OPEL CORSA E 2018.5 Сопственички прирачник

Page 41 of 309

Седишта, потпирачи39положба, а за пониски луѓе
наместете го во најниската
положба.
Местење
Предни потпирачи за глава,
прилагодување на висината
Притиснете го копчето за
ослободување, наместете ја
височината, па заглавете го.
Задни потпирачи за глава,
прилагодување на висината
Повлечете го потпирачот за глава
нагоре и оставете да се заглави. За да поместите надолу, притиснете
ја бравата за да се ослободи и
притиснете го потпирачот за
главата надолу.
Вадење на задниот потпирач за
главата
На пр., кога се користи систем за
врзување на деца 3 54.
Притиснете ги двете спојки,
повлечете го потпирачот за глава
угоре и извадете го.
Ставете го потпирачот за глава во
мрежеста торба и прицврстете го
долниот дел од торбата со
прицврстувачите Velcro ®
на подот
на товарниот простор. Погодна
мрежеста торба можете да
набавите кај сервисерот.

Page 42 of 309

40Седишта, потпирачиПредни седиштаПоложба на седиштата9 Предупредување
Возете само со правилно
наместено седиште.
9 Опасност
Не седете поблиску од 25 см до
воланот за да се овозможи
безбедно отворање на
воздушното перниче.
9 Предупредување
Никогаш не ги местете
седиштата додека возите
бидејќи тие може да се движат
неконтролирано.
● Седете така да задникот да биде колку е можно поназад до
потпирачот за грб. Наместете
го растојанието помеѓу
седиштето и педалите така
што нозете ќе бидат малку
свиткани кога целосно ги
притискате педалите. Лизнете
го совозачкото седиште колку е
можно поназад.
● Наместете ја височината на седиштето доволно високо да
имате добра видливост од сите
страни и на сите инструменти
на екранот. Би требало да има
слободен простор од најмалку
една рака помеѓу главата и
рамката на покривот.
Колковите би требало да лежат леко врз седиштето без да го
притискаат него.
● Седете така што рамениците ќе бидат колку е можно
поназад до потпирачот за грб. Наместете ја накосеноста на
потпирачот за грб така што ќе може лесно да се дофати
воланот со благо свиткани
лакти. Гледајте да има контакт
помеѓу рамениците и
потпирачот за грб кога го
вртите воланот. Не го
навалувајте потпирачот за грб
премногу назад.
Препорачуваме максимална
накосеност од околу 25°.
● Прилагодете го седиштето и воланот на начин што зглобот
ќе се наоѓа на врвот на воланот додека раката е целосно
испружена и рамениците се потпираат на потпирачот за
грб.
● Местење на воланот 3 82.

Page 43 of 309

Седишта, потпирачи41● Наместете го потпирачот заглава 3 38.
● Наместете ја височината на безбедносниот ремен 3 45.
Местење на седиштата
Возете само со заглавени седишта
и потпирачи за грб.
Надолжно прилагодување
Повлечете ја рачката, слизнете го
седиштето, отпуштете ја рачката.
Обидете се да го движите
седиштето напред-назад за да
проверите дали е заглавено во
положбата.
Наклонетост на потпирачот за
грб
Свртете го тркалцето за да ја
прилагодите наваленоста. Не
навалувајте се на потпирачот за грб додека го местите.
Височина на седиштето
Пумпање со рачката
угоре:седиштето погореудолу:седиштето подолу

Page 44 of 309

42Седишта, потпирачиПреклопување наседиштето
Стандардно преклопување на
седиштето
Повлечете ја рачката кон напред и
преклопете го потпирачот за грб. Потоа клизнете го седиштето
нанапред до сопирањето.
За да го вратите, клизнете го
седиштето наназад до
сопирањето. Исправете го
потпирачот за грб без рачката.
Нека се заглави потпирачот за грб.
9 Предупредување
Кога го исправате, проверете
дали седиштето е добро
заглавено во положбата пред да
возите. Ако не го направите тоа, може да биде предизвикана
повреда во случај на нагло
сопирање или судар.
Мемориската функција
овозможува седиштето да се
заглави во првобитната положба
по преклопувањето.
Не ракувајте со тркалцето за
навалување на потпирачот за грб
кога потпирачот е навален напред.
Внимание
Кога седиштето е на најголема
висина, притиснете ги
потпирачите за глава надолу и
преклопете ги штитниците за
сонце пред да го склопите
потпирачот за грб напред.
Преклопување на спортско
седиште
Извадете го безбедносниот ремен
од монтажната рамка на ременот
на потпирачот за грб.
Повлечете ја рачката на
потпирачот за грб, преклопете го потпирачот нанапред и пуштете ја
рачката. Лизнете го седиштето
нанапред до сопирањето.
За да го вратите, клизнете го
седиштето наназад до
сопирањето. Исправете го
потпирачот за грб без рачката.
Нека се заглави потпирачот за грб.

Page 45 of 309

Седишта, потпирачи439Предупредување
Кога го исправате, проверете
дали седиштето е добро
заглавено во положбата пред да
возите. Ако не го направите тоа, може да биде предизвикана
повреда во случај на нагло
сопирање или судар.
Мемориската функција
овозможува седиштето да се
заглави во првобитната положба
по преклопувањето.
Не користете го тркалото за
приспособување на височината на
седиштето кога седиштето е
преклопено нанапред.
Греење
Активирајте го греењето на
седиштата со притискање на ß за
односното предно седиште.
LED- копчето светнува за да покаже
активирање.
Со повторно притискање на ß се
исклучува греењето на седиштата.
Греењето на седиштата
функционира кога работи моторот.
За време на Autostop работи и
греењето на седиштето.
Систем за сопирање-поаѓање
3 153.
Безбедносни ремени
Безбедносните ремени се
закочуваат при нагло забрзување
или забавање на возилото
задржувајќи ги патниците во
положбата на седењето.
Следствено, ризикот од повреда е значително намален.

Page 46 of 309

44Седишта, потпирачи9Предупредување
Пред секое патување врзете ги
безбедносните ремени.
Во случај на сообраќајка, луѓето кои не се врзани со ремени ги
загрозуваат своите сопатници и
себеси.
Еден безбедносен ремен е
предвиден за употреба само за
едно лице одеднаш.
Систем за врзување на деца
3 54.
Периодично проверувајте ги сите
делови од системот на ремените за
оштетувања, извалканост и
функционалност.
Оштетените делови треба да се
заменат од страна на
автомеханичар. По сообраќајка, нека Ви ги замени ремените и
активираните затегнувачи на
ремените автомеханичар.
Забелешка
Уверете се дека ремените не се
оштетени или приклештени со остри предмети. Спречувајте го
влегувањето на нечистотија во
механизмите за вовлекувањ на
ремените.
Потсетник за безбедносниот
ремен
За возачкото седиште, потсетникот за безбедносен ремен се
прикажува со контролната
сијаличка X во групата
инструменти 3 99.
За предното совозачко седиште,
потсетникот за безбедносен ремен
се прикажува со контролната
сијаличка k во средишната
конзола 3 96.
Потсетникот за безбедносниот
ремен за задните седишта се
покажува со симболи X во
Информативниот центар за
возачот 3 106.
Ограничувачи на силата на
ремените
На предните и на задните
странични седишта притисокот врз телото се намалува со постепеното
ослободување на ременот при судир.Затегнувачи на ремените
Во случај на фронтален или судир
со удар одзади од одредена
тежина, предните безбедносни
ремени се затегнуваат.9 Предупредување
Неправилното ракување (на пр.
вадење или монтирање на
ремените) може да ги активира
затегнувачите на ремените.
Активирањето на затегнувачите на
ремените се означува со постојано
светење на контролната сијаличка
v 3 100.
Активираните затегнувачи на
ремените треба да ги замени
автомеханичар. Затегнувачите на
ремените може само еднаш да се
активираат.
Забелешка
Не закачувајте и не монтирајте
додатоци или други предмети
коишто може да му пречат на
работењето на затегнувачите на
ремените. Не вршете никакви
преиначувања на деловите на

Page 47 of 309

Седишта, потпирачи45затегнувачите на ремените
бидејќи тоа може да ја поништи
дозвола за работа на возилото.
Безбедносен ремен прицврстен на три точки
Врзан
Извлечете го ременот од
механизмот за вовлекување,
повлечете го преку телото без да
се преврти, и вметнете го јазичето
во бравата. Затегнувајте го
ременот за скутот редовно за
време на возењето со
повлекување на ременот за
рамото.
Спортско седиште: Протнете го
безбедносниот ремен преку
монтажната рамка за истиот на
потпирачот за грб кога го врзувате
безбедносниот ремен.
Лабавите или кабастите облеки го
спречуваат ременот да се намести
припиени. Не ставајте предмети,
како на пример, чанти или мобилни
уреди помеѓу ременот и вашето
тело.
9 Предупредување
Ременот не смее да лежи врз
тврди или кршливи предмети во џебовите на Вашата облека.
Потсетник за безбедносниот ремен
X 3 99.
Местење на височината
1. Извлечете го малку ременот.
2. Поставете го приспособувачот за височина погоре или
притиснете го копчето за да
откажете и притиснете го
приспособувачот надолу.

Page 48 of 309

46Седишта, потпирачи
Наместете ја височината така што
ременот ќе лежи преку рамото. Не
смее да лежи преку грлото или
надлактицата.
Не дотерувајте го додека возите.
Одврзан
За да го ослободите ременот,
притиснете го црвеното копче на
бравата за ременот.
Користење на безбедносните
ремени за време на трудност9 Предупредување
Ременот за скутот треба да се
намести колку е можно пониско
преку карлицата за да се спречи
притисокот врз стомакот.

Page 49 of 309

Седишта, потпирачи47Систем на воздушни
перничиња
Системот на воздушни перничиња
се состои од бројни поединечни системи зависно од обемот на
опременоста.
Кога ќе се активираат, воздушните
перничиња се надуваат за
милисекунди. Тие исто така се
издишуваат толку бргу што
честопати не се приметува за
време на судирот.9 Предупредување
Системот на воздушни
перничиња се вклучува на
експлозивен начин, а
поправките мора да ги врши
само обучен автомеханичар.
9 Предупредување
Додавањето додатоци кои ги
променуваат рамката на
возилото, системот на браници,
висината, предните или
страничните метални
конструкции, можат да го
спречат правилното
функционирање на системот на
воздушни перничиња. Врз
функционирањето на системот
на воздушни перничиња може
да влијае и промената на кои
било делови од предните
седишта, безбедносните
ремени, модулот за
чувствителност и дијагностика
на воздушните перничиња,
управувачот, таблата со
инструменти, кедерите на
вратите вклучувајќи ги и
звучниците, сите модули на
воздушните перничиња,
облогата на покривот или
столбовите, предните сензори,
страничните сензори за удар
или електричната инсталација
за воздушните перничиња.
Забелешка
Контролната електроника на
системите на воздушни
перничиња и на затегнувачите на
ремените се наоѓаат во пределот
на средишната конзола. Не
ставајте никакви магнетни
предмети во тој предел.
Не прицврстувајте никакви
предмети на капаците на
воздушните перничиња и не
прекривајте ги со други
материјали. Оштетените капаци
треба да се заменат од страна на
автомеханичар.
Секое воздушно перниче се
активира само еднаш.
Активираните воздушни
перничиња нека Ви ги замени
автомеханичар. Освен тоа, може
да биде неопходно да се заменат
воланот, таблата со инструменти, делови на облогата, кедерите на
вратите, кваките и седиштата.
Не вршете никакви преиначувања
на системот на воздушни
перничиња бидејќи тоа ќе ја
поништи дозвола за работа на
возилото.
Дефект
Ако има дефект на системот навоздушни перничиња, контролната
сијаличка v се пали и на

Page 50 of 309

48Седишта, потпирачиИнформативниот центар за
возачот се појавува порака или
шифра за предупредување.
Системот не функционира.
Нека Ви ја отстрани причината на
дефектот автомеханичар.
Сијаличка за системите на
воздушни перничиња 3 100.
Системи за врзување деца на
предното совозачко седиште со системи на воздушни
перничињаEN: NEVER use a rearward-facing
child restraint on a seat protected by
an ACTIVE AIRBAG in front of it;
DEATH or SERIOUS INJURY to the
CHILD can occur.
DE: Nach hinten gerichtete
Kindersitze NIEMALS auf einem Sitz
verwenden, der durch einen davor
befindlichen AKTIVEN AIRBAG
geschützt ist, da dies den TOD oder
SCHWERE VERLETZUNGEN DES
KINDES zur Folge haben kann.
FR: NE JAMAIS utiliser un siège
d'enfant orienté vers l'arrière sur un
siège protégé par un COUSSIN
GONFLABLE ACTIF placé devant lui,
sous peine d'infliger des
BLESSURES GRAVES, voire
MORTELLES à l'ENFANT.
ES: NUNCA utilice un sistema de
retención infantil orientado hacia
atrás en un asiento protegido por un
AIRBAG FRONTAL ACTIVO. Peligro de MUERTE o LESIONES GRAVES
para el NIÑO.
RU: ЗАПРЕЩАЕТСЯ
устанавливать детское
удерживающее устройство лицом
назад на сиденье автомобиля,оборудованном фронтальной
подушкой безопасности, если
ПОДУШКА НЕ ОТКЛЮЧЕНА! Это
может привести к СМЕРТИ или
СЕРЬЕЗНЫМ ТРАВМАМ
РЕБЕНКА.
NL: Gebruik NOOIT een achterwaarts
gericht kinderzitje op een stoel met
een ACTIEVE AIRBAG ervoor, om
DODELIJK of ERNSTIG LETSEL van
het KIND te voorkomen.
DA: Brug ALDRIG en bagudvendt
autostol på et forsæde med AKTIV
AIRBAG, BARNET kan komme i
LIVSFARE eller komme ALVORLIGT TIL SKADE.
SV: Använd ALDRIG en bakåtvänd
barnstol på ett säte som skyddas med en framförvarande AKTIV AIRBAG.
DÖDSFALL eller ALLVARLIGA
SKADOR kan drabba BARNET.
FI: ÄLÄ KOSKAAN sijoita taaksepäin
suunnattua lasten turvaistuinta
istuimelle, jonka edessä on
AKTIIVINEN TURVATYYNY, LAPSI
VOI KUOLLA tai VAMMAUTUA
VAKAVASTI.

Page:   < prev 1-10 ... 11-20 21-30 31-40 41-50 51-60 61-70 71-80 81-90 ... 310 next >