OPEL CORSA 2015 Сопственички прирачник
Page 151 of 285
Возење и ракување149
Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на копчето eco. Исклучувањето е
прикажано со гасење на
сијаличката во копчето.
AutostopВозила со рачен менувач
Ако возилото оди со мала брзина
или е сопрено, вклучете го Autostop на следниов начин:
■ Притиснете ја педалата за куплунг.
■ Поставете го менувачот во лер.
■ Отпуштете ја педалата за куплунг.
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.Возила со автоматизиран рачен
менувач
Ако возилото е во мирување со притисната педала на
сопирачките, Autostop се активира
автоматски.
Моторот ќе се изгасне, а палењето останува вклучено.
Системот за сопирање-поаѓање ќе
се исклучи на стрмнини од 15 % или повеќе.Показател
На Autostop укажува контролната
сијаличка D.
За време на Autostop, греењето и
сопирачките остануваат активни.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети ситеуслови:
■ Cистемот за сопирање-поаѓање не е исклучен рачно.
■ Хаубата е целосно затворена.
■ Возачката врата е затворена или
безбедносниот ремен на возачот
е врзан.
■ Акумулаторот е доволно наполнет и е во добра состојба.
■ Моторот е загреан.
Page 152 of 285
150Возење и ракување
■ Температурата на течноста заладење на моторот не е
превисока.
■ Температурата на издувните гасови од моторот не е
превисока, на пр. по возење со
големо оптоварување на
моторот.
■ Околната температура е повисока од -5 °C.
■ Системот за контрола на климатизацијата дозволува
Autostop.
■ Вакуумот на сопирачката е доволен.
■ Функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честички
не е вклучена.
■ Возилото било возено барем со брзина на одење од последното
Autostop.
Инаку, Autostop е попречено.
Одредени поставки на системот за
контрола на климатизацијата може
да го попречат Autostop. Видете вопоглавјето Контрола на
климатизацијата за повеќе детали
3 137.
Веднаш по возење по автопат,
Autostop може да биде попречено.
Разработување на новото возило
3 146.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Мерки за штедење енергија
За време на Autostop, неколку
електрични функции, на пр.
греењето на задното стакло, се
исклучени или префрлени во
режим за штедење енергија.
Брзината на вентилаторот на
системот за контрола на
климатизациајта се намалува за да
се заштеди енергија.Повторно палење на моторот
од страна на возачотВозила со рачен менувач
Притиснете ја педалата на
куплунгот за повторно палење на
моторот.
Кога ќе се рестартира моторот,
контролната сијаличка D во DIC се
гаси.
Ако рачката на менувачот се
помести од лер пред претходно
притискање на куплунгот,
контролната сијаличка - свети
или е прикажана како симбол на
Информативниот центар за
возачот.
Контролна сијаличка - 3 96.Возила со автоматизиран рачен
менувач
Отпуштете ја педалата на
сопирачката и извадете ја рачката
на менувачот од D за да го
рестартирате моторот.
Кога ќе се рестартира моторот,
контролната сијаличка D во DIC се
гаси.
Page 153 of 285
Возење и ракување151
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот автоматски ќе се запали
повторно од страна на системот за сопирање-поаѓање:
■ Системот за сопирање-поаѓање е исклучен рачно.
■ Хаубата е отворена.
■ Безбедносниот ремен на возачот
е одврзан и е отворена возачката
врата.
■ Температурата на моторот е прениска.
■ Наполнетоста на акумулаторот е
под одредено ниво.
■ Вакуумот на сопирачката не е доволен.
■ Возилото било возено барем со брзина на одење.■ Системот за контрола наклиматизацијата бара палење на
моторот.
■ Климатизацијата е вклучена рачно.
Ако багажникот не е целосно затворен, се прикажува
предупредувачка порака на
Информативниот центар за
возачот.
Ако некој електричен уред, на пр.
пренослив ЦД-плеер, е поврзан со
штекер, може да се забележи кусо
опаѓање на напонот за време на
повторното палење.
Паркирање9 Предупредување
■Не го паркирајте возилото врз
лесно запалива површина.
Високата температура на
издувниот систем може да ја
запали површината.
■ Секогаш затегнувајте ја рачната сопирачка.
Затегнувајте ја рачната
сопирачка без да го
притиснете копчето за
ослободување. Затегнувајте
ја колку е можно поцврсто на
удолници или угорници.
Притиснете ја ножната
сопирачка истовремено за да се намалат работните сили.
■ Изгаснете го моторот.
■ Ако возилото е на рамна површина или на нагорнина,
ставете во прва брзина или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P пред
да го извадите клучот за
палење. Ако возилото е на
угорница, свртете ги предните
тркала од работ на тротоарот.
Ако возилото е на надолнина,
ставете во рикверц или
ставете ја рачката на
менувачот во положба P пред
да го извадите клучот за
палење. Свртете ги предните
Page 154 of 285
152Возење и ракувањетркала кон работ на
тротоарот.
■ Затворете ги прозорците и подвижниот покрив.
■ Извадете го клучот за палење. Завртете го воланот
додека не се почувствува
дека бравата на воланот се
заглавила.
Кај возилата со автоматски
менувач, клучот може да се
извади само кога рачката на менувачот е во положба P.
Кај возилата со
автоматизиран рачен
менувач, клучот може да се
извади од бравата за палење само кога е затегната
паркирната сопирачка.
■ Заклучете го возилото.
■ Активирајте го системот за тревожење при кражба.
■ Вентилаторите на ладилникот може да работат и по гаснењето
на моторот 3 202.
Внимание
По возење со голема брзина на
моторот или при големо
оптоварување на моторот,
оставете го моторот да работи
кусо време со мало
оптоварување или во лер околу
30 секунди пред да го изгаснете
за да го заштитите
турбополначот.
Забелешка
Во случај на сообраќајка со
отворање на воздушните
перничиња моторот се гасне
автоматски ако возилото застане
за извесно време.
Издувни гасови од
моторот9 Опасност
Издувните гасови од моторот
содржат отровен јаглерод
моноксид, којшто е безбоен,
нема мирис и може да биде
смртоносен ако се вдишува.
Ако издувни гасови навлегуваат во внатрешноста на возилото,
отворете ги прозорците. Нека Ви ја елиминира причината на
дефектот автомеханичар.
Избегнувајте да возите со
отворен товарен простор, инаку
издувните гасови можат да
навлезат во возилото.
Филтер за дизелски
честички Системот на филтерот за дизелски честички ги филтрира штетните
честички на саѓи од издувните
гасови. Системот содржи функција
Page 155 of 285
Возење и ракување153
на самочистење која работи
автоматски за време на возењето
без известување. Филтерот се
чисти со изгорување на честичките
од саѓи периодично на висока
температура. Овој процес се
одвива автоматски при
определени услови за возење и може да потрае до 25 минути.
Обично се потребни меѓу седум и
12 минути. Autostop не е достапно
и потрошувачката на гориво може
да биде поголема за тоа време.
Испуштањето на миризби и чад за
време на овој процес е нормално.
Во извесни услови за возење,
на пр. кратки растојанија, системот
не може сам да се исчисти
автоматски.
Ако постои потреба од чистење на
филтерот и ако претходните
услови на возењето не овозможиле
автоматско чистење, тоа ќе се
означи со контролната сијаличка
% . Истовремено во
Информативниот центар за
возачот се појавува
предупредувачка порака или
предупредувачка шифра.
% свети кога филтерот за дизелски
честички е полн. Почнете го
процесот на чистење колку е можно
поскоро.
% трепка кога филтерот за
дизелски честички го достигнал максималното ниво за полнење.
Почнете го процесот на чистење
веднаш за да се избегне
оштетување на моторот.
Процес на чистење
За да се активира процесот на
чистење, продолжете со возењето, држете ја брзината на моторот над
2000 вртежи на минута. Сменете во помала брзина ако е потребно.
Тогаш почнува чистењето на
филтерот за дизелски честички.Ако g свети дополнително,
чистењето не е возможно.
Побарајте помош од
автомеханичар.Внимание
Ако процесот на чистењето е
прекинат, има ризик од
предизвикување на тешко
оштетување на моторот.
Чистењето се одвива најбрзо при големи брзини и оптовареност на
моторот.
Контролната сијаличка % се гасне
штом ќе заврши процесот на
самочистење.
Катализатор
Катализаторот го намалува
количеството на штетните
материјали во издувните гасови.
Page 156 of 285
154Возење и ракувањеВнимание
Класи на гориво пионакви од
оние наброени на страниците
3 192, 3 264 може да го
оштетат катализаторот или
електронските компоненти.
Бензинот кој не се игорил ќе се
прегрее и ќе го оштети
катализаторот. Затоа
избегнувајте ги прекумерното
работење со стартерот,
испразнувањето на
резервоарот за гориво и
палењето на возилото со
туркање или влечење.
Во случај моторот да не пали,
нерамномерно да работи, има
очигледен пад во перформансите
на моторот или има други
невообичајни проблеми, нека Ви ја
елиминира причината на дефектот
автомеханичар колку е можно
поскоро. Во хаварии, со возењето
може да се продолжи за кратко
време, одржувајќи се брзината на
возилото и вртежите на моторот на
ниско ниво.Автоматски менувач
Автоматскиот менувач овозможува
автоматско менување на брзини
(автоматски режим) или рачно
менување на брзини (рачен
режим).
Рачното менување е можно во рачниот режим со притискање на
копчето < или ] на рачката на
менувачот 3 156.
Екран на менувачот
Page 157 of 285
Возење и ракување155
На екранот на менувачот е
прикажано во која брзина или
режим е менувачот.
Во автоматскиот режим, на
програмата за возење укажува D во
Информативниот центар за
возачот.
Во рачниот режим се покажува M и
бројот на избраната брзина.
R покажува рикверц.
N покажува лер.
P покажува паркирна положба.
Рачка на менувачотP=паркирна положба, тркалата
се блокирани, ставајте во
брзина само кога возилото е
во мирување и сопирачката за паркирање е применетаR=рикверц, ставајте во него само
кога возилото е во мирувањеN=лерD=режим за автоматско
менувањеM=режим за рачно менување<=Притиснете за ставање во
поголема брзина во рачниот
режим]=Притиснете за ставање во
помала брзина во рачниот
режим
Рачката на менувачот е закочена
во P и може да се помрдне само
кога палењето е вклучено и
педалот на сопирачките е
нагазнат.
Без нагазнување на педалата на
сопирачките, контролната
сијаличка j свети.
Ако рачката на менувачот не е во
P кога палењето е исклучено,
трепка контролната сијаличка j.
За да ставите во P, R или M,
притиснете го копчето за
ослободување.
Моторот може да се запали само кога рачката е во положбата P или
N . Кога е одбрана положбата N,
притиснете го педалот на
сопирачките или применете ја
сопирачката за паркирање пред да запалите.
Page 158 of 285
156Возење и ракување
Не давајте гас додека ставате во
брзина. Никогаш не ги нагазнувајте
педалот за гас и педалот за
сопирачките истовремено.
Кога е ставена некоја брзина,
возилото почнува полека да лази
кога се отпушта сопирачката.
Моторно сопирање
За да се искористи дејството на
моторното сопирање, одберете
помала брзина навреме кога
возите по удолнини, видете под
„рачен режим“.
Нишање на возилото
Нишањето на возилото е
дозволено само ако возилото е
заглавено во песок, кал или снег.
Местете ја рачката на менувачот
помеѓу D и R повеќе пати. Не
турирајте го моторот и
избегнувајте нагли забрзувања.
Паркирање
Затегнете ја рачната сопирачка и
ставете во P.Клучот за палење може да се
извади само кога рачката на
менувачот е во положбата P.
Рачен режим
Ставете ја рачката на менувачот во положба M.
Притиснете < на рачката на
менувачот за да ставите во
поголема брзина.
Притиснете ] на рачката на
менувачот за да ставите во помала
брзина.
Ако се одбере поголема брзина
кога брзината на возилото е
премала, или помала брзина кога
брзината на возилото е преголема, не се извршува менувањето на
брзина. Тоа може да предизвика
порака на инфо-екранот за
возачот.
Во рачниот режим не се остварува
автоматско префрлување во
поголема брзина при поголем број
на вртежи на моторот.
Показател за менување брзини
Се покажува R со број до него кога
се препорачува менување брзина
за штедење гориво.
Укажувањето за промена се
појавува само во рачниот режим.
Електронски програми за
возење ■ По ладно палење, програмата за
работна температура ја
зголемува брзината на моторот
Page 159 of 285
Возење и ракување157
за брзо да го доведе
катализаторот до потребната
температура.
■ Функцијата за автоматско префрлување во лер автоматски
се префрлува на работење в
место кога возилото е застанато
во некоја брзина за напред и
педалот за сопирачките е
притиснат.
■ Специјални програми автоматски ги приспособуваат
точките за менување брзини кога се вози по угорници или
удолнини.
■ При стартување на снег или мраз
или на други лизгави површини,
електронската контрола на
преносот избира повисока
брзина автоматски.
Збоднување
Ако педалот за гас е притиснат докрај во автоматскиот режим, менувачот се префрлува во
помала брзина зависно од
брзината на моторот.Дефект
Во случај на дефект, се пали g.
Дополнително се прикажува број
на шифра или порака за возилото
на Информативниот центар за
возачот. Пораки за возилото 3 110.
Менувачот веќе не менува брзини
автоматски. Непрекинато
патување е возможно со рачно
менување.
Може да се избере само
најголемата брзина. Зависно од
дефектот, и 2-рата брзина може да
се користи во рачниот режим.
Менувајте брзини само кога
возилото е во мирување.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Прекин на напојувањетоВо случај на прекин на
напојувањето рачката на
менувачот не може да се извади од
положбата P. Клучот за палење не
може да се извади од бравата за
палење.Ако е акумулаторот испразнет,
запалете го возилото користејќи
кабли за палење 3 245.
Ако акумулаторот не е причина за
дефектот, отпуштете ја рачката на
менувачот.
1. Активирајте ја сопирачката за паркирање.
2. Ослободете ја облогата нарачката на менувачот од
средишната конзола; пикнете
го прстот во кожениот отвор од
предната страна на рачката на
менувачот и притиснете ја
облогата нагоре кај предниот
Page 160 of 285
158Возење и ракување
обод оздола, како што е
прикажано на илустрацијата.
Свртете ја облогата налево.
3. Притиснете ја рачката за ослободување и поместете ја
рачката на менувачот од P или
N . Ако повторно се стави во
овие положби, рачката на
менувачот повторно ќе се
заглави во нив. Нека Ви ја
елиминира причината на
прекинот на напојувањето
автомеханичар.
4. Монтирајте ја облогата на рачката на менувачот врз
средишната конзола и
наместете ја повторно.Рачен менувач
За да ставите во рикверц,
притиснете ја педалата на
куплунгот. па притиснете го
копчето за ослободување на
рачката на менувачот и ставете во
рикверц.
Ако менувачот не влезе во
рикверц, ставете ја рачката во лер, отпуштете го куплунгот и повторно
притиснете го; потоа повторете го ставањето во рикверц.
Не нагазнувајте го куплунгот
непотребно.