OPEL ASTRA J 2015.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.75, Model line: ASTRA J, Model: OPEL ASTRA J 2015.75Pages: 377, PDF Size: 10.29 MB
Page 111 of 377

Складирање109
Опционалните опреми и апаратија зголемуваат својата тежина.
■ Возењето со товар на покривот ја
зголемува чувствителноста на
возилото на странични ветрови и има неповолно влијание врз
управувањето на возилото
поради повишувањето на
тежиштето на возилото.
Распределете го товарот
рамномерно и прицврстете го
правилно со каишеви за држење. Дотерајте ги притисокот во
гумите и брзината на возилото
според условите на
оптовареноста. Често
проверувајте ги и повторно
затегнувајте ги каишевите.
Не возете побрзо од 120 км/ч.
Дозволено оптоварување на
покривот е 75 кг за хечбек со
3 врати / 5 врати и за ночбек со
4 врати, за Спортс турер е
100 кг. Оптовареноста на
покривот е комбинираната
тежина на багажникот за на
покрив и на товарот.
Page 112 of 377

110Инструменти и контролиИнструменти и
контролиКонтроли ................................... 110
Предупредувачки светла,
мерачи и индикатори ...............118
Информативни екрани ............. 132
Пораки за возилото .................. 139
Патен компјутер .......................144
Приспособување на возилото
кон индивидуалните потреби ..147Контроли
Местење на воланот
Отклучете ја рачката, наместете го
воланот, па заглавете ја рачката и
уверете се дека истата е целосно
закочена.
Не го местете воланот освен ако
возилото е во мирување и бравата на воланот била ослободена.
Контроли на воланот
Со Инфозабавниот систем,
контролата на патувањето и
приклучен мобилен телефон може
да се управува преку контролите на
воланот.
Повеќе информации се достапни
во прирачникот на Инфозабавниот
систем.
Системи за помош на возачот
3 203.
Page 113 of 377

Инструменти и контроли111Волан со греење
Активирајте го греењето со
притискање на *. Активирањето се
означува со сијаличката во
копчето.
Препорачаните предели за
зграпчување на воланот се
загреваат побрзо и до повисока
температура отколку другите
предели.
Греењето функционира кога
работи моторот и за време на
Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 183.
Сирена
Притиснете го j.
Page 114 of 377

112Инструменти и контролиБришач на
шофершајбната/перач
Бришач на шофершајбнатаHI=брзоLO=бавноINT=периодично бришење или
автоматско бришење со
сензор за дождOFF=исклучено
За единечно бришење кога
бришачот на шофершајбната е
исклучен, притиснете ја рачката
надолу до положбата 1x.
Не го употребувајте ако
шофершајбната е замрзната.
Исклучете ги во перални за
автомобили.
Приспособлив период на
бришењето
Рачката за бришачот е во
положбата INT.
Свртете го тркалцето за местење
за да го наместите саканиот
период на бришењето:пократки
периоди=свртете го
тркалцето за
местење угореподолги
периоди=свртете го
тркалцето за
местење удолу
Автоматско бришење со сензор за
дожд
INT=автоматско бришење со
сензор за дожд
Page 115 of 377

Инструменти и контроли113
Сензорот за дожд го приметува
количеството на водата на
шофершајбната и автоматски ја
регулира зачестеноста за
бришачот на шофершајбната.
Ако честотата на бришачот е
поголема од 20 секунди, бришачот
се движи малку подолу до
паркирната положба.
Приспособлива чувствителност на
сензорот за дождСвртете го тркалцето за местење
за да ја дотерате чувствителноста:ниска
чувствителнос
т=свртете го
тркалцето за
местење удолувисока
чувствителнос
т=свртете го
тркалцето за
местење угоре
Чувајте го сензорот да биде чист од прашина, нечистотија и мраз.
Миење на шофершајбната и
на предните фарови
Повлечете ја рачката. Течноста за
миење се прска врз
шофершајбната и бришачот брише неколку пати.
Ако се запалени предните фарови,
течноста за миење се прска и на
фаровите, под услов рачката да се држи повлечена доволно долго.
Потоа системот за миење на
предните фарови не работи
5 циклуси за миење или додека
моторот или фаровите не се
исклучат, па вклучат.
Page 116 of 377

114Инструменти и контролиБришач/перач на
задното стакло
Притиснете го преклопникот за да
се активира бришачот на задното
стакло:
горна положба=непрекинато
работењепониска
положба=прекинато
работењесредна
положба=исклучено
Притиснете ја рачката. Течноста за
миење се прска врз задното стакло и бришачот брише неколку пати.
Не го употребувајте ако задното
стакло е замрзнато.
Исклучете ги во перални за
автомобили.
Бришачот на задното стакло се
вклучува автоматски кога е вклучен
бришачот на шофершајбната и
менувачот е ставен во рикверц.
Активирањето или
деактивирањето на оваа функција
може да се смени во изборникот
Settings (Поставки) на
Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 147.
Системот за миење на задното
стакло се деактивира кога нивото
на течноста е прениско.
Надворешна
температура
Page 117 of 377

Инструменти и контроли115
Падот во температурата се
прикажува веднаш, а
покачувањето на истата со
временско доцнење.
Ако надворешната температура
падне на 3 °C, се прикажува
предупредувачка порака на
Информативниот центар за
возачот со горен комбиниран
екран.
9 Предупредување
Површината на патот може да
биде веќе подмрзната иако
екранот означува неколку
степени над 0 °C.
Часовник
Датумот и времето се прикажуваатна Инфо-екранот.
Поставки за времето и
датумот
CD 400plus/CD 400/CD 300
Притиснете CONFIG. Се
прикажува изборникот Settings
(поставки) .
Изберете го Time Date (време,
датум) .
Опции за поставки што се
одбираат:
■ Set time: (местење на времето:) :
Го менува времето прикажано на
екранот.
■ Set date: (местење на датумот) :
Го менува датумот прикажан на
екранот.
■ Set time format (местење на
форматот на времето) : Го
менува означувањето на
часовите помеѓу 12 h (24 ч) и 24
h (24 ч) .
Page 118 of 377

116Инструменти и контроли
■Set date format (местење на
форматот на датумот) : Го менува
означувањето на датумот помеѓу
MM/DD/YYYY (ММ/ДД/ГГГГ) и
DD.MM.YYYY (ДД.ММ.ГГГГ) .
■ Display clock (прикажување на
часовникот) : Го вклучува/
исклучува означувањето на
времето на екранот.
■ RDS clock synchronization
(„RDS“ синхронизација на
часовникот) : Сигналот RDS од
најмногу VHF предаватели
автоматски го мести времето.
Синхронизацијата на RDS
времето може да потрае неколку минути. Некои предаватели не
испраќаат точeн временски
сигнал. Во таквите случаи се
препорачува да се исклучи
автоматската синхронизација на
времето.
Приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 147.
Поставки за времето и
датумот Navi 950/Navi 650/CD 600Притиснете CONFIG и потоа
изберете ја ставката Time and Date
(Време и датум) од изборникот за
приказ на соодветниот
подизборник.
Забелешка
Ако е активирано RDS Auto Time
Adjust (Автоматско местење на часовникот со RDS) , системот ги
поставува времето и датумот
автоматски.
Видете во прирачникот на
Инфозабавниот систем за повеќе
информации.
Местење на времето
За да ги прилагодите поставките за
времето, изберете ја изборната
ставка Set Time (Местење на
часовникот) . Свртете го копчето за
повеќе функции за да ја
прилагодите првата поставка.
Притиснете го копчето за повеќе
функции за да го потврдите
внесеното. Обоената заднина се
поместува на следната поставка.
Прилагодување на сите поставки.
Местење на датумот
За да ги прилагодите поставките за
времето, изберете ја изборната
ставка Set Date (Местење на
датумот) . Свртете го копчето за
повеќе функции за да ја
прилагодите првата поставка.
Притиснете го копчето за повеќе
функции за да го потврдите
внесеното. Обоената заднина се
поместува на следната поставка.
Прилагодување на сите поставки.
Page 119 of 377

Инструменти и контроли117
Формат на времето
За да го изберете саканиот формат на времето, изберете 12 hr / 24 hr
Format (Формат 12/24 часа) .
Активирајте 12 Hour (12 часа) или
24 Hour (24 часа) .
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 147.
Штекери за напојување
Во предната конзола се наоѓа
приклучок за струја со 12 волти.
Дополнителен приклучок за струја
со 12 волти се наоѓа во задната
конзола. Преклопете го капакот
удолу.
Спортс турер: Приклучок за струја
со 12 волти се наоѓа на левот ѕид
во товарниот простор.
Не ја надминувајте максималната
потрошувачка од 120 вати.
При исклучено палење штекерите
за струја се деактивирани.
Дополнително приклучоците за
струја се деактивираат во случај на низок напон во акумулаторот.
Електричните апарати што се
приклучени мора да ги
исполнуваат барањата за
електромагнетната
компатибилност што се утврдени
во DIN VDE 40 839.
Не приклучувајте апарати што
произведуваат електрична струја,
на пр. електрични уреди за
полнење или акумулатори.
Не оштетувајте го штекерот со
користење на несоодветни
приклучоци.
Систем за сопирање-поаѓање
3 183.
Page 120 of 377

118Инструменти и контролиЗапалка
Запалката се наоѓа во предната
конзола.
Притиснете ја запалката навнатре. Таа се исклучува автоматски кога
спиралата ќе се зажари. Извлечете ја запалката.
Пепелници
Внимание
Се користат само за пепел, а не за запално ѓубре.
Преносливиот пепелник може да
се стави во држачите за чаши.
Предупредувачки
светла, мерачи и
индикатори
Група инструменти
Во некои модели стрелките на
инструментите накратко се вртат
до крајната положба кога палењето
ќе се вклучи.
Брзиномер
Ја означува брзината на возилото.