OPEL CORSA 2015.75 Сопственички прирачник

Page 161 of 295

Возење и ракување159
Нишање на возилотоНишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу D и R повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во P.
Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.Рачен режим
Ставете ја рачката на менувачот во
положбата M.
Притиснете < на рачката на
менувачот за да ставите во
поголема брзина.
Притиснете ] на рачката на
менувачот за да ставите во помала
брзина.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема, не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака во Информативниот центар за возачот (DIC).
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Показател за менување брзини
Симболот R со бројка до него се
покажува кога се препорачува
менување брзина заради штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Електронски програми за
возење ■ По ладно палење, програмата за
работна температура ја
зголемува брзината на моторот
за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.

Page 162 of 295

160Возење и ракување
■ Функцијата за автоматскопрефрлување во лер автоматски
се префрлува на работење в
место кога возилото е застанато
во некоја брзина за напред и
педалот за сопирачките е
притиснат.
■ Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини кога се вози по угорници или
удолнини.
■ При стартување на снег или мраз
или на други лизгави површини,
електронската контрола на
преносот избира повисока
брзина автоматски.
Збоднување Ако педалот за гас е притиснат
докрај во автоматскиот режим,
менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.Дефект
Во случај на дефект, се пали
контролната сијаличка g. Освен
тоа, во Информативниот центар за
возачот (DIC) се прикажува порака. Пораки за возилото 3 114.
Менувачот веќе не менува брзини
автоматски. Непрекинато
патување е возможно со рачно
менување.
Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и 2-рата брзина може да
се користи во рачниот режим.
Менувајте брзини само кога
возилото е во мирување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањетоВо случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 254.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на менувачот.
1. Активирајте ја сопирачката за паркирање.
2. Ослободете ја облогата нарачката на менувачот од
средишната конзола; пикнете
го прстот во кожениот отвор од
предната страна на рачката на
менувачот и притиснете ја
облогата нагоре кај предниот

Page 163 of 295

Возење и ракување161
обод оздола, како што еприкажано на илустрацијата.
Свртете ја облогата налево.
3. Притиснете ја рачката за ослободување и поместете ја
рачката на менувачот од P или
N . Ако повторно се стави во
овие положби, рачката на
менувачот повторно ќе се
заглави во нив. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.Рачен менувач
За да ставите во рикверц,
притиснете ја педалата на
куплунгот. па притиснете го
копчето за ослободување на
рачката на менувачот и ставете во
рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.

Page 164 of 295

162Возење и ракување
Кога ракувате со него, притиснете
го куплунгот целосно. Не одморајте
ја ногата на педалот.Внимание
Не е препорачливо да се вози со раката легната на рачката наменувачот.
Показател за менување брзини
3 100.
Автоматизиран рачен
менувач
Автоматизираниот рачен менувач
овозможува рачно менување
брзини (рачен режим) или
автоматско менување брзини
(автоматски режим), двете со
автоматска контрола на куплунгот.
Рачното менување е можно со
потчукнување на рачката на
менувачот во рачниот режим.
Забелешка
Кога отклучувате или отворате
врата на возилото, може да се
слуша звук од хидрауличниот
систем.Екран на менувачот
Во автоматскиот режим, на
програмата за возење укажува D во
Информативниот центар за
возачот.
Во рачниот режим, се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
Палење на моторот За да го стартувате моторот,
притиснете ја долната сопирачка,
ако менувачот не е во положба N.

Page 165 of 295

Возење и ракување163
Менувачот автоматски се
префрлува во N при стартување.
Можее да настапи кратко
задоцнување.
Палењето не е возможно ако сите
светла за сопирачката се
дефектни.
Систем за сопирање-поаѓање Autostop
Ако возилото е во мирување и
педалата за сопирачките е
притисната, Autostop се активира автоматски.
Моторот ќе се изгасне, а палењето останува вклучено.
На Автостоп укажува контролната
сијаличка D.
Autostart
Отпуштете ја педалата на
сопирачката и извадете ја рачката
на менувачот од D за да го
рестартирате моторот.
Кога ќе се рестартира моторот,
контролната сијаличка D во DIC се
гаси.
Системот за сопирање-поаѓање ќе
се исклучи на стрмнини од 15 % или
повеќе.
Систем за сопирање-поаѓање
3 151.
Рачка на менувачотСекогаш придвижувајте ја рачката
на менувачот во соодветната
насока до каде што може да оди.
По пуштањето, автоматски се
враќа во средишната положба.N=положбата лерD/
M=префрлување помеѓу
автоматскиот (D) и рачниот
(M) режим за менување.
Екранот на менувачот
прикажува или D или M со
избраната брзина<=ставање во поголема брзина во рачниот режим]=ставање во помала брзина
во рачниот режимR=рикверц. Ставајте во
рикверц само кога возилото
е во мирување
Ако рачката на менувачот се
помести од R налево, D се вклучува
непосредно.
Ако рачката на менувачот се
помести од D на < или ], се одбира
рачен режим M и преносот се
менува.

Page 166 of 295

164Возење и ракување
ПоаѓањеПритиснете ја педалата на
сопирачките и поместете ја
рачката на менувачот во D/M или
R . Ако се одбере D, менувачот е во
автоматски режим и ставено е во
прва брзина. Ако се избере R, се
активира рикверц.
Возилото почнува да се движи штом ќе се отпушти ножната
сопирачка.
За да појдете без притискање на
педалата на сопирачките,
забрзајте веднаш откако ќе ставите во брзина додека трепка D или R.
Ако ни педалот за гас ни ножната сопирачка не е нагазната, не се
става во ниедна брзина и за кратко
време трепка D или R на екранот.
Застанување на возилото
Во D, првата брзина е ставена и
куплунгот е отпуштен кога
возилото ќе застане. Во R,
рикверцот останува активен.Моторно сопирање
Автоматски режим
Кога се вози по удолнини,
автоматскиот менувач не се
префрлува во поголеми брзини
додека не се достигне релативно
голема брзина на моторот.
Благовремено се префрлува во
помала брзина кога се сопира.
Рачен режим
За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини. Менувањето
во рачен режим е можно
единствено кога моторот работи
или при Автостоп.
Нишање на возилото Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу R и D повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.Паркирање
Последната ставена брзина
(видете на екранот на менувачот)
останува активна кога се исклучува палењето. Со N не е ставено во
ниедна брзина.
Затоа секогаш затегнувајте ја
паркирната сопирачка кога го
исклучувате палењето. Ако не е
затегната паркирната сопирачка,
P трепка на екранот на менувачот
и клучот не може да се извади од
бравата за палење. P престанува
да трепка на екранот на менувачот
штом ќе се затегне малку
паркирната сопирачка.
Кога палењето е исклучено,
менувачот веќе не реагира на
движењата на рачката на
менувачот.
Систем за контрола на
притисокот во гумите За да го почнете споредувањето насензорите на системот за контрола
на притисокот во гумите, рачката
на менувачот треба да се помести
и да се задржи во положбата N

Page 167 of 295

Возење и ракување165
пет секунди. P светнува на екранот
на менувачот за да покаже дека споредувањето на сензорите може
да се почне.
Систем за контрола на притисокот
во гумите 3 236.
Рачен режим Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема,
не се извршува менувањето на
брзина. Тоа го спречува моторот да работи со премногу или премалку
вртежи. Во Информативниот
центар за возачот (DIC) се
прикажува порака за
предупредување. Пораки за
возилото 3 114.
Ако брзината на моторот е
премала, менувачот автоматски се менува во помала брзина.
Ако брзината на моторот е
преголема, менувачот се
префрлува во поголема брзина
само преку збоднувањето.Кога + или - е избрано во
автоматскиот режим, менувачот се префрлува во рачен режим и
менува брзини соодветно.
Показател за менување брзини
Симболот R со бројка до него се
покажува кога се препорачува
менување брзина заради штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Електронски програми за
возењето ■ По ладно палење, програмата за
работна температура ја
зголемува брзината на моторот
за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
■ Приспособливата програма автоматски го прилагодува
менувањето на брзини конусловите за возење, на пр.
поголема оптовареност или
стрмнини.
Збоднување Ако педалот за гас е притиснат
докрај во автоматскиот режим,
менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.
Дефект За да се спречи оштетувањето на
автоматизираниот рачен менувач,
куплунгот автоматски се затвора
при високи температури на истиот.
Во случај на дефект, се пали
контролната сијаличка g. Освен
тоа, во Информативниот центар за
возачот се прикажува
предупредувачка порака. Пораки
за возилото 3 114.
Понатамошното возење е
ограничено или не е можно,
зависно од дефектот.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.

Page 168 of 295

166Возење и ракувањеСопирачки
Системот на сопирачки се состои од две посебни кола за сопирање.
Ако откаже едно коло за сопирање, возилото се уште може да се сопре
со употреба на другото коло за
сопирање. Меѓутоа, дејството на
сопирањето се постигнува само
кога педалот на сопирачкте е
притиснат цврсто. Значително
поголема сила треба за тоа.
Растојанието за сопирање се
зголемува. Пред да продолжете со патувањето побарајте помош од
автомеханичар.
Кога моторот не работи,
поддршката на серво уредот за
сопирачките ја снемува откако
педалот ќе се притисне еднаш или
двапати. Дејството на сопирањето
не е намалено, но за сопирање е
потребна значајно поголема сила.
Тоа е особено важно да се има на
ум кога се влече.
Контролна сијаличка R 3 99.Систем за деблокирање
на сопирачките Antilock Brake System -от (ABS)
(Систем за деблокирање на
сопирачките) не дозволу тркалата
да се блокираат.
ABS почнува да го регулира притисокот на сопирачките штом
некое тркало покажува тенденција
да се блокира. Возилото останува
управливо, дури при јако
сопирање.
Контролата на ABS станува
очигледна преку пулсирање во
педалот на сопирачките и звукот на
процесот за регулирање.
За оптимално сопирање, држете го педалот за сопирање докрај
притиснат за време на целиот
процес на сопирањето, иако
педалот ќе пулсира. Не
намалувајте го притисокот врз
педалот.
По палењето, системот врши
самоиспитување што може да биде
бучно.
Контролна сијаличка u 3 100.Приспособливо стоп-светло
При целосно сопирање, сите три
стоп-светла трепкаат за време на
примената на ABS контролата.
Дефект9 Предупредување
Ако има дефект во ABS,
тркалата може да бидат склони
да се блокираат поради такво
кочење што е посилно од
обичното. Предностите на ABS
веќе не функционираат. При
силно сопирање, со возилото не може веќе да се управува и
може да скршне.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.

Page 169 of 295

Возење и ракување167Сопирачка за паркирање
Рачна сопрачка за паркирање9 Предупредување
Секогаш затегнувајте ја рачната
сопирачка цврсто без да
ракувате со копчето за
ослободување, и на удолнини
или угорнини затегнете ја
истата колку е можно поцврсто.
За да ја отпуштите рачната
сопирачка, малку повлечете ја
рачката нагоре, притиснете го
копчето за ослободување и
спуштете ја рачката целосно.
За да се намалат работните
сили на рачната сопирачка,
истовремено притискајте ја
ножната сопирачка.
Контролна сијаличка R 3 99.
Серво кочење Ако педалот за сопирачките се
нагазне брзо и силно,
максималната сила на сопирањето автоматски се применува (целосно
сопирање).
Одржувајте постојан притисок врз
педалот на сопирачката се додека
постои потреба од целосно
сопирање. Максималната сила на
сопирањето автоматски се
намалува кога се отпушта педалот
за сопирачките.
Помош при поаѓање на
угорници
Системот помага во спречување на несакани движења при возење на
коса површина.
При отпуштање на ножната
сопирачка по застанување на
косина, сопирачките се активни уште две секунди. Сопирачките сеотпуштаат автоматски штом
возилото ќе почне да забрзува или
ќе заврши времето за задржување
од две секунди.
Помошта при поаѓање по
нагорнини не е активна за време
на Autostop.

Page 170 of 295

168Возење и ракувањеСистеми за контрола
на возењето
Систем за контрола на
пролизгувањето
Системот за контрола на
пролизгувањето (TC) е компонента
на Електронската контрола на
стабилноста (ESC).
TC ја подобрува стабилноста при
возењето кога е потребно, без
оглед на видот на површината на
коловозот или прилепувањето на гумите, со спречување на
шлајфувањето на погонските
тркала.
Штом погонските тркала почнат да
шлајфуваат, излезната силата на
моторот се намалува и тркалото
кое најмногу шлајфува поединечно
се сопира. Тоа значително ја
подобрува стабилноста при
возење на возилото на лизгави
површини.
TC функционира по секое палење
на моторот штом ќе се изгасне
контролната сијаличка b.
Кога работи TC, b трепка.
9 Предупредување
Не дозволувајте ова посебно
безбедносно својство да Ве
наведе да ризикувате за време
на возењето.
Приспособете ја брзината кон
условите на патот.
Деактивирање
TC може да се исклучи кога е
потребно вртење на погонските
тркала во место: притиснете
кратко b.
Порака за статус се појавува во
Информативниот центар за
возачот кога TC ќе се деактивира.

Page:   < prev 1-10 ... 121-130 131-140 141-150 151-160 161-170 171-180 181-190 191-200 201-210 ... 300 next >