OPEL ASTRA J 2017 Сопственички прирачник

Page 221 of 331

Возење и ракување219Кука за приколки
Општи информации Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило. Доверете му го
отпослежното монтирање на
опремата за влечење на
автомеханичар. Може да биде
потребно да се извршат измени кои
делуваат врз системот за ладење,
топлоотпорните обвивки или друга
опрема.
Функцијата за откривање
откажување на ламбите за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на ламбите,
на пр. во случај на 4 ламби х
5 вати, открива откажување на
ламбите само кога останала само
една ламба од 5 вати или нема
ниедна.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете ја
влечната кука. Секогаш чувајте ја
влечната кука во возилото.Возни карактеристики,
совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
Со приколки кои имаат мала
стабилност при возењето и
камперски приколки со дозволена
бруто тежина на возилото од
повеќе од 1300 кг употребата на
стабилизатор особено се
препорачува кога се вози над
80 км/ч.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна
натовареност 3 304.Влечење на приколка
Товари на приколката Дозволената оптовареност на
приколката е максимална вредност која зависи од возилото и моторот
и не смее да се пречекори.
Фактичката оптовареност на
приколката е разликата помеѓу
бруто тежината на приколката и
фактичката оптовареност на
влечната спојка кога е приклучена
приколката.
Дозволената оптовареност на
приколката е определена во
документите на возилото. Општо,
тие важат за стрмнини до најмногу
12%.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10% на

Page 222 of 331

220Возење и ракувањесекои 1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се намалува кога се вози по патишта
со мала стрмнина (помала од 8%,
на пр. магистрални патишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина за
влечење. Таа тежина е наведена
на идентификациската табличка
3 290.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
којашто приколката ја врши врз
влечната топка. Таа може да се
менува со менување на
распределбата на тежината кога се товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите на возилото. Секогаш трудете се за
максималната оптовареност,
особено во случај на тешкиприколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.
Оптовареност на задната оска
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
60 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото за 60 кг. Ако се
надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Торбичката со топчестата влечна
кука се складира во задната
складишна преграда на подот.
Протнете го ременот низ алката за
врзување, завиткајте го околу неа
двапати и затегнете го ременот за
да се прицврсти торбата.

Page 223 of 331

Возење и ракување221Монтирање на топчестата
влечна кука
Сите верзии освен хечбек со
3 врати: Притиснете ги
прицврстувачите навнатре и
склопете го капакот надолу
однапред. Извадете го капакот.
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче треба да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.

Page 224 of 331

222Возење и ракување
● Извлечете го вртливото копчеи свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
оригиналната положба, потпирајќи
се на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.

Page 225 of 331

Возење и ракување223Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче треба да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете а во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Сите верзии освен хечбек со
3 врати: Закачете го задниот дел на
капакот во процепот на браникот и
склопете ја предната страна
нагоре.
Притиснете ги прицврстувачите
нанадвор.
Помош за стабилноста на приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира
додека не престане кривулестото

Page 226 of 331

224Возење и ракувањедвижење. Додека системот работи,држете го воланот колку што може
помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
Електронската контрола на
стабилноста 3 173.

Page 227 of 331

Нега на возилото225Нега на возилотоОпшти информации.................226
Додатоци и модификации на возилото ................................ 226
Чување на возилото ..............226
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......227
Прверки на возилото ...............227
Вршење работа ...................... 227
Хауба ...................................... 228
Моторно масло ......................228
Ладилник ................................ 230
Течност за серво управување ........................... 230
Течност за миење ..................231
Сопирачки .............................. 231
Течност за сопирачките ........231
Акумулатор ............................. 232
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 234
Замена на четкичките на бришачите ............................. 234
Замена на сијалиците ..............235
Халогенски предни фарови ..235
Приспособливо предно светло .................................... 239Фарови за магла....................240
Предни трепкачи ....................242
Задни светла .......................... 244
Странични трепкачи ..............247
Светло за регистарската табличка ................................ 249
Внатрешни светла .................249
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 249
Електричен систем ..................250
Осигурувачи ........................... 250
Кутија со осигурувачи во
моторниот простор ...............251
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......253
Кутија со осигурувачи во товарниот простор ................255
Прирачен алат ......................... 256
Алати ...................................... 256
Тркала и гуми ........................... 258
Зимски гуми ............................ 258
Ознаки на гумите ...................258
Притисок на гумите ................ 258
Систем за следење на притисокот на гумите ...........260
Длабочина на шарата ...........264
Менување на гумите и големина на тркалата ..........264
Раткапни ................................. 264Синџири за гуми ..................... 265
Комплет за поправање гуми . 266
Менување тркала ................... 269
Резервно тркало ....................273
Палење со кабли ......................277
Влечење ................................... 279
Влечење на возилото ............279
Влечење друго возило ..........280
Нега за изгледот ......................281
Нега на надворешноста ........281
Нега на внатрешноста ........... 284

Page 228 of 331

226Нега на возилотоОпшти информацииДодатоци и модификациина возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Каква било измена, преиначување или други промени што се
направена на стандардните
спецификации на возилото
(вклучувајќи ги, без ограничување,
измените на софтверот, измените
на електронските контролни уреди)
може да ја поништи гаранцијата
што ја нуди Opel. Дополнително,
таквите промени може да влијаат
врз потрошувачката на гориво,
испуштањето CO 2 и други
испуштања од возилото и да
предизвикаат возилото повеќе да
не го почитува одобрението натипот на возилото што ќе влијае
врз важноста на регистрацијата на
возилото.Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.

Page 229 of 331

Нега на возилото227Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
● Проверете го нивото на течноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, кадешто се бара со закон. Доверете му
ја работава само на овластен
центар за рециклирање.
Возилата на гас мора да ги
рециклира сервисен центар
овластен за возила на гас.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.

Page 230 of 331

228Нега на возилото9Опасност
Системот за палење и
ксенонските фарови користат
крајно висок напон. Не
допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на бравата од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето, за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи

Page:   < prev 1-10 ... 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 ... 340 next >