OPEL CORSA 2015.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2015.75, Model line: CORSA, Model: OPEL CORSA 2015.75Pages: 295, PDF Size: 7.7 MB
Page 201 of 295

Возење и ракување1999Опасност
Пред да полните гориво,
исклучете ги моторот и сите
надворешни грејачи со комори за согорување. Исклучете ги
сите мобилни телефони.
Следете ги упатствата за
ракување и безбедноста на
бензинската пумпа кога полните
гориво.
9 Опасност
Горивото е запаливо и
експлозивно. Пушењето е
забрането! Забранети се гол
пламен и искри.
Ако намирисате гориво во Вашето возило, нека Ви ја
отстрани причината на тоа
автомеханичар веднаш.
Внимание
Во случај на погрешно ставено
гориво, не вклучувајте го
палењето.
Вратичката на резервоарот за
гориво се наоѓа од задната десна
страна на возилото.
Вратичката на резервоарот за
гориво може да се отвори само ако
возилото е отклучено. Ослободете
ја вратичката на резервоарот со притискање на истата.
За да го отворите, свртете го
капачето полека налево.
Вратичката на резервоарот за
гориво се заглавува во конзолата
на истата.
За полнење гориво, целосно
вметнете ја цевката на пумпата и вклучете ја.
По автоматското исклучување,
може да се дополни со најмногу
две дози гориво.
Page 202 of 295

200Возење и ракувањеВнимание
Веднаш избришете го горивото
што претекло.
За да го затворите, свртете го
капачето на резервоарот надесно
додека да кликне.
Затворете ја вратичката и оставете
да се заглави.
Полнење течен гас Следете ги упатствата за ракување
и безбедноста на бензинската
пумпа кога полните гориво.
Вентилот за полнење течен гас е
зад капачето на резервоарот за
гориво.
Одвртете го заштитното капаче од
грлото за полнење.
Навртете го потребниот адаптер
цврсто со рака на грлото за
полнење.Адаптер ACME: Завртете ја
навртката на цревото за полнење на адаптерот. Притиснете ја
рачката за блокирање на цревото
за полнење надолу.
Тркалезно (Италија) грло за
полнење: Ставете го цревото за
полнење во адаптерот.
Притиснете ја рачката за
блокирање на цревото за полнење
надолу.
Бајонет грло за полнење: Ставете
го цревото за полнење на
адаптерот и свртете го лево или
Page 203 of 295

Возење и ракување201
десно четвртина круг. Повлечете ја
рачката за блокирање на цревото
за полнење докрај.
ЕУРО грло за полнење:
Притиснете го цревото за полнење на адаптерот додека не се заглави.
Притиснете го копчето на пумпата
за течен гас. Системот за полнење
сопира или почнува да работи
полека кога ќе се дојде до 80 % од
зафатнината на резервоарот
(максимално ниво за полнење).
Отпуштете го копчето на системот
за полнење и полнењето сопира.
Отпуштете ја рачката за
блокирање и извадете го цревото
за полнење. Може да се испушти
мало количество течен гас.
Извадете го адаптерот и одложете
го во возилото.
Ставете го заштитното капаче за
да спречите влегување туѓи тела
во отворот за полнење и во
системот.9 Предупредување
Поради конструкцијата на
системот, неизбежно е
испуштање течен гас по
отпуштањето на рачката за
блокирање. Не вдишувајте.
9 Предупредување
Резервоарот за течен гас може
да се наполни само 80% поради
безбедносни причини.
Мултивентилот на резервоарот за
течен гас автоматски го ограничува
количеството за полнење. Ако се додаде поголемо количество,
препорачуваме возилото да не се изложува на сонце додека не се
искористи вишокот.
Адаптер за полнење
Бидејќи системите за полнење не
се стандардизирани, потребни се
различни адаптери коишто се
достапни од дистрибутерите на
Opel и од овластените сервисери
на Opel.
Адаптер ACME: Белгија,
Германија, Ирска, Луксембург,
Швајцарија
Page 204 of 295

202Возење и ракување
Адаптер бајонет: Холандија,
Норвешка, Шпанија, Велика
Британија
ЕУРО адаптер: Шпанија
Тркалезен (Италија) адаптер:
Босна и Херцеговина, Бугарија,
Данска, Естонија, Франција, Грција, Италија, Хрватска, Летонија,
Литванија, Македонија, Австрија,
Полска, Португалија, Романија, Шведска, Швајцарија, Србија,
Словачка, Словенија, Чешка,
Турција, Украина, Унгарија
Капаче на резервоарот за
гориво Користете само оригинални
капачиња за полнење гориво.
Возилата со мотори на дизел
имаат специјални капачиња на
резервоарот.
Потрошувачка на
гориво - CO 2-испуштање
Потрошувачката на гориво
(комбинирана) на моделот Opel
Corsa е во опсег од 7,5 до
3,1 л/100 км.
Испуштањето CO
2 (комбинирано) е
во опсегот 174 до 82 г/км.
За вредностите специфични за
вашето возило, видете во
Сертификатот за сообразност на
ЕК даден со возилото или во други национални документи за
регистрација.
Општи информации
Наведените бројки за
официјалната потрошувачка на
гориво и испуштањето CO 2 се
однесуваат на основниот модел за
ЕУ со стандардна опрема.
Page 205 of 295

Возење и ракување203
Податоците за потрошувачката на
гориво и испуштањето CO 2 се
одредуваат според прописот R
(EC) бр. 715/2007 (во најновата
важечка верзија), со земање
предвид на тежината на возилото
кога работи, како што е одредено
со прописот.
Бројките се дадени само за
споредба меѓу различните
варијанти на возилото и не треба
да се земаат како гаранција за
фактичката потрошувачка на
гориво на одредено возило.
Дополнителната опрема може да
предизвика малку повисоки
вредности на наведената
потрошувачка и испуштање CO 2.
Понатаму потрошувачката на
гориво зависи од личниот стил на
возењето, како и од условите на
коловозот и сообраќајот.Кука за приколки
Општи информации Употребувајте само опрема за
влечење одобрена за Вашето
возило. Доверете му го
отпослежното монтирање на
опремата за влечење на
автомеханичар. Може да биде
потребно да се извршат измени кои делуваат врз системот за ладење,
топлоотпорните обвивки или друга
опрема.
Монтирањето на опрема за
влечење може да го прекрие
отворот на алката за влечење. Ако
е така, користете ја влечната кука
за влечењето. Секогаш чувајте ја
влечната кука во возилото.
Возни карактеристики,
совети за влечење Пред да закачите приколка,
подмачкајте ја влечната топка со
мазиво. Меѓутоа, не го правите тоа ако за намалување на кривулестидвижења се употребува
стабилизатор, којшто делува врз
влечната топка.
За приколки со слаба стабилност
при возење и за камперски
приколки со дозволена бруто
тежина на возилото од повеќе од
1000 кг не смее да се надмине
брзината од 80 км/ч; се
препорачува употреба на
стабилизаторот.
Ако приколката почне да се извива,
возете пополека, не обидувајте се
да го исправите управувањето и
сопирајте нагло ако е потребно.
Кога возите по удолнина, возете во
иста брзина како да возевте по
угорница и возете со слична
брзина на возилото.
Дотерајте го притисокот во гумите
до вредноста определена за полна
натовареност 3 281.
Page 206 of 295

204Возење и ракувањеВлечење на приколка
Товарење на приколката Дозволената оптовареност на
приколките се максималните
вредности кои зависат од возилото
и од моторот и не смеат да се
пречекоруваат. Фактичната
оптовареност на приколката е
разликата помеѓу бруто тежината
на приколката и актуелната
оптовареност на влечната спојка
кога е приклучена приколката.
Дозволената оптовареност за
товарот на приколките е
определена во документите на
возилото. Воопшто, тие важат за
стрмнини до најмногу 12 %
Дозволените оптоварености на
приколката важат до определената стрмнина и до надморска височина
од 1000 метри. Бидејќи моќноста на моторот се намалува со
зголемување на надморската
височина поради разретчување на
воздухот, со што се намалува и
способноста за искачување,
дозволената тежина за влечењеисто така се намалува за 10 % на
секои 1000 метри дополнителна
надморска височина. Бруто
влечната тежина не мора да се намалува кога се вози по патишта
со мали стрмнини (помали од 8 %,
на пр. автопатишта).
Не смее да се пречекори
дозволената бруто тежина на
оските. Оваа тежина е забележана на идентификациската табличка
3 267.
Вертикална оптовареност на
влечната спојка
Вертикалната оптовареност на
влечната спојка е оптовареноста
со којашто приколката ја
оптоварува влечната кука. Може да
се менува со менување на
распоредот на тежината кога се
товари приколката.Бензински и мотори на дизел
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (55 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите на возилото. Секогаш одете намаксимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.Мотор B14XEL ТНГ
Максималната дозволена
вертикална оптовареност на
влечната спојка (45 кг) е наведена
на идентификациската табличка на
влечната опрема и во документите на возилото. Секогаш одете на
максимална оптовареност,
особено ако се работи за тешка
приколка. Вертикалната
оптовареност на влечната спојка
никогаш не смее да падне под 25 кг.
Натоварување на задната
оска
Бензински и мотори на дизел
Кога е закачена приколка, а
влечното возило е докрај
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
Page 207 of 295

Возење и ракување205
возилото) кај патнички возила
може да се надмине за 70 кг за
возило со 5 врати и 60 кг за возило
со 3 врати, а дозволената бруто
тежина на возилото за 55 кг.Мотор B14XEL ТНГ
Кога е закачена приколка, а
влечното возило е докрај
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификациската
табличка или документите на
возилото) кај патнички возила
може да се надмине за 70 кг за
возило со 5 врати и 70 кг за возило
со 3 врати, а дозволената бруто
тежина на возилото за 45 кг.Комбе
Кога е закачена приколка, а
влечното возило е докрај
натоварено, дозволената
оптовареност на задната оска
(видете ја идентификационата
табличка или документите на
возилото) кај патнички возила
може да се надмине за 60 кг, а
дозволената бруто тежина на
возилото за 55 кг.Општо
Ако се надмине дозволената
оптовареност на задната оска, максималната брзина е 100 км/ч.
Ако максималната брзина во
земјата е определена како пониска
за ракување со приколки, таа треба
да се почитува.
Опрема за влечењеВнимание
При работење без приколкаизвадете ја влечната кука со
топка.
Чување на влечната кука
Влечната кука е складирана во
торба во шуплината за резервното тркало и е прицврстена до алкитеза врзување во товарниот простор.
Кога ја вметнувате, ставете го
заштитното капаче врз вртливата
квака со клуч.
Page 208 of 295

206Возење и ракување
Монтирање на топчестатавлечна кука
Откачете го и преклопете го
приклучникот. Извадете го
заптивниот клин од дупката за
влечната кука и складирајте го.
Проверка на затегнатоста на
влечната кука
■ Вртливата квака лежи на
влечната кука.
■ Зелената ознака на вртливата квака не се гледа.
■ Иглата за заклучување на горниот дел од влечната кука е
наместена навнатре.
■ Клучот е во бравата.
Инаку, влечната кука треба да се
затегне пред да се вметне во
куќиштето за влечење:
■ Ставете го клучот во бравата и отклучете ја влечната кука.
■ Притиснете ја вртливата квака врз влечната кука и завртете ја
десно додека е притисната
надолу додека не се заглави.
Клучот останува во бравата.
Page 209 of 295

Возење и ракување207
Вметнување на влечната кука
Вметнете ја затегнатата шипка на
влечната кука во отворот и турнете
ја цврсто угоре додека не се
заглави чујно.
Вртливата квака скокнува назад во
основната положба, потпирајќи се на влечната кука без расцеп.
9 Предупредување
Не го допирајте вртливото копче
за време на вметнувањето.
Зелената ознака на вртливата
квака се гледа.
Заклучете ја влечната кука и
извадете го клучот.
Алка за кабелот за приврзување
Закачете го кабелот кој спречува
да се откачи приколката, за алката.
Проверете дали влечната кука е
правилно инсталирана
■ Зелената ознака на вртливата квака се гледа.
■ Не смее да има расцеп помеѓу вртливата квака и шипката на
влечната кука.
■ Влечната кука треба цврсто да се
заглави во отворот.
■ Влечната кука треба да се заклучи и клучот да се извади.
Page 210 of 295

208Возење и ракување9Предупредување
Влечењето на приколка е
дозволена само ако влечната
кука е монтирана правилно. Ако влечната кука не е заглавена
правилно, побарајте помош од
автомехануичар.
Демонтирање на топчестата
влечна кука
Вметнете го клучот во бравата и
отклучете ја влечната кука.
Притиснете ја вртливата квака врз
влечната кука и завртете ја десно
додека е притисната надолу
додека не се заглави. Извлечете ја
топчестата кука удолу.
Вметнете го клинот за затнување
во отворот за влечната кука.
Преклопете го приклучокот.
Помош за стабилноста
на приколката Ако системот открие занесувања,
моќноста на моторот се намалува и
комбинацијата возила/приколка се
кочи селективно додека не
престане занесувањето. Додека
системот работи, држете го
воланот колку што може помирно.
Помошта за стабилноста на
приколката (TSA) е функција на
електронската контрола на
стабилноста 3 169.