fuel OPEL ZAFIRA C 2019 Сопственички прирачник
[x] Cancel search | Manufacturer: OPEL, Model Year: 2019, Model line: ZAFIRA C, Model: OPEL ZAFIRA C 2019Pages: 365, PDF Size: 9.36 MB
Page 265 of 365
Возење и ракување263Внимание
Не користете гориво илиадитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или
еквивалентно на него може да
доведе до таложење или
оштетување на моторот.
Внимание
Користењето гориво со понизок
октански број од најнискиот
можен октански број може да
предизвика неконтролирано
согорување и оштетување на
моторот.
Специфичните барања за моторот
за октанскиот број се дадени во
прегледот на податоците за
моторот 3 333. Специфична
етикета за државата што е ставена
на капачето од резервоарот може
да има предност пред барањето.
Адитив за горивотоГоривото треба да содржи
детергентни адитиви кои помагаат
да се спречи формирање наслаги
во моторот и системот за гориво.
Чистите вбризгувачи и вентили за
довод на гориво овозможуваат
правилна работа на системот за
контрола на издувните гасови. Во
одредени земји, горивото не
содржи доволно количество
адитив за да останат чисти
вбризгувачите и вентилите за
довод на гориво. Во овие земји,
потребен е адитив за горивото за
некои мотори за да се надомести за недостатокот од прочистување.
Користете само адитив за горивото
што е одобрен за ова возило.Треба да додадете адитив за
горивото во наполнет резервоар за
гориво најмалку на секои 15000 км
или по една година, кое и да
настапи прво. За повеќе
информации, контактирајте со
автомеханичар.
Забранети горива Горивата кои содржат оксигенати
како што се етер и етанол, како и
преформулирани горива, се
достапни во некои градови. Ако
овие горива ги исполнуваат
горенаведените спецификации,
тогаш може да ги користите.
Сепак, E85 (85% етанол) и други
горива кои содржат повеќе од 15%
мора да се користат само во возила со FlexFuel.Внимание
Не користете горива што
содржат метанол. Може да
предизвика корозија на
металните делови во системот за гориво, како и да ги оштетипластичните и гумените делови.