OPEL CORSA E 2018.5 Сопственички прирачник
Page 181 of 309
Возење и ракување179Општи информации9Предупредување
Предупредувањето за преден
судир е само систем за
предупредување и не ги
активира сопирачките. Кога се
приближувате кон возило
напред премногу брзо, може да
не ви остави доволно време за
да избегнете судир.
Возачот прифаќа целосна
одговорност за соодветно
растојание напред врз основа
на сообраќајните, временските
и условите на видливоста.
Секогаш е потребно целосно
внимание на возачот при
возењето. Возачот треба да е
постојано подготвен да
дејствува и да ги активира
сопирачките.
Ограничувања на системот
Системот е конструиран да
предупредува само за возила, но
може да реагира и на други
предмети.
Во следниве случаи,
предупредувањето за преден
судир може да не открие возило
напред или перформансите на
сензорот се ограничени:
● на патишта со многу свиоци
● кога времето ја ограничува видливоста, на пр. кога има
магла, дожд или снег
● кога сензорот е блокиран од снег, мраз, лапавица, кал,
нечистотија, оштетување на
шофершајбната или под
влијание на надворешни
елементи, на пример,
налепници
Показател за растојание однапред
Следниов показател за растојание
однапред ја прикажува
оддалеченоста од возило што се
движи однапред. Предната камера на шофершајбната се користи за
откривање на растојанието од
возилото директно напред на
патеката на возилото. Активно е при брзини поголеми од 40 км/ч.Кога ќе се открие возило пред вас,
оддалеченоста се покажува во
секунди, прикажани на страницата
во Информативниот центар за
возачот 3 106. Притиснете MENU
на рачката за да изберете ? и
свртете го тркалцето за да ја
изберете страницата за
показателот за растојанието
однапред.
Минималното покажано растојание е 0,5 секунди.
Ако нема возило напред или
возилото напред е надвор од
опсегот, ќе бидат прикажани две
цртички: -.- сек.
Page 182 of 309
180Возење и ракувањеПомош за паркирањеОпшти информации
Кога е прицврстена кука за
приколки, променете ги поставките за конфигурација во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 117.
Кога прицврстувате приколка или
носач за велосипеди на куката за
приколки, помошта за паркирање
се деактивира.
Задна помош за паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад и користете
го системот за задна помош за
паркирање.
Задната помош за паркирање го
олеснува паркирањето со мерење
на растојанието помеѓу возилото и
пречките назад. Го известува и
предупредува возачот преку
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот браник.
Активирање
Кога се става во рикверц, системот
е подготвен за работа автоматски.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Показател
Системот го предупредува возачот
со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото во опсег до 1,5 м. Како
што возилото се приближува до
пречката, интервалот помеѓу
звуците се намалува. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките одзади се прикажува со променливи линии за
оддалеченост на Информативниот
центар за возачот со екран од
високо ниво 3 106 или, во
зависност од верзијата, на
Информативниот екран во боја
3 111.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за
возилото од повисок приоритет.
Откако пораката ќе се одобри со
Page 183 of 309
Возење и ракување181притискање SET/CLR на рачката,
повторно се појавува показателот
за оддалеченоста.
Деактивирање
Системот се исклучува автоматски
кога ќе се извади од рикверц.
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Во двата случаи светлото во
копчето се гаси.
Дефект
Во случај на дефект или ако
системот не работи привремено,
на пример, поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат,LED-светлото во копчето
трепка 3 секунди, па се исклучува.
Контролната сијаличка r се пали
во групата инструменти 3 102 или
се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Предно-задна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за маневрот за
паркирање.
Секогаш проверувајте наоколу кога одите наназад или напред
и го користите системот за
помош за паркирање.
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Го известува и
предупредува возачот преку
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Системот има четири
ултрасонични сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Активирање
Кога е во брзина за назад,
предната и задната помош за
паркирање е подготвена за работа.
Системот автоматски се вклучува и при брзина до 11 км/ч.
Page 184 of 309
182Возење и ракување
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање r означува
дека системот е подготвен да
работи.
Ако r е исклучен во рамките на
еден циклус на палење, помошта
при предното паркирање се
деактивира. Ако брзината на
возилото надминала 25 км/ч
претходно, помошта за паркирање
повторно ќе се активира кога
брзината ќе се намали под 11 км/ч.
Показател
Системот го предупредува возачот со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки пред
возилото во опсег до 80 см и за
потенцијално опасни пречки зад возилото во опсег до 1,5 м.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките одзади и однапред се
прикажува со променливи линии за
оддалеченост во Информативниот
центар за возачот на екранот од
високо ниво 3 106 или, во
зависност од верзијата, на
Информативниот екран во боја
3 111.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за
возилото од повисок приоритет.
Откако ќе се отфрли пораката,
показателот за растојание
повторно ќе се појави.
Page 185 of 309
Возење и ракување183
Оддалеченоста до пречките се
прикажува на Информативниот
екран во боја со обоени зони пред
или зад возилото 3 111.
Деактивирање
Задната помош за паркирање
автоматски се исклучува кога ќе се
извади од рикверц.
Предната помош за паркирање
страна автоматски се исклучува
при брзина од поголема од 11км/ч.Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Кога ќе се деактивира системот, светлото во копчето се гаси, а ако
се деактивира рачно, во
Информативниот центар за
возачот се појавува Park Assist Off
(Помошта при паркирање е
исклучена) .
По рачното исклучување, предна-
задна помош за паркирање
повторно се активира ако се
притисне r или ако возилото е во
рикверц.
Целиот систем мора да се
деактивира рачно во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот. Останува
деактивиран во текот на циклусот
на палењето или додека не се
активира повторно во изборникот
за приспособување кон
индивидуалните потреби.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 117.
Дефект
Во случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пр. поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, се појавува порака во
Информативниот центар за
возачот.
Пораки за возилото 3 113.
Page 186 of 309
184Возење и ракувањеНапредна помош за паркирање9Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Напредната помош за паркирање
мери соодветно место за
паркирање при поминување, ја
пресметува патеката и автоматски
го наведува возилото во
напоредно или напречно место за паркирање.
Упатствата се дадени во
Информативниот центар за
возачот 3 106 или, во зависност од
верзијата, во Информативниот
екран во боја 3 111 , проследени со
звучни сигнали.
Возачот треба да ги контролира
забрзувањето, сопирањето и
менувањето брзини, додека
управувањето се врши автоматски.
Напредната помош за паркирање
секогаш е во спој со предно-
задната помош за паркирање.
Двата системи ги користат истите
сензори во предниот и задниот
браник.
Копче за помош за паркирање D
и логика за ракување
Напредната помош за паркирање и
предно-задната помош за
паркирање го користат истото
копче за активирање и
деактивирање:
Кусо притискање на D ја активира
или деактивира помошта за паркирање.
Долго притискање на D (околу
1 секунда) ја активира или
деактивира напредната помош за
паркирање, видете во посебниот
опис подолу.
Логиката на копчето ракува со
системите со притискање на D на
следниов начин:
● Ако е активна само предно- задната помош за паркирање,
кусо притискање ја деактивира
предно-задната помош за
паркирање.
● Ако е активна само предно- задната помош за паркирање,
долго притискање ја активира
напредната помош за
паркирање.
Page 187 of 309
Возење и ракување185●Ако е активна само напредната
помош за паркирање и
системот е во режим за барање
место за паркирање, кратко
притискање ја активира
предно-задната помош за
паркирање.
● Ако е активна само напредната
помош за паркирање и
системот е во режим за
наведување за паркирање,
краток притисок ја исклучува
напредната помош за
паркирање.
● Ако е активна напредната помош за паркирање, долго
притискање ја деактивира
напредната помош за
паркирање и предно-задната
помош за паркирање.
● Ако е избрана брзина за напред или лер, кусо
притискање ја активира или
деактивира предната помош за
паркирање.
● Ако е избрана брзина за назад,
кусо притискање ја активира
или деактивира предната и
задната помош за паркирање.Активирање на предно-задна
помош за паркирање
Кога е во брзина за назад,
предната и задната помош за
паркирање е подготвена за работа.
Системот автоматски се вклучува и
при брзина до 11 км/ч.
Запалена сијаличка во копчето на
помош за паркирање D означува
дека системот е подготвен да
работи.
Ако D е исклучен во рамките на
еден циклус на палење, помошта
при предното паркирање се
деактивира. Ако брзината на
возилото надминала 25 км/ч
претходно, помошта за паркирање
повторно ќе се активира кога
брзината ќе се намали под 11 км/ч.
Показател
Системот го предупредува возачот со акустични сигнали за
потенцијално опасни пречки зад
возилото во опсег на оддалеченост
до 1,5 м и пред возилото до 80 см.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките одзади и однапред се
прикажува со променливи линии за
оддалеченост на Информативниот
центар за возачот 3 106 или, во
зависност од верзијата, на Инфо- екранот во боја 3 111.
Page 188 of 309
186Возење и ракување
Оддалеченоста до задните и
предните пречки се прикажуваат со
менување на линиите на
оддалеченост во Информативниот
центар за возачот 3 106.
Показателот за оддалеченост
може да се потисне со пораки за
возилото од повисок приоритет.
Откако пораката ќе се одобри со
притискање SET/CLR на рачката,
повторно се појавува показателот
за оддалеченоста.Оддалеченоста до пречките се
прикажува на Информативниот
екран во боја со обоени зони пред
или зад возилото 3 111.
Деактивирање на предно-задна
помош за паркирање
Задната помош за паркирање
автоматски се исклучува кога ќе се
извади од рикверц.
Предната помош за паркирање
страна автоматски се исклучува
при брзина од поголема од 11км/ч.
Можно е и рачно деактивирање со
кратко притискање на копчето за
помош за паркирање D.
Кога рачно ќе се деактивира
системот, светлото во копчето се
гаси и во Информативниот центар
за возачот се појавува Park Assist
Off (Помошта при паркирање е
исклучена) .
По рачното исклучување,
предната-задната помош за
паркирање повторно се активира
ако кратко се притисне D или ако
возилото е во рикверц.
Целиот систем мора да се
деактивира рачно во изборникот за
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби во
Инфо-екранот. Останува
деактивиран во текот на циклусот
на палењето или додека не се
активира повторно во изборникот
за приспособување кон
индивидуалните потреби.
Приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 117.
Активирање на напредната помош
за паркирање
Напредната помош за паркирање
може да се активира само при
возење напред.
Page 189 of 309
Возење и ракување187
Кога барате место за паркирање,
системот е подготвен за работа со долго притискање на D.
Системот препознава и помни
10 м за места за напоредно
паркирање или 6 м за места за
напречно паркирање во режимот
за помош за паркирање.
Системот може да се активира
само при брзини до 30 км/ч и
системот бара место за паркирање
при брзини до 30 км/ч.
Максималната дозволена
паралелна оддалеченост помеѓу
возилото и редот паркирани
автомобили е 1,8 м за паралелно
паркирање и 2,5 м за напречно
паркирање.
ФункционалностРежим за барање место за
паркирање
Показател во Информативниот
центар за возачот
Во Информативниот центар за
возачот изберете место за
паркирање што е паралелно и е
под прав агол со притискање на
SET/CLR .
Системот е конфигуриран да
открива места за паркирање од
совозачката страна. За да се
откријат места за паркирање од
возачката страна, вклучете го
трепкачот на возачката страна.
Page 190 of 309
188Возење и ракување
Кога ќе се открие прикладно место,се даваат визуелни информации
на Информативниот центар за
возачот и звучен сигнал.
Ознаки на Информативен екран во
бојаИзберете го паралелното или под
прав агол место за паркирање со
допирање на соодветната икона на Инфо-екранот.
Изберете го местото за паркирање
со допирање на соодветната икона
на Инфо-екранот.Кога ќе се открие соодветно место, се даваат визуелни информации
на Информативниот екран во боја
и звучен сигнал.
Ако возачот не го запре возилото
откако ќе се предложи паркирно
место, системот почнува да бара
друго соодветно паркирно место.
Режим за наведување при
паркирање
Предлогот за место за паркирање
од системот се прифаќа кога
возачот ќе го сопре возилото за
10 м за места за паралелно
паркирање или 6 м за места за
напречно паркирање откако ќе се
даде пораката Stop (Застанете) .