предупредувањето за преденсудир го користи системот на
предната камера во
шофершајбната за да открива
возила директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 метри.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од 40 км/ч ако не
е исклучено со притискање на V,
видете подолу.