OPEL CROSSLAND X 2017.75 Сопственички прирачник
Manufacturer: OPEL, Model Year: 2017.75, Model line: CROSSLAND X, Model: OPEL CROSSLAND X 2017.75Pages: 275, PDF Size: 7.54 MB
Page 171 of 275

Возење и ракување169
Освен тоа, оддалеченоста до
пречките од назад се прикажува со променливи линии за
оддалеченост во Инфо-екранот
3 103. Кога пречката е многу
блиску, на екранот се прикажува
9 за опасност.
Деактивирање
Системот се исклучува кога ќе се
извади од рикверц. Притиснете r
ИСКЛУЧИ за да го деактивирате
системот рачно. LED-сијаличката
во копчето свети кога системот е
деактивиран.
Предно-задна помош за
паркирање
Предно-задната помош за
паркирање ја мери оддалеченоста
меѓу возилото и пречките пред и
зад возилото. Го известува и
предупредува возачот давајќи
акустични сигнали и показатели на
екранот.
Користи два различни акустични
предупредувачки сигнали за
предната и задната област за
следење, секоја со различна
фреквенција на тонот.
Системот работи со
ултрасоничните сензори за
паркирање во задниот и предниот
браник.
Page 172 of 275

170Возење и ракувањеАктивирање
Покрај задната помош за
паркирање, предната помош за
паркирање се вклучува кога ќе се
открие пречка напред, а брзината
на возилото сè уште е под 10 км/ч.
Системот е подготвен за работа
кога LED-сијаличката во копчето за
помошта за паркирање r не
свети.
Кога системот е деактивиран, LED- сијаличката во копчето свети.
Показател
Системот го предупредува возачот
со звучни сигнали за потенцијално
опасни пречки пред или зад
возилото.
Зависно која страна на возилото е
поблиску до пречка, од таа страна
ќе слушате предупредувачки
звучни сигнали во возилото.
Периодот помеѓу звуците се
скусува додека возилото
наближува до пречката. Кога е
оддалеченоста помала од околу
30 см, звукот е постојан.Освен тоа, оддалеченоста до
пречките назад и напред се
прикажува со променливи линии за оддалеченост во Инфо-екранот
3 103.
Деактивирање
Системот се деактивира
автоматски кога брзината на
возилото ќе надмине 10 км/ч или
ако возилото запре подолго од три
секунди во брзина за движење
напред или ако повеќе нема
откриени пречки.
Можно е и рачно деактивирање со
притискање на копчето за помош за
паркирање r.
Кога рачно ќе се деактивира
системот, светлото во копчето се
гаси и во Информативниот центар
за возачот се појавува порака.
По рачното исклучување, предна-
задна помош за паркирање
повторно се активира ако се
притисне r или ако возилото е во
рикверц.
Page 173 of 275

Возење и ракување171Ограничувања на системотВо случај на дефект или ако
системот привремено не работи,
на пример, поради голема бучава
надвор или други фактори што
пречат, во групата инструменти
светнува Сервис. Во
Информативниот центар за
возачот се покажува порака.9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот дел на браникот.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување,
на пр. тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Напредна помош за
паркирање9 Предупредување
Возачот носи целосна
одговорност за прифаќање на местото за паркирање
предложено од системот и
маневрот за паркирање.
Секогаш проверувајте ја
околината во сите насоки кога ја
користите напредната помош за паркирање.
Напредната помош за паркирање
мери соодветно место за
паркирање при поминување, ја
пресметува патеката и автоматски
го наведува возилото при
паркирање.
Page 174 of 275

172Возење и ракувањеНапредната помош за паркирање
помага за следниве маневри:
● Влегување во паралелно место за паркирање.
● Влегување во напречно место за паркирање.
● Излегување од паралелно место за паркирање.
Возачот треба да ги контролира
забрзувањето, сопирањето и
менувањето брзини, додека
управувањето се врши автоматски.
Возачот може да ја преземе
контролата во секое време така
што ќе го фати воланот.
Можеби ќе биде потребно да се
движи напред и назад повеќе од
еднаш.
Упатствата се дадени на Инфо-
екранот 3 103.
Напредната помош за паркирање
може да се активира само при
возење напред.
Напредната помош за паркирање
секогаш е во спој со предно-
задната помош за паркирање.
Системот има шест ултрасонични
сензори за паркирање и во задниот
и во предниот браник.
Влегување во паралелно местоза паркирање
Активирање
Информативен екран во боја од 7'': за да се пребарува за место за
паркирање, активирајте го
системот со избирање Park Assist
(Помош за паркирање) на
почетната страница од екранот на
допир. Потоа изберете Enter
parallel parking space (Влез во
простор за паралелно паркирање) .
8'' Информативен екран во боја: за
да се пребарува за место за
паркирање, активирајте го
системот со притискање на Í. На
екранот на допир, изберете
Функции за возење, па Помош за
паркирање . Изберете Влези во
паралелно место за паркирање .
Во групата инструменти светнува
$ за да ја потврди функцијата.
Намалете ја брзината на возилото
под 20 км/ч.
Изберете ја страната за паркирање со вклучување на трепкачот на
соодветната страна.
Дозволеното паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е помеѓу
0,5 метри и 1,5 метри.
Системот нема да идентификува
места кои се јасно помали или
поголеми од возилото.
Page 175 of 275

Возење и ракување173
Кога ќе се открие слободно место,
се даваат визуелни информации
на Информативниот екран во боја
и се дава прв звучен сигнал. Возете
бавно напред. Кога ќе се даде
вториот звучен сигнал, запрете го
возилото, ставете во рикверц,
пуштете го воланот и почнете да се движите без да надминете 7 км/ч.Движете се напред и назад и
почитувајте ги предупредувањата
на Помошта за паркирање додека
не се означи крајот на
маневрирањето. Кога ќе завршите,
во групата инструменти се
исклучува $.
Влегување во напречно место
за паркирање
Активирање
Информативен екран во боја од 7'': за да се пребарува за место за
паркирање, активирајте го
системот со избирање Park Assist
(Помош за паркирање) на
почетната страница од екранот на
допир. Потоа изберете Enter
perpendicular parking space (Влез во простор за нормално
паркирање) .
8'' Информативен екран во боја:
кога барате место за паркирање,
активирајте го системот со
притискање на Í. На екранот на
допир, изберете Функции за
возење, па Помош за паркирање .
Изберете Влези во напречно место
за паркирање .
Во групата инструменти светнува
$ за да ја потврди функцијата.
Намалете ја брзината на возилото
под 20 км/ч.
Изберете ја страната за паркирање
со вклучување на трепкачот на
соодветната страна.
Дозволеното паралелно
растојание меѓу возилото и
паркираните автомобили е помеѓу
0,5 метри и 1,5 метри.
Кога ќе се најдат неколку
последователни места, возилото
ќе се насочи кон последното.
Page 176 of 275

174Возење и ракување
Кога ќе се открие слободно место,
се даваат визуелни информации
на Информативниот екран во боја
и се дава звучен сигнал. Запрете го
возилото, ставете во рикверц,
пуштете го воланот и почнете да се движите без да надминете 7 км/ч.Движете се напред и назад според
упатствата, почитувајте ги
предупредувањата на Помошта за
паркирање и внимавајте на
звучните сигнали додека не се
означи крајот на маневрирањето.
Кога ќе завршите, во групата
инструменти се исклучува $.
При маневрирањето за паркирање, системот се деактивира
автоматски штом задниот дел од
возилото се приближи на 50 см од некоја пречка.
Излегување од паралелно
место за паркирање
Активирање
Информативен екран во боја од 7'': кога излегувате од паралелно
место за паркирање, активирајте го
системот со избирање Park Assist
(Помош за паркирање) на
почетната страница од екранот на
допир. Потоа изберете Излези од
паралелно место за паркирање .
8'' Информативен екран во боја:
кога излегувате од паралелно
паркирање, активирајте го
системот со притискање на Í. На
екранот на допир, изберете
Функции за возење, па Помош за
паркирање . Изберете Излези од
паралелно место за паркирање .
Изберете ја страната за
излегување со вклучување на
соодветниот трепкач.
Ставете во рикверц, пуштете го
воланот и почнете да се движите
без да надминете 5 км/ч.
Page 177 of 275

Возење и ракување175
Движете се напред и назад и
почитувајте ги предупредувањата на Помошта за паркирање додекане се означи крајот на
маневрирањето. Маневрирањето
завршува кога предните тркала од
возилото се надвор од местото за
паркирање и $ ќе се исклучи во
групата инструменти.
По деактивирањето, проверете
дали ја имате контролата над
возилото.
Индикации на екранот
Упатствата на екранот покажуваат: ● Општи практични совети и пораки за предупредување.
● Барање за запирање на возилото кога се забележува
паркирно место.
● Насока на возењето за време на маневри за паркирање.
● Барање да се стави во рикверц
или во прва брзина.
● Барање да се застане или да се вози побавно.
● Успешно завршување на маневарот паркирање на
коешто укажува појавен
симбол и тон.
● Откажување на маневар за паркирање.
Деактивирање
Тековниот маневар за помош за
паркирање се откажува преку
копчето за да се вратите на
претходниот екран во
Информативниот екран во боја. Зада го деактивирате системот
целосно, притиснете r Off
(Искл.) во средишната конзола.
Системот се деактивира
автоматски:
● ако се исклучи палењето
● ако моторот работи во место
● ако не се започне со маневрирање во рок од 5
минути откако ќе се изберете
типот на маневрирањето
● по подолго стоење во место на
возилото за време на
маневрирање
● ако се вклучи електронската контрола на стабилноста ( ESC)
● ако брзината на возилото го надмине наведеното
ограничување
● кога возачот ќе го прекине движењето на воланот
● по 4 циклуси на маневрирање
● при отворање на возачката врата
Page 178 of 275

176Возење и ракување● ако некое од предните тркаланаиде на пречка
● ако маневрирањето за паркирање заврши успешно
Деактивирањето од возачот или од
системот за време на
маневрирањето ќе се прикаже на
екранот. Освен тоа, се огласува
звучен сигнал.
Системот се исклучува автоматски
кога се влече електрично поврзана приколка.
Контактирајте со продавачот за да
го исклучите системот на подолго време.
Дефект
Во случај на дефект, $ трепка
неколку секунди заедно со звучен сигнал. Ако се појави дефект при
користењето на системот, $ се
гаси.
Во случај на дефект на серво
управувањето, на таблата со
инструменти трепка c заедно со
порака.9 Предупредување
Во одредени услови, сјајните
површини на разни предмети
или на облека, како и
надворешните извори на
бучава, може да предизвикаат системот да не ги открие
пречките.
Треба да се обрне посебно
внимание на ниските пречки
што може да го оштетат долниот
дел на браникот.
Внимание
Перформансите на системот
може да бидат намалени кога
сензорите се прекриени, на пр.
со мраз или снег.
Перформансите на системот за
помош при паркирање може да
се намалат поради голема
оптовареност.
Важат посебни услови ако во
близина има повисоки возила
(на пр. теренски возила,
комбија, камионети).
Идентификацијата на предмети
и правилното укажување на
оддалеченоста во горните
делови од такви возила не може да се гарантира.
Системот може да не открие
предмети со многу мала
површина за одразување, на пр.
тесни предмети или меки
материјали.
Системите за помош за
паркирање не откриваат
предмети надвор од опсегот за
откривање.
Забелешка
Можно е сензорот да открие
предмет што не постои поради
ехо-пречките од надворешна
бучава или механичко
непорамнување (повремено може да се појават лажни
предупредувања).
Внимавајте предната регистерска
табличка да е правилно
монтирана (да не е свиткана и да
нема процеп до браникот од
Page 179 of 275

Возење и ракување177левата или десната страна) и
сензорите да се цврсто вглавени
на своите места.
Системот на напредна помош за паркирање може да не реагира на
промени на достапното паркирно
место откако ќе почне маневар за паркирање. Системот може да
препознае влез, порта, двор, па дури и крстосница како место за
паркирање. Откако ќе ставите во
рикверц, системот ќе почне
маневар за паркирање.
Внимавајте на достапноста на
предложеното место за
паркирање.
Системот не открива
неправилности на тлото, на пр. во
градежни зони. Возачот е
одговорен за тоа.
Известување за странична слепа точка
Системот за известување за
странична слепа точка открива и
пријавува предмети од двете
страни на возилото, во одредена
"мртва" зона. Системот прикажува
визуелно предупредување во секојстраничен ретровизор кога открива
објекти што може да не се видливи во внатрешниот и страничните
ретровизори.
Известувањето за странична слепа точка користи дел од сензорите за
напредна помош за паркирање што
се наоѓаат на предниот и задниот
браник од двете страни на
возилото.9 Предупредување
Известувањето за странична
слепа точка не го заменува
видот на возачот.
Системот не открива:
● возила вон страничните слепи зони што може да сеприближуваат брзо
● пешаци, велосипедисти или животни
Пред менување лента, секогаш
проверувајте ги сите
ретровизори, погледнете преку
рамо и користете го трепкачот.
Активирање
Информативен екран во боја од 7'':
изберете Blind spot monitoring
(Следење на мртов агол) на
почетната страница од екранот на
допир. Системот се активира со
гледање на W.
8'' Информативен екран во боја:
притиснете Í. Изберете Функции
за возење на екранот на допир, па
Следење слепи точки . Системот се
активира со гледање на вклучено.
Во групата инструменти, B
постојано свети зелено за да ја потврди функцијата.
Page 180 of 275

178Возење и ракувањеФункционалност
Кога системот ќе открие возило во
страничната слепа зона додека
возите напред, округла LED-
сијаличка ќе светне со соодветниот
ретровизор.
LED-сијаличката се исклучува
веднаш по претекнувањето.
LED-сијаличката се вклучува по
кратко време кога бавно
претекнувате друго возило.
Услови за работа
Следниве услови мора да бидатисполнети за правилна работа:
● Сите возила се движат во ист правец и во соседни ленти.
● Брзината на вашето возило е помеѓу 12 и 140 км/ч.
● Претекнување возило со разлика во брзината помала од
10 км/ч.
● Друго возило претекнува со разлика во брзината помала од25 км/ч.
● Сообраќајот е нормален. ● Возење на прав пат или пат со мали кривини.
● Возилото не влече приколка.
Нема да се даде предупредување во следниве ситуации:
● Во присуство на објекти што не
се движат (паркирани возила,
пречки, улични сијалици,
сообраќајни знаци...).
● Возилата се движат во спротивен правец.● При возење на пат со многукривини или во остар агол.
● Кога претекнувате (или ве претекнува) многу долго
возило (камион, шлепер...)
коешто во исто време е
откриено назад во аголот од
слепата точка и е присутно во
предното видно поле на
возачот.
● Во многу густ сообраќај: возилата откриени напред и
назад се мешаат со камион или објект што не се движи.
● Кога претекнувате многу брзо.
Деактивирање Системот се деактивира во
приспособување на возилото кон
индивидуалните потреби 3 108. B
се гаси во групата инструменти.
Освен тоа, се огласува звучен
сигнал
Состојбата на системот се
зачувува кога ќе го исклучите
палењето.