OPEL CASCADA 2015 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015, Model line: CASCADA, Model: OPEL CASCADA 2015Pages: 301, PDF Size: 7.79 MB
Page 181 of 301

Возење и ракување179Системи за помош на
возачот9 Предупредување
Системите за помош на возачот
се конструирани да го
поддржуваат возачот, а не да го заменат вниманието на возачот.
Возачот има целосна
одговорност кога го вози
возилото.
Кога се користат системите за
помош за возачот, секогаш
внимавајте на моменталната
сообраќајна ситуација.
Контрола на патувањето
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини од
околу 20 до 120 mph. Може да дојде до отстапувања од снимените
брзини кога се вози по угорници
или удолнини.
Контролата на патувањето може
да сними и одржува брзини од
околу 30 до 200 км/ч. Може да дојде до отстапувања од снимените
брзини кога се вози по угорници или удолнини.
Возачот е одговорен да ги
почитува локалните ограничувања
на брзината.
Од безбедносни причини,
контролата на возењето не може
да се активира додека не се
користи ножната сопирачка еднаш. Активирањето во прва брзина не е
возможно.Не ја користете контролата на
патувањето ако не е препорачливо да се задржува постајана брзина.
Со автоматскиот менувач,
контролата на патувањето
активирајте ја само во автоматски режим.
Контролна сијаличка m 3 112.
Вклучување
Притиснете го копчето m,
контролната сијаличка m во
групата инструменти свети бело.
Активирање Забрзете се до саканата брзина и
свртете го малото тркалце на
SET/- , актуелната брзина се
зачувува и одржува. Контролната
сијаличка m во групата
инструменти свети зелено.
Педалот за гас може да се отпушти.
Брзината на возилото може да се зголеми со нагазување на
педалата за гас. Кога ќе се отпушти
педалот за гас, се продолжува со
претходно зачуваната брзина.
Page 182 of 301

180Возење и ракување
Контролата на патувањето
останува активирана при промена
на брзината.
Зголемување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на RES/+ или
вртете го накратко на RES/+ повеќе
пати: брзината се зголемува продолжително или во мали
чекори.
Како алтернатива забрзете се до
саканата брзина и снимете ја со
вртење на SET/-.Намалување на брзината
При активна контрола на
патувањето, држете го малото
тркалце свртено на SET/- или
вртете го накратко на SET/- повеќе
пати: брзината се намалува
продолжително или во мали
чекори.
Деактивирање
Притиснете го копчето y,
контролната сијаличка m во
групата инструменти свети бело.
Контролата на патувањето се
деактивира. Последната користена поставена брзина се зачувува во
меморијата за подоцнежно
продолжување со брзината.
Автоматско деактивирање: ■ брзината на возилото е под околу
20 mph,
брзината на возилото е под околу 30 км/ч,
■ брзината на возилото е над околу
125 mph,
брзината на возилото е под околу 200 км/ч,■ педалот на сопирачките е притиснат,
■ педалата на куплунгот е притисната неколку секунди,
■ рачката на менувачот е во N,
■ брзината на моторот е многу мала,
■ cистемот за контрола на прелизгувањето или
Електронската контрола за
стабилност работи.
Продолжување со снимената
брзина Свртете го малото тркалце на
RES/+ при брзини над 20 mph.
Снимената брзина ќе се постигне.
Свртете го малото тркалце
на RES/+ при брзини над 30 км/ч.
Снимената брзина ќе се постигне.
Исклучување
Притиснете го копчето m,
контролната сијаличка m во
групата инструменти се гаси.
Зачуваната брзина се брише.
Page 183 of 301

Возење и ракување181
Со притискање на копчето L за
активирање на ограничувачот на
брзината или исклучување на
палењето се исклучува и
контролата на патувањето и се
брише зачуваната брзина.
Ограничувач на
брзината Ограничувачот на брзината го
спречува возилото да надмине
претходно поставена максимална
брзина.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 25 км/ч.
Максималната брзина може да се
постави при брзини над 15 mph.
Возачот може да забрза само до
претходно поставената брзина.
Може да дојде до отстапувања од
ограничената брзина само при
возење надолу.
Претходно поставеното
ограничување за брзината се
прикажува на горниот ред на
Информативниот центар за
возачот кога е активен системот.Активирање
Притиснете го копчето L. Ако
претходно е активирана
контролата на патувањето, се
исклучува кога ќе се активира
ограничувачот на брзината и
контролната сијаличка m се гаси.
Поставување на
ограничување на брзината
Со активен ограничувач на
брзината, држете го тркалцето
свртено на RES/+ или кратко
вртете го на RES/+ неколкупати
додека не се прикаже саканата максимална брзина на
Информативниот центар за
возачот.
Или, забрзајте до саканата брзина
и свртете го тркалцето накратко на
SET/- , моменталната брзина се
зачувува како максимална брзина.
Page 184 of 301

182Возење и ракување
Ограничувањето на брзината се
прикажува во Информативниот
центар за возачот.
Менување на
ограничувањето на брзината
Со активен ограничувач за
брзината, свртете го тркалцето на
RES/+ за да ја зголемите или на
SET/- за да ја намалите саканата
максимална брзина.
Надминување на
ограничувањето на брзината
Во случај на итна потреба
возможно е да се пречекори
ограничувањето на брзината со
цврсто притиснување на педалата
за гас преку отпорната точка.
Ограничувањето за брзината ќе
трепка на Информативниот центар за возачот и, зависно од возилото,
дополнително се огласува
мелодија за ова време.
Отпуштете го педалот за гас и
функцијата за ограничување на
брзината одново се активира штом
се постигне брзина помала од
ограничувањето.
Деактивирање
Притиснете го копчето y:
ограничувачот на брзината се
деактивира и возилото може да се
вози без ограничување на
брзината.
Ограничената брзина се зачувува и
на Информативниот центар за
возачот се појавува соодветна
порака.Продолжување на
ограничената брзина
Свртете го тркалцето на RES/+. Ќе
се постигне зачуваното
ограничување на брзината.
Исклучување Притиснете го копчето L,
показателот за ограничувањето на
брзината во Информативниот
центар за возачот се гаси.
Зачуваната брзина се брише.
Со притискање на копчето m за да
се активира контролата на
патувањето или со исклучување на
палењето, се деактивира и
ограничувачот на брзината и
зачуваната брзина се брише.
Предупредување за
преден судир Предупредувањето за преден
судир може да помогне да се
избегне или намали штетата
предизвикана од предни судири.
Page 185 of 301

Возење и ракување183
Предупредувањето за преден
судир го користи системот на
предната камера во
шофершајбната за да открива
возила директно напред, на
вашата патека, на оддалеченост
од околу 60 метри.
На возило напред укажува
контролната сијаличка A.
Ако се приближувате до возило
директно напред премногу бргу, се
огласува предупредувачка
мелодија и се дава
предупредување во
Информативниот центар за
возачот.
Предуслов е предупредувањето за преден судар да не е исклучено со
копчето V.
Активирање
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од 25 mph ако не
е исклучено со копчето V, видете
подолу.
Предупредувањето за преден
судир работи автоматски при
брзина поголема од 40 км/ч ако не
е исклучено со копчето V, видете
подолу.
Избор на чувствителноста на
предупредувањето Чувствителноста на
предупредувањето може да се
постави на блиску, средно или
далеку.
Page 186 of 301

184Возење и ракување
Притиснете го копчето V,
моменталната поставка се
прикажува на Информативниот
центар за возачот. Притиснете го
копчето V повторно за да ја
смените чувствителноста на
предупредувањето.Предупредување на возачот
Зелена контролна сијаличка за
возило напред A се пали во
групата инструменти кога системот ќе открие возило на патеката за
возење.Кога растојанието од претходното
возило во движење ќе стане
премало или кога пребрзо се
приближува до друго возило и е
можен судир, се појавува симболот
за известување за судир во
Информативниот центар за
возачот.
Истовремено се огласува
предупредувачка мелодија.
Притиснете го педалот на
сопирачката, ако тоа го бара
ситуацијата.
Page 187 of 301

Возење и ракување185
ДеактивирањеСистемот може да се деактивира.
Притиснете го копчето V онолку
пати колку што се појавува
следнава порака на
Информативниот центар за
возачот.
Општи информации
9 Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за растојанието
напред врз основа на
сообраќајните, временските и
условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Треба да е постојано подготвен да дејствува и да ги
активира сопирачките.
Ограничувања на системот
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но
може да реагира и на други
предмети.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
■ на патишта со многу свиоци,
■ кога времето ја ограничува видливоста, како кога има магла,
дожд или снег,
■ кога сензорот е блокиран од снег,
мраз, влажен снег, кал,
нечистотија или оштетувања на
шофершајбната.
Показател за растојание
однапред
Следниов показател за растојание однапред ја прикажува
оддалеченоста од возило што се
движи однапред. Предната камера на шофершајбната се користи за
откривање на растојанието од
возилото директно напред на
патеката на возилото. Активен е
при брзини поголеми од 25 mph.
Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возило што се
движи однапред. Предната камера на шофершајбната се користи за
откривање на растојанието од
Page 188 of 301

186Возење и ракување
возилото директно напред на
патеката на возилото. Активен е
при брзини поголеми од 40 км/ч.
Кога ќе се открие возило пред вас,
оддалеченоста се покажува во секунди, прикажани на страницата
во Информативниот центар за
возачот 3 113. Притиснете го
копчето MENU на рачката за
трепкачите за да изберете Vehicle
Information Menu (Изборник за
информации за возилото) X и
свртете го тркалцето за да ја
изберете страницата за
покажување на растојанието
однапред.Минималното покажано растојание е 0,5 секунди.
Ако нема возило напред или
возилото напред е вон опсегот, ќе
бидат прикажани две црти: -.- s.
Помош за паркирање
Задна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад и користетего системот за задна помош за
паркирање.
Задната помош за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките назад. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
е подготвен за работа автоматски.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото. Периодот помеѓу
Page 189 of 301

Возење и ракување187
звуците се скусува додека
возилото наближува до пречката.
Кога е оддалеченоста помала од
околу 30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките може да се прикажува во
Информативниот центар за
возачот.
Деактивирање
Системот се исклучува автоматски
кога ќе се извади од рикверц.
За повторно да го вклучите
системот ставете во рикверц.
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Кога ќе се исклучи системот,
сијаличката во копчето се гасне.
Освен тоа, на Информативниот
центар на возачот се појавува Park
Assist Off (Помошта при паркирање е исклучена) кога системот ќе се
исклучи рачно.
Дефект
Во случај на дефект на системот
или ако системот не работи поради
привремени услови, како сензори
прекриени со лед, се прикажува порака на Информативниот центар за возачот.
Пораки за возилото 3 121.Предно-задна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Системот дава
акустични сигнали и прикажува
пораки.
Page 190 of 301

188Возење и ракување
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот. Сигналот за
пречки од предната страна се
огласува преку предните звучници, а за пречки од задната страна се
огласува од задниот дел на
возилото.
Копче за помош за паркирање и
логика за ракување
Предно-задната помош за
паркирање има копче r. Ако
возилото е дополнително
опремено со напредна помош за паркирање, (видете во посебниот
опис што следи), системот е
опремен копче D. Во тој случај, со
двата системи се ракува со копчето D .
Кусо притискање на копчето r
или D ја деактивира или активира
предната помош за паркирање.
Долго притискање на копчето D
(околу една секунда) ја активира
или деактивира напредната помош
за паркирање.
Логиката на копчето ги ракува
системите со притискање на
следниот начин:
■ активна е предно-задната помош
за паркирање: кусо притискање
ја деактивира предно-задната
помош за паркирање.
■ предно-задната помош за паркирање е активна: со долго
притискање се вклучува
напредната помош за паркирање ако возилото е ставено во брзина
за напред.
■ активна е напредната помош за паркирање: кусо притискање ја
активира предно-задната помош
за паркирање.