OPEL CASCADA 2015 Сопственички прирачник

Page 261 of 301

Нега на возилото259
Редослед на спојувањето на
каблите:
1. Спојте го црвениот кабел со позитивната клема на
помошниот акумулатор.
2. Спојте го другиот црвен кабел со позитивната клема на
испразнетиот акумулатор.
3. Спојте го црниот кабел со негативната клема на
помошниот акумулатор.
4. Спојте го другиот крај на црниот
кабел со некоја точка за
вземјување на возилото, како
на пример блокот на моторот
или некоја врска со шраф за
монтирање на моторот. Спојте
го колку е можно подалеку, а
најмалку 60 см од испразнетиот акумулатор.
Спроведете ги каблите така што да не можат да се закачат за
вртливите делови во моторниот
простор.
Палење на моторот: 1. Запалете го моторот на возилото што дава струја.
2. По 5 минути, запалете го другиот мотор. Обидите за
палење не треба да траат
подолго од 15 секунди во
периоди од 1 минута.
3. Оставете ги двата мотора да работат в место околу
3 минути со поврзани кабли.4. Вклучете електрични потрошувачи (на пр. светла,греење на задното стакло) на
возилото на коешто му се помага при палењето.
5. Постапете по точно обратен редослед од горе наведениот
кога ги отстранувате каблите.

Page 262 of 301

260Нега на возилотоВлечење
Влечење на возилото
Вметнете одвртка во процепот во
долниот дел на капачето.
Ослободете го капачето со
внимателно движење на
шрафцигерот удолу.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 238.
Заштрафете ја алката за влечење
обратно од правецот на стрелките
на часовникот колку што може,
додека не застане во хоризонтална
положба.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослободување на возилото.
Вклучете го палењето за да го
ослободите закочувањето на
воланот и за да го овозможите
работењето на стоп-светлата,
сирената и бришачот на
шофершајбната.
Менувачот во лер.Внимание
Возете полека. Не возете со нагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
Кога моторот не работи, потребнае значително поголема сила за сопирање и за управување.
За да не влегуваат издувни гасови
од влечното возило, вклучете го
кружењето на воздухот и затворете
ги прозорците, кога мекиот покрив
е затворен.
Возила со автоматски менувач:
Возилото треба да се влече
свртено нанапред, не побрзо од
50 mph , ниту подалеку од 60 милји.
Во сите други случаи и кога
менувачот е дефектен, предната
оска треба да се крене од земјата.

Page 263 of 301

Нега на возилото261
Возила со автоматски менувач:
Возилото треба да се влече
свртено нанапред, не побрзо од
80 км/ч, ниту подалеку од 100 км.
Во сите други случаи и кога
менувачот е дефектен, предната
оска треба да се крене од земјата.
Побарајте помош од
автомеханичар.
По влечењето, отштрафете ја
алката за влечење во правец
спротивен од стрелките на
часовникот.
Вметнете го капачето горе и
заглавете го надолу.Влечење друго возило
Вметнете одвртка во процепот во
долниот раб на капачето.
Ослободете го капачето со
внимателно движење на
шрафцигерот удолу.
Алката за влечење се наоѓа заедно
со прирачните алати 3 238.
Заштрафете ја алката за влечење
обратно од правецот на стрелките
на часовникот колку што може,
додека не застане во хоризонтална
положба.
Алката за врзување во задниот дел под возилото никогаш не смее да
се употребува како алка за
влечење.
Закачете сајла за влечење - или,
уште подобро е шипка за влечење
- за алката за влечење.
Алката за влечење треба да се
користи за влечење, а не за
ослободување на возилото.

Page 264 of 301

262Нега на возилотоВнимание
Возете полека. Не возете сонагли движeња. Преголеми
влечни сили може да го оштетат возилото.
По влечењето, отштрафете ја
алката за влечење во правец
спротивен од стрелките на
часовникот.
Вметнете го капачето горе и
заглавете го надолу.
Нега за изгледот
Нега на надворешноста БравиБравите се подмачкуваат во
фабриката со употребата на
високо квалитетно мазиво за
цилиндрите на бравите. Средство
за одмрзнување употребувајте
само кога е апсолутно неопходно,
бидејќи тоа го вади мазивото и го
влошува функционирањето на
бравите. По употребата на
средство за одмрзнување, нека Ви
ги подмачка бравите повторно
автомеханичар.
Миење Бојата на вашето возило е
изложена на влијание од
средината, затоа редовно перете
го своето возило.
Кога корисите автоматски перални, претпочитајте ги тие со текстилни
четки и изберете програма без
полирни адитиви.При рачно перење, користете
чиста вода и мека четка и перете во
правец на ткаењето на крпата.
Никогаш не користете
компресорска млазница или
млазни чистачи под голем
притисок за мекиот покрив и за
моторниот простор.
Редовно полирајте ги обоените
делови на возилото со полир-
паста.
Изметот од птиците, мртвите
инсекти, смолата, поленот и
сличното треба веднаш да се
исчистат, бидејќи тие содржат
агресивни состојки кои можат да
предизвикаат оштетување на
бојата и на материјалот.
Ако користите перална за возила,
спроведете ги соодветните
напатствија на производителот на
пералната. Бришачот на
шофершајбната мора да се
исклучи. Извадете ги
дополнителната антена и
надворешните додатоци.

Page 265 of 301

Нега на возилото263
Ако го миете возилото рачно,
погрижете се темелно да ја
исплакнете и внатрешната страна на крилата.
Исчистете ги рабовите и
преклопите на отворените врати и
хаубата, како и пределите што ги
покриваат.Внимание
Секогаш користете средство за
чистење со pH вреднсот 4 до 9.
Не користете средства за
чистење на жешки површини.
Внимание
По миење или чистење, мекиот
покрив мора сосема да се исуши пред да биде отворен. Ако
мокар мек покрив остане
отворен подолго време, ќе се оштети со дамки од водата и ќе
се развие мувла.
Кога чистите со млазeн чистач со
голем притисок внимавајте да има
најмалку 30 см растојание до
амблемот со брендот за да не
дојде до ненамерно отклучување.
Целосно исушете го и избришете
го возилото. Често плакнете ја
еленската кожа. Употребувајте
посебни кожи за бојата и за
прозорците: остатоците од полир- пастата на прозорците ќе ја влошат
видливоста.
Нека Ви ги подмачкува шарките на вратите со мазиво автомеханичар.
Не користете тврди предмети за
вадење на флеки од катран.
Користете спреј за вадење на
катран на обоените површини.
Надворешни светла Капаците на предните фарови и на
другите светла се направени од
пластика. Не користете
нагризувачки средства или
киселини, не користете гребач за
мраз и не сушете ги.Полирање и нанесување
восок
Редовно полирајте ги обоените
делови на возилото со полир-паста
(најдоцна кога веќе не се
формираат меури од водата).
Инаку бојата ќе се исуши.
Полирањето со средство за
полирање е неопходно само ако бојата го изгубила сјајот или ако на неа се нафатиле цврсти наслојки.
Полирањето на бојата со силикон
обликува заштитен слој, правејќи
го полирањето со восок
непотребно.
Мекиот покрив и пластичните
делов на каросеријата не треба да
се полираат со средства за
полирање.
Прозорци и четкички на
бришачите на
шофершајбната Употребувајте мека крпа без
влакненца или еленска кожа
заедно со средство за чистење
прозорци и средство за вадење
инсекти.

Page 266 of 301

264Нега на возилото
Кога го чистите задното стакло
одзади, секогаш бришете
паралелно со грејачот за да не го
оштетите.
За механичко вадење на мраз,
употребувајте гребло на мраз со
остар раб. Притиснете го гребачот
цврсто на стаклото за да не
влегуваат нечистотии под него и
гребете го стаклото.
Отстранете ги наслагите
нечистотија од замачкувачките
бришачи со мека крпа и средство
за чистење прозорци. Внимавајте и
да отстраните остатоци од восок,
инсекти и слично од стаклото.
Остатоци од мраз, загадување и
постојано бришење на суви стакла
ќе ги оштети, па и уништи
бришачите.
Тркала и гуми
Не користете компресорски
млазници за чистење.
Чистете ги бандажите со pH
неутрално средство за чистење на
тркалата.Бандажите се бојосани и може да
се чистат со истите средства како и шасијата.
Оштетување на бојата Поправете ги помалите оштети на
бојата со апликатор пред да се
формира ‘рѓа. Поголемите оштети
или предели со ’рѓа нека Ви ги
поправи автомеханичар.
Подвозје
Некои предели на подвозјето на возилото имаат премаз од PVC
додека другите критични предели имаат траен слој од заштитен
восок.
Откако подвозјето ќе се измие,
проверете го истото и нанесете
восок ако е потребно.
Битуменски/гумени материјали
може да го оштетат премазот од
PVC. Нека Ви ја изведе работата на
подвозјето автомеханичар.
Пред и после зимата, измијте го
подвозјето и нека Ви го проверат
слојот на заштитниот восок.Опрема за влечење
Не ја чистете влечната кука со
компресорска млазница или
млазни чистачи со голем притисок.
Нега на внатрешноста
Внатрешност и тапацир
Чистете ја внатрешноста на
возилото, вклучувајќи ја и маската
и облогите на таблата со
инструменти, само со сува крпа или средство за чистење на
внатрешноста.
Чистете го кожениот тапацир со
вода и мека крпа. Доколку е многу
извалкан, користете средство за
чистење кожа.
Групата инструменти и екраните треба да се чистат само со мека,
влажна крпа. Ако е потребно,
користете слаб раствор на
сапуница.
Текстилниот тапацир чистете го со
правосмукалка и четка. Флеките
вадете ги со средство за чистење
на тапацирот.

Page 267 of 301

Нега на возилото265
Ткаенината на преслеките може да
не е со трајни бои. Тоа може да
предизвика видливо
избледнување на бојата, особено
на тапацир со светли бои. Дамки и
избледена боја треба да се
исчистат што е можно поскоро.
Чистете ги безбедносните ремени
со млака вода или средство за
чистење на внатрешноста.Внимание
Затворајте ги Велкро патентите
бидејќи отворените Велкро
патенти на облеката може да го
оштетат тапацирот на
седиштата.
Истото се однесува и до облеки
со предмети со остри рабови,
како патенти или каишеви или
фармерки со нитни.
Пластични и гумени делови
Пластичните и гумените делови
може да се исчистат со истото
средство за чистење кое се
користи за чистење на
каросеријата. Употребете
средство за чистење на
внатрешноста ако е потребно. Не
користете други средства.
Избегнувајте ги растворувачите и
особено бензинот. Не користете
компресорски млазници за
чистење.

Page 268 of 301

266Сервисирање и одржувањеСервисирање и
одржувањеОпшти информации .................266
Препорачани течности,
средства за подмачкување и
делови ....................................... 267Општи информации
Сервисни информации За да се гарантира економичното ибезбедното работење на возилото
и да се одржи вредноста на Вашето
возило, мошне битно е сето
одржување да се изведува во
соодветните периоди, како што е определено.
Деталниот, актуелен сервисен
распоред за Вашето возило е
достапен кај автомеханичарот.
Екран за сервисирање 3 102.
Европски сервисни периоди
Постои потреба од одржување на
Вашето возило на 20000 милји или
по 1 година , кое и да настапи прво,
освен да не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Постои потреба од одржување на
Вашето возило на 30000 км или по 1 година, кое и да настапи прво,
освен да не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.Покус сервисен период може да важи за потешки услови за
возење,на пр. за таксија и за
полициски автомобили.
Европските сервисни периоди
важат за следниве држави:
Андора, Австрија, Белгија, Босна и
Херцеговина, Бугарија, Хрватска,
Кипар, Чешка, Данска, Естонија,
Финска, Франција, Германија,
Грција, Гренланд, Унгарија,
Исланд, Ирска, Италија, Латвија,
Литванија, Луксембург,
Македонија, Малта, Црна Гора,
Холандија, Норвешка, Полска,
Португалија, Романија, Србија,
Словачка, Словенија, Шпанија,
Шведска, Швајцарија,
Обединеното кралство.
Екран за сервисирање 3 102.
Меѓународни сервисни
периоди Постои потреба од одржување наВашето возило на 10000 милји или
по 1 година , кое и да настапи прво,
освен да не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.

Page 269 of 301

Сервисирање и одржување267
Постои потреба од одржување на
Вашето возило на 15000 км или по
1 година, кое и да настапи прво,
освен да не е поинаку означено на
екранот за сервисирање.
Меѓународните сервисни периоди важат за државите што не се
наброени во списокот за
европските сервисни периоди.
Екран за сервисирање 3 102.
Потврдувања Потврдите на сервисирањето се
евидентира во Сервисната и
гаранцијската книшка. Датумот и
километражата се дополнува со
печат и подпис на работилницата
на сервисирањето.
Проверете дека Сервисната и
гаранцијската книшка е дополнета
исправно пошто постојаното
заверување на сервисирањето е
суштинско ако било каква
рекламација или добронамерно
барање треба да се исполни, и исто
така е корисно при продавање на
возилото.Проверете дали Сервисната и гарантна книшка е пополнета
правилно како постојан доказ за
сервисирањето и помош при
гарантните побарувања. Добро
служи и кога се продава возилото.
Период за сервисирање сопреостанатото времетраењена работниот век на
моторното масло
Сервисниот период е заснован врз
повеќе параметри зависно од
употребата.
Екранот за сервисирање Ви дава
на знаење кога да го смените
моторното масло.
Екран за сервисирање 3 102.Препорачани
течности, средства за
подмачкување и
делови
Препорачаните течности и средства за
подмачкување
Користете само производи кои ги
задоволуваат препорачаните
спецификации. Штетата што ќе
настане како резултат на
употребата на производи кои не се во склад со овие спецификации
нема да биде покриена со
гаранцијата.9 Предупредување
Работните материјали се
опасни и можат да бидат
отровни. Ракувајте со нив
внимателно. Обрнете внимание
на информациите дадени на
упаковката.

Page 270 of 301

268Сервисирање и одржување
Моторно масло
Моторното масло се познава по
својот квалитет и вискозитет.
Квалитетот е поважен од
вискозитетот кога избирате кое
моторно масло ќе користите.
Квалитетот на маслото ја
обезбедува на пр. чистотата на
моторот, заштитата од абење и
контролата на стареење на
маслото, додека класата по
вискозност дава информација за
густината на маслото над некој
опсег на температурите.
Dexos е најновиот квалитет на
моторните масла што овозможува
оптимална заштита за бензинските
и дизел моторите. Ако не е
достапно, мора да се користат
моторни масла од другите
наброени квалитети.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 272.Дотурање моторно масло
Моторните масла од други
производители и марки можат да
се мешаат доколку тие го
исполнуваат бараниот квалитет и
вискозитет за моторни масла.
Употребата на моторни масла
само со квалитет ACEA A1/B1 или
A5/B5 е забранета, бидејќи тие
може да предизвикаат долгорочни
оштетувања на моторот во
одредени работни услови.
Изберете соодветно моторно
масло според неговиот квалитет и
минималната надворешна
температура 3 272.
Дополнителни адитиви за
моторното масло
Употребата на дополнителни
адитиви за моторното масло може
да предизвика оштетувања и да ја
поништи гаранцијата.
Класи по вискозитет на моторното
масло
Класата на вискозност SAE дава
информации за густината на
маслото.Повеќекласното масло се означува со две бројки, на пр., SAE 5W-30.
Првата бројка, по којашто следи W, ја означува вискозноста при ниски
температури, а втората бројка ја
означува вискозноста при високи
температури.
Изберете ја соодветната класа по
вискозитет зависно од
минималната надворешна
температура 3 272.
Сите препорачани степени на
вискозност се погодни за високи
температури на околината.
Течност за ладење и
антифриз Користете го само органското
киселинско долготрајно средство
за ладење (LLC) (антифриз)
одобрено за возилото.
Посоветувајте се со
автомеханичар.
Системот е фабрички наполнет со
средство за ладење дизајнирано за
одлична заштита од корозија и од
смрзнување до -28 °C. Во
северните земји со многу ниски

Page:   < prev 1-10 ... 221-230 231-240 241-250 251-260 261-270 271-280 281-290 291-300 301-310 ... 310 next >