OPEL ASTRA K 2016 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2016, Model line: ASTRA K, Model: OPEL ASTRA K 2016Pages: 307, PDF Size: 7.89 MB
Page 221 of 307

Возење и ракување219Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN 51626-1 или слично може да
доведе до таложење или
оштетување на моторот.
Внимание
Употребата на горива со
пренизок октански број може да
доведе до неконтролирано
согорување и оштета на
моторот.
Гориво за мотори на дизел
Користете само дизел гориво
сообразено со EN 590.
Во земјите надвор од Европската
унија, користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под 50
ppm.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот.
Не користете бродски дизел масла,
масла за греење, Аквазол и слични емулзии на дизел и вода. Дизел
горивата не смеат да се разредат
со горива за бензински мотори.
Полнење гориво
9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги палењето и сите
надворешни грејачи со комори за согорување.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Page 222 of 307

220Возење и ракувањеВратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од задната десна
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
За да отворите, полека свртете го
капачето налево.
Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
За полнење, целосно вметнете ја
цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматското исклучување,
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и
заглавете ја.
Капаче за полнење гориво
Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за полнење гориво.
Потрошувачка на гориво -CO 2-испуштање
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) на моделот Opel
Astra е од 5,7 до 3,4 л/100 км.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
од 131 до 90 г/км.
За вредностите специфицирани за
вашето возило, видете го
Сертификатот за сообразност на
ЕК доставен со вашето возило или
другите национални документи за
регистрација.
Page 223 of 307

Возење и ракување221Општи информацииНаведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2 се
однесуваат на основниот модел за ЕУ со стандардна опрема.
Податоците за потрошувачката на
гориво и испуштањето CO 2 се
одредуваат според прописот R
(EC) бр. 715/2007 (во најновата
важечка верзија), со земање
предвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка и испуштање CO 2.
Понатаму потрошувачката на
гориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.Кука за приколки
Општи информации Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило. Доверете му го
отпослежното монтирање на
опремата за влечење на
автомеханичар. Може да биде
потребно да се извршат измени кои делуваат врз системот за ладење,
топлоотпорните обвивки или друга
опрема.
Функцијата за откривање на
откажување на ламбите за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на ламбите,
на пр. во случај на четири пати пет
ватни ламби, открива откажување
на ламбите само кога останала
само една ламба од пет Вати или
нема ниедна.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете јавлечната кука. Секогаш задржи ја
влечната кука во возилото кога не
е во употреба.
Возни карактеристики, совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа
ако за намалување на кривулести
движења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
Со приколки кои имаат мала
стабилност при возењето и
камперски приколки со дозволена
бруто тежина на возилото од
повеќе од 1300 кг употребата на
стабилизатор особено се
препорачува кога се вози над
80 км/ч.
Ако приколката почне да се извива, возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Page 224 of 307

222Возење и ракувањеКога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна
натовареност 3 290.
Влечење на приколка
Товари на приколката Дозволената оптовареност на
приколката е максимална вредност која зависи од возилото и моторот
и не смее да се пречекори.
Фактичката оптовареност на
приколката е разликата помеѓу
бруто тежината на приколката и
фактичката оптовареност на
влечната спојка кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност на
приколката е определена во
документите на возилото.
Воопшто, тие важат за стрмнини до најмногу 12 %.Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина за
влечење. Таа тежина е наведена
на идентификациската табличка
3 279.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
којашто приколката ја врши врз
влечната топка. Таа може да семенува со менување на
распределбата на тежината кога се товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите на возилото. Секогаш трудете се за
максималната оптовареност,
особено во случај на тешки
приколки. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.
Оптовареност на задната оска
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е докрај
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
40 кг. Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Page 225 of 307

Возење и ракување223Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Торбичката со топчестата влечна
кука се складира во задната
складишна преграда на подот.
Протнете го ременот низ задната
алката за врзување, завиткајте го
околу неа двапати и затегнете го
ременот за да се прицврсти
торбата.
Монтирање на топчестата
влечна кука
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
● Црвената ознака на вртливото
копче треба да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Меѓупросторот помеѓу вртливото копче и влечната
кука мора да биде околу 6 мм.
● Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
● Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во
положбата c.
Page 226 of 307

224Возење и ракување
● Извлечете го вртливото копчеи свртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
оригиналната положба, потпирајќи
се на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Page 227 of 307

Возење и ракување225Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
● Зелената ознака на вртливото копче треба да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука.
● Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука.
● Влечната кука треба цврсто да
се заглави во отворот.
● Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете а во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Помош за стабилноста на
приколката
Ако системот открие кривулести
движења, моќноста на моторот се
намалува и комбинацијата возила/
приколка селективно се сопира додека не престане кривулестото
движење. Додека системот работи, држете го воланот колку што може
помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 188.
Page 228 of 307

226Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................227
Додатоци и модификации на возилото ................................ 227
Чување на возилото ..............227
Демонтирање на возилото на крајот на работниот век .......228
Прверки на возилото ...............228
Вршење работа ...................... 228
Хауба ...................................... 228
Моторно масло ......................229
Ладилник ................................ 230
Течност за миење ..................231
Сопирачки .............................. 231
Течност за сопирачките ........232
Акумулатор ............................. 232
Цедење на системот со дизел гориво .................................... 234
Замена на четкичките на бришачите ............................. 234
Замена на сијалиците ..............235
Халогенски предни фарови ..235
Фарови за магла ....................237
Задни светла .......................... 238
Странични трепкачи ..............241Светло за регистарската
табличка ................................ 242
Внатрешни светла .................243
Осветлување на таблата со инструменти .......................... 243
Електричен систем ..................243
Осигурувачи ........................... 243
Кутија со осигурувачи во моторниот простор ...............245
Кутија со осигурувачи во таблата со инструменти .......247
Кутија со осигурувачи во товарниот простор ................249
Прирачен алат ......................... 251
Алати ...................................... 251
Тркала и гуми ........................... 252
Зимски гуми ............................ 252
Ознаки на гумите ...................252
Притисок на гумите ................ 252
Систем за следење на притисокот на гумите ...........254
Длабочина на шарата ...........259
Менување на големината на гумите и тркалата .................259
Раткапни ................................. 259
Синџири за гуми ..................... 260
Комплет за поправање гуми . 260
Менување тркала ................... 263
Резервно тркало ....................266Палење со кабли ......................268
Влечење ................................... 270
Влечење на возилото ............270
Влечење друго возило ..........271
Нега за изгледот ......................272
Нега на надворешноста ........272
Нега на внатрешноста ........... 275
Page 229 of 307

Нега на возилото227Општи информации
Додатоци и модификации на возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на возило. Не можеме да оцениме или
гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
● Измијте го и полирајте го возилото.
● Нека Ви ја проверат заштитата
со восок во моторниот простор
и подвозје.
● Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
● Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
● Сменете го моторното масло.
● Исцедете го садот за течноста за миење.
● Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
● Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста
определена за полна
натовареност.
● Паркирајте го возилото на суво, добро проветрено место.
Ставете во прва брзина илирикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
● Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
● Отворете ја хаубата, затворете
ги сите врати и заклучете го
возилото.
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр.
системот за тревожење при
кражба.
Враќање во работна состојба Кога возилото има да се врати в
работа:
● Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката
на електричните прозорци.
● Проверете го притисокот во гумите.
● Наполнете го садот за течноста за миење.
● Проверете го нивото на моторното масло.
Page 230 of 307

228Нега на возилото● Проверете го нивото натечноста за ладење.
● Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на возилото
на крајот на работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја работава само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
9 Опасност
Системот за палење користи
многу висок напон. Не допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.