OPEL CASCADA 2016 Сопственички прирачник
Page 201 of 297
Возење и ракување199
Можно е на екранот да се појават
показатели за повеќе знаци.
Извичник во рамка укажува дека е
откриен дополнителен знак што системот не го препознава.
Системот е активен до брзина од
200 км/ч, зависно од условите на
осветленост. Ноќе системот е
активен до брзина од 160 км/ч.
Штом брзината на возилото ќе се
намали под 55 км/ч, екранот се
ресетира и содржината на
страницата со сообраќајни знаци
се брише, на пр. кога се влегува во градска зона. Означувањето наследната препозната брзина ќе се
прикаже.
Индикации на екранот Сообраќајните знаци се
прикажуваат на страницата
Откривање сообраќајни знаци на
Информативен центар за возачот.
Изберете Settings (Поставки) X
со притискање MENU и изберете ја
ставката Откривање сообраќајни
знаци со тркалцето за местење на
рачката за трепкачите 3 107.
Кога е избрана друга функција во
изборникот на Информативниот
центар за возачот потоа повторно
ќе се одбере страницата
Откривање сообраќајни знаци , ќе
се прикаже последниот препознаен
сообраќаен знак.
Page 202 of 297
200Возење и ракувањеФункција за тревожење
Штом ќе се активира, знаците за
ограничување на брзината и за
непретекнување се прикажуваат
како појавни тревожења на
Информативниот центар за
возачот.
Функцијата за тревожење може да
се активира или деактивира во
изборникот за поставување на
страницата на помошникот за
сообраќајни знаци со притискање
SET/CLR на рачката за трепкачите.Кога ќе се прикаже страницата за
поставки, изберете Исклучено за
да ја деактивирате функцијата за
тревожење. Вклучете повторно со
избирање на Вклучено.
Кога ќе се вклучи палењето,
функцијата за тревожење е
деактивирана.
Појавувачката индикација се
прикажува околу 8 секунди во
Информативниот центар за
возачот.
Page 203 of 297
Возење и ракување201Препоставување на системотСодржината на меморијата на
сообраќајните знаци може да се
избрише во изборникот за поставки
на страницата на помошникот за
сообраќајни знаци со притискање и држење SET/CLR на рачката за
трепкачите. По успешно
ресетирање, ќе се огласи тон и се
покажува следниот симбол додека
не се открие следен сообраќаен
знак.
Во некои случаи системот го
рестартира помошникот за
сообраќајни знаци автоматски.
Дефект
Системот за помош со сообраќајни знаци може да не работи правилно
кога:
● Пределот на шофершајбната каде што се наоѓа предната
камера не е чист.
● Сообраќајните знаци се целосно или делумно
прекриени или тешко се
распознаваат.
● Има неповолни услови од околината, на пр. силен дожд,
снег, директна сончева
светлина или сенки. Во таков
случај, No Traffic Sign Detection
due to Weather (Нема
приметување на сообраќајните
знаци поради времето) е
прикажан во Информативниот
центар за возачот.
● Сообраќајните знаци се неправилно монтирани или се
оштетени.
● Сообраќајните знаци не се во согласност со Виенската
конвенција за сообраќајни
знаци.Внимание
Системот е наменет да му
помага на возачот во опсегот на одреден обем на брзини за дараспознава извесни
сообраќајни знаци. Не ги
игнорирајте тие сообраќајни
знаци кои не ги прикажува
системот.
Системот не распознава други
сообраќајни знаци, освен
вообичаените, кои можат да
пропишат или завршат
ограничување на брзината.
Не дозволувајте оваа посебна
функција да Ве наведе да
ризикувате кога возите.
Секогаш приспособувајте ја
брзината кон условите на патот.
Системите за помош на возачот не го ослободуваат возачот од
целосната одговорност за
работење со возилото.
Page 204 of 297
202Возење и ракувањеПредупредување занапуштање лента
Системот за предупредување за
напуштање на лента ги набљудува
обележувањата на лентите помеѓу
коишто возилото се вози преку
една предна камера. Системот ги
детектира менувања на лентата и
го предупредува возачот во случај на ненамерно менување на
лентата со визуелни и звучни
сигнали.
Критериуми за откривање на
ненамерното менување на лента
се:
● неработењето со трепкачите
● неработењето со педалот на сопирачките
● немање активно работење со педалот за гас или забрзување
● немање активното управување
со воланот
Ако возачот ги врши овие
активности, нема да се издаде
никакво предупредување.Активирање
Системот за предупредување за
напуштање лента се активира со
притискање на ). Запалената
сијаличка во копчето означува дека
системот е вклучен. Кога
контролната сијаличка ) во
групата инструменти ќе се запали
зелена, системот е готов да
работи.
Со системот може да се работи
само при брзини на возилото над
56 км/ч и ако се обележени
лентите.
Кога системот ќе препознае
ненамерно менување на лентата,
контролната сијаличка ) се
сменува во жолта и трепка.
Истовремено се активира
мелодичен звук.
Деактивирање
Системот се исклучува со
притискање на ), светлото во
копчето се гаси.
При брзини под 56 км/ч со системот
не може да се работи.
Page 205 of 297
Возење и ракување203ДефектСистемот за предупредување за
напуштање на лента може да не
работи правилно кога:
● шофершајбната не е чиста
● има неповолни услови од околината како јак дожд, снег,
директна сончева светлина
или сенки
Системот не може да работи кога
не се откриени ознаки на лентите.Гориво
Гориво за бензинскимотори
Користете само безоловно гориво
усогласено со европскиот
стандард EN 228 или
E DIN 51626-1 или сличен.
Моторот е способен да работи со
гориво што содржи до 10% етанол
(на пример, наречен E10).
Користете гориво со
препорачаниот октански број
3 272.Внимание
Не користете гориво или
адитиви за гориво што содржат
метални состојки како адитиви
врз основа на манган. Тоа може
да предизвика оштетување на
моторот.
Внимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 228 или E DIN 51626-1 или слично може да
доведе до таложења или
оштетување на моторот и да
влијае врз гаранцијата.
Внимание
Употребата на горива со
пренизок октански број може да
доведе до неконтролирано
согорување и оштета на
моторот.
Гориво за мотори на дизел
Користете само дизел гориво што е во согласност со EN 590.
Во земјите надвор од Европската
унија, користете дизел гориво со
концентрација на сулфур под
50 ppm.
Page 206 of 297
204Возење и ракувањеВнимание
Користењето гориво што не е во
согласност со EN 590 или
слично може да доведе до
губење на моќноста на
возилото, зголемено абење или
оштетување на моторот и може
да влијае врз гаранцијата.
Не користете бродски дизел масла,
масла за греење, Аквазол и слични
емулзии на дизел и вода. Дизел
горивата не смеат да се разредат
со горива за бензински мотори.
Полнење гориво9 Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги палењето и сите
надворешни грејачи со комори за согорување. Исклучете ги
сите мобилни телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа на задната десна
страна од возилото.
Page 207 of 297
Возење и ракување205
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
За да го отворите, полека свртете
го капачето во правец спротивно од стрелките на часовникот.Капачето за полнење гориво може
да се задржи во рамката на
вратичката на резервоарот.
За полнење, целосно вметнете ја
цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматското исклучување,
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.
Внимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и
заглавете ја.
Возила со инхибитор за
погрешно гориво9 Предупредување
Не обидувајте се рачно да ја
отворите вратичката на грлото
на резервоарот за гориво кај
возилата со инхибитор за
погрешно гориво.
Непочитувањето на ова може
да доведе до фаќање на
прстите.
Возилата со систем за селективно
каталитичко намалување се
опремени со инхибитор за
погрешно гориво.
Page 208 of 297
206Возење и ракување
Инхибиторот за погрешно гориво
дава сигурност дека вратичката на грлото на резервоарот за гориво
може да се отвори само со
користење млазница за дизел
гориво или инка за итно полнење.
Полека свртете го капачето на
резервоарот за гориво во правец
спротивно од стрелките на
часовникот
Капачето може да се задржи во
рамката на вратичката на
резервоарот за гориво.
Поставете ја млазницата во права
линија во однос на грлото за
полнење и притиснете малку за да
влезе.
Во случај на итно полнење од
канта, мора да се користи инка за
отворање на капачето на грлото за полнење.
Инката се наоѓа во товарниот
простор.
Поставете ја инката во права
линија во однос на грлото за
полнење и притиснете малку за да
влезе.
Употребете ја инката за долевање
дизел гориво во грлото за
полнење.
Откако ќе наполните, ставете ја
инката во пластичната ќесичка и
одложете ја во складишната
преграда.
Систем за селективно каталитичко
намалување 3 163.
Капаче за полнење гориво Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња за
полнење гориво.
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) се движи од 7,3 л до
5,2 л/100 км.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
во опсег од 172 до 138 г/км.
За вредностите за вашето возило,
видете го Сертификатот за
сообразност на ЕК доставен со
вашето возило или другите
национални документи за
регистрација.
Page 209 of 297
Возење и ракување207Општи информацииНаведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2
emission се однесуваат на
основниот модел за ЕУ со
стандардна опрема.
Податоците за потрошувачката на
гориво и испуштањето CO 2 се
одредуваат според прописот
R (EC) бр. 715/2007 (во најновата
важечка верзија), со земање
предвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка и испуштање CO 2.
Понатаму потрошувачката нагориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.Кука за приколки
Општи информации Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило. Доверете му го
отпослежното монтирање на
опремата за влечење на
автомеханичар. Може да биде
потребно да се извршат измени кои делуваат врз системот за ладење,
топлоотпорните обвивки или друга
опрема.
Функцијата за откривање
откажување на ламбите за
светлото на сопирачките на
приколката не може да открие
делумно откажување на ламбите,
на пр., во случај на 4 х 5 вати,
открива откажување на ламбите
само кога останала само една
ламба од 5 вати или нема ниедна.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, за влечење користете ја
влечната кука. Секогаш чувајте ја
влечната кука во возилото.
Page 210 of 297
208Возење и ракувањеВозни карактеристики,совети за влечење
Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не ја
подмачкувајте ако за намалување
на кривулести движења се
употребува стабилизатор, којшто
делува врз влечната топка.
Со приколки кои имаат мала
стабилност при возењето и
камперски приколки со дозволена
бруто тежина на возилото од
повеќе од 1200 кг употребата на
стабилизатор особено се
препорачува кога се вози над
80 км/ч.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по надолнина, возете
во иста брзина како да возевте по
нагорнина и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите до вредноста определена за полна
натовареност 3 278.Влечење на приколка
Товарење на приколката
Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка
кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Општо, тие важат за
стрмнини до најмногу 12%.
Дозволената оптовареност на
приколката важи до определената
стрмнина и до надморска височина од 1000 метри. Бидејќи моќноста намоторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечење
исто така се намалува за 10% насекои 1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се
намалува кога се вози по патишта
со мала стрмнина (помала од 8%,
на пр. магистрални патишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана
на идентификациската табличка
3 267.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (75 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите
на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка