OPEL ASTRA K 2016 Сопственички прирачник

Page 211 of 307

Возење и ракување209предупредувачките симболи B ќе
светнат како што е нормално, на
соодветната страна.
Кога ќе се стартува возилото,
екраните на двата странични
ретровизори накусо ќе светнат за
да укажат дека системот работи.
Системот може да се активира или деактивира во Инфо-екранот,
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 120.
На исклучувањето укажува порака во Информативниот центар за
возачот.
Зони на откривање
Зоните на откривање почнуваат кај задниот браник и се протегаат
околу три метри наназад и
настрана. Висината на зоната е
приближно помеѓу
половина метар и два метри од
тлото.
Известувањето за странична слепа
точка е конструирано да игнорира статични објекти како, на пр.
банкини, столбови, рабници,
ѕидови и греди. Паркирани иливозила што доаѓаат од
спротивната страна не се
откриваат.
Дефект
Може да дојде до повремени
пропуштени известувања во
нормални околности и тие се
почести при влажни услови.
Известувањето за странична слепа
точка не работи кога левиот или
десниот агол на задниот браник е
прекриен со кал, нечистотија, снег, мраз, влажен снег, или при големо
невреме. Упатства за чистење
3 272.
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради привремени услови, симболите во
огледалата ќе бидат постојано осветлени и се прикажува порака
на Информативниот центар за
возачот. Побарајте помош од
автомеханичар.Ретровизорска камера
Ретровизорската камера му помага
на возачот кога вози наназад со
прикажување поглед на подрачјето зад возилото.
Сликата од камерата се прикажува на информативниот екран во боја.9 Предупредување
Ретровизорската камера не го
заменува видот на возачот.
Имајте предвид дека предмети
што се надвор од полето на
видливост на камерата и на
сензорите за напредна помош
за паркирање, на пр. под
браникот или под возилото, не
се прикажуваат.
Не возете наназад со возилото
гледајќи само во инфо-екранот
и проверете ги подрачјето
одзади и околу возилото пред
да возите наназад.

Page 212 of 307

210Возење и ракувањеАктивирањеРетровизорската камера се
активира автоматски кога ќе се
стави во рикверц.
Функционалност
Камерата е монтирана меѓу
светлата за регистерската
табличка и има агол на гледање од
130°.
Подрачјето што го прикажува камерата е ограничено.
Оддалеченоста на сликата што се
појавува на екранот се разликува
од фактичката оддалеченост.
Наведувачки линии
Динамичките наведувачки линии
се хоризонтални линии на
растојание од еден метар
проектирани на сликата за да ја
определат оддалеченоста од
прикажаните објекти.Траекториската патека на
возилото се прикажува во
согласност со аголот на свртеност
на воланот.
Предупредувачки симболи
Предупредувачките симболи се
покажуваат како триаголници 9 на
сликата што ги покажува пречките
откриени од задните сензори на
напредната помош за паркирање.
Дополнително, 9 се појавува на
горната лента на инфо-екранот со
предупердување да се провери
опкружувањето околу возилото.

Page 213 of 307

Возење и ракување211Поставки за екранот
Осветленоста и контрастот може
да се постават со допирање на
допирниот екран кога е активна
ретровизорската камера.
Деактивирање Камерата се исклучува кога ќе се
надмине одредена брзина
нанапред или ако не се стави во
рикверц околу 15 секунди.
Ретровизорска камера може да се
деактивира рачно во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во Инфо-
екран во боја. Изберете ја
соодветната поставка во Settings
(Поставки) , I Vehicle (Возило) .Деактивирање на водечките линии
и предупредувачки симболи
7'' Инфо-екран во боја: Активирање
или деактивирање на визуелни
водечки линии и предупредувачки
симболи може да се промени со
копчиња на допир во долната зона
на екранот.
8'' Инфо-екран во боја: Активирање или деактивирање на визуелни
водечки линии и предупредувачки
симболи може да се промени во
изборникот со поставки во
Инфо-екран. Изберете ја
соодветната поставка во Settings
(Поставки) , I Vehicle (Возило) .
Информативен екран 3 115.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 120.
Дефект Пораки за дефект се прикажуваат
со 9 во горниот ред на
информативниот екран.
Ретровизорската камера може да
не работи правилно кога:
● Наоколу е темно.
● Сонце или фарови светат директно во објективот на
камерата.
● Мраз, снег, кал или нешто друго го прекрива објективот
на камерата. Исчистете го
објективот, исплакнете го со
вода и избришете го со мека
крпа.
● Возилото влече приколка.
● Возилото се судрило од задната страна.
● Има екстремни промени на температурата.

Page 214 of 307

212Возење и ракувањеПомошник за сообраќајнизнаци
ФункционалностПомошникот за сообраќајни знаци
ги забележува сообраќајните знаци
преку предна камера и ги
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Ако возилото е опремено со
вграден систем за навигација,
сообраќајните знаци од картите со податоци може дополнително да
се вклучат.
Сообраќајни знаци коишто ќе се
забележат се:
Знаци за ограничување и
забрането претекнување ● ограничување на брзина
● поминувањето е забрането
● крај на ограничувањето на брзината
● крај на забраната на поминувањетоСообраќајни знаци
Почеток и крај на:
● градски региони (специфични за земјата)
● автопати
● регионални патишта
● улици за играњеДополнителни знаци ● дополнителни знаци на сообраќајните знаци
● ограничување за влечење приколки
● ограничувања за влечење ● предупредување за влажност
● предупредување за мраз
● временски ограничувања● далечински ограничувања
● стрелки за насока
Знаците за ограничување на
брзината и за непретекнување се
прикажуваат на Информативниот
центар за возачот додека не се
регистрира следен знак за
ограничување или престанок на
ограничувањето на брзината или
измине времето на знакот по
определено време.
Можно е на екранот да се појават
показатели за повеќе знаци.

Page 215 of 307

Возење и ракување213Знакот за извичник во рамка
укажува дека е детектиран
дополнителен знак што системот
не може јасно да го идентификува.
Системот работи без загуба на
перформансите до брзина од
200 километри на час зависно од
условите на осветлување. Ноќе
системот е активен до брзина од
160 км/ч.
Индикации на екранот Информации за моментално
важечки сообраќајни знаци се
достапни на назначениот
помошник за сообраќајни знаци во
Информативниот центар на
возачот.
Дополнително, важечката граница
на моментално ограничување на брзината е постојано прикажана во долната линија на
Информативниот центар за
возачот. Во случај на достапно
ограничување на брзината со
addon, симболот + се прикажува во
оваа област.
На екранот од средно ниво,
одберете Info (Инфо)
Изборник ? преку MENU и
одберете ја страната на помошник за сообраќајни знаци со тркалцето
за прилагодување на рачката за
трепкач 3 109.На екран од високо ниво, изберете
Info ( Инфо) изборник преку десните
копчиња на воланот и притиснете
P или Q за да ја одберете
страната на помошник за
сообраќајни знаци 3 109.
Кога е избрана друга страница на
изборникот на Информативниот
центар за возачот и потоа повторно ќе се одбере страницата на
помошник за сообраќајни знаци, ќе се прикаже последниот препознаен
сообраќаен знак.

Page 216 of 307

214Возење и ракувањеФункција за тревожење
Функцијата за тревожење може да
биде активирана или деактивирана во изборникот за поставки на
страницата на помошник за
сообраќајни знаци.
Откако еднаш ќе се активира и кога
не е во моментов прикажана
страницата за приметување на
сообраќајни знаци, ново откриени
ограничувања на брзината и знаци
за забрана на поминување се
прикажани како скокачки
известувања во информативниот
центар на возачот.
На екранот од средно ниво, кога е
прикажана страницата на
помошникот со сообраќајни знаци,
притиснете SET/CLR на рачката за
трепкач.
Одберете Alerts ON (Вклучени
тревожења) или Alerts OFF
(Исклучени тревожења) со вртење
на тркалцето за прилагодување и притиснете SET/CLR.
На екранот од високо ниво, кога е
прикажана страницата на
помошникот со сообраќајни знаци,
притиснете q на контролите на
воланот.
Активирајте ги предупредувањата
со поставување J, деактивирајте
ги предупредувањата со
поставување I преку копчето 9.
Појавното тревожење се
прикажува околу осум секунди во
Информативниот центар за
возачот.
Препоставување на системот
Содржината на прикажаните
сообраќајни знаци може да се
избрише во изборникот за
поставување на страницата на
помошникот за сообраќајни знаци
со избирање Reset (Ресетирај) и
потврда со притискање SET/CLR

Page 217 of 307

Возење и ракување215на рачката за трепкачите подолго
време или 9 на контролите на
воланот.
Алтернативно, SET/CLR или 9
може да го притиснете за три
секунди за да ја избришете
содржината на страницата.
По успешното ресетирање, ќе се
прозвучи мелодија и следниов
"Стандарден знак" се прикажува
додека не се открие следниот
сообраќаен знак или даден на мапа
на податоци од системот за
навигација.
Во некои случаи системот го брише помошникот за сообраќајни знаци
автоматски.
Отстранување на
сообраќајните знаци
Постојат различни сценарија кои
водат кон отстранување на тековно прикажаните сообраќајни знаци.
По отстранувањето, "Стандарден
знак“ или знак од податоците од
мапата за навигација се прикажува
во Информативниот центар на
возачот.
Причините за отстранување на
знаците:
● Управувано е однапред дефинирано растојание или
поминало одредено време (се
разликува за секој тип знак)
● Возилото вози на кривина
● Ако не се достапни податоци за
карта за навигација и брзината станува побавна од 52 км/ч
(детекција на влез во град)
● Ако се достапни податоци за карта за навигација и влез во
град / излез се детектирани
како резултат на промена на
податоците на картатаЗабележување сообраќајни
знаци во спој со системот за
навигација
Ако возилото е опремено со систем за навигација, тековно
прикажаниот знак може или да
потекнува од детекција на оптички
знак или од податоци од карта.
Ако тековно прикажаните знаци
потекнуваат од податоци на карта
и информациите за картите се
променат, нов знак ќе биде
прикажан. Ова може да води до
детекција на нов знак иако никаков
знак на патот можеби не е поминат.
Дефект
Помошник за сообраќајни знаци
може да не работи коректно ако:
● Областа на шофершајбната, каде е сместена предната
камера, не е чиста или е
покриена со надворешни
елементи на пр. налепници.
● Сообраќајните знаци се целосно или делумно
прекриени или тешко се
распознаваат.

Page 218 of 307

216Возење и ракување● Има неповолни услови одоколината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева
светлина или сенки.
● Сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени.
● Сообраќајните знаци не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни
знаци.Внимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на
одреден обем на брзини за дараспознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не распознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или завршат
ограничување на брзината.
Не дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Помош за задржување на
лента
Помош за задржување на лента
помага да се избегнат судири како
резултат на ненамерно напуштање на лентата. Предната камера ги
забележува ознаките на коловозот.
Ако возилото се приближи до
ознаките за лентата, воланот
нежно се врти за да ја врати
положбата на возилото во лентата. Надминување на системот со
вртење на воланот.
Значајното преминување на
ознаките на лентата без
надминување на помошта за
задржување на линијата почнува
со визуелно и звучно
предупредување.
Се претпоставува ненамерна
промена на лентата
● без користење на трепкач
● користење на трепкач во спротивна насока од
промената на лента
● без кочење
● без забрзување
● без активно вртење.
Забелешка
Системот е исклучен за време на
откривање на двосмислено
обележувања на лентите, на
пример, во градежни области.
Забелешка
Системот може да биде исклучен, ако детектира ленти, кои се
премногу тесни, премногу широки
или премногу криви.

Page 219 of 307

Возење и ракување217Активирање
Помошта за задржување на лента
се активира со притискање на a.
Запалената сијаличка во копчето означува дека системот е вклучен.
Кога контролната сијаличка a во
групата инструменти ќе се запали
зелена, системот е готов за помош.
Со системот може да се работи при
брзини на возилото помеѓу 60 км/ч
и 180 км/ч и ако лентите се
обележени.
Системот нежно го врти воланот и
контролната сијаличка a се
променува во жолта, ако возилото
се приближува кон откриената
лента за обележување без
користење на трепкач во таа
насока.
Системот предупредува со
трепкање на a заедно со три
мелодии, од соодветната насока, ако лентата е значително
променета.
Системот не може да работи кога
нема ознаки за лентите.
Ако системот открие само
обележувања на лентите на едната страна на патот, тој ќе помогне
само за едната страна.
Помошта за задржување на лента
открива возење без раце. Во ваков случај Информативниот центар за
возачот дава порака како и звучни
сигнали додека помошта за
задржување на лента открива
возење без раце.Деактивирање
Системот се исклучува со
притискање на a, светлото во
копчето се гаси.
Дефект Перформансите на системот може
да бидат под влијание на:
● Шофершајбната не е чиста или
е под влијание на надворешни
елементи, на пример,
налепници
● Блиски возила напред
● Накосени патишта
● Кривулести или ридски патишта
● Рабови на патот
● Патишта со лоши обележувања на лентите
● Нагли промени на осветлувањето
● Негативни временски услови како силен дожд или снег
● Промени кај возилото, на пример гуми.

Page 220 of 307

218Возење и ракувањеИсклучете го системот, ако
системот е оштетен од мрсни
дамки, сенки, пукнатини на патот,
привремени или обележувања на
лентата заради градење или други
видови на неповолности.9 Предупредување
Секогаш задржете го вашето
внимание на патот и одржувајте ја соодветната позиција на
возилото на лентата, инаку
може да дојде до оштетување
на возилото, повреди или смрт.
Помошта за задржување на
лента не управува постојано со
возилото.
Системот може да не го задржи
возилото во лентата или да
даде предупредување, дури и
ако одбележувањето на лентите е откриено.
Помошта за задржување на
лентата може да не обезбеди
доволно управување за да се
избегне напуштање на лентата.
Системот може да не открие
возење без раце поради
надворешни влијанија (состојба
на патиштата и површината,
времето итн). Возачот има
целосна одговорност за
контрола на возилото и секогаш
е потребно да ги задржи рацете на воланот за време на
возењето.
Користење на системот при
влечење на приколка или на
лизгави патишта може да
предизвика губење на
контролата врз возилото и
судир. Исклучување на
системот.Гориво
Гориво за бензинскимотори
Користете само безоловно гориво
што е усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или еквивалентно.
Моторот е способен да работи со
гориво што содржи до 10% етанол
(на пример, наречен E10).
Користете гориво со
препорачаниот октански број
3 284.Внимание
Не користете гориво или
адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.

Page:   < prev 1-10 ... 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 ... 310 next >