OPEL ASTRA K 2016 Сопственички прирачник

Page 231 of 307

Нега на возилото229
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на резето од мала висина
(20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на
моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
спецификација. Препорачани
течности и средства за
подмачкување 3 277.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен барем пет минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Различни прачки се употребуваат зависно од верзијата на моторот.

Page 232 of 307

230Нега на возилото
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од иста класа со
употребеното при последното
менување.
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 289.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник
Средството за ладење овозможува
заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во студените региони со
многу ниски температури,
фабрички наполнетото средство за ладење овозможува заштита од
мрзнење до околу -37 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за
ладење може да предизвика
оштетување на моторот.

Page 233 of 307

Нега на возилото231
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање, користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е
достапен концентрат од течност за
ладење, користете чиста вода од
чешмата. Ставете го капакот
цврсто. Нека Ви ја провери
концентрацијата на течноста за
ладење и нека Ви ја отстрани
причината на губење на течноста за ладење автомеханичар.
Течност за миење
Наполнете со чиста вода мешана
со соодветно количество одобрена
течност за миење на
шофершајбната која содржи
антифриз.
Внимание
Само течностите за миење со
доволна концентрација на
антифриз даваат заштита при
ниски температури или нагол
пад во температурата.
Сопирачки
Во случај на минимална дебелина
на плочките за сопирање, за време
на сопирањето се слуша цвичење.
Можно е да се продолжи со
возењето, но нека Ви ги заменат
пакните на сопирачките колку е
можно поскоро.
Штом се ставени нови пакни, не
сопирајте непотребно силно при
првите неколку патувања.

Page 234 of 307

232Нега на возилотоТечност за сопирачките9Предупредување
Течноста за сопирачките е
отровна и нагризува. Избегнете
контакт со очите, кожата,
текстил и бојадисани површини.
Нивото на течноста за сопирачките
мора да биде помеѓу ознаките MIN
и MAX .
Ако нивото на течноста е под MIN,
побарајте помош од
автомеханичар.
Течност за сопирачките и за
куплунгот 3 277.
Акумулатор
Акумулаторот на возилото се наоѓа
во товарниот простор под капак зад задните седишта. Постојат точки заповрзување за палењето со кабли
во моторниот простор.
Палење со кабли 3 268.
Акумулаторот на возилото не се
сервисира под услов
карактеристиките на возењето да
овозможат доволно полнење на
акумулаторот. Возењето по кратки растојанија и чести палења на
моторот можат да го испразнат
акумулаторот. Избегнувајте ја
употребата на непотребни
електрични потрошувачи.
Акумулаторите не му припаѓаат на
домашниот отпадок. Тие треба да
се фрлат кај соодветен пункт за
собирање на отпадоци за
рециклирање.
Паркирање на возилото подолго од четири седмици може да доведе до
празнење на акумулаторот.
Откачете го негативниот пол од
акумулаторот на возилото.
Уверете се дека палењето е
исклучено пред да го поврзете или откачите акумулаторот на
возилото.
Заштита на акумулаторот од
празнење 3 148.

Page 235 of 307

Нега на возилото233Замена на акумулаторотЗабелешка
Непочитувањето на упатствата дадени во ова поглавје може да
доведе до привремено
исклучување на системот за
сопирање-поаѓање.
Кога се заменува акумулаторот,
проверете да нема отворени дупки за проветрување во близина на
позитивната клема. Ако некоја
дупка за проветрување е отворена
во тој предел, треба да се затвори со нешто што личи на капаче, а
проветрувањето во близина на
негативната клема треба да се
отвори.
Во возилата со акумулатор AGM (Впивачка стаклена подлога)
проверете дали го заменувате
акумулаторот со друг AGM
акумулатор.
Акумулатор AGM може да се
препознае по етикетата на
акумулаторот. Препорачуваме
користење на оригинален
акумулатор од Opel.
Забелешка
Користење акумулатор AGM
различен од оригиналниот
акумулатор Opel може да
предизвика послаби
перформанси.
Препорачуваме акумулаторот да
Ви го замени автомеханичар.
Систем за сопирање-поаѓање
3 168.
Полнење на акумулаторот9 Предупредување
Кај возилата со систем за
сопирање-поаѓање, внимавајте потенцијалот за полнење да не
надмине 14,6 волти кога
користите полнач на
акумулатори. Инаку,
акумулаторот може да се
оштети.
Палење со кабли 3 268.
Етикета за предупредување

Page 236 of 307

234Нега на возилотоЗначење на симболите● Забранети се искри, отворен пламен или пушење.
● Секогаш штитете ги очите. Експлозивните гасови може да
предизвикаат слепило или
повреда.
● Чувајте го акумулаторот вон дофат на деца.
● Акумулаторот содржи сулфурна киселина што може
да предизвика слепило или
тешки изгореници.
● Видете во Сопственичкиот прирачник за повеќе
информации.
● Може да има експлозивен гас во близина на акумулаторот.Цедење на системот со
дизел гориво
Ако резервоарот се испразнил
докрај, системот за дизел гориво
треба да се исцеди. Вклучете го
палењето трипати по 15 секунди.
Потоа верглајте го моторот
најмногу 40 секунди. Повторете го
овој процес по не помалку од пет
секунди. Ако моторот не се пали,
побарајте помош од
автомеханичар.
Замена на четкичките на бришачитеКренете го бришачот до исправена положба, притиснете го копчето за
да ја ослободите четкичката и
извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот внимателно.
Четкичка на бришачот на
задното стакло

Page 237 of 307

Нега на возилото235Подигнете ја рачката на бришачот.
Откачете ја четкичката на
бришачот како што е покажано на
илустрацијата и извадете ја.
Прицврстете ја четкичката на
бришачот под мал агол во однос на рачката на бришачот и притиснете
ја се додека не се заглави.
Спуштете ја рачката на бришачот
внимателно.Замена на сијалиците
Исклучете го палењето и исклучете го соодветниот прекинувач или
затворете ги вратите.
Држете ги новите сијалици само кај базата. Не допирајте го стаклото на
сијалицата со голи раце.
Користет само само исти вид на сијаличка за замена.
Заменете ги сијалиците на
фаровите од внатрешноста на моторниот простор.
Проверка на ламбите По замена на ламба, вклучете го
палењето, вклучете ги и проверете
ги светлата.
Халогенски предни
фарови
Халогенски предни фарови со
посебни ламби за средно и долго
светло.
Надворешна сијалица за ( 1) средно
светло.
Внатрешна сијалица за ( 2) долго
светло.

Page 238 of 307

236Нега на возилотоСредно светло (1)
1. Завртете го капачето налево иизвадете го.
2. Со повлекување откачете ја спојката со пружина оддржачот. Повлечете го држачот од рефлекторот.
3. Одвојте ја сијалицата од држачот на истата и заменете
ја.
4. Вметнете го држачот на сијаличката со заглавување на
двете навртки во рефлекторот
и вртете ги десно за да се затегни.
5. Турнете ја спојката со пружина назад на место.
6. Ставете го капачето и завртете го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Долго светло (2)
1. Завртете го капачето налево и извадете го.

Page 239 of 307

Нега на возилото237
2. Ослободете ја спојката сопружина од држачот со
помрднување нанапред и
настрана. Завртување на
спојката со пружина надолу.
3. Повлечете го држачот од рефлекторот.4. Одвојте ја сијалицата оддржачот на истата и заменете
ја.
5. Вметнете го држачот на сијалицата и инсталирајте
изворен клип.
Ставете го капачето и завртете
го обратно од насоката на
стрелките на часовникот.
Преден трепкач
Во случај на дефектни LED диоди,
нека Ви ги заменат истите кај
автомеханичар.
Странично светло
Во случај на дефектни LED диоди,
нека Ви ги заменат истите кај
автомеханичар.
Светло за дневно возење
Во случај на дефектни LED диоди,
нека Ви ги заменат истите кај
автомеханичар.
Фарови за магла
До сијаличките може да се
пристапи од долната страна на
возилото.

Page 240 of 307

238Нега на возилото1. Свртете го држачот насијалицата обратно од насоката
на стрелките на часовникот и
извадете го од фарот.
2. Откачете ја фасонката на ламбата од кабел штекерот со
притискање на држачот.
3. Извадете ја и вратете ја фасонката со ламбата и
приклучете го кабел штекерот.
4. Вметнете ја фасонката во фарот вртејќи ја надесно и
заглавете ја.
Задни светла
1. Ослободете го капакот од односната страна и извадете
го.
2. Возила со комплет за поправање гуми: За да ги
замените светилките на
десната страна, прво
отшрафете ја пластичната
навртка и извадете ја па вметнете го шишето со
заптивната смеса.
3. Однатре отшрафете ја пластичната навртка заприцврстување со рака.

Page:   < prev 1-10 ... 191-200 201-210 211-220 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 271-280 ... 310 next >