OPEL CASCADA 2015.5 Сопственички прирачник

Page 181 of 291

Возење и ракување179
шофершајбната за да открива
возила директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 метри.
На возило напред укажува
контролната сијаличка A.
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се
огласува предупредувачка
мелодија и се дава
предупредување во
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Предуслов е предупредувањето за преден судар да не е исклучено со
копчето V.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од 40 км/ч ако не
е исклучено со копчето V, видете
подолу.
Избор на чувствителноста на
предупредувањето Чувствителноста на
предупредувањето може да се
постави на блиску, средно или
далеку.
Притиснете го копчето V; се
прикажува тековната поставка на DIC. Притиснете го копчето V

Page 182 of 291

180Возење и ракување
повторно за да ја промените
чувствителноста на
предупредувањето.
Предупредување на возачот
Зелена контролна сијаличка за
возило напред A светнува во
групата инструменти кога системот ќе открие возило на патеката за
возење.
Кога растојанието од претходното
возило во движење ќе стане
премало или кога пребрзо се
приближува до друго возило и е
можен судир, се појавува симболот
за известување за судир во DIC.
Истовремено се огласува
предупредувачка мелодија.
Притиснете го педалот на
сопирачката, ако тоа го бара
ситуацијата.
Деактивирање
Системот може да се деактивира.
Притискајте го копчето V
повеќепати додека не се појави следнава порака на DIC.
Општи информации
9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило

Page 183 of 291

Возење и ракување181напред премногу брзо, може дане ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за растојанието
напред врз основа на
сообраќајните, временските и
условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Треба да е постојано
подготвен да дејствува и да ги
активира сопирачките.
Ограничувања на системот
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но
може да реагира и на други
предмети.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
■ На патишта со многу свиоци.
■ Кога времето ја ограничува видливоста, на пр. кога има
магла, дожд или снег.
■ Кога сензорот е блокиран од снег, мраз, влажен снег, кал,нечистотија или оштетувања на
шофершајбната.
Показател за растојание
однапред Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возило што се
движи однапред. Предната камера на шофершајбната се користи за
откривање на растојанието од
возилото директно напред на
патеката на возилото. Активно е
при брзини поголеми од 40 км/ч.
Кога ќе се открие возило пред вас,
оддалеченоста се покажува во
секунди, прикажани на страница во Информативниот центар за
возачот (DIC) 3 107 . Притиснете го
копчето MENU на рачката за
трепкачите за да изберете VehicleInformation Menu (Изборник за
информации за возилото) X и
свртете го тркалцето за да ја
изберете страницата за
покажување на растојанието
однапред.
Минималното покажано растојание е 0,5 секунди.
Ако нема возило напред или
возилото напред е вон опсегот, ќе
се прикажат две црти: -.- s.

Page 184 of 291

182Возење и ракувањеПомош за паркирање
Задна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад и користетего системот за задна помош за
паркирање.
Задната помош за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките назад. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
е подготвен за работа автоматски.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото. Периодот помеѓу
звуците се скусува додека
возилото наближува до пречката. Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Покрај тоа, оддалеченоста до
пречките може да се прикажува на
Информативниот центар за
возачот (DIC).
Деактивирање
Системот се исклучува автоматски
кога ќе се извади од рикверц.
За повторно да го вклучите
системот ставете во рикверц.

Page 185 of 291

Возење и ракување183
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Кога ќе се исклучи системот,
сијаличката во копчето се гасне.
Дополнително, на DIC се појавува
Park Assist Off (Помошта при
паркирање е исклучена) кога
системот ќе се исклучи рачно.
Дефект
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, како сензори
прекриени со мраз, се прикажува
порака на DIC.
Пораки за возилото 3 115.Предно-задна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Системот дава
акустични сигнали и прикажува
пораки.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот. Сигналот за пречки од предната страна се
огласува преку предните звучници, а за пречки од задната страна се
огласува од задниот дел на
возилото.

Page 186 of 291

184Возење и ракување
Копче за помош за паркирање и
логика за ракување
Предно-задната помош за
паркирање има копче r. Ако
возилото е дополнително
опремено со напредна помош за паркирање, (видете во посебниот
опис што следи), системот е
опремен копче D. Во тој случај, со
двата системи се ракува со копчето D .
Кусо притискање на копчето r
или D ја деактивира или активира
предната помош за паркирање.
Долго притискање на копчето D
(околу една секунда) ја активира
или деактивира напредната помош
за паркирање.
Логиката на копчето ги ракува
системите со притискање на
следниот начин:
■ Активна е предно-задната помош
за паркирање: кусо притискање
ја деактивира предно-задната
помош за паркирање.
■ Предно-задната помош за паркирање е активна: со долго
притискање се вклучува
напредната помош за паркирање ако возилото е ставено во брзина
за напред.
■ Активна е напредната помош за паркирање: кусо притискање ја
активира предно-задната помош
за паркирање.■ Активна е напредната помош за паркирање: долго притискање ја
деактивира напредната помош
за паркирање.
■ Напредната помош за паркирање и предно-задната
помош за паркирање се активни:
со кратко притискање се
исклучуваат двата системи.
Активирање
Кога е во брзина за назад,
предната и задната помош за
паркирање е подготвена за работа.
Предната помош за паркирање
автоматски се вклучува, исто така,
при брзина од 11 км/ч.
Запалена сијаличка во копчето за
помош за паркирање r или D
означува дека системот е
подготвен да работи.
Ако возилото надмине брзина од
11 км/ч, предната помош за
паркирање се деактивира.
Предната помош за паркирање секогаш се активира кога брзината
на возилото ќе падне под 11 км/ч.

Page 187 of 291

Возење и ракување185
Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото и пред возилото. Зависно која страна на возилото е поблиску
до пречка, од таа страна ќе чуете
предупредувачки звучни сигнали
во возилото. Периодот помеѓу
звуците се скусува додека
возилото наближува до пречката.
Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Покрај тоа, оддалеченоста до
пречките се прикажува на DIC
3 107.На растојанието до предна или
задна пречка укажуваат
променливи линии за растојание
околу возилото.
На пречките од задната страна
истовремено се укажува звучно и
визулено.
На пречките од предната страна се
укажува прво визуелно. На
оддалечености помали од 80 см,
исто се огласува звучен сигнал.
Показателот за оддалеченост на
DIC може да се потисне со пораки
за возилото со повисок приоритет.
Откако ќе се одобри пораката со
притискање на копчето SET/CLR на
рачката за трепкачот, показателот
на оддалеченоста се појавува пак.
Деактивирање
Задната помош за паркирање
автоматски се исклучува кога ќе се
извади од рикверц.
Предната помош за паркирање страна автоматски се исклучува
при брзина од поголема од 11 км/ч .
Можно е рачно деактивирање со
кратко притискање на копчето за
помош за паркирање r или D.
Кога ќе се исклучи системот,
сијаличката во копчето се гасне.
Дополнително, на DIC се појавува
Park Assist Off (Помошта при
паркирање е исклучена) кога
системот ќе се исклучи рачно.
По рачното исклучување, предната помош за паркирање повторно се
вклучува ако се притисне копчето
за помош за паркирање r или
D или ако возилото е во рикверц.

Page 188 of 291

186Возење и ракување
Дефект
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, на пр. сензори прекриени со мраз, се прикажува
порака на DIC.
Пораки за возилото 3 115.
Напредна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.Системот на напредна помош за
паркирање го упатува возачот на
паркирното место со давање
упатства на DIC и звучни сигнали.
Возачот треба да ги контролира
забрзувањето, сопирањето,
управувањето и менувањето
брзини.
Системот ги користи сензорите на
предно-задната помош при
паркирање во комбинација со два
дополнителни сензора од двете
страни на предниот и на задниот
браник.
Копче D
и логика на работењето
Напредната помош за паркирање и
со предно-задната помош за
паркирање, (видете во
претходниот опис), се ракува со
копчето D.
Кусо притискање на D ја
деактивира или активира предната помош за паркирање.
Долго притискање на D (околу
една секунда) ја активира или
деактивира напредната помош за
паркирање.
Логиката на копчето ги ракува
системите со притискање на
следниот начин:
■ Активна е предно-задната помош
за паркирање: кусо притискање
ја деактивира предно-задната
помош за паркирање.
■ Предно-задната помош за паркирање е активна: со долго
притискање се вклучува
напредната помош за паркирање ако возилото е ставено во брзина
за напред.

Page 189 of 291

Возење и ракување187
■ Активна е напредната помош запаркирање: кусо притискање ја
активира предно-задната помош
за паркирање.
■ Активна е напредната помош за паркирање: долго притискање ја
деактивира напредната помош
за паркирање.
■ Напредната помош за паркирање и предно-задната
помош за паркирање се активни:
со кратко притискање се
исклучуваат двата системи.
АктивирањеКога се бара место за паркирање,
системот е подготвен за работа со притискање на копчето D околу
една секунда.
Системот може да се активира
само при брзини до 30 км/ч и
системот бара место за паркирање
при брзини до 30 км/ч.
Најголемото дозволено паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е
1,8 метри.
ФункционалностКога возилото поминува ред на
автомобили и системот е
активиран, системот на напредна помош за паркирање почнува дабара соодветно паркирно место.
Кога ќе се открие прикладно место, се даваат визуелни информации
во DIC и звучен сигнал.
Ако возачот не го запре возилото
за помалку од 10 метри откако ќе се
предложи паркирно место,
системот почнува да бара друго
соодветно паркирно место.
Предлогот на системот за
паркирно место се прифаќа кога
возачот ќе го запре возилото до

Page 190 of 291

188Возење и ракување
10 метри откако ќе се даде
пораката „Stop“ (Стоп). Системот ја
пресметува оптималната
маршрута до паркирното место.
Потоа го маневрира возачот до
местото со давање детални
упатства.
Упатствата на екранот покажуваат:
■ Навестување кога се вози побрзо
од 30 км/ч.
■ Барање за запирање на возилото
кога се забележува паркирно
место.
■ Насока на возењето за време на маневри за паркирање.
■Положба на воланот за време на
паркирањето.
■ За некои од упатствата се покажува линија за
напредување.
На успешен маневар за паркирање укажува симболот за ’Крајна
положба’.
Секогаш внимавајте на звукот на
предно-задната помош за
паркирање. Постојан звук значи
дека оддалеченоста до пречка е
помала од околу 30 см.
Менување на страната на
паркирањето
Системот е конфигуриран да
открива места за паркирање од
совозачката страна. За да се
откриваат места за паркирање од
возачката страна, вклучете го
трепкачот од возачката страна за
време на барањето.
Штом ќе се исклучи трепкачот,
системот повторно бара места за
паркирање од совозачката страна.
Приоритети за прикажувањето
По активирање на напредната
помош за паркирање, се појавува
порака на DIC. Показателот за
напредна помош за паркирање во
DIC може да се потисне со пораки
за возилото со повисок приоритет.
Откако ќе ја одобрите пораката со притискање на копчето SET/CLR на
рачката за трепкачите, повторно се
покажуваат упатствата за
напредната помош за паркирање и
маневарот за паркирање може да
продолжи.

Page:   < prev 1-10 ... 141-150 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 211-220 221-230 ... 300 next >