OPEL CROSSLAND X 2017.75 Сопственички прирачник
Page 141 of 275
Контрола на климатизацијата139Одржување
Довод на воздухот
Доводот за воздух пред
шофершајбната во моторниот
простор мора да се чува слободен
за да се овозможи доводот на
воздухот. Извадете ги лисјата,
нечистотијата или снегот.
Филтер за воздух во кабината
Редовно менувајте го филтерот за
максимален ефект.
Можеби ќе биде потребна почеста
замена на филтерот за воздух во
патничкиот простор ако возите во
области со густ сообраќај, лош
квалитет на воздух, области со
високи нивоа на прашина или кои
се чувствителни на алергените од
околината.
Замена на филтерот за воздух во
патничкиот простор може да биде
потребна и ако има намален проток на воздух, замаглување на
прозорците или непријатна
миризба.
Продавачот може да ви помогне да определите кога е вистинското
време да го замените филтерот.
Обично работење на климатизацијата
За да се обезбедат постојано
ефикасни перформанси, ладењето
мора да се вклучува неколку
минути еднаш месечно, без оглед
на времето и годишната доба. Не е возможно ракувањето со ладењето
кога надворешната температура е
прениска.Сервис
За оптимални перформанси на
ладењето, се препорачува ситемот за контрола на климатизацијата да
се проверува годишно, почнувајќи три години по првата регистрација
на возилото, вклучувајќи ги
следните:
● тестирање на функционалноста и притисокот
● функционалноста на греењето
● проверка за протекување
● проверка на погонските ремени
● чистење на одводот на кондензаторот и испарувачот
● проверка на перформансите
● проверка на филтерот за воздух во кабината
Page 142 of 275
140Возење и ракувањеВозење и
ракувањеПрактични совети за возење ..141
Контрола над возилото .........141
Управување ............................ 141
Поаѓање и ракување ................141
Разработување на новото возило .................................... 141
Положби на прекинувачот за палење .................................. 142
Копче за вклучување .............142
Режим за заштеда на енергија ................................. 144
Палење на моторот ...............144
Исклучување на пребрзувањето .....................146
Систем за сопирање- поаѓање ................................. 146
Паркирање ............................. 149
Издувни гасови од моторот .....150
Филтер за дизелски честички ................................ 151
Катализатор ........................... 151
AdBlue ..................................... 152Автоматски менувач................155
Екран на менувачот ...............155
Рачка на менувачот ...............155
Рачен режим .......................... 156
Електронски програми за возење ................................... 157
Дефект .................................... 157
Прекин на напојувањето .......157
Рачен менувач ......................... 158
Сопирачки ................................. 159
Систем за деблокирање на сопирачките .......................... 159
Сопирачка за паркирање ......160
Серво кочење ......................... 160
Помош при поаѓање на угорници ................................ 161
Системи за контрола на
возењето ................................... 161
Електронска контрола на стабилноста и Систем за
контрола на
пролизгувањето ....................161
Системи за помош на возачот 163 Контрола на патувањето .......163
Ограничувач на брзината .....165
Помош за паркирање ............168
Напредна помош за паркирање ............................. 171Известување за странична
слепа точка ........................... 177
Систем за панорамски поглед .................................... 179
Ретровизорска камера ..........182
Предупредување за напуштање лента .................183
Предупредување за возачот 185
Гориво ....................................... 185
Гориво за бензински мотори . 185
Гориво за мотори на дизел ...187
Полнење гориво ..................... 187
Потрошувачка на гориво - CO 2-испуштање
...................188
Кука за приколки ......................189
Општи информации ...............189
Возни карактеристики, совети за влечење ............................ 190
Влечење на приколка ............190
Опрема за влечење ...............191
Page 143 of 275
Возење и ракување141Практични совети за
возење
Контрола над возилото
Никогаш не оставајте го
возилото да оди со изгаснат
мотор
Многу системи нема да
функционираат во оваа ситуација
(на пр. серво уредот на
сопирачките, серво
управувањето). Таквото возење е
опасно за Вас и за други.
Сите системи функционираат при
Autostop.
Систем за сопирање-поаѓање
3 146.
Засилување во празен од
Ако е потребно акумулаторот да се
полни поради неговата состојба,
мора да се зголеми излезната
моќност на генераторот. Ова се
постигнува со засилување на
работата во празен од што може да биде чујно.Во Информативниот центар за
возачот се појавува порака.
Педали За да се обезбеди непречен од напедалите, не смее да има
подлошки во пределот на
педалите.
Користете само патосници кои се
вклопуваат добро и се
зацврстуваат од држачите на
страната на возачот.
Управување Ако се изгуби помошта за
хидраулично управување бидејќи
моторот сопрел или поради дефект
на системот, со возилото може да
се управува, но може да треба поголем напор.Поаѓање и ракување
Разработување на новото возило
Не сопирајте непотребно силнопри првите неколку патувања.
За време на првото возење може
да се јави чад поради
испарувањето на восокот и
маслото од системот за издувни
гасови. Паркирајте го возилото на
отворено место за некое време по првото возење и не ги вдишувајте
пареите.
За време на периодот за
разработување потрошувачката на
гориво и моторно масло може да
биде поголема.
Освен тоа, постапката за чистење
на филтерот за дизелски честички
може да се врши почесто.
Филтер за дизелски честички
3 151.
Autostop може да биде спречен да овозможи полнење на
акумулаторот.
Page 144 of 275
142Возење и ракувањеПоложби на прекинувачотза палење
Свртете го клучот:0:исклучено палење: Некои
функции остануваат активни
додека не се извади клучот или
не се отвори возачката врата,
под услов палењето да било
вклучено претходно1:режим за напојување со
вклучено палење: Палењето е
вклучено, дизел моторот се
предзагрева. Контролните
сијалички светат и може да се
ракува со повеќето електрични
функции2:стартување на моторот:
отпуштете го клучот откако
моторот ќе стартува
Заклучување на воланот
Извадете го клучот од
прекинувачот за палење и вртете
го воланот додека да се заглави.
9 Опасност
Не вадете го клучот од
прекинувачот за палење при
возење затоа што тоа ќе го
блокира воланот.
Копче за вклучување
Електронскиот клуч мора да е
внатре во возилото.
Стартување на моторот
Притиснете ја педалата за
куплунгот (рачен менувач) или
педалата за сопирачките
(автоматски менувач) и притиснете Start/Stop . Пуштете го копчето
откако ќе започне постапката за
стартување. Дизел моторот
стартува по предзагревање.
Page 145 of 275
Возење и ракување143Палење во режим на напојување
без стартување на моторот
Притиснете Start/Stop без да
притискате на педалата за
куплунгот или за сопирачката.
Контролните сијалички светат и може да се ракува со повеќето
електрични функции.Гасење на моторот и палењето
Притиснете го Start/Stop кратко во
секој режим или кога работи
моторот и возилото е во мирување.
Некои функции остануваат активни
додека не се отвори возачката
врата, под услов палењето да било
вклучено претходно.Итно исклучување при возење
Притиснете Start/Stop пет секунди
3 144. Воланот се заклучува штом
возилото ќе застане.
Заклучување на воланот
Заклучувањето на воланот се
активира автоматски кога:
● Возилото е во мирување.
● Палењето е исклучено.
За да се отклучи воланот, отворете ја и затворете ја возачката врата и
вклучете го режимот за додатоци
или директно стартувајте го
моторот.9 Предупредување
Ако акумулаторот е испразнет,
возилото не смее да се влече,
да се пали со влечење
однапред или со туркање
одзади бидејќи бравата на
воланот не може да се
ослободи.
Ракување кај возилата со
систем на електронски клуч во случај на дефект
Ако некој од електронските клучеви потфрли или батеријата на
електронскиот клуч е слаба,
Информативниот центар за
возачот може да прикаже No
Remote Detected (Не е откриен
далечински управувач) или
Replace Battery in Remote Key
(Заменете ја батеријата во клучот
со далечинско) кога сакате да го
стартувате возилото.
Држете го електронскиот клуч со
копчиња надвор на ознаката на
столбот од воланот како што е
покажано на сликата.
Притиснете ја педалата за
куплунгот (рачен менувач) или
педалата за сопирачките
(автоматски менувач или
автоматизиран рачен менувач) и
притиснете го копчето Start/Stop за
да го запалите моторот.
Page 146 of 275
144Возење и ракувањеОваа опција е наменета само за
хаварии. Заменете ја батеријата на
електронскиот клуч што е можно
поскоро 3 23.
За отклучување или заклучување на вратите, видете во дефект на
уредот на далечинскиот управувач или на системот на електронскиот
клуч 3 25.
Режим за заштеда на енергија
Оваа функција управува со
траењето на одредени системи за
да се избегне празнење на
акумулаторот. По запирањето на
моторот, некои системи сè уште
можат да се користат, како што е
системот за аудио и телематика, бришачите на шофершајбната,
средните светла, светлата за
читање и друго, за максимален
период од околу четириесет
минути.Менување во режим за заштеда
на енергија
Кога ќе се достигне одреден статус
на празнење на акумулаторот,
активните функции се префрлаат
во режим на подготвеност. Во
Информативниот центар за
возачот се појавува порака Режим
за заштеда на енергија .
Телефонски повик што се
остварува во овој период ќе се
одржи околу 10 минути со
системот Bluetooth без користење
на рацете од Инфозабавниот
систем.
Деактивирање на режимот за
заштеда на енергија
Режимот за подготвеност се
активира автоматски следниот пат
кога ќе возите со возилото. За да ги
користите функциите веднаш,
запалете го моторот:● помалку од десет минути за да
ги користите системите околу
пет минути
● повеќе од десет минути за да ги
користите системите околу
триесет минути.
Оставете го моторот да работи во
текот на наведениот период за да овозможите доволно полнење на
акумулаторот. Не палете го
постојано моторот за да го
наполните акумулаторот.
Палење на моторот Возила со прекинувач за
палење
Page 147 of 275
Возење и ракување145Свртете го копчето во положба 1 за
да се ослободи бравата на
воланот.
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Мотори на дизел: почекајте додека
контролната сијаличка ! се
исклучи.
Кратко свртете го клучот во
положба 2 и отпуштете го откако
моторот ќе стартува.
Рачен менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата на куплунгот 3 146.
Автоматски менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со отпуштање на педалата
за сопирачките 3 146.Возила со копче за вклучување
Рачен менувач: нагазнете ги
педалите на куплунгот и
сопирачките.
Автоматски менувач: нагазнете ја
педалата на сопирачката и ставете
ја рачката на менувачот во P или N.
Не нагазнувајте го педалот за гас.
Притиснете го и отпуштете го
Start/Stop : автоматската постапка
го активира стартерот со кратка
пауза додека моторот не стартува.
Пред повторно палење или за да го
исклучите моторот кога возилото е
во мирување, притиснете го
Start/Stop уште еднаш кратко.
Рачен менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со притискање на педалата на куплунгот 3 146.
Автоматски менувач: за време на
Autostop, моторот може да се
запали со отпуштање на педалата
за сопирачките 3 146.
Итно исклучување при возење
Ако моторот треба да се исклучи
при возење во итен случај,
притиснете Start/Stop пет секунди.9Опасност
Исклучување на моторот за
време на возењето може да
предизвика губење поддршка за системите за сопирање и за
управување. Системите за
помош и на воздушни
перничиња се исклучуваат.
Светлата за осветлување и на
сопирачките се гасат. Затоа
гасете го моторот и
исклучувајте го палењето при
возење само кога е потребно
при итен случај.
Page 148 of 275
146Возење и ракувањеПалење на моторот при ниски
температури
Палењето на моторот без
дополнителни грејачи е можно до -25 °C за мотори на дизел и до-30 °C за бензински мотори.
Потребно е моторно масло со
правилна вискозност, правилно
гориво, редовно извршени сервиси и доволно наполнет акумулатор.
При температури под -30 °C, на
автоматскиот менувач му треба
загревање од околу пет минути.
Рачката на менувачот треба да
биде во положба P.
Загревање на турбо мотор По палењето, достапниот вртеженмомент на моторот може да биде
ограничен за краток временски
период, особено кога
температурата на моторот е ниска.
Ограничувањето овозможува
системот за подмачкување
целосно да го заштити моторот.Исклучување на
пребрзувањето
Доводот за гориво се затвора
автоматски за време на
пребрзувањето, т.е. кога возилото
се вози во некоја брзина, но
педалата за гас е отпуштена.
Во зависност од условите за
возење, исклучувањето на
пребрзувањето може да се
деактивира.
Систем за сопирање- поаѓање
Системот за сопирање-поаѓање
помага да се заштеди гориво и да
се намали испуштањето издувни
гасови. Кога дозволуваат условите,
го исклучува моторот штом
возилото е во мала брзина или
стои, на пр. на семафор или во
сообраќаен метеж.Активирање
Системот за сопирање-поаѓање едостапен штом ќе се запали
моторот, возилото ќе појде и
условите како што се опишани
подолу во овој дел се исполнети.
Деактивирање
Исклучете го системот за
сопирање-поаѓање со притискање на Ò. Исклучувањето е прикажано
со осветлување на сијаличката во
копчето.
Page 149 of 275
Возење и ракување147AutostopВозила со рачен менувач
Autostop може да се активира во
мирување или во ниска брзина до
14 км/ч.
Активирајте Autostop на следниот
начин:
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Ставете ја рачката во лер. ● Отпуштете ја педалата за куплунг.
Моторот ќе се изгасне, а палењето
останува вклучено.Возила со автоматски менувач
Ако возилото е во мирување со
притисната педала на
сопирачките, Autostop се активира
автоматски.
Моторот ќе се изгасне, а палењето останува вклучено.
Системот за сопирање-поаѓање ќе
се исклучи на стрмнина од 15 % или повеќе.Показател
На Автостоп укажува контролната
сијаличка D.
За време на Autostop, греењето и
сопирачките остануваат активни.
Услови за Autostop
Системот за сопирање-поаѓање проверува дали се исполнети ситеуслови.
● Cистемот за сопирање- поаѓање не е исклучен рачно.
● Хаубата е целосно затворена.
● Возачката врата е затворена или безбедносниот ремен на
возачот е врзан.
● Акумулаторот е доволно наполнет и е во добра
состојба.
● Моторот е загреан.
● Температурата на течноста за ладење на моторот не е
превисока.
● Температурата на издувните гасови од моторот не е
превисока, на пр. по возење со
големо оптоварување на
моторот.
● Околната температура е повисока од -5 °C.
● Системот за контрола на климатизацијата дозволува
Autostop.
● Вакуумот на сопирачката е доволен.
● Функцијата за самочистење на филтерот за дизелски честичкине е вклучена.
● Возилото било возено барем со брзина на одење од
последното Autostop.
Инаку, Autostop ќе биде спречено.
Одредени поставки на системот за контрола на климатизацијата може
да го спречат Autostop. Видете во
поглавјето Контрола на
климатизацијата за повеќе детали 3 128.
Page 150 of 275
148Возење и ракувањеАко Autostop не е достапен
привремено, D трепка зелено
3 99.
Разработување на новото возило
3 141.
Заштита на акумулаторот од
празнење
За да обезбедите сигурно палење
на моторот, вградени се неколку
функции за заштита од празнење
на акумулаторот како дел од
системот за сопирање-поаѓање.
Мерки за штедење енергија
При Autostop, неколку електрични
функции, како помошниот
електричен грејач или греењето на
задното стакло се исклучени или
префрлени во режим за штедење
енергија. Брзината на
вентилаторот на системот за
контрола на климатизациајта се
намалува за да се заштеди
енергија.Повторно палење на моторот
од страна на возачот
Возила со рачен менувачКонвенционално рестартирање
Сите мотори имаат
конвенционално рестартирање.
Отпуштете го куплунгот без да
притиснете на сопирачката за да го рестартирате моторот.
Кај мотори со доцно рестартирање,
конвенционалното рестартирање е можно само без притисната педалаза сопирачките.Задоцнето рестартирање
Сите мотори, покрај
конвенционалното рестартирање,
имаат и доцно рестартирање.
Задоцнетото рестартирање е
активно само на стрмнини до 5%.
● Притиснете ја педалата за кочење.
● Притиснете ја педалата за куплунг.
● Изберете прва брзина.
● Отпуштете ја педалата на кочницата за повторно палење
на моторот.
Возила со автоматски менувач
Отпуштете ја педалата на
сопирачката и извадете ја рачката
на менувачот од D во N или P за да
го рестартирате моторот.
Повторно палење на моторот
од страна на системот за
сопирање-поаѓање
Рачката на менувачот треба да
биде во лер за да се овозможи
автоматско повторно палење.
Ако еден од следниве услови се
појави за време на Autostop,
моторот автоматски ќе се запали
повторно од страна на системот за
сопирање-поаѓање:
● Системот за сопирање- поаѓање е исклучен рачно.
● Хаубата е отворена.
● Безбедносниот ремен на возачот е одврзан и е отворена
возачката врата.
● Температурата на моторот е прениска.
● Наполнетоста на акумулаторот
е под одредено ниво.