OPEL ZAFIRA C 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2016Pages: 347, PDF Size: 9.29 MB
Page 221 of 347

Возење и ракување219Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
предупредувањето може да се
постави на блиску, средно или
далеку.
Притиснете V; моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете V повторно
за да ја смените чувствителноста
на предупредувањето.
Предупредување на возачот
Зелена контролна сијаличка за
возило напред A светнува во
групата инструменти кога системот ќе открие возило на патеката за
возење.Кога растојанието меѓу возилото и
возилото во движење пред него ќе
се намали премногу или кога се приближувате пребрзо кон друго
возило и претстои судар, во
Информативниот центар за
возачот се појавува симбол за
предупредување.
Истовремено се огласува
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
сопирачката ако тоа го бара
ситуацијата.
Page 222 of 347

220Возење и ракувањеДеактивирање
Системот може да се деактивира.
Притискајте V повеќепати додека
не се појави следнава порака на
Информативниот центар за
возачот.Општи информации за двете
варијанти на
предупредувањето за преден
судир9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Ограничувања на системот
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но
може да реагира и на други
метални предмети.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
● на патишта со многу свиоци
● кога времето ја ограничува видливоста, како кога има
магла, дожд или снег
● кога сензорот е блокиран од снег, мраз, влажен снег, кал,нечистотија или оштетувањана шофершајбната
Показател за растојание однапред
Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возило што се
движи однапред. Системот го
користи, зависно од опремата на
возилото, или радарот зад
решетката на ладилникот или
Page 223 of 347

Возење и ракување221предната камера на
шофершајбната за да ја открие
оддалеченоста од возилото
директно напред на вашата патека.
Активно е при брзини поголеми од
40 км/ч.
Кога ќе се открие возило пред вас,
оддалеченоста се покажува во
секунди, прикажани на страницата
во Информативниот центар за
возачот 3 130. Притиснете MENU
на рачката за трепкачите за да
изберете Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) X и свртете го
тркалцето за да ја изберете
страницата за покажување на
растојанието однапред.
Минималната покажана
оддалеченост е 0,5 сек.
Ако нема возило напред или
возилото напред е вон опсегот, ќе се прикажат две црти: -.- s.
Активно итно сопирање
Активното итно сопирање може да
помогне да се намали штетата од
судири со возила и пречки
директно напред, кога судирот веќе
не може да се избегне со рачно
сопирање или со вртење. Пред да
се активира активното итно
сопирање, возачот добива
предупредување за преден судир
3 216.
Функцијата користи разни
информации (на пр., од радарски
сензор, притисокот на
сопирачките, брзината на
возилото) за да ја пресмета
веројатноста за преден судир.
Активното итно сопирање работи
автоматски при брзина поголема
од брзина на одење ако не е
исклучена поставката Auto collision
preparation (Автоматска подготовка за судир) од изборникот за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 144.
Системот вклучува: ● систем за подготовка на
сопирачките
● итно автоматско сопирање
● предно серво сопирање
Page 224 of 347

222Возење и ракување9Предупредување
Системот не е наменет да ја
замени одговорноста на
возачот за возење на возилото
и гледање напред. Неговите
функции се ограничени само на
дополнителна употреба.
Возачот треба да ја применува
педалата на сопирачките
според условите на возењето.
Систем за подготовка на
сопирачките
Кога се приближувате до возило
напред толку бргу што е веројатен
судир, системот за подготовка на
сопирачките го зголемува малку
притисокот во сопирачките. Тоа го
намалува времето на реакција,
кога е потребно рачно или
автоматско сопирање.
Системот на сопирачките се
подготвува така што сопирањето
може да биде побрзо.
Итно автоматско сопирање
По подготвувањето на сопирачките и токму пред судирот, функцијата
автоматски активира извесно
сопирање за да ја намали ударната
брзина на судирот.
Предно серво сопирање
Освен системот за подготовка на
сопирачките и итното автоматско
сопирање, функцијата за предно
серво сопирање го прави сервото
почувствително. На тој начин,
благо притискање на педалата
веднаш дава силно сопирање.
Оваа функција помага возачот да
сопре побрзо и посилно пред
очекуваниот судир.9 Предупредување
Активното итно сопирање не е
проектирано да применува
силно самостојно сопирање или автоматски да избегнува судир.
Конструирано е да ја намали
брзината на возилото пред
судир. Може да не реагира на
сопрени возила, пешаци или
животни. По ненадејно
менување лента, на системот
му треба одредено време да го открие следното возило напред.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба
постојано да биде подготвен да дејствува и да ги активира
сопирачките и да го врти
воланот за да избегнува судири. Системот е конструиран да
работи со сите патници со
врзани безбедносни ремени.
Ограничувања на системот
Активното итно сопирање има
ограничена или никаква
функционалност на дожд, снег и
многу прашина, бидејќи
радарскиот сензор може да е
прекриен со слој вода, земја, мраз
или снег. Во случај на блокирање
на сензорот, исчистете го капакот
на сензорот.
Во извесни ретки случаи, системот за активно итно сопирање може да
пружи кусо автоматско сопирање
Page 225 of 347

Возење и ракување223во ситуации што изгледаат
непотребни, на пример поради
сообраќајни знаци на свиок или поради возила на друга лента. Тоа
е прифатлива состојба, на
возилото не му треба сервис.
Цврсто притиснете ја педалата за
гас за да го исклучите
автоматското сопирање.
Поставки
Поставките може да се изменат во
изборникот Auto collision
preparation (Автоматска подготовка за судир) во приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби, 3 144.
Дефект
Во случај на потреба од системски
сервис, се прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Ако системот не работи како што
треба, се прикажуваат пораки за
возилото на Информативниот
центар за возачот.
Пораки за возилото 3 137.
Помош за паркирање
Предно-задна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Системот дава
акустични сигнали и прикажува
пораки.
Page 226 of 347

224Возење и ракување
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот. Сигналот за
пречки од предната страна се
огласува преку предните звучници, а за пречки од задната страна се
огласува преку задните звучници.
Копче за помош за паркирање D
и логика за ракување
Предно-задната помош за
паркирање е опремена со D. Ако
возилото е дополнително
опремено со напредна помош за паркирање, (видете во посебниот
опис што следи), со двата системи
се ракува со притискање D.
Кусо притискање на D ја
деактивира или активира предната помош за паркирање.
Долго притискање на D (околу
една секунда) ја активира или
деактивира напредната помош за
паркирање.
Логиката за работа на копчето за
управување со системите е како
што следува:
● Активна е предно-задната помош за паркирање: кусо
притискање ја деактивира
предно-задната помош за
паркирање.
● Предно-задната помош за паркирање е активна: со долго
притискање се вклучува
напредната помош за
паркирање ако возилото е
ставено во брзина за напред.
● Активна е напредната помош за паркирање: кусо
притискање ја активира
предно-задната помош за
паркирање.
● Активна е напредната помош за паркирање: долго
притискање ја деактивира
напредната помош за
паркирање.
● Напредната помош за паркирање и предно-задната
помош за паркирање се
активни: со кратко притискање
се исклучуваат двата системи.
Page 227 of 347

Возење и ракување225Активирање
Кога е во брзина за назад,
предната и задната помош за
паркирање е подготвена за работа.
Предната помош за паркирање
автоматски се вклучува, исто така,
при брзина од 11 км/ч.
Запалена сијаличка во копчето на
помошта за паркирање означува
дека системот е готов да работи.
Ако возилото надмине брзина од 11 км/ч, предната помош за
паркирање се деактивира.
Предната помош за паркирање секогаш се активира кога брзината
на возилото ќе падне под 11 км/ч.
Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото и пред возилото. Зависно која страна на возилото е поблиску
до пречка, од таа страна ќе чуете
предупредувачки звучни сигнали
во возилото. Периодот помеѓу
звуците се скусува додекавозилото наближува до пречката.
Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките може да се прикажува на
Информативниот центар за
возачот 3 130.
На растојанието до предна или
задна пречка укажуваат
променливи линии за растојание
околу возилото.
На пречките од задната страна
истовремено се укажува звучно и
визуелно.
На пречките од предната страна се
укажува прво визуелно. На
оддалечености помали од 80 см,
исто се огласува звучен сигнал.
Прикажувањето на оддалеченоста
на Информативниот центар за
возачот може да се потисне од од
пораки за возилото со повисок
приоритет. Откако ќе се одобри
пораката со притискање SET/CLR
на рачката за трепкачот,
показателот на оддалеченоста се
појавува пак.
Деактивирање
Задната помош за паркирање
автоматски се исклучува кога ќе се извади од рикверц.
Предната помош за паркирање
страна автоматски се исклучува
при брзина од поголема од 11 км/ч .
Page 228 of 347

226Возење и ракување
Може да се исклучи рачно со кусо
притискање на D.
Кога ќе се исклучи системот,
сијаличката во копчето се гасне.
Освен тоа, на Информативниот
центар на возачот се појавува Park
Assist Off (Помошта при паркирање е исклучена) кога системот ќе се
исклучи рачно.
По рачното исклучување, предната помош за паркирање повторно се
вклучува ако се притисне D или
ако возилото е во рикверц.
Дефект
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, на пр. сензори прекриени со мраз, светнува
контролната сијаличка r или се
прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 137.
Контролна сијаличка r 3 126.
Напредна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Системот на напредна помош за
паркирање го упатува возачот на
паркирното место со давање
упатства во Информативниот
центар за возачот и преку звучни
сигнали. Возачот треба да ги
контролира забрзувањето,
сопирањето, управувањето и
менувањето брзини.
Системот ги користи сензорите на предно-задната помош при
паркирање во комбинација со два
дополнителни сензора од двете
страни на предниот и на задниот
браник.
Page 229 of 347

Возење и ракување227Копче за помош за паркирање D
и логика за ракување
Со напредната помош за
паркирање и со предно-задната
помош за паркирање, (видете во
претходниот опис), се ракува
притискање D.
Кусо притискање на D ја
деактивира или активира предната
помош за паркирање.
Долго притискање на D (околу
една секунда) ја активира или
деактивира напредната помош за
паркирање.
Логиката за работа на копчето за
управување со системите е како
што следува:
● Активна е предно-задната помош за паркирање: кусо
притискање ја деактивира
предно-задната помош за
паркирање.
● Предно-задната помош за паркирање е активна: со долго
притискање се вклучува
напредната помош за
паркирање ако возилото е
ставено во брзина за напред.● Активна е напредната помош за паркирање: кусо
притискање ја активира
предно-задната помош за
паркирање.
● Активна е напредната помош за паркирање: долго
притискање ја деактивира
напредната помош за
паркирање.
● Напредната помош за паркирање и предно-задната
помош за паркирање се
активни: со кратко притискање
се исклучуваат двата системи.
АктивирањеКога се бара место за паркирање,
системот треба да се активира со
држење на D околу
една секунда.
Системот може да се активира и
може да бара место за паркирање
само при брзини до 30 км/ч и
системот бара место за паркирање
при брзини до 30 км/ч.
Најголемото дозволено паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е
1,8 метри.
Функционалност
Page 230 of 347

228Возење и ракувањеКога возилото поминува ред на
автомобили и системот е
активиран, системот на напредна помош за паркирање почнува дабара соодветно паркирно место.
Кога ќе се открие прикладно место,
визуелни информации се даваат
во Информативниот центар за
возачот и звучен сигнал.
Ако возачот не го запре возилото
за помалку од 10 метри откако ќе се
предложи паркирно место,
системот почнува да бара друго
соодветно паркирно место.
Предлогот на системот за
паркирно место се прифаќа кога
возачот ќе го запре возилото до
10 метри откако ќе се даде
пораката „Стоп“. Системот ја
пресметува оптималната
маршрута до паркирното место.
Потоа го маневрира возачот до
местото со давање детални
упатства.
Упатствата на екранот покажуваат:
● Навестување кога се вози побрзо од 30 км/ч.
● Барање за запирање на возилото кога се забележува
паркирно место.
● Насока на возењето за време на маневри за паркирање.
● Положба на воланот за времена паркирањето.
● За некои од упатствата се покажува линија за
напредување.
На успешен маневар за паркирање укажува симболот за крајна
положба.
Секогаш внимавајте на звукот на
предно-задната помош за
паркирање. Постојан звук значи
дека оддалеченоста до пречка е
помала од околу 30 см.