OPEL CASCADA 2015 Сопственички прирачник
Page 211 of 301
Возење и ракување209
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по надолнина, возете
во иста брзина како да возевте по
нагорнина и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена за полна
натовареност 3 284.
Влечење на приколка Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка
кога е приклучена приколката.Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина од 1000 метри. Бидејќи моќноста на
моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана на идентификациската табличка
3 270.Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под
25 кг.
Натоварување на задната
оска Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
Page 212 of 301
210Возење и ракување
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
100 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото за 100 кг. Ако се
надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 60 mph.
Кога е прикачена приколка, а
влечното возило е целосно
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) може да се надмине за
100 кг, а вредноста за бруто тежина
на возилото за 100 кг. Ако се
надмине дозволената
оптовареност на задната оска,
максималната брзина е 100 км/ч.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Влечната кука со топчест врв е
складирана во торба и мора да е
добро обезбедена во товарниот
простор.
Возило со резервно тркало
Торбата со влечната кука со
топчест врв се поставува во
близина на резервното тркало под
товарниот под.
Обвиткајте го каишот околу работ
на целото тркало, обвитајте го
околу влечната кука и затегнете го
за да ја обезбедите торбата.
Возила со комплет за поправање
гуми
Торбата со влечната кука со
топчест врв се поставува во
близина на комплетот за
поправање гуми под товарниот
под.
Каишот се обвиткува околу
завртката за монтирање под
комплетот за поправање гуми.
Обвиткајте го каишот околу
влечната кука и затегнете го за да
ја обезбедите торбата.
Page 213 of 301
Возење и ракување211
Возила со рамен под во товарниот
простор
Торбата со влечната кука со
топчест врв се чува на десната страна од подот на товарниот
простор.
Сттавете го каишот во десната
алка за врзување, обвитајте го
двапати околу влечната кука и
затегнете го за да ја обезбедите
торбата.
Монтирање на топчестата
влечна кука
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
■ Црвената ознака на вртливото
копче посочува кон зелената
ознака на влечната кука.
■ Меѓупросторот помеѓу вртливото
копче и влечната кука мора да
биде околу 6 мм.
■ Клучот треба да биде во положбата c.
Инаку влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне:
■ Отклучете ја влечната кука со вртење на клучот во положбата
c .
Page 214 of 301
212Возење и ракување
■ Извлечете го вртливото копче исвртете го во правец на
стрелките на часовникот колку
што може.
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата рачка скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се
на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не ја допирајте вртливата рачка
за време на вметнувањето.
Заклучете ја влечната кука со
вртење на клучот во положбата e.
Извадете го клучот и затворете го
заштитното капаче.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Page 215 of 301
Возење и ракување213
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
■ Зелената ознака на вртливото копче мора да посочува кон
зелената ознака на влечната
кука
■ Не смее да има расцеп помеѓу вртливата рачка и шипката на
влечната кука
■ Влечната кука треба цврсто да се
заглави во отворот
■ Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади9 Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Отворете ја заштитната вратичка и свртете го клучот во положбата c
за да се отклучи влечната кука.
Извлечете ја вртливата рачка и
свртете ја во правец на стрелките
на часовникот колку што може.
Извлечете ја шипката на влечната
кука удолу.
Вметнете го заптивниот клин во
отворот. Преклопете го
приклучокот.
Чувајте и обезбедете ја влечната
кука со топчест врв како што е
опишано погоре.
Page 216 of 301
214Нега на возилотоНега на возилотоОпшти информации.................214
Прверки на возилото ...............215
Замена на сијалиците ..............223
Електричен систем ..................232
Прирачен алат ......................... 238
Тркала и гуми ........................... 239
Палење со кабли ......................258
Влечење ................................... 260
Нега за изгледот ......................262Општи информации
Додатоци и
модификации на
возилото
Го препорачуваме користењето на
оригинални делови и опрема, и
делови одобрени од фабриката
специфично за Вашиот вид на
возило. Не можеме да оцениме или гарантираме сигурност за други
производи - дури и да имаат
регулативно или поинаку дадено
одобрение.
Не вршете преиначувања на
електричниот систем, на пр.
измени на електронските
контролни уреди (чип тјунинг).Внимание
При превезување на возилото
со воз или со возило за
влечење, калниците може да се
оштетат.
Чување на возилото
Складирање за долго времеАко возилото има да се складира за
повеќе месеци:
■ Исперете го возилото. Полирајте
ги обоените делови на возилото
со полир-паста. Надворешна
нега 3 262.
■ Нека Ви ја проверат заштитата со
восок во моторниот простор и
подвозје.
■ Исчистете ги и намачкајте ги гумените кедери.
■ Наполнете го резервоарот за гориво докрај.
■ Сменете го моторното масло.
■ Исцедете го садот за течноста за
миење.
■ Проверете ги течноста за ладење, антифризот и
заштитата од корозија.
■ Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена
за полна натовареност.
Page 217 of 301
Нега на возилото215
■ Паркирајте го возилото на суво,добро проветрено место.
Ставете во прва брзина или
рикверц или рачката на
менувачот во P. Спречете
тркалање на возилото.
■ Не затегнувајте ја рачната сопирачка.
■ Отворете ја хаубата, затворете ги сите врати и заклучете го
возилото.
■ Затворете го мекиот покрив.
■ Покријте го мекиот покрив за да го намалите влијанието од
средината.
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Внимавајте сите системи да
бидат исклучени, на пр. системот
за тревожење при кражба.
Враќање во работна состојба
Кога возилото има да се врати в
работа:
■ Откачете го негативниот пол од акумулаторот на возилото.
Активирајте ја електрониката на
електричните прозорци.■ Проверете го притисокот во гумите.
■ Наполнете го садот за течноста за миење.
■ Проверете го нивото на моторното масло.
■ Проверете го нивото на течноста
за ладење.
■ Ставете ја регистарската табличка ако е потребно.
Демонтирање на
возилото на крајот на
работниот век
Информациите за центрите за
демонтирање и рециклирање на
возилата што се на крајот на
работниот век се наоѓаат на
нашата страница на интернет, каде што се бара со закон. Доверете му
ја оваа работа само на овластен
центар за рециклирање.Прверки на возилото
Вршење работа9 Предупредување
Вршете проверки на моторниот
простор само кога е исклучено палењето.
Вентилаторот за ладење може
да проработи дури и ако е
исклучено палењето.
Page 218 of 301
216Нега на возилото9Опасност
Системот за палење и
ксенонските фарови користат
крајно висок напон. Не
допирајте ги.
Хауба
Отворање
Повлечете ја рачката за
ослободување и вратете ја во
својата оригинална положба.
Свртете ја безбедносната брава
настрана кон левата страна на
возилото и отворете ја хаубата.
Прицврстете го потпирачот на
хаубата.
Ако багажникот е отворен за време
на Autostop, моторот ќе се запали
повторно автоматски поради
безбедноста.
Затворање
Пред да ја затворите хаубата,
притиснете го потпирачот во
држачот.
Спуштете ја хаубата и оставете да
падне на резето од мала висина (20-25 см). Проверете дали
хаубата е заглавена.Внимание
Не притискајте ја хаубата на
резето за да избегнете
вдлабнувања.
Моторно масло
Редовно проверувајте го нивото на моторното масло рачно за да се
спречи оштетување на моторот.
Уверувајте се дека се користи
масло со правилната
Page 219 of 301
Нега на возилото217
спецификација. Препорачаните
течности и средства за
подмачкување 3 267.
Проверувајте го со возилото на
рамна површина. Моторот треба
да биде на работна температура и
исклучен најмалку 5 минути.
Извлечете ја прачката, исчистете
ја со бришење, вметнете ја до
запирот на рачката, извлечете ја и
отчитајте го нивото на моторното
масло.Внимание
Одговорност на сопственикот е
да го одржува соодветното ниво на квалитет на соодветното
масло во моторот.
Вметнете ја прачката докрај на
рачката и свртете ја за пола
вртење.
Различни прачки се употребуваат
зависно од верзијата на моторот.
Кога нивото на моторното масло
паднало до ознаката MIN, дотурете
моторно масло.
Препорачуваме употреба на
моторно масло од ист вид како она
што било употребено при
последното менување.
Page 220 of 301
218Нега на возилото
Нивото на моторното масло не
смее да ја надмине ознаката MAX
на прачката.
Внимание
Вишокот на моторното масло
треба да се исиса или да се
отстрани.
Зафатнини 3 283.
Наместете го капачето право и
затегнете го.
Ладилник
Средството за ладење овозможува заштита од мрзнење до околу
-28 °C. Во северните земји со многу
ниски температури фабрички
наполнетото средство за ладење
овозможува заштита од мрзнење
до околу -37 °C.Внимание
Употребувајте само одобрен
антифриз.
Ниво на течноста за ладење
Внимание
Прениското ниво на течноста за ладење може да предизвика
оштетување на моторот.
Ако системот за ладење е студен,
течноста за ладење треба да биде
над линиската ознака за полнење.
Дотурете ако нивото е ниско.
9 Предупредување
Оставете моторот да се олади
пред да го отворите капачето. Внимателно отворајте го
капакот, ослободуваќи го вишок
притисокот полека.
За дотурање користете 1:1
мешавина на купен концентрат од
течност за ладење мешан со чиста вода од чешмата. Ако не е