OPEL ASTRA K 2019.5 Сопственички прирачник
Page 301 of 353
Нега на возилото299
Задниот носач на платформата за
кревање треба да биде поставен
централно под соодветната точка
за кревање на возилото.
Предниот носач на платформата
за кревање треба да биде поставен
централно под соодветната точка
за кревање на возилото.
Резервно тркало
Резервното тркало може да се
класифицира како привремено
резервно тркало зависно од
големината, во споредба со
другите монтирани тркала и
правилата во државата. Во овој
случај, важи дозволената
максимална брзина иако на
резервното тркало нема етикета
што го покажува тоа.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Не возете побрзо
од 80 км/ч. Фаќајте ги свиоците
полека. Не го користете за подолг
период.Внимание
Употребата на резервно тркало
кое е помало од другите тркала
или во комбинација со зимски
гуми може да повлијае врз
возната состојба. Заменете ја
неисправната гума колку е
можно поскоро.
Резервното тркало е сместено во товарниот простор под покривката
на подот.
За да го извадите: 1. Отворете го капакот на подот 3 87.
2. Резервното тркало е
прицврстено со навртка со
крилца. Одвртете ја
пеперужната навртка за да го
извадите резервното тркало.
Page 302 of 353
300Нега на возилотоПод резервното тркало има
кутија со прирачен алат.
3. Кога, по замена на тркалото, нема да се стави тркало во
дупката за резервното тркало,
прицврстете ја кутијата со
алати затегнувајќи ја
пеперужната навртка додека
може да оди и затворете го
капакот на подот.
4. По промената на целосното тркало, поставете го
резервното тркало надвор во
просторот за резервното тркало
и прицврстете го со
пеперужната навртка.
Монтирајте само едно привремено
резервно тркало. Дозволената
максимална брзина на етикетата
од привременото резервно тркало
важи само за фабрички
доставената големина на тркала.Монтирање на резервното
тркало
Сторете ги следниве подготовки и
запазете ги следните информации:
● Паркирајте на рамна, тврда и нелизгава површина.
Предните тркала треба да
бидат наместени право.
● Затегнете ја рачната сопирачка и ставете во прва
брзина, рикверц или P.
● Извадете го резервното тркало.
● Не менувајте повеќе од едно тркало одеднаш.
● Дигалката користете ја само за
менување на тркала во случај
на продупчување, а не за
сезонски зимски или летни
менувања на гумите.
● Дигалката не бара одржување.
● Ако тлото на коешто стои возилото е меко, треба да сестави тврда штица (дебела
најмногу 1 см) под дигалката.● Извадете ги тешките предмети
од возилото пред да го
кревате.
● Во возилото не смее да има луѓе или животни кога се дига.
● Не пикајте се под возило што е
кренато со дигалка.
● Не го палете возилото кога е кренато со дигалката.
● Исчистете ги навртките за тркалото и навојот со чистакрпа пред да го монтирате
тркалото.9 Предупредување
Не подмачкувајте ги навртката,
завртката и конусот на
завртката на тркалото.
1. Челични тркала со раткапна: Извлечете ја раткапната.
Лесни бандажи: Откачете ги
капачињата на навртките на
тркалото со рамен шрафцигер и извадете ги. За да ја заштититебојата на тркалата и
капачињата, завиткајте
Page 303 of 353
Нега на возилото301ткаенина околу врвот на
шрафцигерот 3 284.
2. Отворете го клучот за тркалата
и ставете го уверувајќи се дека
е наместен цврсто и
разлабавете ја секоја навртка
на тркалото за половина
вртење.
Тркалата може да се заштитени
со завртки за заклучување на
тркалата. За да ги разлабавите
специфичните завртки, првин
ставете го адаптерот за завртки
на главата на завртката пред да го наместите клучот за
тркалата. Адаптерот се наоѓа
во касетата.
3. Уверете се дека дигалката е правилно наместена под
соодветната точка на возилото
за дигање.
4. Поставете ја дигалката на потребната височина.
Наместете ја непосредно под
точката за дигање, на тој начин што ќе се спречува лизгањето.
Проверете дали работ на
телото се вклопува во жлебот
на дигалката.
Page 304 of 353
302Нега на возилото
Закачете го клучот за тркалото
и при правилно порамнета
дигалка, вртете го клучот се
додека тркалото не се крене од земјата.
5. Отшрафете ги навртките на тркалото.
6. Сменете го тркалото.
7. Зашрафете ги навртките на тркалото.
8. Спуштете го возилото и тргнете
ја дигалката.
9. Ставете го клучот за тркалата, уверете се дека е наместен
безбедно, па стегнете ја секоја
навртка по наизменичен
(вкрстен) редослед. Затезниот
момент е 140 Nm.
10. Наместете го отворот за вентилот во раткапната до
вентилот на гумата пред да ја
монтирате.
Ставете ги капачињата на навртките на тркалото.
11. Одложете ги и прицврстете ги заменетото тркало, прирачниот
алат 3 284 и адаптерот за
заклучување на завртките 3 77.
12. Проверете го притисокот на монтираната гума и
затегнатоста на навртките на
тркалото колку е можно
поскоро.
Нека Ви ја заменат или поправат
неисправната гума колку е можно поскоро.
Складирање оштетено целосно тркало во товарниот простор,
хечбек со 5 врати
Дупката на резервното тркало не е
конструирана за други големини на гуми освен за резервното тркало.Оштетено тркало со целосна
големина треба да се складира во
товарниот простор и да се
прицврсти со каиш.
Прирачен алат 3 284.
За прицврстување на тркалото: 1. Наместете го тркалото со надворешната страна нагоре
близу до едниот страничен ѕид
на товарниот простор.
2. Протнете го крајот со јамка од ременот низ предната алка за
врзување на соодветната
страна.
Page 305 of 353
Нега на возилото3033. Протнете го крајот на ременотсо куката преку јамката и
повлекувајте го додека ременот не се прицврсти стабилно до
алката за врзување.
4. Вметнете го каишот преку спиците на тркалото како што е
покажано на илустрацијата.
5. Монтирајте ја куката на задната
алка за врзување.
6. Затегнете го каишот и прицврстете го користејќи ја
патент-бравата.
9 Опасност
Секогаш возете со исправени и
заглавени потпирачи на задните
седишта кога складирате
оштетено тркало со целосна
големина во товарниот простор.
9 Предупредување
Складирањето на дигалка,
тркало или дурга опрема во
товарниот простор може да
предизвика повреда ако тие не се прицврстени соодветно. При
нагло застанување или судир,
неприцврстената опрема може
да удри некого.
Секогаш ставајте ги дигалката и
алатите секогаш во
соодветните складишни
прегради и прицврстувајте ги со фиксирање.
Оштетено тркало ставено во
товарниот простор секогаш
мора да биде прицврстено со
ремен.
Складирање оштетено целосно
тркало во товарниот простор,
Sports Tourer
Сите дозволени големини на
тркалото може да се постават во
просторот за резервното тркало.
За прицврстување на тркалото:
1. Отстранете го средишниот капак со амблем туркајќи го
однатре.
2. Поставете го тркалото со надворешниот дел надолу во
просторот за тркалото.
Page 306 of 353
304Нега на возилото3. Прицврстете го оштетенототркало со пеперужната навртка.
4. Зависно од големината на гумата, капакот на подот може
да се постави на тркалото.
Резервно тркало со насочна
гума
Следново се однесува до гумите
монтирани наспроти насоката на
вртењето:
● Возната состојба може да се смени. Дефектната гума треба
да се обнови или поправи што
е можно побрзо и да се
монтира на местото од
резервното тркало.
● Возете особено претпазливо на влажни и снежни патишта.Палење со кабли
Возило со испразнет акумулатор
може да се запали со употреба на
кабли за палење и акумулатор од
друго возило.
Не палете со полнач за
акумулатори.
Акумулаторот на возилото се наоѓа
во товарниот простор под капакот.
Постојат точки за поврзување за палењето со кабли во моторниотпростор.9 Предупредување
Внимавајте многу кога палите
со кабли за палење. Кое било отстапување од следниве
напатствија може да доведе до
повреди или оштета
предизвикана од експлозија на
акумулаторот или оштетување
на електричните системи на
двете возила.
9 Предупредување
Избегнувајте контакт на
акумулаторот со очите, кожата,
ткаенини и обоени површини.
Течноста содржи сулфурна
киселина што може да
предизвика повреди и
оштетувања во случај на
директен допир.
● Не изложувајте го
акумулаторот на отворен
пламен или на искри.
● Испразнет акумулатор може да
замрзне при температура од
0 °C . Одмрзнете го смрзнатиот
акумулатор пред да
поврзувате кабли за палење.
● Носете заштитни очила и заштитна облека кога работитесо акумулаторот.
● Користете помошен акумулатор со ист напон (12 V ).
Неговиот капацитет (Ah) не
смее да биде значително
помал од оној на испразнетиот
акумулатор.
Page 307 of 353
Нега на возилото305● Употребувајте кабли запалење со изолирани клеми и
пресек од најмалку 16 мм 2
(25
мм 2
за мотори на дизел).
● Не откачувајте го испразнетиот
акумулатор од возилото.
● Исклучете ги сите непотребни електрични потрошувачи.
● Не наведнувајте се над акумулаторот за време на
палењето со кабли за палење.
● Не дозволувајте клемите од едниот кабел да ги допрат оние
на другиот кабел.
● Возилата не смеат да дојдат во
контакт еден со друг за време
на процесот на палењето со кабли.
● Затегнете ја рачната сопирачка, ставете го
менувачот во лер,
автоматскиот менувач во P.
● Отворете ги заштитните капачиња на позитивната
клема на двата акумулатори.
Илустрациите покажуваат
различни верзии.
Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот крај на црвениот кабел со позитивната
клема на испразнетиот
акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Поврзете го другиот крај на црниот кабел во точка на
вземјување на возилото во
моторниот простор.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот
простор.
Палење на моторот: 1. Запалете го моторот на возилото што дава струја.
2. По 5 минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат подолго од 15 секунди во
периоди од една минута.
Page 308 of 353
306Нега на возилото3. Оставете ги двата мотора даработат в место околу
3 минути со поврзани кабли.
4. Вклучете електрични потрошувачи (на пр. светла,
греење на задното стакло) на
возилото на коешто му се
помага при палењето.
5. Кога ги отстранувате каблите, треба да се повтори точно
истото од горе наведенот само
по обратен редослед.Влечење
Влечење на возилото
Завиткајте го врвот од рамен
шрафцигер со крпа за да не ја
оштетите бојата. Ставете го
шрафцигерот во процепот на работ
од капачето. Ослободете го
капачето со внимателно
подигнување.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 284.
Навртете ја алката за влечење
налево колку што може додека не
сопре во хоризонтална положба.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослободување на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.
Page 309 of 353
Нега на возилото307Внимание
Деактивирајте ги системите за
помош на возачот како што е
активното итно сопирање 3 221,
во спротивно, возилото може да
закочи автоматски при
влечењето.
Ставете ја рачката на менувачот во лер.
Отпуштете ја сопирачката за
паркирање.
Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
кружењето на воздухот и затворете
ги прозорците.
Возила со автоматски менувач: Возилото треба да се влече
свртено нанапред, не побрзо од
80 км/ч, ниту подалеку од 100 км.
Во сите други случаи и кога
менувачот е дефектен, предната оска треба да се крене од земјата.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Вметнете го капачето горе и
заглавете го надолу.
Влечење друго возилоСтавете го шрафцигерот во
процепот на работ од капачето.
Ослободете го капачето со
внимателно подигнување.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 284.
Навртете ја алката за влечење
налево колку што може додека не
сопре во хоризонтална положба.
Алката за врзување во задниот дел под возилото никогаш не смее да
се употребува као алка за
влечење.
Закачете сајла за влечење - или, уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Page 310 of 353
308Нега на возилотоАлката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослободување на возилото.Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
По влечењето, отшрафете ја
алката за влечење.
Вметнете го капачето горе и
заглавете го надолу.
Нега за изгледот
Нега на надворешноста
Брави Бравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само каде што е апсолутно
неопходно, бидејќи тоа го вади
мазивото и го влошува
функционирањето на бравите. По
употребата на средство за
одмрзнување, нека Ви ги подмачка
бравите повторно автомеханичар.
Миење Бојата на Вашето возило е
изложена на влијанија од
околината. Мијте го и полирајте го
Вашето возило редовно. Кога
користите автоматски перални за
возила, одберете таква програма
којашто содржи полирање.
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да сеисчистат, бидејќи содржат
агресивни состојки што може да ја
оштетат бојата.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачите на
шофершајбната и на задното
стакло мора да бидат исклучени.
Извадете ја антената и
надворешните додатоци како
багажникот з ана покрив итн.
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.
Чистете ги светлите метални
украси со раствори за чистење
одобрени за алуминиум за да се
избегне штета.