OPEL ASTRA J 2016.5 Сопственички прирачник
Page 221 of 383
Возење и ракување219изгуби возилото напред или да
земе предвид возило што не е во
истата лента. Тоа може да се случи
кога се влегува или излегува од
свиок или ако свиокот стане
поостар или поблаг. Ако веќе не
регистрира возило напред,
контролната сијаличка A ќе се
изгасне.
Ако центрифугалната сила е
преголема во свиок, системот го
забавува малку возилото. Тоа ниво
на сопирање не е конструирано да се избегне излетување од свиок.
Возачот е одговорен за
намалување на избраната брзина
пред да влезе во свиок и, општо
земено, да ја приспособи брзината на видот на патот и постојните
ограничувања на брзината.Автопати
На автопати, прилагодете ја
поставената брзина според
ситуацијата и времето. Секогаш земајте предвид дека
приспособливата контрола на
патувањето има ограничен опсег
на видливоста, ограничено ниво на
сопирање и одредено време за реакција за да потврди дали има
возило на возната патека.
Приспособливата контрола на
патувањето може да не може да го
сопре возилото навреме за да
избегне судир со многу побавно
возило или по менување лента.
Тоа е посебно опасно ако возите
брз или видливоста е намалена
поради временските услови.
Кога влегувате или излегувате од
автопат, приспособливата
контрола на патувањето може да го изгуби возилото напред и да
забрза до поставената брзина.
Поради тоа, намалете ја
поставената брзина пред излез или
пред влегување на автопат.Менување на патеката на возилото
Ако друго возило влезе на вашата
возна патека, приспособливата контрола на патувањето ќе го земе
предвид возилото кога ќе биде
целосно на вашата патека. Бидете
подготвени да реагирате и да ја
притиснете педалата на
сопирачката ако треба да сопрете
побрзо.
Проблеми на нагорнини и со
приколка
Перформансите на системот на
нагорнини и кога се влече приколка зависат од брзината на вашето
Page 222 of 383
220Возење и ракувањевозило, натовареноста на
возилото, сообраќајните услови и
степенот на стрмнината. Може да
не открие возило на вашата патека
додека возите по ридови. На
стрмнини, може ќе треба да ја
користите педалата на гасот за да
ја одржувате брзината на
возилото. Кога одите по
надолнини, особено кога влечете
приколка, може ќе треба да
сопирате за да ја одржите или намалите брзината.
Имајте предвид дека со
притискање на сопирачката го деактивирате системот. Не се
препорачува користење на
приспособливата контрола на
патувањето на стрмнини, особено
кога се влече приколка.Радарска единица
Радарската единица е монтирана
зад решетката на ладилникот под
амблемот на брендот.
9 Предупредување
Радарската единица е
порамнета внимателно за
време на производството.
Затоа, по преден судир, не
користете го веќе системот.
Предниот браник може да
изгледа неоштетен, меѓутоа
сензорот одзади може да е
изместен и да реагира
неправилно. По сообраќајка,
посоветувајте се со
автомеханичар за да ви ја
потврди и поправи положбата
на сензорот за
приспособливата контрола на
патувањето.
Поставки
Поставките може да се изменат воизборникот Auto collision
preparation (Автоматска подготовка
за судир) во приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби, 3 148.
Дефект
Ако приспособливата контрола на
патувањето не работи поради
привремени услови (на пр.
блокирање од мраз), или ако има постојана грешка на системот, се
прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Page 223 of 383
Возење и ракување221
Пораки за возилото 3 141.
Предупредување за преден судир
Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.На возило напред укажува
контролната сијаличка A.
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се
огласува предупредувачка
мелодија и се дава
предупредување во
Информативниот центар за
возачот.
Предуслов е да е активирано
предупредувањето за преден
судир во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 148 или
да не е исклучено со притискање на
V (зависно од системот, видете
понатаму).
Зависно од опремата на возилото,
достапни се две варијанти на
предупредувањето за преден
судир:
● Предупредување за преден
судир врз основа на радарски
систем
кај возилата опремени со
приспособлива контрола на
патувањето 3 213.
● Предупредување за преден
судир врз основа на предна камера
Page 224 of 383
222Возење и ракувањекај возилата со стандардна
контрола на патувањето или
без неа 3 209.
Предупредување за преден
судир врз основа на радарски
систем
Системот го користи радарскиот сензор зад решетката на
ладилникот за да открива возила
директно напред, на вашата
патека, на оддалеченост од
најмногу 150 метри.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од брзина на
одење ако не е исклучена
поставката Auto collision
preparation (Автоматска подготовка
за судир) од изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 148.Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
предупредувањето може да се
постави на блиску, средно или
далеку.
Притиснете E; моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете E повторно
за да ја смените чувствителноста
на предупредувањето. Поставката
се прикажува и на горниот ред на
Информативниот центар за
возачот.
Имајте предвид дека поставката за
чувствителноста на навременоста
на предупредувањето е иста како и поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето. Затоа, менувањето на чувствителноста на навременоста
на предупредувањето ја менува
поставката за растојание однапред
на приспособливата контрола на
патувањето.
Page 225 of 383
Возење и ракување223Предупредување на возачот
Зелена контролна сијаличка за
возило напред A светнува во
групата инструменти кога системот ќе открие возило на патеката за
возење. Кога растојанието меѓу
возилото и возилото во движење
пред него ќе се намали премногу
или кога се приближувате пребрзо
кон друго возило и претстои судар,
во Информативниот центар за
возачот се појавува симбол за
предупредување. Истовремено се
огласува предупредувачка
мелодија.
Притиснете ја педалата на
сопирачката ако тоа го бара
ситуацијата.
Поставки
Поставките може да се изменат во
изборникот Auto collision
preparation (Автоматска подготовка
за судир) во приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби, 3 148.
Предупредување за преден
судир врз основа на предна
камера
Предупредувањето за преденсудир го користи системот на
предната камера во
шофершајбната за да открива
возило директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 метри.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од 40 км/ч ако не
е исклучено со притискање на V,
видете подолу.Избор на чувствителноста на
предупредувањето
Чувствителноста на
предупредувањето може да се
постави на блиску, средно или далеку.
Притиснете V; моменталната
поставка се прикажува на
Информативниот центар за
возачот. Притиснете V повторно
за да ја смените чувствителноста
на предупредувањето.
Page 226 of 383
224Возење и ракување
Предупредување на возачот
Зелена контролна сијаличка за возило напред A светнува во
групата инструменти кога системот ќе открие возило на патеката за
возење.Кога растојанието меѓу возилото и
возилото во движење пред него ќе
се намали премногу или кога се приближувате пребрзо кон друго
возило и претстои судар, во
Информативниот центар за
возачот се појавува симбол за
предупредување.
Истовремено се огласува
предупредувачка мелодија.
Притиснете ја педалата на
сопирачката ако тоа го бара
ситуацијата.
Деактивирање
Системот може да се деактивира.
Притискајте V повеќепати додека
не се појави следнава порака на
Информативниот центар за
возачот.
Page 227 of 383
Возење и ракување225Општи информации за двете
варијанти на
предупредувањето за преден
судир9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Ограничувања на системот
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но
може да реагира и на други
метални предмети.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
● на патишта со многу свиоци
● кога времето ја ограничува видливоста, на пр. кога има
магла, дожд или снег
● кога сензорот е блокиран од снег, мраз, влажен снег, кал,нечистотија или оштетувањана шофершајбната
Показател за растојание однапред
Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возило што се
движи однапред. Системот го
користи, зависно од опремата на
возилото, или радарот зад
решетката на ладилникот илипредната камера на
шофершајбната за да ја открие
оддалеченоста од возилото
директно напред на вашата патека.
Активно е при брзини поголеми од
40 км/ч.
Кога ќе се открие возило пред вас,
оддалеченоста се покажува во
секунди, прикажани на страницата
во Информативниот центар за
возачот 3 133. Притиснете MENU
на рачката за трепкачите за да
изберете Vehicle Information Menu
(Изборник за информации за
возилото) X и свртете го
тркалцето за да ја изберете
страницата за покажување на
растојанието однапред.
Page 228 of 383
226Возење и ракување
Минималната покажана
оддалеченост е 0,5 сек.
Ако нема возило напред или
возилото напред е надвор од
опсегот, ќе бидат прикажани две
цртички: -.- s.
Активно итно сопирање Активно итно сопирање може да
помогне да се намали штетата од
судири со возила и пречки
директно напред, кога судирот веќе
не може да се избегне со рачно
сопирање или со вртење. Пред да
се активира активното итно
сопирање, возачот добива
предупредување за преден судир
3 221.
Карактеристиката користи разни
информации (на пр., од радарски
сензор, притисокот на
сопирачките, брзината на
возилото) за да ја пресмета
веројатноста за преден судир.
Активното итно сопирање работи
автоматски при брзина поголема
од брзина на одење ако не е
исклучена поставката Auto collision
preparation (Автоматска подготовка
за судир) од изборникот за
приспособување на возилото кон индивидуалните потреби 3 148.
Системот вклучува: ● систем за подготовка на
сопирачките
● итно автоматско сопирање
● предно серво сопирање9Предупредување
Системот не е наменет да ја
замени одговорноста на
возачот за возење на возилото
и гледање напред. Неговите
функции се ограничени само на
дополнителна употреба.
Возачот треба да ја применува
педалата на сопирачките
според условите на возењето.
Систем за подготовка на
сопирачките
Кога се приближувате до возило
напред толку бргу што е веројатен
судир, системот за подготовка на
сопирачките го зголемува малку
притисокот во сопирачките. Тоа го
намалува времето на реакција,
кога е потребно рачно или
автоматско сопирање.
Системот на сопирачките се
подготвува така што сопирањето
може да биде побрзо.
Page 229 of 383
Возење и ракување227Итно автоматско сопирање
По подготвувањето на сопирачките и токму пред судирот, функцијата
автоматски активира извесно
сопирање за да ја намали ударната
брзина на судирот.
Предно серво сопирање Освен системот за подготовка на
сопирачките и итното автоматско
сопирање, функцијата за предно
серво сопирање го прави сервото
почувствително. На тој начин,
благо притискање на педалата
веднаш дава силно сопирање.
Оваа функција помага возачот да
сопре побрзо и посилно пред
очекуваниот судир.9 Предупредување
Активното итно сопирање не е
проектирано да применува
силно самостојно сопирање или автоматски да избегнува судир.
Конструирано е да ја намали
брзината на возилото пред
судир. Може да не реагира на
сопрени возила, пешаци или
животни. По ненадејно
менување лента, на системот
му треба одредено време да го открие следното возило напред.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба
постојано да биде подготвен да дејствува и да ги активира
сопирачките и да го врти
воланот за да избегнува судири. Системот е конструиран да
работи со сите патници со
врзани безбедносни ремени.
Ограничувања на системот
Активното итно сопирање има
ограничена или никаква
функционалност на дожд, снег и
многу прашина, бидејќи
радарскиот сензор може да е
прекриен со слој вода, земја, мраз
или снег. Во случај на блокирање
на сензорот, исчистете го капакот
на сензорот.
Во извесни ретки случаи, системот за активно итно сопирање може да
пружи кусо автоматско сопирање
во ситуации што изгледаат
непотребни, на пример поради
сообраќајни знаци на свиок или
поради возила на друга лента. Тоа
е прифатлива состојба, на
возилото не му треба сервис.
Цврсто притиснете ја педалата за
гас за да го исклучите
автоматското сопирање.
Поставки
Поставките може да се изменат во
изборникот Auto collision
preparation (Автоматска подготовка
за судир) во приспособувањето на
возилото кон индивидуалните
потреби, 3 148.
Дефект
Во случај на потреба од системски сервис, се прикажува порака на
Информативниот центар за
возачот.
Page 230 of 383
228Возење и ракување
Ако системот не работи како што
треба, се прикажуваат пораки на
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 141.
Помош за паркирање
Задна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад и користетего системот за задна помош за
паркирање.
Задната помош за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките назад. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
е подготвен за работа автоматски.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото. Периодот помеѓу