OPEL ASTRA J 2015.75 Сопственички прирачник
Page 101 of 377
Складирање99
Дигање
За да се подигне капакот на
повисоко ниво, повлечете ја
јамката наназад и подигнете го
задниот раб од капакот врз
соодветните потпирачи.
Спуштање
За да се спушти капакот, повлечете
го каишот наназад и притиснете ја
предната средина на капакот
надолу истовремено.
Внимание
Не го спуштајте капакот со местење на височината до
положбата 1 во возилата
опремени со сабвуфер.
Сабвуферот може да се оштети.
Забелешка ■ Ако е монтиран во положбата 2
или 3, меѓупросторот помеѓу
задниот капак на подот и
капакот со можност за местење
на височината може да се
користи како складишна
преграда.
■ Капакот со можност за местење
на височината може да се
подигне и закачи со каишот кога
е монтиран во положбата 1
или 2.
■ Ако е монтиран во положбата 2,
се создава речиси потполно
рамна шуплина за товарење ако
потпирачите за грб на задните
седишта се преклопени
нанапред.
■ Отворањето на страничните капаци (на пр. кога се менуваат
сијалиците на задните светла) е возможно само кога капакот со
можност за местење на
височината е монтиран во
положбата 1 или 2.
Page 102 of 377
100СкладирањеВнимание
Капакот со можност за местење
на височината може да издржи
товар од не повеќе од 100 кг.
Капак за задниот под, Спортс
турер
Кренете го капакот на задниот под
со влечење на рачката.
Преклопете го и ставете го капакот зад задните седишта.
Просторот за складирање под
капакот на задниот под може да се
подели со шипка.
Вметнете ја шипката во процепите
на страничните ѕидови.
Внимание
Вметнете ја шипката во задниот отвор кога пренесувате тешки
предмети во товарниот простор.
Во спротивно може да се
оштети капакот на задниот под.
Алки за врзување
Алките за врзување се предвидени за обезбедување на предметите од
лизгање, на пр. користење каиши за врзување или мрежа за багаж.
Систем за ракување со
товарот
Системот FlexOrganizer е
флексибилен систем за делење на товарниот простор.
Системот се состои од: ■ адаптери
■ мрежести џебови
Page 103 of 377
Складирање101
■ куки
■ сервисна кутија
■ комплет со каиши
Компонентите се наместени во
шини од двете странични облоги со употребата на адаптери и куки.
Монтирање на адаптери во
шините
Отворете ја плочката на рачката со
преклопување, вметнете го
адаптерот во горниот и долниот
жлеб на шината и поместете го во
саканата положба. Свртете ја
плочката на рачката угоре за да се
закочи адаптерот. За да се извади, свртете ја плочката на рачката
надолу и извадете го од шината.
Променлива мрежа за
преградување
Вметнете ги адаптерите во
потребната положба во шините.
Спојте ги половините на шипките на мрежата.
За инсталирање, притиснете ги
малку шипките заедно и вметнете
ги во соодветните отвори во
адаптерите.
За вадење притиснете ги заедно
шипките и извадете ги од
адаптерите.
Мрежест џеб
Вметнете ги адаптерите во
потребната положба во шините.
Мрежестиот џеб може да се обеси
на адаптерите.
Page 104 of 377
102Складирање
Монтирање на куките во
шините
Вметнете ја куката во саканата
положба првин во горниот жлеб на
шината, и потоа притиснете ја во
долниот жлеб. За да се извади,
првин извлечете ја од горниот
жлеб.
Сервисна кутија
Инсталирајте две куки во горната
шина. Вметнете ги горните рамки
на кутијата одозгора во куките.
Како алтернатива можност,
инсталирајте ги двете куки во
долната шина. Приклучете ги
долните рамки на кутијата
одозгора во долните куки.
Page 105 of 377
Складирање103
Комплет со каишеви
Вметнете ги адаптерите во
комплетот со каишеви во некоја
шина. Уверете се дека ременот не
е извртен.
Комплетот со каишеви има две
брави за отворање.
Ременот може да се затегне.
Безбедносна мрежа
Верзијата Спортс турер е
опремена со безбедносна мрежа
што може да се монтира зад
задните седишта или, ако
потпирачите на задните седишта
се преклопени и седалата се
кренати, зад предните седишта.
Не смее да се превозуваат патници зад безбедносната мрежа.
МонтирањеЗад задните седиште
Прицврстете ја долната кука со
отворот свртен наназад за алката
на левата и десната страна од
подот. Приспособете ја должината
на ремените за затегање на
безбедносната мрежа преку на
отворите во ременот за горната
кука. Држете го ременот затегнат
додека ја монтирате шипката.
Зад предните седишта
Закачете го ременот за алките под
задното седало.
Преклопете ги потпирачите за грб
нанапред.
За да добиете рамна товарна
површина, пред да ја закачите
безбедносната мрежа, прво
преклопете го седалото.
Поместете ги предните седишта
нанапред за да ја намалите
затегнатоста, ако е потребно.
Page 106 of 377
104Складирање
Монтирање на шипката
Има два отвора за монтирање во
рамката на покривот: закачете ја шипката на мрежата на една
страна и заглавете ја, соберете ја
шипката и потоа закачете и
заглавете ја на другата страна.
Товарен простор 3 90.
Вадење
Откачете ги шипките на безбедносната мрежа од држачите
во рамката на покривот. Откачете
ги ремените од алките. Замоткајте
ја мрежата и прицврстете ја со
ремен.
Извадената безбедносна мрежа
може да се складира под капакот
на задниот под 3 98.
Предупредувачки
триаголник
Хечбек со 3 врати, хечбек со
5 врати
Чувајте го предупредувачкиот
триаголник во просторот зад
каишот на десната страна од
товарниот простор.
Спортс турер
Склопете ги ремените надолу.
Складирајте го предупредувачкиот триаголник во просторот зад
каишевите на внатрешната страна
од задната врата.
Page 107 of 377
Складирање105
Ночбек со 4 врати
Складирајте го предупредувачкиоттриаголник во процепот од левата
страна на товарниот простор.
Прибор за прва помош
Хечбек со 5 врати
Складирајте го приборот за прва
помош во складишната преграда
зад предупредувачкиот
триаголник.
Пред првата употреба, притиснете
го внатрешниот тапацир на горниот дел и на страните од
перфорираната линија. Потоа
свиткајте го тапацирот нанадвор за
да добиете пристап до
складишната преграда.
Хечбек со 3 врати
Складирајте го приборот за прва
помош во складишната преграда
зад предупредувачкиот
триаголник.
Користете ги процепите за да го
преклопите капакот надолу.
Зависно од опремата, приборот за
прва помош може да е складиран
во задната преграда за
складирање 3 95.
Page 108 of 377
106Складирање
Спортс турер
Преклопете го ременот надолу.
Складирајте го приборот за прва помош во просторот зад еден каиш
на внатрешната страна од задната врата.
Ночбек со 4 врати
Складирајте го приборот за прва
помош во просторот зад мрежата од десната страна од товарниот
простор.
Систем на багажници
за на покрив
Багажник за на покрив
Од безбедносни причини и за да се избегне оштетувањето на
покривот, се препорачува системот
на багажници за на покрив одобрен
за возилото. За повеќе
информации, контактирајте со
автомеханичар.
Следете ги упатствата за
монтирање и извадете го
багажникот за на покрив кога не е во употреба.
Монтирање на багажникот напокривот Откачете го капакот од секоја точка
за монтирање со користење
монета.
Page 109 of 377
Складирање107
Хечбек со 5 врати, ночбек со
4 врати
Хечбек со 3 врати
Спортс турер со шини за на покрив
Прицврстете го багажникот за на
покрив кај подрачјето со дупки
покажано со стрелки на сликата.
Информации за
товарење
■ Тешките предмети во товарниот простор треба да се наместат до
потпирачите за грб. Уверете се
дека потпирачите за грб се
безбедно заглавени. Ако
предметите можат да се стават
еден врз друг, потешките
предмети треба да се стават долу.
■ Прицврстувајте предмети со еластичните каишеви закачени
за алките за врзување 3 100.
Page 110 of 377
108Складирање
Закачете го капакот со местењена височината во најниската
положба (1) 3 98.
■ Користете ги четирите куки кај страничните ѕидови на
товарниот простор за
закачување кеси. Максимална
оптовареност: 5 кг по кука.
■ Спортс турер: Користете ги кукиte кај страничните ѕидови на
товарниот простор за
закачување кеси. Притиснете за
да ја расклопите куката.
■ Прицврстувајте слободни предмети во товарниот простор
за да се спречи нивното лизгање.
■ Кога се превозуваат предмети во
товарниот простор, потпирачите
за грб од задниот ред на
седиштата не смеат да бидат
навалени напред.
■ Не дозволувајте товарот да штрчи над горниот раб на
потпирачите за грб.
■ Не ставајте предмети врз капакот на товарниот простор
или врз таблата со инструменти,
и не го покривајте сензорот на
врвот од таблата со
инструменти.
■ Товарот не смее да пречи при ракување со педалите, рачната
сопирачка и рачката на
менувачот, или да го спречи
слободното движење на возачот.
Не ставајте неприцврстени
предмети во внатрешноста.
■ Не возете со отворен товарен простор.9 Предупредување
Секогаш уверувајте се дека
товарот во возилото е безбедно складиран. Инаку предметите
може да се фрлат наоколу
внатре во возилото
предизвикувајќи лична повреда
или оштетување на товарот или на автомобилот.
■ Дозволената оптовареност е
разликата помеѓу дозволената
бруто тежина на возилото
(видете на идентификациската
табличка 3 324) и максималната
тежина според ЕС.
За да ја пресметате дозволената оптовареност, внесете ги
податоците за Вашето возило во
табелата за тежини на почетокот од овој прирачник.
Максималната тежина според ЕЗ
ги вклучува тежините на возачот
(68 кг), багажот (7 кг) и сите
течности (со 90 % полн
резервоар).